1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Escherichia coli (ешерихија коли)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од LaRagazza, 6 јануари 2010.

  1. angelina2

    angelina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите :)
    Се регистрирав на форумов само заради бактеријава :(
    Пред недела и пол целе ноќ не можев да спијам заради мокрење. Цело време мислев дека не можам да издржам а кога ке отидев само две три капки. Направив уринокултура и не ми најдоа ништо, па ме пратија на гинеколог и на брисот ја покажа оваа бактерија.Додека цекв резултати ми дадоа цитерал ама не ми помогнаа, па палин исто неуспешно, е сега од резултатите од брисот ми дадоа Панцеф, и некои вагиналети, ама пак ми е исто. Инаку немам болки при мокрење, туку цело време имам нагон, постојано ми се мокри, и бавно мокрам, а пијам и чај од брусница...
    Ако му било на некој вака нека ми каже како му поминало оти се мрднав веќе две недели постојано имам чувство дека ми се мокри? И дали некој примал Гирамицин инекции за да му помогне???
    плс хелп :)
     
  2. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    По симптомиве ја имам оваа бактерија. :(
    Така да уште утре си земам брусница, увин чај пијам денес цел ден, па ќе си направам од рецептите што се специјално за неа. Леле луѓе го мразам моментот кога треба да мочам, си седам на шолја и си офкам, умрев!! Два дена веќе вака, болиииии ;(
    Значи може и две недели вака да ме боли а? :o Не бе, ќе си се самоубијам, ова не се трпи повеќе!
     
  3. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Лакримоса, земај уште утре Лидаприм, Бактрим или Палин. Лидаприм и Бактрим е едно исто, антибиотик е, а Палинот уроантисептик и зголемува диуреза. 3 дена се пијат сите. Значи едни од овие не сите. После саат време, ќе престани пржењето, ама мораш 3 дена да ги пиеш. И многу течности, увин чај обавезно. За болката можи и аналгетик да се напиеш. :)
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Пукнав веќе. :sweat: Како ќе заспијам вечерва, многу ми смета. Не осеќам пецкање, само ме боли кога мочам, посебно на крајот кога завршуваш :worried:
    А мокраќата е матна, а не бистра како секогаш. Затоа чуди се бубрегот ме заболи завчера. :?:
    Обавезно ќе земам нешто од овие, а утре ќе одам на ехо.
     
  5. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Цистит е, ехо сега не е баш најбитно, прво треба да се делува на инфекцијата, а и не е баш добро тоа што си се оставила 2 дена вака. Би ти препорачала одма сега некој да тркни до некоја аптека 24 часа што работи, да земиш лидаприм или бактрим, ама ако одиш на лекар утре нема да можи да се направи урокултура поради антибиотикот. Ако не можиш да издржиш, ако не ти е добро, пуштај некој од домашните во аптека одма. Исто така има и инстант увин чај, како цедевита се приготвува одма, и со ладна вода. Ако можеш да издржиш до утре сабајле, еден аналгетик за болката и многу, многу вода. :) Ехо после кога ќе се смири инфекцијата.
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Баш денес си дојдов Струга, и овде нема аптеки што работат 24 сати. |( Човек да си умре. |(
    Се мислев да земам Палин, ама чим викаш да земам лидаприм или бактрим, ке прашам во аптека и ќе земам некое од нив. Викаш не е Ешерихија? :?: Дај боже!
    А знаеш каков аналгетик да земам? А да се напијам еден парацетамол вечерва?
    Ух, едвај чекам да се раздени и да си купам сѐ. :worried:
     
  7. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Лидаприм и Бактрим делуваат на поголем спектар на бактерии, и на Ешерихија исто. А и да е Ешерихија не значи дека ќе ти се повторува, како што разбрав ова ти е прв пат да имаш ваква инфекција. Јас лично имам Ешерихија, а и каменчиња во бубрег и рефлукс. Значи сум многу подложна и затоа ми се повторува инфекцијата. Јас лично користам Палин кога имам инфекција, капсули се. Лидаприм ги одбегнувам бидејќи често ми се повторуваше инфекцијата и не сакам да се клукам нон стоп со антибиотик, а палинот е само уроантисептик. Можиш било кој аналгетик, парацетамол, аналгин, аспирин. Ако одиш утре, прво направи урокултура, т.е дај урина за испитување, а потоа земи некои од овие. Ќе видиш и лекарот ќе ти препиши најверојатно лидаприм или бактрим, а палин можеш и без рацепта да ги земиш.
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Zlatusko, само да те прашам дали додека пијам Палин можам да дадам мокраќа на испитување? Пошто докторката ке била во Понеделник, па тогаш ќе одам, а денес да си ги земам овие.
     
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Не сакам да ви звучам разочарувачки ама една пријателка со години се бори со оваа бактерија. :(
    какви не антибиотици, какви не чаеви, масти и други терапии џабе се. Се додека не отиде на консултации кај Тања Турунџиева која и дала листа за тоа како да се исхранува ... Сега вели дека многу, многу и е подобро. Не чувствува ни болка ни печење ни ти мокрење често итн. Иако многу работи и се отфрлени од исхрана сепак е задоволна што на некој начин успеала да ја совлада ешерихијата.
     
    На tanja88 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Треба прво урина па потоа палин, иако не е класичен антибиотик сепак делува, како прво зголемува диуреза, па се разредуваат бактериите. Има начин во ск знам дека се работи, потенцираш кај микробиологот кога даваш урина дека веќе си зела антибиотик, па прават посебни култури и има можност да се детектира бактеријата. Битола не го работат тоа знам сигурно, па најверојатно и Струга исто така. Ништо земај палин или лидаприм одма, не се оставај никако до понеделник, може да се качи бактеријата нагоре до бубрег, па да си направиш поголеми проблеми т.е акутен пиелонефрит. Понеделник оди на лекар направи испитување на урина, ако е во ред не треба ништо повеќе, само земај си увин чај секој ден барем една недела. Палинот и лидапримот како што кажав 3 дена се пијат за цистит. Ако има бактериурија во наодот понеделник, без симптоми ќе бидиш тогаш сигурно, сепак мора да се направи микробиолошко испитување да се види кој е причинителот, па ако треба ќе се елиминира дополнително. Земај нешто од овие денес, и двете се пијат на 12 сати по 2 таблети. И како што кажав увин чај обавезно, или инстант (поскап е прилично) или обичен за варење во кесички.
     
  11. linalina

    linalina Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво!
    Најпрво би сакала да ја поздравам иницијативата за формирање на ваков вид на веб страница, која што гледам дека е од голема помош за сите нејзини членови.
    Би сакала да го образложам мојот проблем кој ме мачи подолго време.
    Во август минатата година ми беше дијагностициран цистит, кој што го лекував со цитерал. За една недела се излечи, меѓутоа настана поголемиот проблем. За целиот тој период не знаев дека сум бремена, цитералот го уништил мојот плод и морав да аборитриам, не беше тоа спонтан абортус туку намерен. Се уште неможам да се опоравам од психичката болка. Се одлучив на абортус во октомври минатата година затоа што гиниколот ми кажа дека доколку се одлучам да го задржам плодот, ќе морам да мирувам 9 месеци и да не станувам од креветот, а тоа сепак не беше гаранција дека ќе го задржам плодот. Студентка бев и не сакав последната година од моите студии да ми пропадне, сега кога дипломирав со сите почести, гледам дека воопшто не ме израдува и не ми нанесе среќа тоа, колку што ми донесе психичка болка и душевно страдање, абортусот. Но на моите маки како што гледам им нема крај и се прашувам дали некогаш ќе има. Циститот го добивав и после абортусот уште 4 пати, последниот пат, пред три недели кога напрваив уринокултура ми беше дијагностицирана бактеријата ешерихија коли со 200 000 во 1 милиграм мокраќа. Ми дадоја амоксиклаф, но бактеријата се повтори пред една недела. Завршив на уролог, кој што ми препиша фуролин кои што треба да ги пијам еден месец. Друга работа е тоа што после абортуост сексуалните односи кои што ги имам со мојот партнер, секогаш се проследени со болка односно пржење и пецкање и веднаш после односите кога уринарам на хартијата има две-три капки крв. Во март правев папа тест на кој што ми беше дијагностицирана бакеријата кандида, ја лекував со вагиналети, но мојот сексуален живот не се подобри ни тогаш. Ме интересира дали сметате дека болките и крварењето се последица на тоа што имам ешерихија коли или пак тука е вмешан уште некој друг фактор. Јас навистина неможам веќе една година да се опоравам, како психички така и физички, на ништо не се радувам, ништо не ме прави среќна а бактериите и инфекциите ги добивам секој месец. Очајно ве молам за совет и помош!!!
     
  12. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    escherichia coli

    Има ваква тема, за ешерихија, сепак бидејќи сум на медицина а и го имав истиот проблем, т.е цистит после секој сексуален однос, дури и два пати ми се качи инфекцијата во бубрези - пиелонефрит, ќе ти помогнам тука. Првиот цистит го имав на 3 години, а кога станав сексуално активна почнав да добивам инфекција на скоро после секој однос. Се маткав со години по лекари, уролози и последно пред 4 месеци бев кај проф. Чакаларовски - нефролог, бидејќи како што кажав 2 пати имав и пиелонефрит. Ми препорача 4 месеци фуролин, првиот месец по 2 на ден, а понатаму само 1 таблетка и 6 месеци имунобор-уро. Тоа се таблетки кои го појачуваат имунитетот на слузницата на уринарниот систем. Фуролинот ги завршив, со имунобор уро продолжувам уште 2 месеци. После секс обавезно уринирање, и многу течности. Увин чај земам инстант како цедевита се приготвува со вкус на нане и обавезно по една чаша на ден. Имунобор-уро обавезно да ги земиш не се баш ефтини 450 ден 30 капсули, ама знам како се чувствуваш па претпоставувам дека нема да жалиш пари за ова. Битното е од кога ја започнав терапијата немам проблеми.
     
  13. linalina

    linalina Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ти благодарам многу, фуролинот ги имам, ќе си набавам и имунобор-уро. Она што ме интересира е дали имаше непријатни сексуални односи со пецкање и проследени со мало количество на крв?
     
  14. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Да, тоа е хеморагичен цистит, т.е бактеријата ја напаѓа слузницата на бешиката, па ако е појака повирулентна бактеријата, доаѓа и до крварење. Само додека не ја смириш инфекцијата, т.е додека имаш симптоми, немој да имаш секс. Почекај да се смират симптомите, пецкање ( море пржење асолно беше кај мене :D ), често одење во wc, нелагодност во долниот дел на стомакот, паузирај со сексуални односи една недела и земај ја терапијата редовно.
     
  15. linalina

    linalina Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ти благодарам најмногу Zlatusko за твојата помош и разбирање:)))
     
  16. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    23
    Постојано имам цистит како од ешерихија, така и од други бактерии. Обично ми се појавува после некој период кога интензивно имаме односи со партнерот, па ме интересира дали некој имал такво искуство и дали може тој да ми пренесува бактерија или едноставно се надразнувам од самиот однос. Толку често ми се повторува што веќе не ни правам уринокултура ....... кога имам цистит понекогаш не ми покажува дека имам присуство на бактерија.
    ДО сега од фуролин брзо ми поминува, ама не ми текнува како се пиеше еднаш или двапати на ден, дали некој знае како идеше дозирањето?

    ;(
     
  17. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Не пијте антибиотик не помага за ешерихиа, јас ја имам , и лекарот кажа 3 теста на месец ипол на мокрача ако нема нема , направив три немаше на првите два на третиот има :( и пијам брусница увин

    Антибиотикот само помага за болки и крварење , јас имав малку крв . Потоа само чајче :swear:
     
  18. roberta-rubi

    roberta-rubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    61
    Ке можи некој да објасни од што настанува оваа инфекција,од што ја добиваме?
     
  19. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    Escherichia coli (обично E. coli; се изговора „ешерихиа коли“ и е именувана по Теодор Ешерих, нејзиниот откривач) е Грам негативна бактерија која најчесто се наоѓа во гастроинтестиналниот тракт на топлокрвните животни. Повеќето генетички варијации на E. coli се безопасни, но некои можат да предизвикат сериозно труење со храна кај луѓето и се честа причина за повлекувањето на определени продукти од пазарот.Безопасните подвидови се дел од човековата флора во гастроинтестиналниот тракт и можат да придонесат за нивните домаќини преку помош при создавањето на витамин K2, или преку спречувањето на создавање на патогени бактерии во дигестивниот систем.

    E. coli не се секогаш ограничени на дигестивниот систем и нивната способност за преживување низ кратки периоди надвор од телото ги прави идеални индикаторски организми за тестирање на загаденоста на околината преку примероци од фецес. Бактеријата исто така може да биде лесно одгледана и нејзиниот генетски материјал е споредбено прост и лесен за манипулација, правејќи ја оваа бактерија еден од најпроучуваните прокариотски организми и се многу важни во полињата на биотехнологијата и микробиологијата. E. coli била откриена од германскиот педијатар и бактериолог Теодор Ешерих во 1885, и е сега класифицирана како дел од Enterobacteriaceae фалимијата од гама-протеобактериите.
    кратко и јасно е.к. најмногу ја има во човечкиот измет доколку се бришеме неправилно може лесно да се заразиме. Исто така доколку некој ја има и седне на в.ц. шоља лесно можеме да ја прифатиме и ние
     
    На roberta-rubi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Веќе 3 дена мочкам цело време. Мислам дека кој знае колку ми се мочка,а уствари само 2-3 капки,и после се јавува тоа непријатно чувство,долу,како неизмочкана.
    Можно е да е ешерихија? :worried:

    Пијам увин чај,повеќе тера на мочање,ама пак уште е тоа непријатно чувство...и ме чеша долу,внатре во вагината... :worried: