Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Escherichia coli (ешерихија коли)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од LaRagazza, 6 јануари 2010.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    102.169
    Пол:
    Женски
    Внимавајте со чаевите девојки, знаат да направат страшна глупост. Односно, борејќи се со оваа навистина досадна бактерија се изначитав факти па еден од нив вели дека со тек на време бактеријата станува резистентна дури и на овие чаеви, односно, ако за три недели не се уништи, направете пауза од најмалку една недела во пиење чаеви. Исто така прочитав и дека додека трае лечењето не треба да се конзумира воопшто вода, обична вода, туку само чаеви, брусница, увин чај, миксот (кој патем главна состојка му е билката наречена којнско опавче и не содржи воопшто брусница во себе) и сите останати лекови кои ги конзумирате, доколку сте во можност обидете се да пиете што е можно повеќе сокови од црвени овошја, брусница, боровинка, аронија, малини и капини, рибизли.... во нашите аптеки наскоро пристигнува сок од аронија кој ќе има 3 пати појако дејство од брусницата, се препишува како најјако средство за борба со уринарни инфекции и бактерии. Што да ви кажам освен да имате многу трпение, оваа бактерија е навистина опасна, а кога еднаш ја размножите во организмот, опасноста да се појави повторно е огромна. Во врска со чаевите, доколку ви е тешко да ги пиете така, мешајте ги со оние чаеви кои најмногу ги сакате, на пример, брусница со миксот, увин со цедевита (ова мене ме спаси најмногу, отсега па натаму во секој чај ќе ставам цедевита :D ). Внимавајте на исхраната и борете се со сите сили со оваа страшно опасна напаст, затоа што нашата иднина е да создаваме потомство, а со оваа бактерија е навистина опасно воопшто да помислиме на тоа. Ви посакувам среќа на сите во оваа борба!
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    102.169
    Пол:
    Женски
    Увин чајот во тешки случаеви нема никаков ефект, како да пиеш обична вода, за полесни бактерии и инфекции на уринарниот тракт можеби, но со еширихија коли, не е баш од помош, особено ако се појави во милиони, кои ги броев јас кога за прв пат ми ја открија. Сум прочитала и за лекот со белото вино и со лукот, за чајот од којнско опавче и секако, брусницата, која е навистина ефективна, но само ако се пие чај од брусница, а не со арома на брусница, оние чаеви со 20 % брусница, воопшто не помагаат. И да, една недела воопшто не помага ако се работи за тешка инфекција, јас се борев 6 месеци, сега на секое испитување се тресам додека да ги добијам резултатите :sweat:
     
  3. d.i.n.a

    d.i.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    20
    За разлика од вас кој што сте се бореле со бактеријата недела,две, месец,шест имате голема среќа, бидејќи јас бактеријава ја имав 3 години :doh: . Во мочниот меур ѕидот ми беше здебелен 7-8 мм и заради тоа имам лежено во болница 2 месеци под инфузии и чуда но искрено единственото нешто што мене ме излечи беа билките кои во предходниот пост ги наведов. Сега фала му на господ веќе ја немам но и понатаму пијам чај од брусница, јадам брусница(сушена),аронија ....
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ние дома имаме полн подрум со сок од аронија. Имаме нива со еден куп грмушки, и секоја година береме и правиме. Вкусен е, ама ме нервира тоа што ми ја шмугнува устата :wasntme:
    Е сега, не знам дали чајот и сокот имаат ист ефект :?:

    Едит: Грешно сум разбрала дека се работи за чај од аронија...
    Штом е сок во прашање, уште од утре ќе почнам да пијам па и да ми стане устата ко на Благица Павлоска!
     
    На d.i.n.a му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Дечки, само да споделам со вас. Пиев 1000 до 1500 мг на ден витамин Ц, многу вода и овие чаевите што ви ги пишав погоре. Направив пред некој ден уринокултура и резултатот е СТЕРИЛНА!!! Значи се излечи без антибиотици и други лекови. :clap:
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    102.169
    Пол:
    Женски
    Ај јас да ве разочарам малку, не е дека сум мрчало ама дознав страшни работи за Микробиологија. Значи вака, замената на мојот матичен ми рече дека во последно време 5 од 7 случаи и се дешавало да се вратат стерилни уринокултури од Микробиологија за после тоа да ги испрати оние кои можат на приватно да им најдат бактерија. Јас се запрепастив и сакав да идам на приватен, но моето излезе дека е песок па не сум отидена, не ми беше итно. Мислам дека веќе кажав дека се сомневам дека дечкото ми ја измеша урината бидејќи немаше ставено одоздола ливче а не само на моето туку и на други па настана мешаница. Да не ве плашам, бидете внимателни, ако треба напишете си име на шишенцето па така дадете го. Инаку дека може да се излечи само со чаеви и со витамини, може, дури и со диета може, но само доколку нема голема бројка во примерокот. Браво :clap: Палчица и ти посакувам уште долго да не ти требаат.
    Д.и.н.а, се надевам сега е се во ред, јас откако ја открив ја лечев 6 месеци, а се сомневам декамногу пред тоа ја носев во себе, бидејќи јас со години одев на лекар со истиот проблем, печење при мокрење, болки во јајниците и во уретрите, но на никој не му текна да направи уринокултура. И јас сум сеуште со стерилен примерок, но ќе одам наскоро на приватен, некако ми оставија место за сомнеж минатиот пат.
    Ана Каренина, сокот од аронија е многу добар воопшто, не само за оваа бактерија, туку и за стотици други проблеми во организмот, како за нивно лечење така и за нивно спречување. Доколку е домашен разреден мислам дека можеш и по повеќе да пиеш, но доколку е концентрат внимавај со количините. Јас го очекувам овој од аптека и колку и да биде скап ќе го купам.
     
    На d.i.n.a и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  7. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    Ешерихија коли е многу досадна и тешка бактерија. Јас ја имав. Симптоми по која дознав , крвавев кога мочкав, иако немав менструација. Ме чешаше до немај каде. Рацете само доле ми беа. И ме штипеше . Отидов на лекар, а во мокрачата едно чудо бактерии :o
    Прво ми дадоа антибиотик, па чаеви и на крај само течности (било каква значи сок, вода) .
    Неколку пати мислев дека сум ја победила бидејќи на резултатите немаше бактерија, но таа имала некакви раце и нозе, како што ми објасни докторот и со пипците се закачувала по ѕидовите на матката, мочоводот. Многу лошо било ако се качи во бубрези или матка, бидејќи може да наштети. Исто така жени не можеле да затруднуваат ако ја имаат.
     
  8. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    мене во август ми ја најдоа оваа бактерија во мокрачата, ама дека сум бремена пиев само по две капсули на ден од брусница од хелти америка , и по една до две шолја чај од брусница од алкалоид, и секако многу вода, па сега на уринокултурата ја нема :rofl: :rofl:
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Чиста Д-маноза во форма на капсули има ли кај нас низ аптекиве? :?:
     
  10. MaTo

    MaTo Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    20
    Дечки дајте некој совет. Пред некој ден ме фати треска, ми се гади, ми се повраќа а тоа неможам да го извадам од мене, ме боли стомак и нонстоп пролив. Отидов на болница ми рекоа да си прегледам крв и урина, во урината ми најдоа зголеме број леукоцити и протеини и ми рекоа да пијам увин чај и некој антибиотици ми дадоа. Ме прашааа дали ме пече кога мочам, но тоа кај мене го немаше. Еве, денеска сум подобра, пролив немам, но ми дојде менструацијата, а и сеуште ми се гади. Е сега, можно ли е да е тоа Уринална инфекција, или гадењето ми се случува затоа што сум била пред менструација и затоа што ми дојде? И сега во понеделник треба повторно да одам на доктор да си прегледам урина каков ефект е имало сето тоа, дали ќе смеам затоа што имам менструација? Можно ли е да е само настинка?
     
  11. jancii

    jancii Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    И кај мене прво ја имав во еден милион, па потоа ми се намали на сто илјади, и денес земав резултати, и гледам пак си се покачила на еден милион. Ме фака страв многууу! Кажете некој совет, нешто чаеви или таблетки што помагаат. фалаа.
     
  12. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    јас ја имав уште во бременоста испив три вида на антибиотици и пак ни ми имаше поминато
    испив една и пол доза од furolin пред една недела ги зедов резултатите ја нема конечно.
    апцињата се против инфекции предизвикани од Escherichia coli и се околу 300 ден.
    пробајте
    мене секакви видови на чаеви не ми имаја поможено само овие апчиња
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    102.169
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно Фуролин и Брусница, ништо друго не помага како оваа комбинација :)
     
  14. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Најмногу што има помогнато за ешерихијата е чај од лушпа од грав......проверено 100%,само што сега е потешко таа лушпа да се најде
     
  15. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    117
    на која луспа мислис оној дрвениот дел или она (зелено црно) сто се фрла кога се берат оревите?
     
  16. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    kiki-riki мислев на лушпа од ГРАВ,а не од орев ;) ..........и таа е лушпата од гравот кога тој се бери,затоа реков дека сега потешко се најдува
     
  17. bushavka

    bushavka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    5
    Sakam da ve prasam nesto. Imam E.CV i doktorot mi prepisa antibiotik, megutoa bidejki ne bev sigurna dali sum brtemena ili ne (a ne mu spomnav) cekam da mi dojde pa da pocnam da go zemam antibiotikot. E sega rabotava e sto mi kasni dva dena, a neznam dali e od bakterijata ili od nesto drugo :D . inaku od sekogas mi bila redovna. Pozdrav
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мене пак ми се вратила, леле бре, ќе се отрујам!
    Пред некој ден имав страшни болки, се виткав во кревет и се обидував да заспијам, ама не успеав. Машки издржав без антибиотик, за резултатите од микробиологија да бидат поверодостојни. Денес однесов урина, резултатите ќе ми бидат готови во четврток, ама знам дека ќе морам да пијам антибиотици.
    Ме снимаа на ехо, левиот бубрег ми е добар, ама десниот изгледа не :worried:
    Докторот ми рече дека можно е да се качи нагоре бактеријата и да ми ги зафати бубрезите. Е тек тогаш ќе си се сликам! Редовно пијам чај, по 2 литри дневно, внимавам да бидам топло облечена, избегнувам солена храна, ама џабе. Пак се вратила! Почна се почесто да се враќа, тоа најмногу ме заплашува. Во мај пиев лекови, сега пак.
    Овие капсулите со чиста Д-маноза ми фаќаат око, прочитав многу статии за нив, а ако некој ги користел би го замолила да сподели искуство тука.
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Морам да си прашам нешто - има ли шанси овие од микробиологија да направиле грешка со моите резултати? Во мај месец правев тест и ја имав бактеријава со преку милион, а според резултатите од пред една недела, испаѓа дека воопшто немам бактерија.
    Најчудно ми е што имав големи болки овој период и сега се мислам да земам уште еден упат и пак да направам тест :?:
     
  20. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    доколку си земала терапија соодветна препишана од доктор, ешерихијата брзо се лечи, но лесно со пад на имунитет и со не внесување на течност се враќа. Е сега сети се кога ти биле последните болки? и Дали тие болки се од ешерихијата затоа што ако имаш големо количество на ешерихија нели тешко мокриш и имаш црвенкасто како крв (бар јас сум стигнала до тој степен) :$