1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Facebook и врска

Дискусија во 'Врски' започната од Tiffanyy, 20 септември 2010.

  1. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.304
    Пол:
    Женски
    Ние претходно очи си вадевме за фејсбукот. Искрено, мене многу ми помогна за да согледам некои работи кои иначе не би. Лајковите, коментарите, објавите и сл. ме набедија уште толку да внимавам и на крај мојата интуиција се покажа како точна. :)
    Не беа хистерични караници без никаква основа, не се работеше за љубомора надвор од секоја можна граница, туку не сакав да ме зборат пред се` луѓето што ме познаваат.
    Од еден обичен лајк, до обичен муабет на чет се случи неверство и нормално препукна тиквата.

    Од тогаш помина многу време и мнооогу се сменети работите, имаме само луѓе во пријатели што ги познаваме и ни се блиски на некој начин, девојки со купачи сликани во базени во двор нема, нити па јас имам некој дебилен со стегната фаца и стомачни сликан во вц. Созреа на некој начин после таа грешка и некогаш мислам дека е подобро од што било.
    (Освен ако не се урочам самата сега со постов :D )

    И сум ептен против давање пасворди и чуда, мислам, би сакала да го имам неговиот, ама нејќам да го дадам мојот :D, се шалам. Го имав порано неговиот додуше кога се случи тоа што се случи, ама после некое време сама му кажав дека не сакам повеќе да го знам и побарав да го смени.

    Немаше ни тогаш, а нема ни сега потреба :)

    И не сме ставени во врска, но имаме поставено еден куп заеднички слики. Секогаш ми доаѓа убаво на душава кога ги гледам, а и ми го красат профилот. :D
     
  2. Te.Ic

    Te.Ic Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    21
    НЕ затоа што еден ден решив да го седнам и да разрешиме!
    Значи едно е виртуелен свет(фб,мсн и што ти знам јас таму) а друго реалниот. |(
    Така, фејсот не го мешам со врската, не ОБЈАВУВАМ кога се караме, кога е комплицирано диндири миндири. А и ретко си пишуваме. Или сме заедно или на телефон или си тераме обврски. :angel:
     
    На BellaS му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sparklegirl

    sparklegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    29
    Порано си ги знаевм лозинките но еднаш се скаравме и јас ја сменив, потоа и он и сега не си ги знаеме. Порано бевме и во врска но сега не. Никогаш си немаме ставено ништо на зидот и искрено никогаш си немаме ни искоментирано. Често ставаме заеднички слики што не значи дека ите слики ми се со него, имам и со друштво. Икрено у последно време ретко и си пишеме. Или сме на тел или у живо комуницираме. :D
     
  4. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Фејсбукот не е лош! Тој не стиска сам "like" , "poke" или ''add friend" и не е крив што врските и личностите во врските се лабилни или неиживеани.. "Лошото" (така да кажам) за фејсбук е тоа што се` ни е достапно , но на крај наша е одлуката дали ќе паднеме во искушение да лајкнеме или адднеме некого.. Ако се појави нешто на фејсбук што го направил вашиот партнер не треба да обвинувате никого околу вас,а најмалку па фејсбук.Проблемот побарајте си го во врската.
     
    На crazylady и Daydream им се допаѓа ова.
  5. frutisima

    frutisima Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    Дефинитивно да. :^)

    Љубоморна сум што има некои таму да му лајкнуваат, да го додаваат и сл. во најскоро време ке го решиме проблемот :devil:
     
  6. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.403
    Пол:
    Женски
    Не сум воопшто љубоморна на неговиот фб, односно ако некоја лајкнала слика или било што, бидејки сепак тоа е виртуелен свет. Тој порано инсистираше да си ги знаеме лозинките на фб, но еднаш јас се налутив за нешто друго и си ја сменив. Сепак му дадов до знаење дека приватноста треба секој од нас да ја има и да ја почитува.
     
  7. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.719
    Допаѓања:
    145.080
    Aкo на љубениот му шетат очињата натаму- наваму фејсбук не ви е крив :hai:
     
    На crazylady, LaraSolare и Mishela им се допаѓа ова.
  8. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.627
    Фејзбук не ја загрозува мојата врска воопшто..не сме од тие парови што докажуваат на фејзбук колку се сакаат и сите другарки/другари лајкуваат, не мора секоја профилна да ни биде заеднички и немаме заеднички профил (никогаш не би ги сфатила тие со заеднички профил), не сме зависници од фејзбук (на дечко ми и не му дозволува толку работа, а мене факсот), немаме разменето пасворд и нема љубоморни испади која ти е оваа/овој. Но :!: познавам многу што им ја загрозува т.е раскинале или пак ајде да докажат колку си ја сакаат девојката со срциња на фејзбук и коментари срце мое и само мое. Ми се гади од вакви работи кога се претерува и на крај не излегува на добро. Биди маж, сакај ја и покажи и неа тоа ќе и биде доволно :D
     
  9. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Токму така ! Фб профилот јас сум го направила и јас го контролирам и нема што да го бришам или да бришам пријатели , баш сакам да го има и да ги има некои од тие скокотливи пријатели да видиме дали ке падне во искушение тој или јас , ако тоа се случи нема што да правиме заедно ! Ако јас/тој не сме ставиле сами лајк поук или не знам пишување на чет тоа автоматски не се прави ! И страшно смешни ми се паровите што едни кај други бришат пријатели и блокираат и 300 чуда , аман ако сами не знаете да се однесувате на фб никој од страна не ви е крив , а ми се случувало да се карам на оваа тема и да ме тера партнерот да бришам или да пишувам не знам не ми пишувај имам дечко и не сум прифатила , ако јас тоа го игнорирам доволна порака испракам дека не сум заинтересирана .
     
  10. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    ако лајкнит на фб немат никаква врска.. вас демек сите машки ви се блокирани и никојпат не лајкувате на некое машко ? :lol:
    ма ајде очите се за гледање, срцето за сакање :)
    ија ко поќето одпрво многу се замарав ама секојдневно гледа дека ме сакат мене а не на некоја што и лајкнал и што се наоѓат на другата страна на земјава :D
    а и пасворди ова она, ни сака да му зна, ни пак сака да ми влегуват во мојот профил. :D a оние што се заеднички профили, ахах смешни ми се :D
     
  11. nen4e

    nen4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Знам дека мојот дечко се допишува со девојка со која се има мувано...од сигурни извори. Постојано го крие мобилниот, нема ниту една слика со мене на фејзбук итн... Проблемот е во тоа што немам материјални докази за тоа..
    Совет молам... и ако знае некој како да му влеам во профил нека пиши, плаќам колку шо кошта
     
  12. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    2.410
    А зошто ти е таков дечко што не сака да покаже во јавноста дека има женска? Љубов не се дава на секому, треба да ја заслужи. Мој совет е да разговараш со него околу тоа.
     
  13. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Ако му го знаеш меилот, избери дека си ја заборавила лозинката и ке ти ја пратат на меил
     
  14. Lusiii

    Lusiii Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    7
    Во право е Isabel. Најдобро ќе биде да разговараш со него :)
     
  15. Emilya

    Emilya Активен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки!
    Нова сум на форумов и очајно ми треба помош.
    Идам со дечкото веќе неколку години. Кога се фативме, не ни се веруваше на двајцата колку многу се согласуваме,колку работи имаме заеднички и колку ни е убаво. Едноставно, првата година летавме. Одсекогаш сме имале она како се вика, другарска врска, искрена и реална. Тој ја имаше цела слобода на светот , како и јас. Неколку пати се имаше поздравено со една девојка за која што ми тврдеше дека му е другарка, а таа уствари бивша му била. Истата таа се жалела зошто сум ја гледала настрана!?Јас ја погледнав настрана затоа што и` пуштив рака да се поздравам а она си ја сврти главата додека разговараше со дечко ми. Како требаше да ја погледнам? И што е најтрагично дечко ми не ми веруваше на оваа случка мислеше го лажам. Цело време на фб си пишуваја, а никогаш не изреагирав на тоа. После некое време почна со друга да си пишува. Неа почнал да и се жали од мене како тоа сум му преку глава и ја моли да не му пишува прва зашто јас ќе сум била со него вечерта па да не сум видела, па и оваа му вели демек што не ја откачиш така нешто. Не ми признаваше ни за ова, се додека не му признав дека му го провалив профилот бидејќи кога и да појдев кај него го исклучуваше фб со брзина на светлината, или па ако го оставеше вклучен никој не му пишуваше бидејќи, нели, сето било со договор. А неколку пати го прашав која е дотичната, ми вели ее една пријателка. За сето ова едвај му простив, но ми вети дека веќе никогаш нема да ме лаже. Не сакав да прави будала од мене пред другите, ако има нешто проблем со мене со мене нека го решава а не како мало дете да се жали по фб. Краен стадиум беше нова девојка со која си пишува. Бришеше се на фб. Кога му спомнав низ муабет дека не сакам да крија ништо од мене и дека сакам фер врска, без лаги, без превари, ме направи будала демек што ти е тебе, не правам ништо. Ок.. Помина и тоа ама ја избриша од пријател,а воопшто не знаеше дека знам дека си пишуваат. Кога по некое време покрај тоа што ја избриша од пријател гледам на фб по пораки си чачкаат пак.. Му реков.. Зошто криеш ? Ако ти недостасува нешто кажи, ќе раскиниме? А он целиот почна ма неее не сакам ништо со неа, онака ја познавам, неа дечкото и бил љубоморен затоа така преку пораки си пишиме. Му кажав дека е глупаво да го прави тоа, не е дете, а тој целиот демек извини прости ми не сакав да те повредам. Не можам да сфатам каде ми е грешката, дали премногу простувам? Што мислите вие.. Како би реагирале на овие случувања? :|
     
  16. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    926
    Пол:
    Женски
    Сакам да ми кажете ваше мислење, вереникот мој ја има бившата на фб за пријателка, имат одено 3 год пред да биде тој со мене. Немам информација и не се сомневам во него, знам дека не си пишуваат но ме мачи што му излегува се живо и диво од неа а некако ми е глупаво да правам љубоморни сцени да ја брише затоа што не сум таква, најважно ми е што ми верува тој мене и јас нему 100%. Како би постапиле вие да сте на мое место? Фала виии :* :$
     
  17. zaljubena18

    zaljubena18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2013
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    139
    би ја избришала од кај него на фб и би чутела како ништо да не се има десено :D
     
    На srcekrsacka и BellaS им се допаѓа ова.
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    е токму од таа причина никој незнае од ф.б. со кого сум јас во врска
    знаат дека сум во врска-само толку :)
     
    На BellaS и zaljubena18 им се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.767
    Допаѓања:
    131.106
    Имаш еден несигурен, исплашен, неспособен дечко, тип со никаква самодоверба на кој не си му доволна.
    Сака да има повеќе, да плесне повеќе девојки, ама бидејќи не му стиска да ти раскине и да си фане подобра, ке опипува со која му се најголеми шансите и ке легне со неа.
    АКо не му се свиѓа, те има пак тебе. АКо му се свиѓа, ке ти раскине.
    Егото му е многу ниско, па му требаат повеќе девојки за да му го креваат. Овој тип е толку мизерен, што не знам зошто трошиш време да прашаш што да правиш со него?
    И прави му принт скринови на муабетите, пракај му ги, да зне дека го читаш. И ако прекине, поради тоа што не сака да му раскине резервата од девојка, тоа ќе биде кратко.
    А ти ке бидеш мирна, кога ке видиш дека не пишува со некоја. АМА ти нема да знаеш дека има и друг профил. И дека од тој ке праи муабети со девојки, а ке научи набрзо и дека има бришење на историја во компјутер, па и така нема да го фанеш. Се до денот кога не ти дојде на врата некоја со стомакот до заби и не ти рече, здраво, јас сум девојката на дечко ти.
    Овие мажи се од најлош вид. Не се ни мажи, бидејќи немаат јајца да раскинат со девојката, а кур не ги боли дали ке ја повредат. Се колнат дека ја сакаат, а на првите раширени нозе, од радост, ке ја промашат дупката.
    Може го сакаш, може ти го изнавреѓав дечкото, ама ФБ е начин да те изневерува. не е точно дека муабет не е неверство. важна е интенцијата. Зошто да се допишува со бивши и непознати девојки? Ради муабетот? Ти не си глупава, па со тебе да не може да разговара.
    Раскини му. Има многу вистински мажи на светов кои се сигурни во својата машкост и не им треба друга за да има каже дека се мажи. АКо сега вака ти прави, понатаму полошо. Секој кој изневерувал, ќе почне пак. Тоа е дрога. АВантурата и возбудата им е предизвик. не знаат без неа да живеат. И ако се смени, тоа ке биде на неколку месеци. АКо не на ФБ, веруј дека на џиток, на мсн, на јаху или на што и да е друго, има онлајн секс со друга. Или само си кокетираат. Или само она му фрла по мале месо на коските, коо, срце дечко си ти, да имав како тебе, пресреќна ке бев. И мислата само му се појавува у глава. Дека онаа, плавана, со големите цицки и црвениот кармин, баш добро би изгледала клекната пред него.
    Има посебен кург у пеколот за вакви мажулиња. А ако гледа Бог одозгора, ваквите мажи цел живот од друг маж дете ќе ранат. Не ти треба изневерувач. Докази имаш дека се глупира, донеси пресуда.
     
    На nen4e и jovanovska94 им се допаѓа ова.
  20. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    926
    Пол:
    Женски
    Фала за советот срцка, само ме страв да не ме фати оти не ме бива за вакви работи, многу се нервирам :(