Со ешерихија уште се борам, но имав пауза од 5 год каде немав проблем. Инаку на начнов на кој што ти кажав + имав операција на бешиката бидејќи имав леукоплакија.
Дали ешерихијата и на тебе ти даваше симптоми печење при мокрење? Бидеќи мене тоа ми е најголем проблем…На секое мокрење константно такво чувство…
Јас и за време на антибиотик ги имам истите симптоми. Не мокрам кратко,ама печењето е секогаш присутно. Не можам да функционирам да одам на работа…
Ааа штом си на антибиотици не треба да имаш пецкање. Тогаш не е погоден антибиотикот. Зборувај со матичната да ти препише друг според бактериограмот. Иначе знам дека не можеш да функционираш, нема нешто поболно и пофрустрирачко. Со години се борам со ешерихија. Мене ми олеснува од увин чај и кога ставам греена ракија на улошка долу на гаќите. Пробај и така.
Имам пијано вибрамицин,цитерал,нифуран,амоксиклав,лабел,флехид,и последно сега панцеф,незнам зошто пецкањето е присутно цело време… Клавам и јас ракија ама кога како ми е подобро,гинеколошко сите брисеви се чисти нема ништо… Незнам веќе што да мислам,исто и зс време на циклус ме боли…
Пиј паралелно и УргенЦ, ќесички се, имаат голема концентрација на витЦ, екстракт од црн бозел, бетаглукан, пре и пробиотици... Дури откако испив 4-5 ми се смири болката.
Аууу, душа намачена си ти. Кај мене после второто апче Нифуран се смирува пецкањето. Да идеш на некој добар уролог? Ставридис од Систина мене ме оперираше (во тоа време беше на клиника), топло го препорачувам. Не е можно на ништо да не реагира. Исто, цистоскопија треба да правиш, да не има уште нешто ко кај мене што имаше а не се гледа на ехо
Ништо тогаш, само добар уролог, сериозно да ја фати работава, не може под толку антибиотици да си и пак да имаш симптоми на уринарна инфекција. Да не ти е човек во кожата, знам колку е болно..
Здраво дрвојки Дали некоја пиела Урифос за проклетава ешерихија и какво искуство имате ако сте пиеле Мн е досадна и фустрирачка
Да имам печење и болка на крај на мокрењето малце како да ми се повлече притисокот за мокрење ама тоа е се...ја имам и вагинално