Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Escherichia coli (ешерихија коли)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од LaRagazza, 6 јануари 2010.

  1. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Eшерихија коли

    кој ќе ми каже искуство со ешерихија коли?? колку брзо се лечи и кој и се последиците ??
    морам да ви кажам дека ја закачив и ја имам во големи количини ме наполнија со апчиња цитерал, па зиннат, па уште некој плус, на б-комплекс, витамин ц, имунобор уро и се разбира чај брусница и увин и лито ипол вода. и дали сево ова ќе ми помогне и колку е опасна оваа бактерија ???
    п.с. во мене имам повеќе апчиња отколку некоја стара баба ;( ;( ;(
    и дали е дозволено секс за време на оваа бактерија и дали ако сексот е незаштитем може да се префрли на партнерот ??
     
  2. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Eшерихија коли

    Карак веќе спомнав на едно друго место.Знам дека помага чај од билка што се вика калофер,е сега можда е позната и под друго име,не знам.Јас лично сум немала работа со ваква бактерија ама сигурно знам дека помага оваа билка.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    Eшерихија коли

    луѓе пак ми се поврати инфекцијава а пиев многу чаеви од брусница и витамин ц,прекинав 1 недела и пак ми се поврати а мислев дека ми поминало сега пијам едни капсули од брусница па подобро ми е али немам добиено уште од 7 октомври,кога ми заврши тогаш после некој ден ме нападна инфекцијава и од тогас немам дај нека ми каже некој ако знае нешто :( pozdrav
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.480
    Допаѓања:
    201.358
    Пол:
    Женски
    Eшерихија коли

    Ако е бактериска инфекција нема 100% да се излечи само со чај од брусница, потребни се и антибиотици. А за тоа треба да направиш уринокултура, ако има бактерии во урината, се прави антибиограм да се утврди кој антибиотик е најефикасен против бактеријата што ја имаш. Затоа треба што поскоро да одиш на лекар.
     
  5. girl27

    girl27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    УРИНАРНИ ИНФЕКЦИИ

    здраво на сите - сакав да ве прашам дали некој има страдано од инфекции на урината или поточно од escherichia coli бидејќи јас подолго време ја имам и никако да ја отстранам!!!!! ве молам доколку некој знае било каков лек/чај или било што нека ми напише ?????????????? поздрав до сите :****
     
  6. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    УРИНАРНИ ИНФЕКЦИИ

    Кои се симптомите??ме интересира позз
     
  7. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    УРИНАРНИ ИНФЕКЦИИ

    А за чај,знам дека увин чај многу помага
     
  8. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Escherichia coli (ешерихиа коли)

    Од мои 3 години кога прв пат добив цистит од тогаш си се влечкам со бактеријава. Од кога почнав да сум сексуално активна ми се влоши ситуацијата. И до пиелонефрит стигнав, ми се оштети и бубрегот малку. Значи оваа година само над 15 пати сум имала цистит. Со дечкото се гледам еднаш или 2 пати месецот значи после секс обавезно добивам цистит. Пробав превентивно да пијам палин тие денови кога имам секс и понекогаш помагаше. Увин чај ми се гади веќе од него. Наместо да уживам со дечкото јас со кесички од чај се расправав. Пред месец дена бев кај Проф.др.Чакаларовски ( спец. нефролог ) на консултации и ми препорача: Фуролин. Првите 2 недели 2 таблетки денот, а потоа ги продолжувам до 4 месеци по една денот. Имунобор-уро 12 недели. Роватинекс една доза и Увин чај колку што можам повеќе ако можам воопшто да не пијам обична вода туку само увин чај. Ми го препорача тој што е во гранули инстант увин чај како цедевита се приготвува за да не се малтретирам со кесичките. :) Од тогаш 2 пати бил дечко ми и фала богу после незнам колку време јас не добив цистит после секс. Продолжувам со терапијата до 4 месеци, па ќе видиме што ќе биди. Сега за сега резултати има, па се надевам дефинитивно ќе се оттарасам од бактеријава. :)
     
  9. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Escherichia coli (ешерихиа коли)

    симптомите на ешерихија коли се болки при мокрење, ама онака да кога се до мокруваш дури до солзи боли и некогаш е проследено со бледа крв али тоа мн. малку само кога се забришуваш. нема шанса некој да не ги осети овие знаци, а ако ги осетите право на уринокутура. јас морам да ви кажам ја направив и ми најдоа 1.000.000 број бактерии во еден милилитар мокрача. ја лечев ех ех викам сум си станала богаташ абе ме убиваше несакав дури ни да мокрам. межутоа ете пиев лекарства сега во понеделник треба да правам контрола па ќе ви кажам како ќе ми бидат резултатите сека со мокрењето немам воопшто проблеми. секој кој има ваков проблем само повеќе течности по 2-3 литра по можност чај а ако не е во можност тогаш вода да се пие
     
  10. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.303
    Допаѓања:
    5.949
    Пол:
    Женски
    Escherichia coli (ешерихиа коли)

    Јас исто ја имам во мокрача. Но малку ми е сега, едно 25 000 во мл. Секогаш ја имам бактеријава, од кога лежев во болница. А за сиптомите, поогоре што прочитав, мене кога закачив милион во мл. не ме болеше ништо при мокрење.. :tmi:
    Мене ми викаат само од нечистотија е , а јас 2 пати на ден се туширам. И на секој 2р ден се бањам. :tmi: Сега сум моментално под терапија, пијам едни апчиња „Уростим“ (што мислам се со мртви бактерии, за да ги умртват овие) и ќе видам резлутати.. :tmi:
     
  11. Ferhunde-87sk

    Ferhunde-87sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    41
    Escherichia coli (ешерихиа коли)

    леле ова за ешерихиа коли многу ме исплаши.....јас ја имав пред некое време и пиев антибиотици и мислев дека сум се решила, ама еве тука читам дека повторно се појавувала, и мислам дека пак ги имам симптомите...... јас ја открив случајно преку уринокултура......... дали е опасна оваа бактерија? и како се закачува????? мене не ми е јасно а не ми ни кажаа како сум ја добила или од што се добива?СТРАВ МИ Е
     
  12. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Escherichia coli (ешерихиа коли)

    ешерихија коли ако ја закачиш многу тешко се лекува. ок нема страв за паника. тоа е бактерија која живее во изметот. најчесто се префаќа од нечистотија, преку анален секс доколку не се внимава, седење за време на мокрење во тоалети надвор од дома(сакам да кажам кај другарки кога мокрите, дечковци, излагање , работно место и т.н. никако седење на веце шоља) или ако седите пуштете 1до 2 пати вода, како и неправилно забришување после одењето во веце.
    после 10-15дена по испиените лекарства треба да се направи контрола за да се види на колку се симнати или исчезнале. се појавува повторно ако не е долечена со намалување на имунитетот.
    за опасна не е опасна таа сакале или не во нормални количини живее во дебелото црево а ја ваќаат и деца од најмала возраст. нема место за паника
     
  13. Ferhunde-87sk

    Ferhunde-87sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    41
    Escherichia coli (ешерихиа коли)

    е да, и јас исто слушнав дека ја има во дебелото црево и претпоставувам дека е од анален секс..... а можно ли е и на споругот да му ја имам пренесено? деновиве би требало да одам да се прегледам и да направам уринокултура, а приметивме дека кај него исто имаше пецкање и чешање и црвенило, па јас претпоставив дека е од тоа пошто правев пап тест и нема ништо......све е чисто и ок кај мене.....извинете ме ако сум досадна ама......подобро е да се информирам отколку да не знам
     
  14. Ferhunde-87sk

    Ferhunde-87sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    41
    Escherichia coli (ешерихиа коли)


    Извини karak приметив дека и ти го прашуваш истото, па ако имаш некоја информација кажи.... by the way, фала ти многу за советот :*
     
  15. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Escherichia coli (ешерихиа коли)

    искрено и јас ја имам и ја лечам ете во понеделник ќе правам контрола. во меѓувреме се распрашував и дознавав за неа многу работи. мојот матичен гинеколог го прашав дали може да се пренесе ешерихија коли преку односи, одговорот и беше не. така да моето мажуле немаше потреба да прави уринокултура. а за резултатите ќе ве известам ;)
     
    На malenna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ferhunde-87sk

    Ferhunde-87sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    41
    Escherichia coli (ешерихиа коли)

    Ајде, и јас исто така...... Се надевам дека све ке биде ок, инаку јас од бактеријава, имав качено температура 42!!! Дознав и дека покачената телесна температура е исто симптом за присуство на бактеријава.....се надевам нема во иднина да ми прави вакви проблеми.........
     
  17. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    Escherichia coli (ешерихиа коли)

    И јас имав ешерихија коли ,се протурив пиејќи чаеви од брусница- виталиа,капсули од брсуница испив цела доза,суви плодови и ништо не ми помогна некое време немав после 2 недели пак ми дојде сега пак ја применував истата терапија и немам некое време и ми е страв да не ми се поврати пак,но едно не знам зошто од кога ја закачив бактеријава немам добиено поззз ако знае некој нешто нека ми казе ви благодарам
     
  18. Ferhunde-87sk

    Ferhunde-87sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    41
    Escherichia coli (ешерихиа коли)


    а антибиотици не пиеше?
     
  19. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    Escherichia coli (ешерихиа коли)

    антибиотици не пиев,матичната ми рече само чаеви во големи количини,витамин ц,капсули од брусница и суви плодови ама се плашам многу зошто се уште немам добиено ми кажаја баш денес дека се варело 1 кг вода со 10 кесички камилица чај и помагало многу за инфекции и сега си варам па да пробам.....
    Не знае човек каде да се обрати по болнициве сите едно исто велат течности многу дека помагаат ама еве више 2 месеца ништо два пати ми се понови али не осечав никакви болки при мокрење само кога ќе се избришев како крвче малку......дали бактеријата ја спречува редовната менструација поздрав ферхунде
     
  20. Ferhunde-87sk

    Ferhunde-87sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    41
    Escherichia coli (ешерихиа коли)


    Па искрено, јас не знам дали ја спречува редовната менструација, јас сум тотално незапознаена со тој случај, и со самата бактерија, да не прочитав тука немаше да знам дека се повторувала, и јас немав никакви симптоми, освен високата температура и болки во бубрезитеи грбот, а никој не ми кажа нити ме испрати да направам уринокултура, од други причини направив уринокултура и дознав, пиев антибиотици и после тоа као ништо немав, ама не ми кажа докторот дека може повторно да се појави за да знам да идам на контрола, значи докториве се денеска не знам за никаде!!! и сега на моја иницијатива ќе идам да направам уринокултура и да проверам!!!