Правев уринокултура и имам ешерихија. Гинекологот ми препиша антибиотик Cefuroxime 2x1 10 ден, увин чај 3л на ден и Cranprobio 1 месец. Дали некој го пиел овој антибиотик? И дали чајот од брусницса има повеќе ефект од увинот?
Дали тие капсули сметаат при бременост? исто и Ц витаминот на Jamison? Дали би можел некој да ми одговори?
Па ги пиев цела бременост, пред да забременам и еве сеуште пијам секој ден. Нема зошто да сметаат. Башка што ми ги препорача гинеколог без да знае дека веќе ги пијам. Поради тоа што со второто се породив порано под претпоставка дека е поради уринарната правев редовни контроли секој месец и не се врати никогаш бактеријата.
Искуство со нитрофурантоин? Ми го препишаа 100мг навечер едно 10 дена, ми е страв какви side effects има - посебно за лошење/повраќање, многу паничам за истото.
Кажвајте помош за ова тешкотија на трет антибиотик сум и не се смирва. храна целосно ја контролирам..благо немам воопшто каснато, млечни производи и месо исто така..јаглехидрати на минимум..цитруси исто избегавам пошто ми кажаа дека штетат. увин се препив..пред тоа и брусница и диво оригано и сушени семки од диња. има ли некој спас? психички паднав…
Мене најмногу ми помогна сумамедот и чај од диво оригано. Обавезно ставај си термпос со топла облога.
Zdravoo, dali nekoj ima iskustvo so Uro Vaxom? Imam eserihija 2 godini ne mozam da ja izlecam so nisto, pa citav dosta pozitivni komentari bas za toj lek.
За повторувачи уринарни инфекции и бактерии јас ги пиев Уростим бугарски таблетки.Се пијат по шема и се еден вид како вакцина за уринарниот систем ,содржат замрзнати бактерии и потоа три години си под заштита .Прашај во аптека и купи си ги позз
Пијај и по една капсула брусница на Џејмисон со плус вит Ц навечер подолг период и ќе ти се среди ...пробиотик обавезно Јас пиев чај од Херба Стојанови еден месец за бактерии што е тој и ми помогна ..позз
Јас од прва ја излечив со антибиотик Нолицин. Не знам какви антибиотици пиеш, но знам дека само неколку вида не се резистентни на ешерихија. Пиев дневно по две тенџериња чаеви. Еден ден увин, друг брусница на виталиа оној со сушени плодови. (Повеќе форсирав увин чај) Водата со чај ми беше заменета цела недела. Друго многу што ми помогна е витамин Ц од 1000ка. Ешерихијата не живее во кисела и базна средина. На некој му помага вит Ц на друг сода оние ќесичките. Благо никако, гледај и чаевите да не бидат засладени. Ако си упорна ќе ја излечиш.
Молам за помош. Пијам антибиотици веке 4та терапија по 10 дена и пак испаднав позитивен на спермокултура. Не јадам благо не пушам. Дали овие 5000 се многу на ml
Не пијај веќе антибиотици ќе ти падне имунитетот и нема да делуваат земи чај од диво оригано секој ден по две чаши. Навечер пијај ги капсулите на Џејмисон од брсуница и плус витамин ц и ќе се среди се .
Допри ми ја и после не земај антибиотик оти е многу ,а плус земи си ги работиве што ти ги пишав и ќе биде добро ..позз