Можно е и да се излекува целосно. Јас немав 6 год проблем, сега ми се појави пак, ама ја менаџирам со чаеви и суплементи. Мајка ми ја имала исто со години па сега со години ја нема. Знам дека е дел од нормалната цревна микрофлора но тоа не значи дека треба секогаш да е умножена и да дава симптоми. Тешко е дур и ја најдеш "цаката."
Правев цистоскопија и излезе дека имам леукоплакија. bybeDkid може ли во приватна порака да добијам твои инфо, би сакала да се консултирам во врска со отсранувањето. Каква е процедурата и дали постои некој друг третман освен да се отстране хируршки?
Кај мене беше малку болно ама не е ништо што не се издржува. Со локална анестезија се праве и истиот ден имав печење и малку крв кога мокрев. После се беше во ред. Бев во Систина, кај Живко Попов и он ми препорача да се извади ова преку лапораскопски пат, некој вид на операција. Е сега ја сакам да видам дали има некој што го третирал ова на некој друг начин со лекарства или мора хируршки...
Kaj nas za zal prva opcija e taa vo svetot se odi so profilaksa so antibiotk vo podolg period. Na nefrologija porano nekoj star doktor gi staval na profilaksa so antibiotik od 6 do 12 meseci ama sega nema taka. A zalno e sto i posle operacija pak moze da se pojave.
Пробано, не делува. После дооооолго време пак имам мака, со крварење со се, болки појаки од што имав породилни. Сум плачела на секое мочање. Фурал, д-маноза и брусница чај, 2 дена го видов Господ од болки, попуштија дури денес. А имав заборавено како е, ама... Не знам што мислев кога се убедував дека ја средив, ама што вика @bybeDkid Сите ќе те напуштат само Еширихија нема да те напушти.
Незнам еве имам познанички и покрај отстранетата леукоплакија повторно се со бактеријата и со сите пропратни симптоми, а кај неколку од нив ситуацијата е значително влошена после отстранување на леукоплакијата, ама се е индивидуално еве пиша членка тука и за позитивно искуство. Проблем е што најчесто и по отстранување повторно се јавува истата. Јас лично видов подобрување од вакцината која ја примав.
Вакцината се изработува во Торлак од вашиот сој на бактерија се прима орално во период од 4ри месеци.
Јас немам бактерија, само леукоплакија. Ниедна уринокултура не покажа Еширихија до сега, а имам направено милион. Имам болки како при цистит а без бактерија. Проблем е тоа што ми рекоа дека не се знае 100% дали болките се од леукоплакијата. Ќе видиме кога ќе се отстрани...
Дај Боже да се отстранат пост оперативно. Во тој случај нема да може да ја користите вакцината дколку нема утврдена бактерија.
Точно, минатата недела бев на преглед кај Даниел Петровски во Систина, му објаснив дека сум оперирана пред 6 години и ми рече, ќе го цитирам "Епа толку траат тие операции, 5-6 години и пак." Јас имам ешерихија, за леукоплакијата не знам дали ми е повторена, треба да правам цистоскопија. Ама тоа за профилакса да пиеш антибиотик 6-12 месеци некако многу е бе. Лом ќе си го напраиме цел организам. Инаку Ставридис ме стави пред операција 3 месеци така, 10 дена по 100мг (едно апче) Нитрофурантоин. Тоа бар е уросептик, не е класичен антибиотик. Ама и он ми рече пред операцијата дека не е самата интервенција гаранција дека ќе се ослободам од циститите засекогаш што и така испадна. Ај бар 5 години бев раат. И јас имав такви цистити без бактерија. Ама мене ми се направи леукоплакијата заради тоа што со години се борев со ешерихија па си направи бела плоча и хронични цистити. По операцијата исчезнуваат болките. Ако не се од леукоплакијата тогаш од што би биле
Морам цистоскопија, сега за сега бидејќи имав ешерихија сум на Нифуран. Не беше многу оптимистичен, цело време збореше како тие шо се склони на цистити, цел живот ќе си ги имаат.
Јас се распрашав во Србија да ми проверат за ова со вакцината па чекам одговор. Ќе се возиме до Србија осеќам јас.
Здраво. Сакам да ве прашам,дали некоја од вас се соочувала со ист проблем како и мојов. Често имам различни бактерии на мокрачата,ентерококос,ешерихија коли,последно стапхулококос хаемолитикус…сакам да ве прашам дали некоја го имала истио проблем и печење за време на уринирање,и болка да неможам да се допрам долу. Гинеколошките брисевите се сите во ред,само излезе лактобацили,епителни клетки и леукоцити. Дали можи некоја да ми кажи мислење… Поздрав!
Толку многу бактерии не сум имала, порано знаеа да ми се менуваат стрептокока и ешерихија. Нејсе, оваа ситуација значи дека мора да поработиш на имунитетот (целокупниот не само на бешиката). Тоа значи суплементи на база на бетаглукани и витамин ц 1000 под точка обавезно. Пробај и со масло од диво оригано многу го фалат (јас не го можам прејако ми е, партал ми го направи желудникот). Друга работа, течности (вода, чај) по мин 2 литра на ден. Трета работа, исхраната. Бактериите многу си сакаат шеќери, јаглехидрати и теста, така да тоа треба да исфрлиш од исхрана. И четврта работа, заштитени односи секогаш, после односи одма на мочање и едно апче на база на нитрофурантоин (ги има под мн имиња, најчесто како Нифуран), тоа е уросептик, служи за профилакса (чистење на бешиката). На интимната хигиена сигурно внимаваш, тоа да не ти спомнувам. Се надевам помогнав со нешто од ова и гуд лак