... па зависи, ако имало разлика најмалку 2ч измеѓу антибиотикот и пробиотикот и дали антибиотикот бил земен на гладно или не , дава различни несакани реакции... ...а за „оригано“ која храброст да го пиете така, ние не можеме да дозираме оригано на обична пица со поголема количина и секој ден да ја јадиме така, може да си направиме дигестивни проблеми, а не пак концентрирано како масло или чај, дали воопшто знаете што состав има и дека не знам колкав бенефит очекувате од него, а би рекла повеќе штета? а посебно ако сте бремени знае да направи и спонтан... содржината на тимолот не е за потценување што може да даде несакано дејство посебно на јетрата, а и ако сте анемични и ви недостасува железо секојдневно користење на оригано може да ве направи уште поанемични поради блокирање на апсорпцијата на железо ...се надевам дека кога ќе прочитате некаде дека се дава оригано масло како што ја знам бенефит како природен антивирал или антибиотик и ајде масовно употреба, дали ги знаете и несаканите ефекти при секојдневно внесување на концетрирано оригано масло или било која форма на оригано?
Ги испив антибиотиците и пак чувствувам притисок во мочниот меур...за 2 дена сум на контрола, чисто се сомневам дека е исчистена целосно, не знам веќе колку тона чаеви испив. Давајте некој совет што да се пие?
Мене чај од брусница ми помага, ама пиј константно на 2 саати мислам дека си правев чај дури имав болки и печење. Каде ти е бактеријава , во мокрача само или ако ти земале брис и таму е потврдена? Инаку од антибиотици амоксиклав пиев јас , потоа и на гиниколог ми препишаа некои вагиналети и така се среди тогаш. Чај од брусница обавезно , за нареден пат како превентива пиј при најмал симптом , еднаш чим се појави бактеријава сигурно и понатаму ќе се појавува при намален имунитет..
Чај од диво оригано, јас пиев многу ми помина. Кога бев ја контрола ја немаше. Треба и со храната да внимаваш да не јадеш многу благо и тестенини.
Само уринокултура правев. Ми немаат земено брис. Не знам дали е паметно да одам и на гинеколог. Дали паралелно ги пиеше антибиотиците од гинеколог и амоксиклавот или две дози едно по друго беа? Некако скептична сум за втора доза антибиотици. Јас пиев Норфлоксацин од 400мг и нема баш подобрување, можеби и поради тоа што имам 1 милион..
Би ти препорачала да одиш. Искрено не ми текнува како ги пиев , неколку дози беа секако дури да се исчисти скроз. Ама од тогаш не ми се повторила бактеријава , а и јас имав над 1 милион, огромна бројка беше.
Јас имав ми даде гинекологот цитерал и вагиналети. Пиј многу течности и избегнувај благо колку можеш повеќе. Чај од диво оригано си земи од зегин аптека.
Oregomar ---kapsuli na baza na oregano,,,3 meseca se pie,,po 15 dena,,pa 15 dena pauza --sovet od internist nefrolog
Нема такво нешто. 99,99% се враќа ако еднаш си ја поткачил. Кај мене 17г си оди иде и кога требаше да ја оперирам букна корона. Јас имам леукоплакија, кај мене лечење нема. Билдај имунитет, пиј течности, избегавај благо и на секоја промена јави се на доктор.
Дали ти прави проблеми во однос на притисок на мочен меур потреба за константно мокрење болки во карлица и сл?Леукоплакијата се отстранува нели?
Знам дека ќе се врати... туку од кога ја излечив, секогаш кога имам нагон за мочање чувствувам како притисок на мочниот меур. Има шанса да е последица е од бактеријата? Како живееш со тој ѕвер? Не ти прави проблем у секојдневието?
Од бактеријата е, ствара колонии во бешиката. Како живеам? Хорор ми е секое мочање, со страв. 8ми септември ми е дом кога ќе фаќа акутно. Моментално сум стерилна ради терапијата ковид што ја пиев, антибиотици појаки и подолга терапија. До кога не знам. Јас од неа се породив во 8ми месец, така да ич не е наивна.
Здраво ми открија ешерихиа коли во мокрача 1.000.000 Матичната ми даде 3 дози антибиотик. Е сега, ја завршив терапијата па за 10тина дена треба да правам контрола пак. До сега беше се ок, но еве со последниот антибиотик пак како да осеќам тежина и глупава неопислива непријатна болка... Можно е сеуште да не се исчистила? Веќе ме фаќа страв читав дека диво оригано помага па ме интересира колку пати на ден се зема и колкав период? Или некој друг природен лек освен брусница и чај од брусница? И исто ме имтересира дали можно е дека треба да добијам менс да имам такво чувство како тежина во мочен меур? :/
Чај од диво оригано и мноогу течности. Избегнувај благо и тестенини. Можно е дека треба да добиеш затоа да имаш тежина.