Не е битно, шеќер е шеќер за оваа бактерија. Од 16г се борам со неа а еве у септември ќе полнам 37, 21 година мака мачам и сум приметила а се опуштам со овошје, благо, одма се активира, за чудо од сладолед не ми се активира, еве не знам зошто, ама секој ден па не јадам сладолед и може затоа. Шеќер на минимум, само кај што ептен мора и нема гајле ќе се среди.
Јас ја имав пред 10 години, два пати ми се имаше вратено, ама последниот пат пиев по 1 л чај магдонос и сок од целер и оттогаш ми се нема вратено, баш ми е жал што луѓе ја имаат со години
Сте ја решиле брзо, не има нас што сме стигнати до операција со гомцево и не се решава. Додуша ја држам под контрола со многу вода, брусница и витЦ, па ќе видиме.
Прво во лабораторија да оставиш урина после ќе земеш од ќесички Уро ројал, Урифос, Уримил... ги има различни за цистит се сите, и на влошка топла ракија, колку потопла толку подобро. Стави и замотај се легни. Плус, навечер 1 капсула брусница и 1 витамин ц од 1000. Додека ти стигнат резултатите, после ќе пиеш антибиотик по антибиограм.
Дали сте имале речиси постојана болка во долниот дел на стомакот заради ешерихија? Веќе неколку месеци чувствувам нелагодност во тој дел, осетливост дури и при допир. Уринокултура чиста, на ехо се гледаше некое воспаление и на брисеви ми покажа ешерихија. Може болката да е од неа?
На брис земен од циста на опашката (синусно влакно), на резултатот искочи дека има бактерија ешерихија коли. Како е можно кога нели е бактерија на уринарниот тракт?
Не, од цревата иде. Таа е бактерија што ја има во фецес, ја имаш закачено или со лошо бришење или ако си ја третирала амбулантски те заразиле.
Епа лошо се има избришано при голема нужда или се има некако заразено. Инаку е уринарна инфекцијата од бактеријата, ама таа е од цревата, не од урината.
Те читав на претходни страници дека долго време ја имаш, сега ја стави под контрола? И ако да, како? Ми препишаа антибиотици и вагиналети ама знам дека се враќа
Под контрола ми е, со високи дози Ц вит, 2000 на ден, и капсули брусница 2 на ден. И бустање имунитет.
Ете и мене после три месеци (откако ја излечив со панцеф) повторно ми се поврати бактеријата. Овој пат откако осетив студ на нозете. Најчесто ја добивам или од клима (летно време) и сега зимно ако осетам студ на нозете. Започнав по природен пат, масло од диво оригано, некои прашаци од брусница од аптека и чајна мешавина на алкалоид од билна аптека меѓутоа недела дена така и ништо не помага. Изгледа повторно ќе мора да се трујам со антибиотици Дали некој може на форумов подетално да објасни за тие методи пред операција и операција за оваа состојба?
дури имам чуство како откако почнав да пијам од чајната мешавина на алкалоид како да ми се влошија тегобите. дали може да се пие тој во комбинација со прашакот од брусница?
Нема операција за ешерихија коли. Јас сум оперирана од леукоплакија предизвикана од ешерихија. Ама бактерија можеш да излечиш само со антибиотик, особено оваа бактерија. Пробај со Нитрофурантоин кај мене многу фино делува. Можеш да го пиеш до 3 месеца по едно апче на ден бидејќи е уросептик не класичен антибиотик. Но првите 2 недели 2×1. Се ова што пиеш е само суплемент нема да ти ја излечи бактеријата.
а дали може некој на форумов да ми препорача добри и ефикасни д-манозе? Еве испив цела доза антибиотици но не се чуствувам како да е бактеријата целосно излечена. Сеуште осеќам понекога пецкање при мокрење...