Здраво на сите Како студент - апсолвент на факултетот за дефектологија добив желба да ги споделам моите знаења стекнати низ учење, пракса и искуство за лицата со пречки во разојот. Се одлучив на ваков чекор бидејќи во нашата држава не е доволно подигната свеста за оваа категорија на луѓе. На овој начин сакам да ги доближам стравот на родителите и останатите од една страна, и способностите на децата и лицата со пречки од друга страна. Extraordinary and Unique е блог кој што е наменет за теми кои што се поврзани со детскиот развој, болестите, состојбите, учењето, играта кај децата и слично. Блогот го водам на Македонски јазик по барање на читателите. Ќе се потрудам да пишувам што е можно почесто, а за темите доколку имате предлози слободно пишете ми порака или коментар. Се надевам дека темите ќе ви бидат интересни. Следете ме на http://extraordinaryandunique.blogspot.mk/