Здраво, сакам да ве прашам како го пиевте маслото, така неможе да се пие со што си го растваравте да не се осека?
@iloveyou29 Благодарам, прееска пробав со кокосово масло, абе нагон на повраќање добивам од што ми е многу гадно.
Со што ја пиеш? Сабајлево се напив во млако мислев дека ќе повратам ептем грозно ми беше. Некој совет со што да го пијам?
Со маџун пијам. Маџунот е благ па не го осеќам толку дивото оригано. Или пак со лажица шеќер чисто да го разблажам ама отпосле пак е гадно.
Пред подолг период по операција во болница ради тоа што се многу стерилни нашите болници закачив ешерихија која откако стигнав дома почна да ми прави гадни проблеми со високи темепратури што не се симнуваа речиси со ништо покрај другите симптоми, па уште кога излегоа резултатите и се потврди дека навистина е таа бактерија, ме мавна уште еден шлог, посебно кога читав коментари на форумов колку тешко се справуваат со оваа бактерија очекувајќи тешка и макотрпна борба, но мој совет е да си направите уринокултура на кои антибиотици бактеријата е сензитивна, на кои не. (Јас ја направив во Авицена и мислам дека не беше скапо и ми дадоа листа од 20 лекови). Ми дадоа антибиотик по листата, витамин ц 3 пати на ден 2+ литри чај на ден (брусница, аронија и канарион) и барем на 2 дена по едно лукче. За 7 дена веќе ја немаше. Ради рутински контроли на месец или на 2 мессеци обавезно правам урино култура и ред други испитувања кои барем до сега биле чисти. Не очекував толку лесно да се справам со неа и морам да напоменам дека и ден денес си пијам по 1-2 литри чај, еден ден брусница друг ден аронија и тн. и витамин ц барем 2 пати во ден. Се надевам дека на некој ќе му помогне ова.
И прави си редовно уринокултура. Ништо не значи ова, сме лечеле и ние ама се враќа. И сите праиме уринокултура, не пиеме антибиотик на тепка.
Zdr I jas ima bakterija ekserhija koli mi dad Dr atibijoti I vaginalt am mi kaza da pomine ciklos pa da gi pijam nezna dali nekoj ima takvo iskusvo da se LecI vala pozz
Jас се извинувам ако се разбравме погрешно, не ни помислив дека некој на своја рака си зема лекови, го кажав тоа затоа што матичниот ми даде прво антибиотик кој воопшто не реагираше ниту ја симна температурата, се додека урологот не ме препрати повторно да направам на кои антибиотици е сензитивна и ми даде соодветен антибиоти, споделив и каде го направив тоа затоа што сите знаеме дека на различни места различни се и резултатите. Еве веќе долг период и по паѓање на имунитет се нема вратено. Се извинувам уште еднаш, но со соодветна терапија може да се стави крај на секое измачување, но нашиве доктори не секогаш знаат секому да погодат. Како што веќе е познато дека ешерихијата е дел од организмот, само треба да се стави под контрола.
Прашајте ги вашите доктори за антибиотик Флексид, за рецидивни респираторни и уринарни инфекции. Ми помогна многу.
Во аптека, со рецепт од доктор, околу 600 мислам беше, ама пошто е антибиотик мора доктор да ти го препише.
Имал некој досега хемолитична ешерихија коли? како сте ја лечеле? и повеќе инфо? Имам ужасно печење и неможам да ја додржам урината кога стојам
Татко ми има повеќе од пола година. Пиеше и антибиотици и чаеви од билна и уште има милион бактерии. И ние го бараме чарето.Маслото од диво оригано помагало пробај го
Во Еурофарм има едни таблети на природна база се - Неоренал СР, бугарски се ама многу ми помогнаа..за почесто да мокриш се пијат..два пати на ден по една таблета се пие, безбедни се при бременост и доење..Топло ги препорачувам
Мајка ми ја имаше . Ама таа на природна база ја излечи . Се сеќавам дека пиеше по 2 литри чај од брусница на Виталија , без шеќер ( шеќерот и создава тегоби во желудникот , и затоа се пие без шеќер , дури и нескафе од оние што се чисто кафе ) . Колку што памтам , не пиеше антибиотици , ниту било какви други лекови . Увин чај и чај од брусница . Ја излечи за 6 месеци немаше ни трага ни глас од бактеријата . Ден денес нема . Ја имаше во 2012 година , и оттогаш наваму воопшто не и се врати . Можеби чаевите делуваа дека ја открила рано , ама сепак ..
Дали кога сте пиеле антибиотик но и пробиотик, ви бил подуен стомакот па дури понекогаш да имате и дијареа? И ме интересира дали е подобро да се пие чајот од диво оригано или маслото ?