Здраво пред некој ден ми ја открија и мене истата бакерија со број на бактерии/мл 1.000.000 и ESBL позитивна.Пред два месеци имав и камчиња во бубрезите а дел не ми се исфлени од едниот бубрег.Имам големи болки во бубрезите и желудникот а некогаш и во јајниците.Мокрачата ми е темно портокалова-кафена и има непријатен мирис и ме пецка кога мочам .Имам цело време темперстура 37,3 а пред некој ден 38,5 чуствувам омалаксаност замор и пад на концентрација.Матичната ми препиша sulfamethoxazole,trimethoprim и маноза. Дали некој имал слична ситуација и дали ги користел истите антибиотици
Јас ја имав во бременоста, исто 1.000.000. Бев и на ехо оти се почна со болки на лева страна, имав песок. Пиев панцеф, па амоксиклав, пролом вода не знам колку шишиња, брусница чај и пак ја имав кога испитав. 2 недели бев со треска и 39.6 температура на моменти. Матичната кажа да прекинам со антибиотици, а после пораѓај не проверив. Мислам дека ја имам уште.
Пијај чај од оригано по пола литар во ден,навечер капсула од брусница и еден витамин ц . На Џејмисон капсулите од брусница се супер јас такви пиев,а сега зедов од ДМ брусница со ц витамин комбинација...и најважно благо не .Позз брзо оздравување
Внимавајте со благото, и фала на сите што ме предупредивте. Поминати беа симптомите пресреќна јас, некни си се опyштив со благо и се врати дел од чешањето тој ден, јас вагинално ја имам. Така да пазење и без благо, чоколада и шекери. Само од овошје сум ок.
Здраво девојки. Имам непријатна болка во бешиката. На уринокултура нема бактерија, на обична анализа покачени леукоцити и еритроцити. Матичната ми препиша само нешто на природна база со брусница. Дали некоја имала нешто слично? Иначе мочам многу почесто и имам како некои светки/ парчиња во урината. Избезумена сум..
Здраво, пред 3 месеци имав ешерихија во урина и вагинално. Гинеколог ми препиша антибиотици. 10 дена по терапијата правев уринокултура, беше чиста. Сега пак осеќам симптоми. Во меѓувреме цело време пијам чај од диво оригано, а утре ќе одам да правам пак уринокултура. Прашањето ми е дали пак да одам на гинеколог, заради тоа што знам оти ќе ми препише пак антибиотици, а јас би сакала на природна база да го решам тоа. Дали е во ред на своја рака да земам Д маноза?