Јас фала богу немам проблеми со вакво нешто,ама другарка имаше многу големи болки од ешерихија коли. Поголема хигиена,раце миење и никако седнување на WC шоља на јавни места.
И јас скоро 2 години се замарам со бактеријава,таман ке ја излечам и по некој месец ми се појавува пак..Мислам дека не прочитав никаде за таблетите Фуролин,јас тие ги пиев и доста ефикасни беа,секако во комбинација со мнооогу чај од брусница и минатиот пат кога ми се појави пиев чај од зајчев трн,го има во билната аптека-гаден е,ама го мешав со чајот од брусница и било какви други чаеви,така да, кога мораш ќе најдеш начин..Сега мислам дека имам пак,имав бактерии во урината,ама не сум отишла да направам уринокултура,па превентивно си пијам по 1-2литра чај од коњско опавче,брусница и зелен
ете и јас ја закчив. од уринокулт рез ми се .број на жизи микрооорг.во 1 мл урина -1000000гфу/мл...голема е бројкава за мене. почнав брусница по 3-4шољи дневно.ке го направам лекот со лук и бело вино.. но сакам да прашам колку увин да се пие дневно и како се приготвува од оригано чајот? се надевам ке помогне некој паталец ми дале и антибиотик но матичната треба да види кој.помагајте ! се плашам да не ми влијае на менструација,плодност...имам само 23 години
ете и јас ја закaчив. од уринокулт рез ми се .број на жизи микрооорг.во 1 мл урина -1000000гфу/мл...голема е бројкава за мене. почнав брусница по 3-4шољи дневно.ке го направам лекот со лук и бело вино.. но сакам да прашам колку увин да се пие дневно и како се приготвува од оригано чајот? се надевам ке помогне некој паталец ми дале и антибиотик но матичната треба да види кој.помагајте ! се плашам да не ми влијае на менструација,плодност...имам само 23 години
Тоа ти е опортунистичка бактерија, што нормално се наоѓа во микрофлората на уринарниот тракт, така да поради нарушена микрофлора станува патогена, да увин чај го намалува бројот на микроорганизмите во мл урина ама не значи и дека ја лекува бактеријата. Според антибиограм ке ти одредат кој антибиотик да го пиеш, малце досадна е подолго време се лечи.
И јас го имам истиот проблем .. Пред една година ми ја пронајдоа ешерихијата после кога прегледував крвна слика имав само леукоцити и епителни клетки во мочта.. Сега имам печење ме чеша .. Дали некој знае дали оваа инфекција може да се пренесе?.. Имам дечко во врска сме 2 години имаме односи и ова е втор пат кога и на двајцата во исто време ни се појавува црвенило,не пече и чеша па дали е можно да му ја имам пренесено и дали тоа ќе може да се испита.. ?? Ако некој знае ве молам да ми каже ..
Си имав проблеми со оваа,ама тоа кога бев помалечка,негде на 11-12 години.Тогаш уште немав ни добиено,па многу се плашев и да не ми влијае на тоа...Ама мене многу ми пречеше,имав огромни болки во долниот дел од стомакот и ми се одеше по мала нужда одеднаш,онака у секундата и дури неколку пати се имав помочкано.. Отприлика траеше по 10-20 дена па ќе престане па пак... Се додека не ја излечив целосно со чај од брусница,суви брусници,многу овошје и зеленчук и безброј прегледи на доктор. Сега фала богу дека си немам проблеми,ама мене прашањето ми е за мојата 2ра братучетка.Има 14 години,уште нема добиено,а со инфекцијава се расправа 3 години!Во школо и по надвор таа носи влошки,зошто може да се помоча(од инфекцијата).Никако да се отргне од неа,цело време и се повторува.Ама се плаши да не не добива заради ова?Зошто јас добив откако се излечив од ова целосно. Многу се плаши,ве молам ако некој знае нека каже...
Мене по четврти пат во овие 3 години ми се повтори. Кога сабајле ги осетив болките, веќе знаев што и е право на матичен. Арно ама матичниот не сакаше да ми препише никакви антибиотици додека да не види резултати од микро, па ми даде упат за таму. И ајде утре сабајле по болницине ќе се влечкам, а резултати тек во петок. До тогаш само чај смеам да пијам. Толку веќе го навикнав што не ми е ни гаден, без проблем го пијам. И еве една препорака до сите што ја имаат оваа инфекција- многу помага еден микс од чаеви што јас го земав од Билна аптека. 11 чаеви се, 11 кутии ви даваат, а после дома ги мешате. Не се во филтер кесички да напоменам. Внатре има се и сешто - и увин чај и брусница, и некакви си грди треви, ама помага! Мене ми беше останат од лани, и еве сега многу ми се потсмирија болките откако испив еден литар.
Не знам зошто, ама чајот од брусница не можам да го пијам.Иако ја имам бактеријава не пијам никакви чаеви. Брусницата знам дека ја пијам како лек и не ми е воопшто убава.
Чај од лушпата од гравот(мислам на онаа лушпа која се вади кога се чисти гравот пред продажба) таа 100% ја лекува......проверено
Јас постојано ја имам...ја немам...пак ја имам. Еднаш урината е стерилна, еднаш е со милион бактерии. Можам околу симптомите само да кажам, дека немам никако симтоми, освен што урината е матна, има јак мирис и осеќам генерална омалаксаност. Другото, како печење при мокрење, честа потреба за вц, чувство дека ти е полна бешиката, крв итн. немам... денес однесов урина на микробиологија бидејќи ми е пак сомнително, па ќе пишам чим стигнат резултатите.
Ете, пак ја имам. Стигнаа резултатите... и тоа во милион!!! Ми препишаа на лекар Амоксиклав, пијам многу течности, чај од брусница и увин чај, па се надевам ќе ја снема. Дали има некоја од вас искуство со „сребрена вода“? Читав нешто дека и таа помага (за многу работи, меѓу кои и за ешерихија)..
Го имам истиот проблем, ми се појави пред една година, мислев дека е нешто со јајниците, бев на гинеколог пиев апчиња но никако не ми помагаше, ми се појавуваа се појаки и појаки болки, дури неможев да се движам. Бев на лекар, и сега ми кажаа дека ја имам оваа бактерија ешерихија коли и тоа нормално било некаде 60000-70000 а јас ја имам во милиони. Многу ми е страв, пијам чаеви, плодови од брусница и чекам утре да ми кажат која терапија да ја примам.Читав многу за ова и гледам дека можела повторно да се појави. Ве молам ако некој го има истиот проблем да ми пише. Ве молам за совет
Ако уринокултурата ви го покаже лекот Фуролин(Фуролан) зависи како каде, не се двоумете да го купите. Јас 2.5 години се борев со оваа одвратна бактерија, чаеви, лекови, што ли не, башка што имав одвратни болки и само со овој лек, чај од брусница и ехинацеа за да ми го подигне имунитетот, за 3 месеци бев како нова, еве веќе две години редовно правам уринокултура и сум чиста, се нема појавено. Кога ќе ми текне кои маки ги прогурав со оваа одвратна бактерија, брррр... Јас правев и на микробиологија, но и на факултет, таму бев многу позадоволна, многу повеќе лекови ми даде како опција и мојот лекар го одбра овој, грчки лек е и е одличен, се обидов и со Уросал за превенција, Палин, еден најјак антибиотик го кажаа не ми текнува сега на П беше, што ли не пробав... Со среќа на сите, знам колку е тешко
Ќе видиш кои антибиотици на резултатот ќе бидат со буквата С (сензитив) и докторот ќе ти препише некој од нив. Пиј многу вода, земи си и сушена брусница, увин чај, подигни го имунитетот и гледај да не јадеш многу солено бидејќи солта ја задржува водата - а ти треба почесто да мокриш. Мене НОН СТОП ми се појавува. Сега пиев антибиотици и тоа 2 недели и само што завршив еве ме од пред 2 дена пак со симптомите. Денес бев да однесам за проверка, па чекам утре/задутре резултати. И јас претходниот пат имав милион... сега ќе видиме...
оваа бактерија не се лечи туку така те читам дека имаш проблем со неа свекрва ми имаше и таа во милиони и пиеше секакви работи од чаеви ,апчиња ,но ништо не и помогна потоа порача чај незнам кој и имаше кажано и испи две дози и бактеријата повеќе од две години и се нема појавено го порача од KUMANOVO APTEKA HERBA STOJANOVI TEL.BROJ 031 426 330 и го пратија по пошта и кошта околу 500 ден. порачај го и не само ти и друг кој има проблем и ќе видиш подобрување до кај што му имаме кажано чајот му помогнал поздрав и побрзо да се излечиш од оваа бактерија
Докторката ми го препорача Нолицин бидејки јас сум алергична на пеницилин и неможам многу видови на антибиотик да примам, ми кажаа дека добар бил лекот. Исто така по литро на дел пијам увин чај и плодови од брусница, и ја послушав ена феминка прочитав за семките од диња пијам и исто бев кај една жена за некој травки незнам какви што се ставале во вино ( ужасно мириса ) ама се за да ми помине. Овие 2 дена ми се намалија болките, мокрачата ми е прилично добра и немам крв повеке. Се надевам дека ке ми помине...Бидејки кога прочитав за оваа бактерија и несакани последици се преплашив премногу.Фала на советите многу. Ми беше од корист
Дечки, еве нешто кое може да помогне во чистење од ешерихија, а и може само во превенција потоа: Треба да се избегнува зачинета храна, газирани пијалоци, млечни производи, чоколадо, кафе и алкохол, бидејќи се од ова наведено само ја храни повеќе бактеријата и таа се размножува. Чаевите од нане и ѓумбир помагаат и за намалување на болките при уринирање. Да се пие 3-4 литри течност во текот на денот. Внесување на огромно количество витамин Ц. Да се внесува многу брусница (сушена, чај, капсули и сл).
Дали некој чул за овие капусли и капки? Јас денес прв пат слушнав, ги нема кај нас, но велат дека се многу ефикасни: http://herba-laboratorij.hr/biljni-proi ... in-kapsule