Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Escherichia coli (ешерихија коли)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од LaRagazza, 6 јануари 2010.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас од тие јаки антибиотици желудникот си го упропастив, иако постојано пиев јогурт, б-комплекс и слично. Јас пак ќе пишам за чајот од Билна аптека, мене тој најмногу ми помогна. Го пијам и превентивно, а на пат без една кутија - не тргнувам.
    Чини околу 600 денари, ама мешавина е од 11 чаеви, цела кеса ќе ви ја наполнат. Се меша целата смеса (не сакате да знаете што се има во него :tmi: ), па се става четири лажици на литро вода. Доста долго време трае, макар и секојдневно да пиете по 2 литри. Мене ако ме стегнат болки веднаш ме смирува. Најдобар лек е во случај да сакате да направите испитувања, а не можете да ги издржите болките. Затоа што ако се напиете антибиотик, тестот нема да ја даде реалната слика.
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.181
    Пол:
    Женски
    Ај уште еден лек да ви кажам, мислам да ми кажат и троскот да џвакам и тоа ќе пробам веќе :@

    250 грама лимони, 250 грама магдонос, 20 грама маслинов зејтин и 200 грама мед, лимоните и магдоност се мелат, јас ги сомлев во блендер, се додаваат другиве состојќи и се продолжува со миксање, кога ќе стане хомогено, налик песто сос се складира во сад, се јаде наутро пред појадок и навечер после вечера по едно лажиче, исклучиво со пластично лажиче се јаде и по завршувањето на дозата се прави уринокултура, ако има бактерија може да се повтори.

    Ако после сите овие лекови, антибиотици, суплементи, чаеви и треви пак ми се појави проклетијава ќе се откажам нависитна, иако приметувам болките веќе ги снемува ;)
     
  3. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    јас ја имам бактеријава, наследна ми е, мајка ми ја има, братучетка од нејзина страна, баба ми исто. Е сеа мене ми се појави откакоо имав проблеми со бубрези ради слаб имунитет односно, поради сестринска грешка- ми откажаа бубрезите но успеаа да ме спасат на време.

    Е сеа пиев долго време едни жолти апчиња, премногу горчливи :puke: со плачење ги пиев и маки и молења- незнам како се викаа, грчки беа и опаковката беше жолто со плави риги. Исто пиев и увин чај и брусница долго време и моментално се залекува но не е искоренета. Ми рекоа и дека нема никогаш да ја искоренам, дека секогаш ке ја имам, и дека ке чека момент на слаб имунитет, настинка потешка за да избувне пак :( :(

    има ли шанси целосно да ја искоренам бактеријава?? :?:
     
  4. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.446
    Пол:
    Женски
    Да, тоа е точно дека кога ке западне имунитетот бактеријата повторно може да се појави.
    Јас ке ти препорачам да си купиш имунобор ( капсули на природна база ) мислам дека се околу 700 ден ако не се лажам. Мене ми ги препорача една феминка и да ти кажам ми помогнаа. Добри се за појачување на имунитетот и заштита од бактерии.
     
  5. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Сите ја имаме во изметот и многу треба да се внимава да не се пренесе преку бришење до мочниот отвор, бидејќи ствара тешки болки и многу тешко се искоренува. Затоа и се препорачува од напред наназад да се бришеме, а не обратно. Мајка ми ја имаше летоска во бешиката, Господ го видела од толку јаки болки, сакала дури да оди во болница во сред ноќ. :( Јас не бев за жал до неа, на одмор бев и не ми кажала за да не се секирам.
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Татко ми се поду од антибиотици и Д-маноза и никаков ефект нема години наназад.
    Поупорна бактерија нема значи, ужас. :(

    Пие чај од брусница, а по моја иницијатива започна и со чај од диво оригано. Го имате во Зегин, 75 гр, околу 300 ден. се пие 3-4 пати дневно, но не подолго од 2 недели.
    Мене многу ми го пофалија, имал доста добар ефект во борба против бактеријава.

    Исто така, другар ме советуваше да му купам умебоши сливи. Ги имало само во специјализирани продавници за здрава храна, 10 дена по ред по една слива, а наредните 10 - по половина.
    Имале исто многу добар ефект, го прочистувале организмот, бенефиции куп.
    Килограм чинел околу 600 ден. и големки биле, од 10-15 во килограм, но кога ќе помислам што пари изнадававме на лекови, овие варијанти ми се чинат далеку поевтини и поздрави.

    :|
     
  7. Goldeneye

    Goldeneye Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29
    После фаталните терапии со траење од 3 години ( по фатални мислам на трајни последици на мојата бешика) со ненормално јаки антибиотици, конечно се ослободив од таа бактерија на многу полесен и побезболен начин.

    Никако, никако, никако не ја правете таа грешка со пиење ненормални дози на антибиотик. Кога ќе ви падне имунитетот, не му правите услуга со тоа што и малкуте “добри’ преостанати бактерии што ги имате во телото ги убивате со антибиотици, кои често се докажале неефективни против “лошите“ бактерии.

    Поради тие антибиотици ѕидовите на мојата бешика се оштетени и СЕКОГАШ (имала/немала инфекција) ме пече при мокрење.

    Начинот на кој што конечно се ослободив од безбројните бактерии, и константната ешерихија коли, е со пиење фуролин 100мг. 1 месец (1 сабајле и 1 навечер), многу вода, многу чај од брусница (60%), и уростим апчиња за поттикнување на уринарниот имунитет (ТИЕ СЕ ПИЈАТ 3 МЕСЕЦИ).
    МНОГУ ТЕЧНОСТИ- најмалку 3-4 л. дневно.
    Фуролин не е антибиотик, туку е антисептик. После завршувањето со редовната терапија пијте по едно пред секој сексуален однос.

    Како паталец од неколку типови на ешерихија коли и поминато низ раце на уролози од неколку држави, верувајте ми, ова успева.

    п.с. Бидете МНОГУ трпеливи, упорни и истрајни во терапијата. И здравата исхрана не е на одмет (намалете и шеќери) :) Good luck
     
    На mammamia и Trendafilka им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.181
    Пол:
    Женски
    Моментално пијам Нитрофурантоин, или Нифуран, замена за Фуролин, малку се послаби ми се чини, па затоа пијам по 2, ама составот е ист. Пијам со нив и Имунобор Уро, сабајле и навечер со терапијата. Наутро јадам мешавина од лимон, магдонос, мед и масл. масло, како каша е, по една лажичка, јадам и аронија миксана во јогурт, за да внесам нешто во желудникот бидејќи Нифуранот е многу јак и ми ствара тегоби, едноставно си е јак лекот. Пијам чај, брусница, ројбос со црна рибизла и увин, ги пијам одвоено, не ги мешам, а повремено си пијам и некој друг чај, ја заменив цела вода со чај. Не јадам бело брашно, бел шеќер, слатко, не пијам газирани сокови, не јадам луто, зачинето, многу солено, избегавам патлиџан, јадам зелка, со морков и магдонос.... И дивото оригано ќе го земам, нема да ми биде мирна душата ако не пробам и тоа ете. Имам уште 6 дена од терапијата, речиси сум на пола, после 10 дена пауза па ќе пишам резултати, ама во тие 10 дена сум можела да ги јадам овие лековиве што се природни, ориганото и магдоност со лимон, чаевите.... Ма кој да ти знае веќе :tmi:
    Голденај, и јас го пиев Фуролинот пред 2 години, и толку време бев со стерилна состојба, еве сум сега пак со истата мака, оваа бактерија не се искоренува никако, еднаш за секогаш се закачува за уретрите и си чмае во сенка, еве ја со првото паѓање на имунитетот се појави пак ;( Лани ме лечеа од песок ама изгледа и бактеријата си била присутна, само никој не провери, а јас имав страшни болки што не ни се сетив да направам уринокултура.
    Срценце, бактеријата не се наследува, можеби внесувате нешто што е заразено со бактеријата па сите ја фаќате, или пак користите нешто. Прво што ме прашаа дали дома има некој со оваа бактерија, ако има значи има и некој начин на кој ја добиваме и ние, не знам да не лупам глупости ама почнувајќи од средства за перење и чистење, па се до тоа колку се одржува хигиена во домот, свашта ама си има логика ;)
    Јас стрикно се сомневам дека ја фатив додека живеев кај баба ми во соба во која имаше многу влага, а и баба ми, лесна да и е душата, не беше некоја чистотница па затоа и се сомневам во тоа. Тогаш често имав и болки, тоа ме наведува најмногу на мисла.
     
  9. Goldeneye

    Goldeneye Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29
    Фуролин е име на лекот (брендот) Nitrofurantoin е состојка. Така да исто ти е дали пиеш фуролин или нифуран, или било кој друг бренд. И фуролинот и другово ја имаат истата количина на нитрофурантоин.
    Овој е послаб антисептик/ антибиотик од другите поагресивни антибиотици. Се препорачува да се пие подолго време. Јас го пиев цел месец сабајле и навечер. од 2011 не сум имала ешерихија. Имунобор не се толку добри. Уростим имаат мртви бактериски тела од 4 видови на бактерии од кои една е Е. Коли, така што организмот автоматски се стимулира да ствара антитела конкретно за тие бактерии. Се пијат прво 3 месеци... после тоа си пишува упатство што како.
     
  10. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски

    Имав еднаш порано пишано погоре не знам дали си забележала,па еве сега пак ќе пишам ;) може да се искорени со пиење на чај од лушпи од грав.Една моја другарка ја откачи на овај начин........па на сето ова што го пиша дека го пијаш пробај и со ова нема да ти шкоди.
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.181
    Пол:
    Женски
    Јас се решив од проклетијава :party: :dance: :rock: 8)
    Знам дека не е за стално, ќе чекам кога пак од позади грб ќе ми се стаи, ама овој пат подобро ќе го чувам имунитетот, не си дозволувам веќе да паѓа така лошо, на Бронхит не смеам да помислам :lol: За секој случај ќе го допијам Имуниборот, а антибиотикот ќе го оставам на страна, сепак сакам бебенце, а со антибиотикот нејќам да му наштетам на тоа сирото уште незачнато. Ми исчезаа и симптомите, порано со почетокот на антибиотикот и симптомите исчезнуваа бргу, сега не се даваат мајчина им, си траеа скоро цело време додека пиев антибиотик, па дури и потоа. Продолжувам и со лекот од магдонос и лимон, ќе направам уште една доза, лебот си останува на мени, строго црн, шеќерот сеуште ми е непријател број еден, млечните производи број еден, чаевите ми се најдобри другари и така, од ден за ден, во наредните 3 месеци додека се контролирам еднаш месечно. Ви посакувам среќа на сите што се борите со оваа проклетија ;)
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Има ли чуено некој за некаков си лек што се порачувал од Србија и кој наводно бил многу ефикасен? Некоја роднина и кажала на мајка ми дека ко бајаги не се повторувала инфекцијата, се лечела 100% (до душа не ми е верно мене тоа, ама кога имаш мака сешто ќе пробаш). Не знам во каква форма е лекот, дали се капсули, апчиња, сирупи... поим немам. Знае некој нешто за ова? :?:
    Ме фатија пак денес болки, аман веќе пуста да остане! Волку нервите со факултетот не ги искинав!
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.181
    Пол:
    Женски
    АнаКаренина, претпоставувам се работи за Натуроплекс, него го нарачуваат од Србија, може и некој друг да е не знам. Пробај со мојата комбинација, само без антибиотик, ако сакаш да пробаш де. ИмуноборУро+лек со магдонос, лимон, мед и масл. масло, исфрлање на бел шеќер, бел леб и чоколади, колачи и торти, газирани пијалоци, пиј само купечка вода, ако можеш Пролом најдобро. Да се разбереме, од Еширихија коли не се лечи, си ја имаме во организмот првиот момент кога од цревата ја пренесуваме во бешиката и така ти е тоа, многу е досадна, се вгнездува за уретрите, за ѕидовите на бешиката се закачува и откачување од неа амин :(
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ИмуноборУро пиев пред неколку години, ама не ми помогна :worried:
    Сешто пробав, и знам дека не чини, ама одма се фаќам за Амоксиклавот кога ќе ме стегнат болки :tmi:

    Инаку лекот се викал Монурал, некаков прашок бил.
    Мајка ми веќе го порачала, не знам кога ќе стигне, ама ќе пишам за резултати секако.
    Познаници ни кажаа дека со години не им се активирала бактеријата, кој знае што има во чудово.
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.181
    Пол:
    Женски
    А ти делува Амоксиклавот? Мене пример не ми делува, никако, освен Нитрофурантоинот ништо друго не ми делува, ама пак не зимам на своја рака антибиотик бидејќи не знам колку бактерии имам и што ќе делува на нив. Пример минатиот пат Амоксиклавот воопшто не беше на листата антибиотици, ниеден антибиотик од овие досега што сум ги пиела ги немаше, освен Панцеф ми се чини. А ИмуноборУро не е лек, тоа е зајакнување на уринарниот тракт и само може да ти помогне, не да те излечи. Ајде види со леков ти како ќе пројдеш па да се има во предвид, ама со Амоксиклавот не си играј, од него едно лечиш друга беља отвараш ;)
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас се имам снабдено со Амоксиклав во залихи, мене тоа ми помага, ми ги смирува болките. Од едно апче ми се смирува ситуацијата, барем што се однесува до болката, а внатре кој знае што ми се случува. Знам дека не чини на своја рака да земаш антибиотик, ама некогаш не се издржува :worried:
    А ИмуноборУро знам дека е за подигнување на имунитетот, две кутичиња испив, ама пак ми беше средно жалосна состојбава...
    Едвај чекам да почнам да го пијам прашоков, па ќе видиме дали ќе помогне.
     
  17. westimka313

    westimka313 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    5
    абе не пијте антибиотици гледате дека бактериите се веќе резистентни и антибиотикот ништо не им може, ќе земете да јадете свеж праз и ѓумбир десетина дена, и ќе видите како ќе исчезнат симптомите
     
    На Cosmo-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Ангел, за колку време отприлика е дозава? Ја чуваш во фрижидер или?

    Јас пред еден месец имав тегоби, правев уринокултура и ми излезе дека ја има и тоа 30 000, арно ама, бидејќи се надевав дека сум бремена не отидов пак на лекар (за да не ми даде антибиотик) и почнав да пијам чај уве микс и чај од брусница (совет од матичната од порано), интензивно со денови. Бидејќи порано имав над милион и пиев антибиотици, сега си мислев 30 000 - ќе ја уништам со чаеви. Симптомите ги снема, но контрола не направив.
    Баш тој период ми доцнеше, па ми се уврте во глава дека можеби сум бремена (а не сум била), и не ми се одеше со таква приказна на лекар (бидејќи така беше минатата зима, и кажав на матичната дека очекувам да сум бремена, па не сакав да биде де жа ву). И не и‘ ги однесов резултатите ни од првата анализа, а камо ли да барам упат за контрола. :tmi:
    Сега сум бремена, но некако пак по малку чувствувам тегоби, одвреме навреме, и ми текнува да се напијам уве чај, кој многу ми помага. Докторката ми имаше кажано дека препорачливо е да пијам многу течности, и бар една до две чаши увин чај или од брусница, секој ден, дури и кога немам симптоми - превентивно. Бидејќи како што кажа Ангел, ја доби ли еднаш бактеријава во уринарен тракт - си останува таму, само од бројноста зависи колку и какви симптоми ќе имаш.
    Па си мислам да го направам и јас овој лек од мед и магдонос - превентивно а? Не би требало да штети на бременоста. :?: Или да почекам да се консултирам со гинекологот прво? :?:

    ЕДИТ:
    westimka313, за колкава количина на свеж праз и ѓумбир станува збор? Малку тешко на желудник да не дојде?

    Заинтересирана сум за природни начини на справување со бактеријава.
     
  19. westimka313

    westimka313 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    5
    околу 200 грама свеж праз дневно , како салата ПРЕД главно јадење, и едно парче свеж ѓумбир големина колку еден прст, нема да дојде тешко , туку само ќе го нормализира процесот на дигестија на "тешката" храна која следува, а антибиотиците се силен удар врз организмот, особено врз корисните бактерии кои ги имаме во организмот, и кои се првата одбранбена линија против патогените, а кое ќе бидат разорени од антибиотиците.....
     
  20. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.446
    Пол:
    Женски
    Денеска купив нови апчиња - Уростим по препорака на матичната бидејќи знае веке колку време се мачам со оваа коли :| Не се скапи 140 денари некаде, нови биле и ми кажа дека биле специјално за оваа бактерија. Почнав да ги пијам од денеска па ке видам дали има подобрување.