Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Escherichia coli (ешерихија коли)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од LaRagazza, 6 јануари 2010.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас требаше да направам тест откако завршив со антибиотиците, ама ми се случија некои непредвидени работи, па ни на крај памет не ми беше тоа.
    Имав преку милион кога направив тест пред 2 месеци, а сега како стојам со бројките - не знам.
    Пиев јаки антибиотици и чаеви, болки не чувствувам, ама додека не направам тест, не можам да знам.

    Туку, ми препорачаа чај од семки од диња :^)
    Пробал ли некој такво нешто?
     
  2. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.449
    Пол:
    Женски
    Да, јас пиев, бидејки прочитав од една феминка погоре, и ми помогна...сега се чувствувам подобро
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.213
    Допаѓања:
    102.390
    Пол:
    Женски
    Еве кои однесувања можат да предизвикаат размножување на бактеријата во огромни бројки:
    -стрес
    -замор
    -ненаспаност
    -диета, токму така за време на диета оваа бактерија царува
    -подолг престој во непроточна вода, езерото е најголем компањон со Коли, како што си ја викам јас нагалено :lol:
    - прехлада, најчесто на промена на времето се случува
    - загадена средина, јас ја закачив од престој во просторија во која имаше влага
    И да ви се пожалам, мене Коли деновиве изгледа пак ме напаѓа, вчера имав ужасни болки, во комбинација со ПМС, полудев ;( Деновиве ќе идам на лекар и правец Микробиологија, се крстам да не е Коли, според симптомите мајка ми ми вика дека е камче или песок, ама ќе видиме :^)
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.213
    Допаѓања:
    102.390
    Пол:
    Женски
    И јас пак летово ќе другарувам со другарка ми Коли, свечено... Не ми се верува, пред одмор, епа не ми се верува. Денес имав незамисливи болки, бев на доктор и ете ме утре со шишенцето и со мокра*ата пред Микробиологија..... ;(
     
  5. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Ве молам за совет или мислење околу мојата ситуација:

    Имам ешерихија која нон стоп се повторува. Пред 1 месец испив 2 дози на Амоксиклав и не ми помогна. Сега пијам мешавина од 11 чаја (наменети против Е.Коли) од билна аптека во комбинација со Фуралин од кој ми се исфрлаа рацете. Бев кај матичен лекар и ми рече вака: да земам Уро-Ваксом за подигнување на имунитет и ако пак ми се јави бактеријата тогаш ќе земам Нолицин 1 таблета навечер секој ден во текот на 6 месеци, а после тие 6 месеци не смеам ЕДНА ГОДИНА да останам трудна.????? Бев во аптека да земам Уро-Ваксом и аптекарката падна во несвест кога и го кажав ова. Рече да не ми сугерира, ама да земам само постојано да го подигнувам имунитетот и да не помислувам да се трујам со други апчиња-Уро-Ваксомот ќе ми биде доволен и многу течности.

    Дали сте имале сличен случај? Можеби не мислам во моментов да останам трудна, но 2 години од сега да чекам, па не дај боже да не можам одма да останам трудна па да биде да родам прво дете на 35-36 год. од безвезни работи? А што ако останам трудна случајно во текот на ова време, а ја имам бактеријата сеуште? Има ли некој случно искуство???
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.213
    Допаѓања:
    102.390
    Пол:
    Женски
    Леле и јас сум на истата мака, денес оставив примерок на Микробиологија и многу ми е страв, оној абдалот ми ја измеша мојата чашка со чашката на едно детенце, не знам, сега ептен сум исплашена :sweat:. А за бебенце не ми се спомнува, ептен ми е страв, прочитав дека е е птен комплицирано ова, бременост и Коли = никако :!: . Ах што убаво 2 години немав ништо, што вака му текна. Инаку не знам тебе од што ти се исфрлиле рацете, мене супер ми делуваше, од само една доза ми се исчисти бактеријата. Мене ми кажаа многу Вит Ц да внесувам, ич да не се сеќирам ако ми пожолтат дланките бргу се разградувал витаминот потоа, ама морам да внесувам многу Вит Ц, чаевиве стандард Брусница и Увин, ама ми кажаа да ги мешам со Цедевита, како наместо шеќер да ставам Цедевита и да ви кажам ептен е вкусно ;)
     
    На malenna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Баш ќе го пробам тоа со Цедевита :) Инаку, да, знам дека треба многу витамин Ц.. плус кисела средина помага при чистење. Ајде се надевам ќе се излечиме поскоро... јас сум во голема потрага по природни лекови сега бидејќи со антибиотициве не бива, на еден сум резистентна, од друг се исфрлам. Ќе го пробам денеска оној рецептот со вино и лук, а ќе се обидам да најдам негде и корен од магдонос за овој рецепт:

    Sastojci:
    25 dkgkorjena peršina
    25 dkg limuna s korom
    20 dkgmeda
    2 dclmaslinovog ulja


    Korjen peršina oprati, pa samljeti na mašinu, a isto tako i limun. Sve ZAJEDNO izmiješati, u to staviti 20dkg meda i 2 dcl maslinovog ulja. Spremiti u čistu staklenku.

    Posluživanje

    Uzimati jednu veliku žlicu prije doručka, jednu prije večere, dok se sve ne potroši.

    Poslije uzimanja lijeka napraviti nalaze. Ako ima još bakterija, lijek ponoviti još jednom dozom.
     
  8. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Јас па кога ја имав, ми дадоа само Нолицин да пијам (пиев и увин чај и чај од брусница, секако). Испив 2 дози Нолицин, чаеви со тони и после правев контроли (микробиолошко испитување на урина) на секои 3 месеци во рок од 1 година. Мораше да се следи состојбата да не случајно ми се врати бактеријата. Фала Богу не ми се врати никогаш. Така што мене лично Нолицинот супер ми дејствуваше. Откако ги испив двете дози, на следната контрола веќе ја немав бактеријата.
     
    На malenna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.213
    Допаѓања:
    102.390
    Пол:
    Женски
    Баш ќе го пробам тоа со Цедевита :) Инаку, да, знам дека треба многу витамин Ц.. плус кисела средина помага при чистење. Ајде се надевам ќе се излечиме поскоро... јас сум во голема потрага по природни лекови сега бидејќи со антибиотициве не бива, на еден сум резистентна, од друг се исфрлам. Ќе го пробам денеска оној рецептот со вино и лук, а ќе се обидам да најдам негде и корен од магдонос за овој рецепт:

    Sastojci:
    25 dkgkorjena peršina
    25 dkg limuna s korom
    20 dkgmeda
    2 dclmaslinovog ulja


    Korjen peršina oprati, pa samljeti na mašinu, a isto tako i limun. Sve ZAJEDNO izmiješati, u to staviti 20dkg meda i 2 dcl maslinovog ulja. Spremiti u čistu staklenku.

    Posluživanje

    Uzimati jednu veliku žlicu prije doručka, jednu prije večere, dok se sve ne potroši.

    Poslije uzimanja lijeka napraviti nalaze. Ako ima još bakterija, lijek ponoviti još jednom dozom.
    [/quote]

    Леле јас не можам веќе со лековиве на природна база, што не изедов, што не испив минатиот пат. Се крстам пак Фуролинот да ми биде во листата да немам мака, си знам што ми делува и готово. Јас мислам дека тебе дозата која си ја примала не ти одговарала, прво си пиела Амоксиклав кој е доста полесен антибиотик од Фуролинот па си се префрлила на него, јас знам пиев на 6 часа по 2, ама јас претходно ни со Панцеф не успеав да ја излечам, мојот организам е квалитетно затруен со антибиотици и ништо живо не ми помага, инаку јас на три пати пиев антибиотици, прво Амоксиклав, па Нолицин, па Панцеф и на крај завршив со Фуролинот и тој ми помогна навистина.
    Завршив со Брусница за денес, идам сеа со Увин..... Пак ќе имам забавно лето со чаеви :@
     
  10. MaxyMax

    MaxyMax Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    99
    Пред 10 дена ми ја открија, за среќа ја имам некаде околу 250000 што и не е многу страшно и полесно е за лечење, мислам не требаат многу јаки антибиотици. Пијам Ципринол, две кутии за почеток, тоа се 10 дена, па после ке правам контрола. Втора опција е Панцефот, ако има некое влошување тоа ке треба да пијам. Мнооооогу брусница, и сушена и чај (само тој на виталиа има брусница во него, другите се само со арома на брусница, јас прво се зезнав) и увин чај и воооода (сокови,посебно од густите ми рекоа НЕ), избегнување на солено и млечни производи.
     
  11. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Леле јас не можам веќе со лековиве на природна база, што не изедов, што не испив минатиот пат. Се крстам пак Фуролинот да ми биде во листата да немам мака, си знам што ми делува и готово. Јас мислам дека тебе дозата која си ја примала не ти одговарала, прво си пиела Амоксиклав кој е доста полесен антибиотик од Фуролинот па си се префрлила на него, јас знам пиев на 6 часа по 2, ама јас претходно ни со Панцеф не успеав да ја излечам, мојот организам е квалитетно затруен со антибиотици и ништо живо не ми помага, инаку јас на три пати пиев антибиотици, прво Амоксиклав, па Нолицин, па Панцеф и на крај завршив со Фуролинот и тој ми помогна навистина.
    Завршив со Брусница за денес, идам сеа со Увин..... Пак ќе имам забавно лето со чаеви :@[/quote]

    Јас пиев Фуролин по 50мг (само половина таблета) на 6 саати. Значи ми се фаќаат 200мг во 24 часа. Има доста време помеѓу Амоксиклавот и Фуролинот - не би требало да е тоа. Изгледа дека сум алергична на некоја состојка во Фуролинот.
     
  12. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Мене геникологот ми рече Панцеф, но не можев да го најдам во аптека бидејќи до 1 август го повлекле (ќе ја намалуваат цената). После ова со алергииве и сите глупости што ми се дешаваат, ќе пробам со природни лекови 2 недели, па ќе одам на контрола да видам дали има било каква промена, па макар и намалување на бројот на бактерии (ако не е сосема стерилна-за кое се надевам).
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.213
    Допаѓања:
    102.390
    Пол:
    Женски
    :rofl: Ми падна камен од срце, нема Коли :rofl: Е сега поголемо прашање е за што се работи, ако дечкото не ми го заменил примерокот резултативе се супер, но болките не престануваат. Во Петок имам закажано уролог, да видиме за што се работи. Јас за секој случај веднаш по Микробиологија тестот почнав да пијам Нолицин, и се мислам да го прекинам сега, па нема смисла да пијам а немам бактерија. На сто ума сум, не сакам на одмор нешто да ме фати па да си преседам у вила со болки :sweat: Ајде се надевам моренце ќе ми биде сојузник и ќе ми помогне, што со моиве синуси, што со бубрезите, што со јајнициве ;)
     
  14. protonce

    protonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    6

    Od Klinika mi ja preporacaa terapijata od bilna apteka MATIJA. Se sostoese od nekoja mesavina so bilki koja se rastvora vo vino, stoi nekolku dena i se pie. Na drugari koi imale strasen problem so mokrenje od ovaa bakterija im ja preporacale i od ordinacii. Imalo efekt.

    Probaj od Bilna apteka MATIJA kaj starana rampa u K.Voda mi ja preporacaa od klinika i mi pomogna.
     
  15. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Да ви кажам моментално дека пијам од билна аптека мешавина од 11 чаеви специјално против ешерихија и пијам 1000мг витамин Ц. Немам никакви симптоми веќе две недели, па ќе одам да се проверам деновиве и баш ќе ви пишам. Ова со витамин Ц 1000мг ми го препорача аптекарката наместо антибиотици. Вика само витамин Ц му е лекот, бидејќи ќе го подигне имунитетот, а и киселата средина што ја создава е многу непогодна за ешерихијата. Ај да направам уринокултура деновиве и ќе ви пишам.
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ја читаше ли некој статијата за ешерихиа во последниот број Здрав живот?
    Во неа се препорачува да се пие чиста Д-Маноза (за која искрено прв пат слушам). Тоа биле капсули кои немале дејство како антибиотиците - да ги убијат бактериите, туку биле шеќери за кои ешерихиите се закачувале и преку уринирање се отстранувале од телото. Наводно, манозата имала 50 пати посилен ефект од брусницата и пишува дека била апсолутно безопасна, па можеле да ја користат и деца и трудници.

    Пробал некој да ја излечи бактеријата со ова? :?:
     
    На butterfly.fly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. d.i.n.a

    d.i.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    20
    Кога бев мала имав ешерихија коли, потоа пак ми се врати. Просто кажано се борев со години за да ја излечам, дури и лежев во болница заради бактеријава. Што се не пробав од таблети,сирупи,антибиотици но највеќе ми помогна брусница и чај од корен од магаданос и чај од мешавина на многу растенија (кој мирисаше одвратно). Сега веќе ја немам :)
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Оној од билна аптека? :?:
    Мешавина од единаесет грди чаеви од некакви си корења, чуда, врагови?
    Јас тој го пиев уште кога прв пат ми се појави, сега кога ми се врати пак го купив. Па да знам дали вреди да го пијам, или има некоја друга мешавина. Затоа што во овој нема брусница, не знам зошто...
     
  19. d.i.n.a

    d.i.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    20
    Мислам дека е тој, не сум 100% сигурна. Знам дека е во една провидна ќесичка и на неа има како една лепенка бела и пишува дека е мих од чаеви за ешерихија коли. Инаку за брусница чаевите најубав е оној од 60% брусница во него од Виталија во Зегин е негде околу 120 а во тинех е поефтин околу 70.Има и на пазар брусница на рефус од таа сушената, мајка ми ми има купувано од битпазар 50 денари-100грама, а кило е 500 денари.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 1DeeDee1

    1DeeDee1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    57
    Само увин чај.. Малце горчи кога го пиеш ама за 1 недела готово ти поминува.. Јас 2 пати сум имала и тоа ко мала и само со увин чај ми поминувало :)