1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Facebook и врска

Дискусија во 'Врски' започната од Tiffanyy, 20 септември 2010.

  1. zaljubena18

    zaljubena18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2013
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    139

    Нема потреба од страв. Ако евентуало нешто те праша ке му кажеш ''незнам ништо'' :D можеби таа те има избришано , а за најсигурно block и гајле да си немаш.
    Aјде со среќа и кажи што ќе направиш :*
     
    На BellaS му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.767
    Допаѓања:
    131.108
    Па ке ја избришеш од пријатели, ке отидеш во активити лог, на неговиот профил (не на главна) ке избришеш и од таму, после ке се одјавиш, ке одиш во историја, ке избришеш се што си отварала и ке изгасиш се :)
    Е сеа, ако он може ке мисли она го избришала, може она ке мисли он јаизбришал. Или ке прекинат, или ке сфатат дека некој чепкал :)
    Има уште една финта. Адни ја ти. И почни лајк насекаде. верј ми, ова повеќе ги плаши. Подобро да мисли дека си несалам, отколку дека си глупа. :)
     
    На macovska и BellaS им се допаѓа ова.
  3. Emilya

    Emilya Активен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ти благодарам за советот. Едноставно е, не барам многу од него. Ако му е убаво да бидеме во врска ако не нека ми раскини и секој по својата патека. А тој сака да ме мачи вака.. не знам дали ќе издржам после ова
     
  4. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804

    Се согласувам со се што напишала Cka, посебно со болдираниот дел...

    Тој нема храброст (по нашки кажано нема "стискавец") да ти признае дека е најмизерното суштество... Ајде кај ти прави работи позади грб и не признава дека е тоа така, па уште и не се ни труди да го скрие тоа... А таа ситуација е лоша за тебе: те прави будала- ем гледаш дека се допишува, не со една, не со две, туку со три девојки, ем ти вели: не бе злато другарки ми се... :^)
    Да беше човек со карактер (небитно што е машко) ќе те откачеше тебе (а очигледно тоа не го прави од страв дека нема да најде друга, а и ти си му добра резерва со која знае на што е) па тогаш нека допишува со која сака, нека се поздравува со која му е кеф, нека ја е*е секоја што ќе му даде... ;)
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706

    BellaS зошто си ја трошиш енергијата со вакви работи. Ако ти е за утеха, мм ја има бившата на фб во која претходно бил многу вљубен ама поради сплет на околности раскинале. Пасвордот од фб и мејл му ги знам и тоа самиот ми ги има кажано, без јас да прашам или да сакам да знам... така да, немам потреба да се сомневам во ништо. И он неа излегуваат еден куп објави на фб во текот на денот, ама па неможам да и забранам да не објавува - нејзино право :)

    Сметам дека и ти не треба да се преокупираш со вакви баналности. Било-поминало.... ти си неговата сегашност и иднина. Сконцентрирај се на подготовките за свадбата и плановите за заеднички живот ;)

    П.С Бившата, секогаш ќе биде бивша.... да требало да се заедно, немаше да биде бивша нели? ;) :*
     
    На BellaS му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.478
    Премногу си толерантна,и ќе си патеш поради тоа..
    Се согласувам со останатите,моментално за него си со статус резерва.Во прва прилика,и тоа ќе го изгубеш.
    јас лично не би толерирала ни еден пат да си пише со некоја,а не константно како твојот.
    А ако и ти си плашливка за прекинување на врската,почни и ти да си пишуваш со згодни момци,да видеме дали ќе му се допадне тоа :!:
     
    На Emilya му/ѝ се допаѓа ова.
  7. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    226
    I agree :!:
    со исто врати му како што прави тој така прави и ти, само за разлика од него ти немој да криеш прави го отворено па да видиш како нема да му биде сеедно, ќе се осети како е да си In your shoes :!: :)
     
    На Emilya му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    926
    Пол:
    Женски
    BellaS зошто си ја трошиш енергијата со вакви работи. Ако ти е за утеха, мм ја има бившата на фб во која претходно бил многу вљубен ама поради сплет на околности раскинале. Пасвордот од фб и мејл му ги знам и тоа самиот ми ги има кажано, без јас да прашам или да сакам да знам... така да, немам потреба да се сомневам во ништо. И он неа излегуваат еден куп објави на фб во текот на денот, ама па неможам да и забранам да не објавува - нејзино право :)

    Сметам дека и ти не треба да се преокупираш со вакви баналности. Било-поминало.... ти си неговата сегашност и иднина. Сконцентрирај се на подготовките за свадбата и плановите за заеднички живот ;)

    П.С Бившата, секогаш ќе биде бивша.... да требало да се заедно, немаше да биде бивша нели? ;) :*[/quote]
    Во право си срцка, нема шанси да го избришам девојчево од кај него, не ми смета а и убаво кажа ти, бившата си е бивша :lol: А за пасворди не си ги знаеме и не ни сакам да се меша тој во мојата и јас во неговата приватност. :* Поздравче за тебе мила :$
     
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Врската беше една пред Фб, а друга после Фб.

    Пред Фб имавме друг вид на караници, а после Фб се се вртеше околу Фб....

    Кој ти е овој пријател, што си ставила лајк на овој, зошто си објавила ваква песна, зошто си коментирала, зошто си објавила ваква слика, кому позираш, со кој се допишуваш, зошто на чат враќаш бавно... ИТН
    И обратно, секако.

    За таа цел, во пријателите имам поблиски пријатели, не прифаќам сенекој, внимавам што објавувам, кому лајковам, се со цел да си немам проблеми во врската. А, и затоа што не го обожавам Фб нешто посебно и ништо не ми значи.
    Ама исто и од него. Не дај Боже да ми се лигуши по секакви слики, да се допишува со бивши, со удварачки и сл. Па, тоа ми е крајно непочитување кон мене.
    Во врската најбитно е почитувањето, било во живо, преку компјутер и сл.

    И многумина знаат да се караат заради тој Фб. И со право.
    Фб повеќе зло ни нанесе, отколку арно. Не направи поегоистични, посамобендисани, желни за внимание, полно виртуелни пријатели, а во живо сите сме незадоволни и празни.

    И мене не ми личи кога некој, пример еден женат пријател кој на Фб на се живо лајк става. На сенекакви слики од жени. Не го личи. И какво мислење да имам за него? И тешко жена му.
    Затоа треба да внимаваме, зошто многумина добиваат впечаток за нас преку Фејбуков.
     
    На Nati.P, MorbGoth.666, Iww и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Ова Фејсбуков дефинитивно не' промени сите,но во негативна смисла. ;(
    Сите станаа самобендисани,злобни,љубоморни и уште што не.
    Фејсбукот ни ја уништи среќата која ја имавме пред тоа.
    Имавме здрави врски кои ги градевме и опстојуваа со години.
    Сега нема ни а од тоа.Што имаме сега? :?:
    Секој на секого е достапен,секој може да ти пишува,да флертува со тебе и на крај да ти расипе се.
    Не го опрадувам ова и бев пресреќна кога слушнав дека ќе го укинат,но попусто се радував. :swear:
    Живеам за денов кога ова ГОМНО(сега простете што се изразувам вака некултурно) ќе го забранат и конечно ќе го снема.
    Мислам дека само тогаш животот ќе ни тргне на подобро.Не се сите држави заразени со ова фејсбуков,но мислам дека нашата држава е меѓу првите. :worried:
    Не само за врските,сетете се и какво беше детството пред фејсбук...со еден збор прекрасно,баш онакво какво што треба да биде.Како што поминуваат годините сите работи веќе ја изгубија смислата.
    Едноставно нема здрави и среќни парови,задоволни луѓе.
    Ахх.... :headbang:
     
    На Tori1, Nati.P, MorbGoth.666 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Nobadys.Perfect

    Nobadys.Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    Дека не смени не смени од корен и не само фејзбукот општо интернетот. Ако се укини фејзбукот нема да се реши проблемот, ако не е фејзбукот ќе биди нешто друго. Ете земи наназат гледај прво беше мирц, hi5, msn... и 300 други и на крајов фејзбук па ете твитер и се си се реди. Штетата е напраена.
     
  12. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Е да,тотално си во право.Божем за полесна комуникација ова она...но на крај излезе сосема спротивното..се отиде вонконтрола и работите се искомплицираа.Како што рече штетата е веќе направена и нема назад.Посакувам да живеев во времето кога луѓето немаа пристап со интернетот и општо со овие глупости.Ќе бевме посреќни милион пати. :|
     
    На Nobadys.Perfect му/ѝ се допаѓа ова.
  13. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Никако не се согласувам со тебе. Особено во делот што си го напишала за врските. Премногу глобализираш. Зошто мислиш дека денеска нема здрави врски кои опстојуваат со години?
    Точно е дека секој може да ти пишува, да флертува со тебе, ама ако ти не го прифатиш тоа флертување, или ако не му вратиш на chat- јас ти гарантирам дека никој не може да ти расипе, ама баш ништо. Секако зборувам за една нормална врска во која има доверба и разбирање. :)
    А зошто мораат да ти забранат нешто, или да го снема? Ако ти не сакаш да имаш профил, ако мислиш дека животот ќе ти тргне на подобро- едноставно избриши го твојот профил- и толку!
    А дали има здрави и среќни парови- јас ти кажувам дека има. Еве на пример јас имам дечко, и двајцата имаме fb- профили, меѓутоа не си ги знаеме лозинките, не му го манијачам профилот секој ден (за да видам дали додал некоја за пријателка, што лајкнува и така натаму...), а и тој го има истиот став за ова прашање- и на крај имаме здрава, повеќегодишна врска. ;)
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Ова не се однесуваше за мене,бидејки јас и дечко ми не го користиме фејсбук профилот.
    Зборував за една моја блиска другарка која си имаше проблеми и се и се расипа поради фејсбук.
    Не е важно.Секој си има свој став на размислување. :)
    Има среќни парови,не реков дека воопшто ги нема,но се поретко и поретко.
    Мило ми е што вашата врска е здрава и опстојува и се надевам дека така ќе продолжите.
    Инаку во право си нема фајде од тоа да манијачиш и да разгледуваш на кого лајкнал,кого додал за пријател,тоа се само неважни работи кои можат понекогаш да не изнервираат.Ако те сака,нема да го спречи ништо. :)
     
  15. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Во твојот претходен коментар ти напиша "сите", па затоа реагирав. Не велам дека не, има врски кои пропаднале заради fb, но, всушност тие би пропаднале секако, денес таа причина е fb, претходно била некоја друга, во иднина причината ќе биде сосема поразлична.
    Никако не можам да слушам кога некој глобализира- тоа е многу погрешна работа, па затоа наместо "сите" си можела да напишеш "најголем дел", тогаш мислењето би било во ред.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    149
    Не се согласувам дека фб неможе да направи проблем како што некој викаат :!:
    Јас со еден мој бивши се скарав заради фејсбук и ми е мака што 3 месеци трошев со него. Типот беше ептен затуцан и ретардиран и неговите беа исти, и еднаш јас барав совет од мој другар што ми е како брат, значи во муабетот немаше лош збор само прашував како пример што да правам. Бившиот на сите фб пријатели тоа го прати, а исто така и муабети со мене.Од тоа еден на друг префрлање ми дојде преку глава и после некое време се оставивме.Па и не баш е убаво 2000 луѓе да знаат дека несакаш секс со него и милион тајни нели? :x :fubar:
    Инаку мм пред да го запознаам имаше онака женски но сега ни слика ни женска нема на фб освен роднини и жени на неколку пријатели што ни се заедничи.Многу е глупаво да збори со други, еден куп другарки со ова се имаат сложено, и истите тие им бранат на своите дечковци да зборат со други. Исто така му забранувам контакт со жени бидејќи кога еднаш ќе се изгориш и на ладното ќе дуваш.
     
  17. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки

    Се извинувам,но секако не мислев на сите и се надевам дека ме разбра.
    Сакам да кажам повеќето мои блиски се разделуваат за тоа,но како што викаш ако така било пишано ќе завршела врската и вака и така. :)
     
  18. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    АБе колку и да не сакаш си делува Фб.
    И јас велам ако си цврст, свој, ништо не ти може, па ни интернетов, ама не е така.
    Сите се преопседнати со него, и сакале, не сакале си излегуваат проблеми.
    Да не наведувам примери, ама на сите Фб колку-толку не промени. Ретки се исклучоците.
     
  19. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Некој ако те сака и почитува нема да прави глупости. Ако сака да те изневери ќе те изневери, не му треба фб за тоа.
     
    На L.i.n.a.a му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.946
    Допаѓања:
    134.537
    Пол:
    Женски
    Фејсбук не може да ти ја загрози врската ако ти не го дозволиш тоа. Тоа е виртуелен свет ако се опседнеш со него ке ти го згорчи реалниот живот. И баталите давање пасворди од фејсбук на вашиот парнер, ви треба и малце приватност. А ако сака да ве изневери и без фејсбук би го сторил тоа.
     
    На Daydream, Marick14, Umbrella22 и 2 други им се допаѓа ова.