1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ehlers Danlos Syndrome

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од blueeparadise, 12 јануари 2012.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Пред некое време ми беше констатирано дека го имам овој синдром ама во некоја блага форма и ми беше препорачано да не сум учествувала во контактни спортови. |( Прочитав нешто на интернет за ова и видов дека нема лек и се зачудив. Не знам како се вика мојот тип ама ми рекоа дека имам хипер-еластичност, на пример можам да ги виткам прстите на рацете повеќе од нормален човек што јас не го сметам за нешто посебно зашто има и многу други луѓе што можат да го прават тоа па не значи дека го имаат овој синдром. Кожата на рацете, на вратот ми е порастеглива и порано имав неправилности во одот ептен, и сега не одам правилно, малку накриво ама не ме приметуваат другите ама ми се гледа на патиките, скоро сите ги кинам. :D Тоа било заради тоа сврзното ткиво, ми било разлабавено па најверојатно од тоа е и проблемот со срцето, зашто имам благ шум на срце ама ништо страшно не е..

    Има некој повеќе информации за овој синдром, дали некоја феминка го има и дали знае некои вежби за зацврстување на зглобовите на рацете зашто тие ми се најважни и дали е толку страшно па да не можам да продолжам со боксот? Мислам јас и така ќе си продолжам :D ама барем да се информирам.

    Исто така, таа докторката ми рече дека ако лесно ми се јавувале модрици и лесно сум крварела можело да биде опасно зашто синдромот ми влијаел на крвните садови. Мене некогаш ми се појавуваат модрици од незнам што таму ама сигурно несвесно сум се удрила и не сум приметила. Ама во последно време побрзо ми заздравуваат. :)
    Зашто знам дека Анат е од полето на медицината, ќе ја замолам ако знае нешто околу мојов синдром да ме информира малку подетално. :)