Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Escherichia coli (ешерихија коли)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од LaRagazza, 6 јануари 2010.

  1. iveflower

    iveflower Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2013
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    12
    дали има шанси да ми доцни поради симптомиве: постојана потреба за мокрење а кога отидам во веце само неколку капки има.. и кога завршам со мокрење ме боли а прочитав дека симптомиве се од бактеријава. што мислите може да ми доцни од тоа?
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.186
    Пол:
    Женски
    Досега сум имала неколку пати бактерија ама ниеднаш не ми доцнело од неа, симптомите да тие се, ама може и да е јака прехлада, од тоа знае да доцни.
     
  3. protonce

    protonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    6
    Vo Bilna apteka-BioHerb posle Stara Rampa imaat kapsuli Palisept i melem (se sprema so vino) mnogu efikasno za bakterii vo urina
     
  4. bebence456

    bebence456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Здраво, се прашувам дали може некој од искуство да ми каже.Можно ли е на брисеви да ти покаже ешерихија коли а да немаш ама ниту еден симптом.Резултатите се од пролече.Според Вас има ли шанса за грешни резултати.Значи се си е океј ништо ама ништо немам од гореспоменатите симптоми а дијагноза има.Се надевам на одговор.Однапред благодарам.Поздрав
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.186
    Пол:
    Женски
    Можно е, кај мене ја има а немам симптоми, освен остар мирис на урина и заматен изглед. И после речиси па 2 месеци терапија пак ја имам во иста бројка. Ми кажаа дека се продавало корен од магдонос во херба Стојанови, ќе одам да купам и да го направам лекот со лимони , мед и маслиново повторно.
     
  6. sonce555

    sonce555 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2014
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    И јас имав а не ми покажа симптоми, само потемна ми беше мокрачата.....Пиев апчиња, меѓутоа една колешка ми кажа дека подобро е да пијам чај од магдонос него апчиња(колешката имала и му ја снема,а не пиела апчиња него чај од магдонос), немам проверено дали уште ја имам меѓутоа си пијам чај од магдонос.Да знаете за каква и да е бактерија во мокрача најдобро е чај од магдонос. Немам јас слушнато таква рецепта јас со лимони мед и маслиново, туку обичен чај во кесички од магдонос.позз
     
  7. bebence456

    bebence456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Ангел ке можеш ако не ти е тешко да го напишеш рецептот.
    А Сонце555 се мисли на чај од свеж магдонос или да купам филтер чај
    Фала ви срцки Поздрав
     
    На sonce555 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sonce555

    sonce555 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2014
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Јас и колешката пиевме филтер кесички, е сега за од ангел рецептот не знам ке ти кажи таа јас прв пат го слушам...Позз
     
  9. akvarium

    akvarium Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    124
    Моментално сум нападната од г-ѓава Коли, и тоа милионче на 1мл :^), пиев ксоримакс 2 кутии, 10 дена, и после сменив на нитрофурантион, нифуран уште 15 дена, имам уште неколку дена до крајот на терапијата, така како што препорача докторот. Пијам чај од брусница, и исто ми беше даден совет да немам незаштитен сексуален однос, т.е да имам исклучиво со кондом( на што мм. не реагираше баш пожелно:@.

    Иначе кај мене почна со треска во бубрезите, а печење при мокрење немав, првпат ми се јавува и затоа кај и да бев на било кој доктор сите као беа леле ова не се лечи:tmi:.....намножена е.....и слично... па сега сум максимално испаничена,а посебно по вчерашниот ехо преглед каде ми беше и кажано дека имам и малце песок во бешиката ( јас лично мислам дека од инфекцијава ми се створил).....

    Пијам чаеви, пијам Утисепт по 2 на ден по препорака на урологот, сакав да си порачам Маноза-д или барем да тркнам до аптека да проверам дали има пошто тек сега дознав уз читање за ова чудо......

    Иначе сум како инвалид по дома, мм се нервира зашто порано само шетавме, а сега неможам да мрднам никаде, па да се немало ни трунка разбирање од негова страна(facepalm), за мојава состојба, како да сум врзана за шолјата, постојано мочам и тоа по малценце, аман више, не можам да се наспијам станувам по милион пати да измочкам по малце.... докторот ми рече и дека сум имала задршка на урина во бешиката, катастрофа сум...........

    Во дилема сум дали да идам на уште еден лекар за да прашам дали е доволно да пијам 25 дена колку што ми е препорачано антибиотици или малце е со оглед дека имам милион,.

    поздрав до сите борци со Г-гицава прасица Коли и да врви темава со позитивни искуства за излекување :sun:

    Јас за една недела ако оди се по планот ќе правам уринокултура па ќе пишам за резз до тогаш Bstrong all of u and keep fighting
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.186
    Пол:
    Женски
    И по 3 пат пак 1 000 000 бактерија, како? Кога? Зошто? Нит антибиотик, нит хомеопатија ништо не помага. Сега најдов некои капки и тие ќе ги нарачам, у ПМ мало богатство на лечење на проклетијава потрошив :/
     
  11. akvarium

    akvarium Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    124
    Денес тркнав до аптека и си земав Уростим и Палин, се напив од Уростимот ама после прочитав дека Палинот спаѓал во групата антибиотици, па се мислам дал да го пијам, мислам дека нема, зошто веќе пијам нифуран, имам уште 3 дена од терапијата. Ама зошто вчера не пиев течности и денес имав нешто работа по дома, па не успеав да се напијам чај скоро 16 часа, и осетив како нешто да ми мрда кај мочното каналче :?:, бев кај матичната и нејзе да ја прашам дали е доволно 25 дена да пијам антибиотици и ми рече било доволно и 10 ама мене сепак ми е сумљиво и се си мислам не е излечена :shake:. Не успеав да закажам на уролог термин имаат тек на 20 феб :headbang:, и затоа закажав кај интернист, во пон, зашто ми е последен ден од терапијата :), за да знам дали да продолжам со нифуранот или да прекинам, па ќе видиме, здравје Боже, дај Боже да сум се оттарасила.
     
  12. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Мислам дека кај тебе е проблемот друг. Треба да знаеш како таа бактерија се јавува кај жените.и јас ја имав и 3 години се мачев со неа. Ешерихија коли постои во човечкиот измет. Тоа е изворот од каде потекнува. Заклучок: за таа да стигне до мочните канали треба и измет да стигне до таму. Е сега како се случува тоа. Има 2 начини.
    Првиот: неправилно бришење после нужда (без разлика дали е мала или голема). Голем број жени се бришат непрсвилно т.е. од назад на напред, по лесно е, а и не се информирани дека така не треба. На тој начин лесно изметот може да стигне до мочните органи. Ти и да ја излечиш можеш наново да си ја закачиш и пак се одново: чаеви антибиптици...
    Втор начин е преку секс, поточно анален секс. Ти колку и да си чиста, во хигиенска смисла, никој не може да гарантира внатре во анусот каква е чистотата. Е сега ако имаш ти анален, па вагинален, без кондом, или анален па ти го триел напред кај клиторисот... мислам нема потреба да објаснувам тука колку лесно може да стигне бсктеријата до твоите мочни патишта. Затоа правилно, анален секс се има со кондом, ако не, тогаш има посебни раствори кои се продаваат во аптеки, со со црево се шприца тој раствор и се прави перење на дебелото црево (јас тоа никогаш не би го правела, за ничије задоволство. Да си пикам црева во г*з?! Да нема лошо...).
    Исто треба да знаеш дека мора да си упорна со треапијата и тогаш кога нема да имаш веќе симптоми. Симптомите се повлекуваат за 2 дена, ама ти ќе ги испиеш сепак сите антибиоци, и уште 2 недели ќе пиеш 2 литра чај! Докторката моја ми велеше: има да пиеш и на секоја минута да мочаш, како црево, да се исчистиш убаво. Доболно е само една бактерија да остани, од мнилион што биле претходно, и тоа е доволно за да ти се врати инфекцијата, оти брзо таа една ќе биде 2, па 4, па 8 итн.
     
  13. akvarium

    akvarium Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    124
    Дечки некој да не испробал УРИФАР да пие, видов реклама на тв..., да ми каже резултати од пиењето, се мислам дал да купам, има многу препарати на пазаров, па не знае човек што попрво.
     
  14. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.778
    Пол:
    Женски
    jас имам пиено урифар кога си мачев маки со бактеријава. да ти кажам при првоти пиење ми помогна и ми се смири малце тоа лутење во бешиката и бев пресреќна, ама сабајлето кога станав пак исто...што значи не ми помогна нај нај....јас по тешки борби ја исфрлив со чај. пиев чај од прешлига два пати дневно, два пати дневно пиев коса од кочани и два пати чај од шипки.вода колку што можам повеќе и ја „измив бешиката“. пред тоа испив 2 дози лидаприм. оттогаш ја нема.
     
  15. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    3.304
    Пол:
    Женски
    Јас минатата година два пати имав проблем со оваа ужасна бактерија, ја имав во урината.

    Првиот пат ја излечив со една тура цитерал, после три месеци ми се врати (поради мое невнимение-после секс заспавме, се истуширав дури следниот ден, и вечерта ете ти ја пријателката).
    Вториот пат кога отидов на гинеколог, докторов се фати за глава, вика јас не знам девојки што ви е со бактеријава, во резултатите од урината на секоја втора и ја наоѓаме, е тогаш посериозно си ја сфатив работата, покрај антибиотиците, го јакнев имунитетот, многу овошје, зеленчук, витамини, минерали, пиев алое вера, по литро и повеќе чај од брусница, на виталија (докторот ми рече никако мешање на увин чај и чај од брусница, или едното или другото). Исто и дечко ми ја примаше истата терапија со антибиотици, поради јојо ефект, дури ја лечев односи само со кондом. Исто така и пиев едни апчиња на природна база Healthaid Cysticare (околу 700 денари се, се пие по едно апче на ден, има за 2 месеци)

    Сега превентивно си пијам чај од брусница, и нормално многууууу овошје и зеленчук....
     
  16. mama2

    mama2 Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    11
    Priroden lek za E{erihija coli caj od bosilek.Isprobano, deluva i toa koga bev bremena.Za samo pet dena pienje od cajot( po1.5-2litri dnevno) ja namaliv od eden milion na sto iljadi, pa potoa ispiv necela doza na cefaleksin i ja snema.
     
    На Cosmo-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. snow white 5

    snow white 5 Нов член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki. Za zal od pred nekoj mesec i jas imam problem so ovaa dosadna bakterija. Ednas ja izlecev so antibiotici, no sega eve ja pak i doktorkata mi prepisa Amoksiklav :( Nekolku pati procitav za nekoja mesavina od 11 caevi od bilna apteka i deka istata mnogu pomagala. Bi sakala ako moze da mi kaze nekoj sto go koristel za koja apteka konkretno stanuva zbor i dokolku e mozno slika od cajot ili nekoi podetalni informacii koi bi mi pomognale da go najdam.
     
  18. akvarium

    akvarium Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    124
    Дечки јас се излечив, негативна ми е уринокултурата по 2 недели од престанок на пиење антибиотици, да чукнам во дрво да не ми се повтори никад.

    Вака прво ме интересира дали некој пиел URO-VAXOM?
    Докторот ми рече да го пијам и дека е како вакцина, делувало превентивно да не се повтори инфекцијава, е сега јас прочитав дека во контраефекти има наведено алопеција(опаѓање на косата) чувај
    Боже во ретки случаи се јавувало како контраефект но сепак, ми стави сомнеж дали да го користам препаратов.

    Кој има исукуство со овој препарат нека пише. плс

    Иначе јас ја лечев бактеријава 25 дена, 10 дена Ксоримакс по 500 мг пиев, и 15 дена Нифуран.
    Од чаеви пиев само брусница од алкалоид 60% и тоа 3 литра обавезно до кај 4 на ден.
    Мислам дека количината е многу важна, повеќе брусница треба да се пие.
    Пиев таблети од брусница по 2 на ден.
    Пиев уростим 4 испив само тоа при крајот. и пиев утисепт по 1 на ден, и ц витамин кога ќе ми текне по едно на ден, тоа во последната недела од лечењето.
    Пиев и пробиотици пролајф по 1 до 2 на ден, и вагинално ставав линекс 4 таблети ставив тоа при крајот на лечењето, иначе си пиев секој ден по чаша јогурт,. нормално не го мешав со антибиотиците зашто негативно реагираат, нема да се впијат антибиотиците.

    Е сега недај Боже да се повтори јас си продолжив со брусницата и само тоа пијам, пусти страв,
    Иначе од превентивни мерки, се мијам обавезно пред и после однос,. и мокрам после однос а понекогаш и пред.

    Со среќа на сите и пишете ако некој има искуство со Урoваксомот. позз
     
    Последна измена: 21 февруари 2015
  19. штефи

    штефи Нов член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,ги прочитав вашите објави но никаде не најдов за ешерихија коли во грло,јас за жал ја имам во грлото и незнам дали со сребрена вода и со уље од диво оригано можам да се ослободам од нејзе,дали некој има сознание за оваа бактерија но во грло.Поздрав!!!
     
  20. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    @akvarium Sestra mi isto ima Eserihija I samo sakav da iskomentiram deka cajot od brusnica pomaga, no ne e pozelno da se pie koga se primaat antibiotici zosto ima mnogu silno dejstvo I go namaluva (neutralizira ) dejstvoto na antibioticite ...barem taka maticniot I rece :?: