Здраво, имам е.coli 1.000.000, др ми даде Ciprinol 2 кутии, ме интересира ваше искуство, 1 кутија или 2 ви препишувале? Мене симптомите ми поминаа од 4тата тбл, зошто не би била доволна една кутија (10 тбл)? Ме интересира дали таков е третманот за сите?
Ти не лечиш симптоми, лечиш бактерија. Еширихија е повторувачка бактериска инфекција која ако не ја излечиш ќе ја накалемиш за цел живот. Пиј си ги како што ти кажал доктор, плус зимај капсули брусница и витамин Ц од 1000ка секоја вечер, верувај дека не е лесно да се бориш со неа. Од 16г ја имам и се борам со неа, имам 35, ако пред 19г ја излечев како што тебе сега ти дале 2 дози антибиотик немаше да ја имам оваа мака. Од неа со првото се породив предвреме, ми направи хронична состојба на бешиката која треба да ја оперирам и која не се лечи таблетарно. Те молам, биди упорна и пиј редовно терапија со суплементи за да ја излечиш еднаш засекогаш.
Фала за одговорот. Сега друго да те прашам, кои тбл од брусница ги користиш? Јас деновиве додека пијам антибиотик пијам чај уве микс, прочитав дека не се пиеле истовремено уве чај и брусница чај. Дали да се префрлам на брусница?
Пиј си го увиниот, откако ќе го испиеш земи капсули на Џејмисон, имаат они и убав витЦ. Брусницата можеш и некој месец превентивно да ја пиеш, сакаш капсули сакаш чај, мене поедноставно ми е капсули.
Здраво женски. Итно ми треба информација дали некаде во Македонија можам да најдам Фуролин или Нифуран... за Нифуран ми кажаа дека тешко може да ги најдам а Фуролинот дека може да ги најдам во Грција. Дали некоја аптека ги набавува Фуролин или Нифуран...
Се лекував со Дофурин, но пак се врати бактеријата... некако Дофурин не ми делуваа а од Нифуран веднаш бев подобра
Нифуран тешко да ги најдеш кај нас, ги има во Жива фарм Велес и Хигија Кавадарци како Фуролин има број на интернет контактирај ги. Дофуринот има само дел од состојките на фуролинот и нифуранот.
Здраво девојки, на уринокултурата ми искочи ешерихија ми даде матичната антибиотик, ми кажа увин чај, брусница и витамин Ц обавезно да пијам и вагиналети ми кажа ако сакам како превентива земав Вагисан дека на природна база, ама ми дојде порано ваљда од антибиотикот, и ми останаа уште 3 вагиналети дали да продолжам после циклус да ги ставам тие 3 или не? 7 имаше внатре.. знам дека е досадна бактеријава самата докторка ми кажа, ми рече и шеќери благо да избегавам исто така
Брусницата капсули и витЦ зимај ги навечер, пред спиење, со доста вода. Антибиотикот земај го навечер, пробиотик на пладне и измеѓу многу течности и мочај често, не оставај да се стискаш.
Здраво девојки, мака мачам со цистит веќе една година. Скоро секој месец ми се појавува,ретко да не се активира. И приметив дека е секогаш една недела пред менструација. Одам во вц после секој однос, не користам гелови на интимата. Кој знае колку пати проверив уринокултура и ми земаа брисови од цервикс и вагинално, до сега ништо нема на резултатите секогаш е стерилно. На пап тест имав кандида која не ни бев свесна дека ја имам. Ставав вагинални,секој месец антибиотици ми препишуваа за циститот, и после еден ден терапија мене ми поминува ама нема шанси да ме пушти макс два месеци да одморам. Се мислам да пробам со Уро протект и Д манозе од natura therapy, доколку има некој искуство нека пише. Гинекологот ми предложи да пијам урифос од 3гр еднаш неделно како превентива ама не сум сигурна колку би ми помогнало. Било што да ви помогнало пишете ми бидејќи преку глава ми е од антибиотици и глупиот цистит
Мене гинекологот ми препорача да ги доставам вагиналетите одкога ќе ми заврши менструацијата. Истите ги користев. Но најдобро е да се консултираш со докторката.
Ако немаш бактерија зошто антибиотик. Зимај нешто на природна база, земи брусница капсули, ВитЦ од 1000ка, ако не помага УргентЦ, мислам така се викаа, на Провен, многу се добри. И облекувај се потопло малку.
Бев на преглед и докторката ми кажа дека ѕидот на бешиката ми е воспален и мислам дека за воспалението ми даде антибиотик, ама скоро секој месец е истото. Сепак ти благодарам на советот ❤️
Мене ми е супер цистостоп рапид од Еурофарм. Содржи д маноза. По десетина минути се губи печењето. И исто ги земам 30 мин пред однос за превенција. Исто увин чај после однос и многу течности во следните неколку дена, а пред односот обавезно туширање и двајцата и туш и мокрење после односот. Јас вака успевам да превенирам инфекција зошто сум многу склона. И гледај секогаш да си затоплена. Хулахопки, дебели чорапи, долна маица зошто мене на пример и од ладно ми се активира.
И јас мислам дека е некогаш од прелада, ама сомнително ми стана кога почна секој месец во ист период да ми се активира. Цистостоп е нешто како антибиотик или? Да не е штетно да се пие пред односи?
Д маноза е цистостопот. Нема никакви несакани ефекти освен што е скапичко ( 650 ден е кутија ама мене ми се има покажано најдобро од се што сум пробувала. Инаку ист случај сум, нема ништо на уринокултура, на ехо задебелен ѕид и осеќам тежина и пецкање од време на време. Јас искрено се откажав од доктори веќе, на почетокот ме отруја со антибиотици, а не ми помогнаа воопшто. Сега сама си го менаџирам вака со чаеви и суплементи и искрено подобро ми е отколку кога одев по лекари. Мој совет ти е сама да си истражуваш и да пробуваш суплементи и чаеви и ќе си најдеш нешто што ќе ти одговара. Секако ако е акутна состојба со јаки болки ќе се обратиш на лекар за антибиотици.