Треба да внимаваш да не јадеш нешто неизмиено, водата да не е загадена што ја пиеш. Да внимаваш при бришење/миење после одење до тоалет да не дојде до вагината од фецесот. Да не носиш тесен веш бидејќи тоа создава совршени услови за бактериите да се размножуваат во вагината, треба да е памучен, не синтетички. Исто така хемороиди ако имаш и тоа може да влијае оти аналот и вагиналниот канал се многу блиску, а при хемороиди, крвните садови во аналот се отечени. Според мене тоа е превенцијата.
Најдов уште нешто, од фб е ова: Spoiler: Вагинални инфекции инфо Најчести гинеколошки инфекции и како да ги спречите! Гинеколошките инфекции се многу чести кај жените и можат да бидат предизвикани од бактерии, габи или вируси. Некои инфекции поминуваат со едноставен третман, но други можат да доведат до посериозни компликации ако не се лекуваат навреме. ⚠ Најчести гинеколошки инфекции: 1️⃣ Габична инфекција (Кандида) ✔ Симптоми: чешање, густ бел исцедок, иритација ✔ Причини: антибиотска терапија, ослабен имунитет ✔ Превенција: носете памучна долна облека, избегнувајте тесна облека, намалете го шеќерот во исхраната 2️⃣ Бактериска вагиноза ✔ Симптоми: непријатен мирис (често како риба), сивкаст исцедок ✔ Причини: нарушена вагинална флора, честа употреба на вагинални сапуни ✔ Превенција: избегнувајте прекумерна интимна хигиена со агресивни сапуни, користете пробиотици и промивка на вагина. 3️⃣ Уринарна инфекција (Циститис) ✔ Симптоми: болка при мокрење, честа потреба за мокрење, болка во долниот дел на стомакот ✔ Причини: бактерии (Ешерихија коли), недоволен внес на течности ✔ Превенција: пијте многу вода, уринирајте после сексуален однос, носете памучна долна облека 4️⃣ Хуман папилома вирус (HPV) ✔ Симптоми: често без симптоми, може да доведе до генитални брадавици и рак на грлото на матката ✔ Причини: сексуален пренос, слаб имунитет ✔ Превенција: вакцинација, редовни ПАП тестови, безбедни односи 5️⃣ Хламидија и гонореја ✔ Симптоми: често без симптоми, но може да предизвикаат болка при мокрење, абнормален исцедок ✔ Причини: незаштитен однос ✔ Превенција: користење кондоми, редовни гинеколошки прегледи ✅ Како да се заштитите од инфекции? ✔ Одржувајте добра интимна хигиена (без агресивни сапуни) ✔ Носете памучна долна облека и менувајте ја редовно ✔ Избегнувајте долготрајно носење на влажна облека (костими за капење, спортска облека) ✔ Користете кондоми за заштита од сексуално преносливи инфекции ✔ Јадете здрава храна богата со пробиотици (јогурт, кефир) ✔ Пијте многу вода за да го одржувате уринарниот тракт здрав
Миј се со вода после одење во тоалет, избегнувај преработена храна, повеќе природно јади и домашно, не од маркет. Не е лошо и лекар да те види, да ти препише маст или лекови.
Избегнувај благо, газирано, презачинето. Памучен долен веш, пеглај го обавезно пред облакање и како што ти пиша членката горе одмивај се со вода. Чај од брусница во билна аптека, увин чај. Течности. Не носи тесна облека долго време.
Јас дека дојдам ми кажаа да земам кесички се Urimenoza forte Celose и многу течности после тоа да се пие од кога ќе го испијам се раствара во вода,и чај од брусница Јас ја имав ешерихија на уринокултура,немам правено контрола ќе правам месецов чисто да проверам инаку немам никакви тегоби
Kazete luge lek za ovaa eserihija ispieno citeral 10dena dve kesicki monural sega pijam brilusnica kapsuli i urocist no seuste ja ima sto vi pomognalo caevi pijam drugo