Здраво феминки Би ве замолила за помош, верувам сте поупатени од мене.. Од тинејџерка сум дијагностицирана со полицистични јајници (сега имам 32 год.), никогаш не сум имала проблеми со дијабет, а проблемите со циклусот ми се регулираа откако поприлично ослабнав на 18 години, немам пиено ни хормонална терапија.. Последниве 4-5 месеци чувстувам ненормална потреба за благо и нездрава храна, а никогаш не сум била љубител на благо. Приметив по телото дека почнаа повеќе да ми излегуваат како мали брадавици, околу вратот, под градите и на стомакот, влакнавоста на лицето ми се зголеми, и темната кожа под пазувите и во интимниот предел исто така ми стана потемна, кога јадам, откако ќе изедам се чувствувам како да ми се отворил кратер во желудникот и сум прегладна… Ова со гладта до некаде го доведов во ред зошто почнав да конзумирам whey протеин. Се сомневам на инсулинска резистенција или пре-дијабет (дијабет имам во фамилија од секоја страна). Ве замолувам да ми препорачате ендокринолог на приватно, за после 1ви октомври да одам. Читав за Гордана во Систина и Бранкица во Срце, меѓутоа не знам за која да се одлучам, посебно зошто другарка беше кај Бранкица и буквално и наплатила 4000 ден. само за муабет, ни и кажала што да испита ни ништо… Не би сакала толку пари на муабет да фрлам Обична крвна слика правев пред недела и пол, гликозата ми беше 5.7, а холестеролот гранично покачен. Фала ви однапред!
Е-Медикал, близу Олимписки, доктор Габриела Стефановска Балабанова https://www.facebook.com/p/Е-Медика...етес-и-тироидеа-100063836661117/?locale=mk_MK
Здраво на сите. Има ли некоја од вас проблеми со инсулинска резистенција? Мене прв пат ми открија пред неколку месеци, иако од околу 20-годишна возраст имам ПЦОС. Бев многу револтирана кога гинекологот, за кој патем на приватно плаќав по 5.000 денари за преглед затоа што наводно била најдобра, после 6-7 години испробување терапии ме праша дали некогаш сум проверила и инсулинска резистенција. Како мене самата да треба да ми текне што да проверувам, а не да ми каже таа. Имам 39 години и не сакам хормонална терапија,ниту метформин затоа што имав страшни проблеми и со едното и со другото. Сега работам со нутриционист со природна терапија и посебна програма за исхрана и веќе намалив околу 10 кг. Не сум гојазна и нутриционистот ми вели дека случаите како мојот се најтешки. Примам миоинозитол (Овунорм) и витамини. Сакам да одам на ендокринолог, не сум била неколку години, но не знам каде. Ја гледав на ТВ Билјана Тодорова. Има ли некој искуство со неа? Ендокринолозите одма даваат метформин, иако како и мојот гинеколог. Не знам што да правам. Циклусот последните години ми е ептен нередовен
Јас имам ИР, што те интересира конкретно? Не знам дали имаш деца али ако планираш бременост не ти бега метформин. Тодорова е ок, али јас не бев нешто многу задоволна.
Бев на контрола,ме прими друг млад доктор за кој не знам ни како се вика на документот за лаб стоеше името на Синиша,ќе видам сега на резултатот што ќе пишува.
Моментално примам гликобаланс за инсулинската резистенција, во консултација со доктор Митов. Ме интересира дали ја ставивте под контрола инсулинската резистенција и со што? Исто и за циклусот што примате? Јас пијам Овунорм моментално. Планирам бременост, но ќе видиме што ќе испадне. Не сакам метформин затоа што колабира н неколку пати кога го примав пред неколку години, ми го намалуваше шеќерот под 3 и едвај се вратив во нормала
Пијам Пикозитол моментално. За жал сеуште немам редовни циклуси и после бременоста. ИР ми е под контрола ако пазам на храна и не јадам благо, ако не иде во вис. Нема спас од пцос, ми ги открија на 15 год, сега имам скоро 34 и џабе се е исто што се не, немам пиено.
Дали некоја има искуство со Примолут Нор/Дабростан за регулирање на циклус? Последниот ми беше пред скоро 6 месеци. Гинекологот ми кажа дека сум овулирала пред 2 недели, но сеуште немам добиено па рече да земам примолут нор. Друг гинеколог ми предложи циклопрогинова, но не сакав да земам хормони.
Јас пиев Дабростон да ми го продолжи циклусот. Мене прелошо ми влијаеше и добиеното после него ми беше претемно и преобилно и со огромни болки, не би го пиела пак. Ова беше месец пред да останам бремена.
И Примолут нор е хормонална терапија. Ги имам пиено сто пати кога сум немала циклус по неколку месеци. Кој како ги поднесува зависи. Мене ми се тешки. Ме успоруваат, ми менуваат расположение, ме надуваат целата. Ги пијам по 5-7 дена,нема шанси 10 како што препорачуваат. И менструацијата после нив е пообилна и со големи болки
Здраво на сите, Ве молам за памет. Породена пред 8 месеци, уреден шеќер, се уредно. По породување се здебелив бајаги, некои 10 кг. Испитав речиси се, според Хома Ир индексот на авицена испадна дека имам рана инсулинска резистенција. Впрочем осеќав дека нешто не е во ред со мене, стрвност за благо, хроничер умор, нервоза и сл. Ве молам за насока за добар ендокринолог за да ми даде терапија. Лутам по нет за соодветна диета сепак мислам дека итно треба доктор да ме види. Патем уште дојам и веќе 4 месеци редовно си добивам на термин.
Zdravo Azalea jas si zakazav kaj Dr Gabi Bala Zdravo Azalea jas zakazav kaj dr Gabriela Balbanova E medikal i jas se boram so insulinska od fevruari ☺️
Јас пиев ПРИМОЛУТ НОР за намалување на циста на јајник, 3-4 циклуси ги пиев, ама на секои 2 недели одев на контрола да се гледа дали се намалува. Немав нус ефекти
Sekoja sreda procitav vo grupata deka bil na patofiza,ama izgleda do kaj 9,30 pa potoa pisa clenkata deka pravel biopsii. Odi vo sreda rano nautro,ako si negov pacient.
Pocituvani Da ve prasam,mozebi nekoj od vas e poveke zapoznaen. Dali Endokrinolog upatuva da se ispitaat hormoni povrzani so pad na raspolozenie,srekja,stres,akni i dali toa se ispituva vo ciklus ili nee povrano so toa
Здраво, имам приоритетен 24 часовен упат за ендокринологија на УК, Дали знаете од кога започнуваат прегледите наутро?
Еве ти тука види си кои доктореи кој ден имаат амбуланта, но оние со приоритетни упати одат после термините. https://www.mojtermin.mk/map/specij...=grad_skopje&clinic=jzu_uk_za_endokrinologija