Помооош женски, молам за помош, многу се плашам. Конечно после 5 месеци маки: чешања и пецкања, болки и бел исцедок, пронајдена ми е бактеријата ешерихија коли вагинално. Секоја информација и искуство е добредојдено ако сакате да споделите со мене, многу време е веќе, кандида за 2 недели можев да излечам, затоа ова ме шокираше. Какви симптоми имавте со е коли вагинална, што осеќавте во телото, кои промени и дали се добри овие Мелиора вагиналети? Што да очекувам, знам дека се појаки. Благодарам од срце. Се друго беше во ред и пап и вагинални брисеви. Сменив неколку гинеколози, и конечно на микробиолошки покажа. Ништо немаш велеа освен инфламација, нарушена пх вредност ама знаев дека има нешто плус. И вакви маки невидени прв пат во животот, страшно е. Пробано се од креми и вагиналети, секакви, препишувани од 4 гинеколози, а после откривањето сега сум на терапија: мелиора вагитории, цитерал таблети и белогент маст за надворешно. Потемнети ми се вагиналните уснички многу и уште ме чешка. Уринокултура средено, во ред е, ама ова ме уништи вагинално, толкав проблем имам што не можам да функционирам нормално и само стресови оти таму ми се мислите цело време.
Не сум имала до сега искуство со ешерихија, ама познавам луѓе околу мене што ја имале. Знам дека Д манозе (мислам така се викаше) се продава како прашок за орална употреба и тие се за ешерихија. Друго, пиј мнооогу чај од брусница,вода,обрни внимание на храната која ја внесуваш оти може ради тоа да не можеш да се откачиш од ешерихијата(особено благото). Применувај повеќе јогурт,кисело млеко. И многу овошје и зеленчук. И доколку ти имаат препишано антибиотици мораш да користиш и пробиотик поради тоа што антибиотикот ја менува ph вредноста на вагината што доведува до инфекции и бактерии. Брз помин
Благодарам од срце! Веројатно нема да смеам благо да јадам, ќе се воздржам, дисциплинирана сум, само почнав премногу да внесувам витамин Ц дури ми се слоши, се некако правам екстремно, па ќе се трудам да комбинирам разумно, и по малку. Фалаaa уште еднаш.
Пијај и чај од оригано по две чаши на ден,јас ја имам антибиотик не ми делуваше сега само пробиотик пијам така ми рече др...зафркнато скроз дури не боли и стомакот во долниот дел на допир. Ај,ќе ни помини пробај кефир многу се задоволни од него.
Со помин, фалаа многу, ќе почнам обавезно со чај од óригано. Пробај пополека и чекор по чекор со промените во исханата иако е кон здраво, ако е наеднаш агресивно како јас, се од овошје и зеленчук, семиња, накупив, можи шок да му дојди на организмот и да има реакција. Малку по малку, не преку ноќ, ќе ни помини, фалаа на одговорот, фала мн мн
Јас гледам колку можам да се хранам здраво овошје,зеленчук и семиња ми се години на мени,благо многу ретко каснувам но ќе помине сака трпение .Брзо иде ,ама тешко се лечи
Чај од диво оригано и шеќери на минимум, било од овошје било здрави. Имунитетот треба да си го зајакнеш. Подосадно нешто од оваа ешерихија нема.
Сте пробале да пиете сок од целер? Јас пред години ја откачив, ама имам слушано дека целер, магдонос, морков ама како сок многу помагале, прашајте доктор или само чист целер дали смее да се пие... Бидете упорни
Дали некој има направено цистоскопија? Ако може да пренесе искуство дали нешто подетално се открило од тоа и дали после тоа ја средила ситуацијата? Половина година имам повторувачки знаци на уринарни инфекции. Антибиотици не знам колку испив - разни. Нешто што ми падна и чудно на 9ти ден од левофлоксацин од вкупно 10 - јас имав повторно покачени леукоцити и бактерии на обична анализа. На уринокултура само еднаш излезе бактерија ешерихија. Секогаш кога сум правела уринокултура испаѓа стерилна освен тој пат (што ми е многу чудно) затоа што на обична анализа има леукоцити и бактерии. Исто ми кажаа дека ѕидот на бешиката ми е малку назабен. Не знам што конкретно треба да значи тоа. Пишете ако некоја имала некој ваков сличен проблем. Планирам да правам цистоскопија, но што со тоа не знам ни сама… не можам ни рает да патувам, ни да имам односи со партнерот, ни да каснам ни малку благо ни кафе..ништо од тоа..хаос е ова
Не треба ни овошје? Имам отфрлено скоро се од шекери само овошје многу јадам. Дали мáсло од диво óригано е ок и дали штети некако или можам да го почнам и него, благодарам многу.
Мислам Виола кај Скопјанка, не сум мн сигурна бидејќи татко ми беше да ги купи ама мислам од таму беше. Најубаво по тел јави им се ќе ти кажат
Јас го имав купено од аптеката спроти тутунски комбинат пред рампа..не знам точно како се вика..сега скоро купував пред месец и нешто
Не, и овошјето е шеќер. Особено па тоа смудиња, шејкови. Ако некој може таков живот супер, јас без овошје не можам. Си се толерираме со Ешка некако, кога ќе осетам мака прекинувам, па после пак и така у круг. Точно 22 години како се трпиме некако. Операција никако да направам за леукоплакијата, ама ќе морам, зошто сепак не е мала работа.
И јас исто без овошје не можам ич, другото од шеќер тргнав, дури кафе веќе не. Веројатно и во урина вака исто е многу тешка, а вагинално е ужас, ме преисцрпи. Чешање, пецкање, болки, бел исцедок, нигде да не ме бери, а велат немаш ништо сите тестови чисти. Знаев дека ќе излези некоја бактерија. Со помин да ни е на сите, се ќе се среди, јас сум почетник во ова и секоја информација многу ми значи, фала уште еднаш на сите, како вистински хипохондрик сум се преплашила, големи стресови си кладов, се изнаплачив.