Форумџика на годината

Escherichia coli (ешерихија коли)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од LaRagazza, 6 јануари 2010.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Антибиотици немам пиено од летоска, а болките ги имав неколку дена пред да направам испитувања.
    И најверојатно болките ми се од ешерихијата, такви болки обично од неа ми се јавуваат. Постојано пијам по 2 литри чај од тој што ми го препорачаа, ама чудно ми е што според резултатите воопшто немам инфекција.
     
  2. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    5.393
    продолжи си со течности и уживај повтори си го тестот за некој месец немора веднаш. Мислам дека резултатите се точни, тоа е бактерија што се јавува и губи. Чиста рутинска контрола за некој месец и без нервози. ;)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Мајка ми има ешерихија коли, пие антибиотици ама слабо помагаат. Пребарувавме на интернет и најдовме за магдоносот дека многу помагал. А после најдовме и еден рецепт. Значи ако земеш 250 гр. корен од магдонос, исто толку ќе ставиш лимон (сосе кората),200 гр. мед и 200 мл. маслиново масло. Сето тоа ќе го ставиш во блендер и ќе го измиксираш. Го ставаш во тегла и секој ден пред доручек на гладно и пред вечера по една супена лажичка додека не се потроши.
    Е сега ова за коренов од магдонос не сум сигурна, ама еве ви ја странава па прочитајте си :)
    http://www.coolinarika.com/recept/lijek ... ntent_info
    И лимонот прво треба да го ставите во сода растворена со вода, оти знаете дека во денешно време се прскаат и такви ствари. За подетално да си погледнете, отворете го линкот горе.
    А да и најдовме дека помагало и екстракт од семе од грејпфрут, мислем дека некој имаше напишано на таа странава што ви ја постирав. Ајде, се надевам дека ова на некој барем малку од малку ќе му помогне :*
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. An4e24

    An4e24 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.479
    Пол:
    Женски
    Девојки ве следам подолго време па еве и јас нешто да прашам. :) И јас го имам овој проблем подолго време, имам пробано и со антибиотици и со чаеви али пак и пак се враќа...Па дали некоја од вас ги има користено овие таблети?
     

    Прикачени фајлови:

    • slide-30-728.jpg
      slide-30-728.jpg
      Големина на фајлот:
      93 KB
      Прегледи:
      303
  5. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Јас мислам дека пиењето многу течности помага. Под течности мислам на вода, чаеви или природно цедени сокови без шеќер. Исто така купете си и алое вера и пијте ја одреден период. Со помош на алое верата ќе ви се зајакне имунитетот.
     
    На An4e24 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lady07

    Lady07 Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    Чај од магдонос го има секадее и јас немозев да се отарасам ама кога поцнав да го пијам ми се нема појавено пробајте :rofl: :rofl:
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас на сите што имате ваков проблем, ви го препорачувам чајот од Билна аптека кој е мешавина од 11 чаеви и чини 600 ден. Ќе ви дадат 11 пакетчиња, а дома ќе го измешате. Има се и сешто во него, а се става по 4 лажици во 1 литар. Јас секој ден пијам по 2 литри и верувајте дека премногу ми помогна! Освен тоа, некогаш пред да го варам чајот во него ставам свежа брусница (не чај, туку плод) и малку ми е киселкаст поради тоа, ама воопшто не е грд на вкус.
     
  8. malenna

    malenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Ги прочитав сите мислења за EК од вас, јас ја открив пред неколку дена, имам 1 000 000 во мл мокрача. Ја открив случајно, баш кога немав никакви симптоми неколку месеци, но сега кога прочитав кои се симптомите се плашам дека е можно да ја имам веќе 6 месеци :(

    Во текот на септемви и октомври имав страшни болки за време на секс, до степен да не можам да поднесам пенетрација, по неколку дена пауза ако стегнев заби за 4-5 мин поминуваа болките и сексот беше во ред, но после сексот се случуваше да не можам да седам нормално од болка :/ Бев на гинеколог, ми рече немаш ништо, а сепак ми препиша Флажил таблетки кои ги испивме двајцата со дечко ми и исто Флажил вагиналети. Не можам да речам дека нешто многу многу ми помогнаа, но по одреден период таквите болки престанаа и од тогаш до сега, фала Богу, имам добар секс.

    Следно, во Јануари, на неколку пати имав проблеми со мокрењето, чувство дека цело време ти се оди во wc, а кога ќе одиш ЕДНА КАПКА ДУШАТА ЌЕ ТИ ЈА ИЗВАДИ ОД БОЛКИ И ПЕЧЕЊЕ, исто и болки во долниот дел од стомакот. Воопшто не знаев дека ова е симптом на ЕК и си велев настинати јајници ќе помини, ќе си ставев влошка натопена со топол чај од камилица, ќе ми ги смиреше болките и за неколку часа како нова бев. Тоа ми се случи неколку пати во текот на Јануари.

    Во Февруари имав нагло губење на апетитот и тоа траеше подолг период, па си реков пак паднало железото, често ми се случува и решив да прегледам крв а со тоа ајде си викам нека биде комплет и мокрача.

    Железото (за изовоз :P ), но среќа што прегледав моркача, имаше измени во боја и проѕирност, доста покачени нитрити (тоа било од не внесување доволно течност) и маса бактерии. По што наравив и уриноколултура и си ги добив резултатите ;(

    Што мислите, од вашето искуство, дали е можно тогаш за време на проблемите со сексот да сум имала циста која гинекологот не ми ја ни спомна и дали е можно симптомите вака да се појавуваат и да се губат? Или кога еднаш ќе се појават се константни додека не се земе некоја терапија? Колку е страшно ако сум ја имала толку време, а не сум знаела?

    Сега матичната ми препиша Нолицин, 2 пати дневно една доза да испијам, па ми рекоа да продолжам со уште една доза Зинат и потоа да направам контрола. Пијам и чаеви уве-микс и брусница ќе си земам утре оти се зафркнав - зедов еден со премногу мал процент на брусница и очигледно тоа нема ништо да ми помогни. Ми рекоа да не јадам ништо благо, кафето ако можам да го исклучам, ако не, да го намалам на едно денот и сл.

    Последно, ако и тоа може да се брои како симптом, осеќам притисок во левиот јајник, речиси цело време, единствено денес ми намали, а беше со голем интензитет за време на секс при длабока пенетрација, дали е можно и тоа да е од ЕК предизвикано?

    И последно прашање, откако на 3 последователни контроли ќе покаже дека ја нема, како да се заштитиме да не се појави повторно?

    Ви благодарам многу и ви посакувам сите да се отарасиме од ЕК, а тие што сте се исчистиле, никогаш да не ви се врати. :inlove:
     
  9. An4e24

    An4e24 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.479
    Пол:
    Женски
    Маленна чул те господ да се отарасиме од оваа ЕК :) За превенција само многу течности, чаеви од брусница или магдонос и чување од настинки. :)
     
  10. malenna

    malenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    А како се приготвува чајот? И која е дневната доза?
     
  11. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    Повторно Коли ми се појави. Не ми се верува, а само што мислев дека ја излечив. И тоа баш сега пред одмор што ке се прави незнам. Повторно големи болки, неможам ни да одам а не пак да помислам на односи да имам. Целата макотрпна терапија што ја примав, ке морам пак одпочеток. :(
     
  12. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Лани летото ја закачив бактеријава најверојатно од плажа, и еве точно после една година пак ми се појави :@
    Јавни тоалети избегнувам прво зошто се гадам ептен второ зошто ретко кои се чисти (ама навистина чисти), долна облека не менувам со никој, секогаш имам заштитен сексуален однос(иако докторката ми рече дека така не можела да се пренесе). не ми е јасно како ми се појави пак послке точно 11 месеци. Сабајле повторно однесов мокрача во микробиологија, ама резултатите дури во понеделник ке ги зеам. Се откорнав денес од пиење уве чај и јадење на сува брусница, и сеуште нема ни мало намалување на болката :@
    мене ме интересира дали може да се појави од опаднат имунитет??
     
  13. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Има голема улога како се бришеш, затоа што ја има нормално во цревната флора и бришејќи се одназад кон напред може да се пренесе на уринарниот тракт и тогаш е патогена затоа треба да се внимава бришење од напред кон назад а не обратно :)
     
  14. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    и на тоа внимавам, иако не го напишав погоре. Знам дека ја има во цревната флора, кај сите луѓе, кај некои се активира(како кај мене) кај некои не. не знам дали да направам некакви имунолошки испитувања, доколку има поврзаност со имунитетот нејзиното повторно појавување? :?: мене тоа ме буни, од што повторно ми се појави кога внимавам буквално на се (зошто ептен мака си видов првиот пат од неа).
     
  15. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Да не имаш камчиња во бубрезите. Баба ми постојано ја има глава неможе да крене последен пат доби толку јака инфекција беше на работ до сепса еден месец беше под терапија со инфузии, инекции, антибиотици и постојано се јавува многу досадна бактерија. Пиј течности и чај од брусница и увин да се плакнат уринарните патишта
     
  16. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    пред 3-4 месеци правев абдоменално ехо баш поради таа помисла (ми ги виде и бубрезите) ништо немаше. Еве денес ми се јави докторката од микробиологија (пријателка ни е домашна) и ми кажа -ПЕПЕРУТКА имаш ешерихија само треба сеа да се чека инкубација од 48 саати за да видиме колку е присутна и на што лекови би реагирала-. се напнав еве од сабајле веке 3ти чај ми е, се подув од пиење а болката пак не ми е смалена. и лубенција плус каснав ко демек ај да ме тера да мокрам ама ништо. Сепак фала на одговорите =)
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.341
    Допаѓања:
    102.994
    Пол:
    Женски
    За пријатен ден вчера Ангел доби милион во мл, ми се плаче, на толку внимание, на толку чаеви, на толку диети, не ми се верува :x
    Докторот ми препиша Нитрофурантоин, чаеви, течности, строга диета, бел леб, бел шеќер, вода од чешма... се тоа ми забрани. Си имам постојано некоја тапа болка во бубрегот, значи ми се качила нагоре проклетијава. Ех што убаво си ја немав година-две мирна си бев. Инаку се работи за намален имунитет, стрес и опа, еве ја Коли. Е сеа не знам дали е од нив ама крај вагиналниот отвор ми се појавија и некои чирчиња, бубуљички, грозни па и болат...
    Ќе си препукнам веќе со овој проклет имунитет, не знам што да направам, стварно сум за никаде.
     
  18. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167
    освен горенавадениве причини што другите девојки ги имаат наведено, ешерихија се јавува и при студени нозе. ако имате предиспозиција за бактеријава и редовно ви се појавува тогаш секогаш чорапчиња да си носите. инаку гледам доста реклами на производите од диво оригано - масла, чаеви итн за кои велат дека ја намалува концентрацијата на ешерихијата.
     
  19. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Ја видов темава активна па решив на некој кој мака си мачи да му помогнам колку-толку :$
    Нашиот семеен духовен отец кој ми беше на осветување на ќуката ми сподели еден совет. имено тој и жена му мака мачеле со години со ешерихија к. што све не пробале и двајцата.Дури специјални суплементи нарачувале од надвор ,накрај спасот го нашле во маслото од дивото оригано.Од тогаш не им се појавила. Самиот велеше да знаев порано немше да се мачиме толку време со антибиотици.Па пробајте :)
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.341
    Допаѓања:
    102.994
    Пол:
    Женски
    Ладни нозе, ко што викаш Лимонче, нема врска со Еширихијата, тоа е бактерија која се наоѓа во фекалиите и цревата и која по некоја грешка доаѓа до мочниот меур, бубрезите, матката... Најчесто се фаќа поради неправилно бришење после голема нужда, народски кажано, јас не памтам да сум се избришала наопачки ама ете се десило да дојде до добир и сега мојот десен бубрег е под инвазија на овој монструм. Бактеријата се шири неверојатно бргу, јас прес 4 месеци правев уринокултура и немав ништо, пред две недели правев испитувања на мокрача во лабораторија и пак немав ништо, ама ете, доволно било да се намножат до вртоглави 1 000 000 бактерии во мл. Тоа што ти викаш ладни нозе има врска со симптомите и со повторното појавување, односно, при настинка, пад на имунитет и слично, бактеријата наоѓа поволни услови за развивање и се појавува повторно, односно, кога еднаш ја добивате оваа бактерија многу тешко се искоренува, речиси е невозможно, а со ладните нозе, односно со прехладувањето поради тоа што одиме боси или со голи половини, што би рекле мајките наши, создаваме одлична можност оваа проклетија повторно да ги нападне нашите мочни меури, тие најмногу страдаат.
    Мама, и јас знам за дивото оригано, во Понеделник чекам да ми донесат во билна аптека и да го земам и тоа, не знам што веќе пијам и јадам, ама дефинитивно едно од сите мои оружја со кои се борам против оваа бактерија ќе упалат. Антибиотик морам поради бројот на бактерии, но сите додатни работи кои ги зимам се надевам ќе ми помогнат дополнително ;)
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.