Нормално, ако седнеш на шоља а не е чиста, вагинално од односи, се на се се пренесува од прљавштини, нечиста вц школка или боже сачувај недобро дезинфицирана долна облека.
Масло од диво оригано се користи само кога е активна бактеријата или? Имав порано бактерија и иако пиев антибиотици после 6 месеци ми се враќаше. Па се мислам да пијам како превентива. Стално конзумирам чај од брусница и магдонос.
можеме сами од себе да се заразиме - бришејќи со тоалетна хартија задникот и потоа со истата тоалетна хартија однапред од вагина од каде сме измокриле, со наопаку облекување на гаќи да задниот дел да го ставаме однапред !
Роуз ја секое сабајле си пијам по една капка диво оригано, а немам никаков проблем. Може да направам пауза само 10тина дена и после пак да си продолжам.
Да споделам јас како ја излечив. Антибиотик и масло од тиква. Пиев на гладно масло секој ден по една супена лажица ( околу 180 денари е во Веро и Тинекс) и знам и мои дедовци што простатата ја излечија со маслото. Скроз е природно и не штети и како превенција. Ден денес пу пу немам проблем. А ова беше пред мн години и бев со над 2 милиони во мене. Не можев 2 години да ја излечам ни со диво, ни со увин, ни брусница ни ништо. Можеби некому ќе помогне и ова ако др не му помага.
Така најчесто и ја пренесуваме во уринарен и вагинален тракт. Мене од мала ми е утувено во глава како да се бришам и внимавам многу, ама најчесто малите деца не внимаваат.
Ешерихија не се фаќа само со лошо бришење, се префаќа и од вц школка ако не се одржува константно после секое мокрење. Може да се лечите , а сите околу вас да фатат или да си ја повторите ако не е секогаш дезинфицирана вц школката
Ако пиеш редовно чај од магдонос требит и банани да јадиш,пошто магдоносот го исфрлат калиумот од организмот и потребно е да се надохнадит
Во понеделник треба да правам уринокултура, цела недела имам мн јаки болки позади кон целиот грб.Почна да ме пече кога одам во веце и да имам непријатен мириз а од вчера и температура качив. . Помагајте што може да ми е
Со оглед на тоа што пишуваш во оваа тема веројатно се сомневаш на еширихија, бактерија. Си имала претходно? Симптомите се за уринарна, ама не мора да значи. Најдобро ќе ти каже уринокултурата. До тогаш пиј само чаеви.
Да се сомневам на ешерихија ,ја имав пред многу години ама не со овие симптоми од неа тогаш немав непријатен мириз
Може да е и песок или некое камче кои при излез прават инфекција , уринокултура обавезно направи ,плус обична да се види седиментација , во меѓувреме затоплувај си го стомакот ако имаш електрично перниче или волнено дебело ќебе барем на тој дел ,и нозете обавезно затоплени, пролом вода увин чај ,витамин ц , течности , брусница , и обавезно доктор , ако многу те боли па оди и на дежурен
Проверив немам каменчиња, крвна слика се е во ред, бев предмалку ми дадоа цитерал таблети а во понеделник уринокултура