1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Facebook и врска

Дискусија во 'Врски' започната од Tiffanyy, 20 септември 2010.

  1. Beliber.forever

    Beliber.forever Нов член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    ехх шо ти значи доверба:)
     
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Јас и дечко ми не се караме за фб, мене ми е глупо. Јас му имам предложено да си ги избришеме профилите, што сакавме па после решивме да ги задржиме под услов да го користиме само за нас двајцата.
     
  3. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Кога започнавме врска со дечко ми сеуште не беше многу популарен фб и ние немавме направено. Потоа ај се договоривме да не правиме, т.е тој не сака да направиме за да не си создаваме дополнителни проблеми, кои знаат да настанат како резултат на фб. Понекогаш добивам желба да имам, ама ајде и не ми е многу битен.Имаше предлог од негова страна да направиме заеднички, ама тоа ми е многу глупаво, подобро нема да имам никаков отколку заеднички.Некако како да искажувам пред сите дека ете немаме можеби многу доверба еден во друг, па ајде ќе имаме заеднички и пријатели и постојано ќе следиме кој на кого, што како пишува, иако и кај поединечниот ако сакаш можеш да добиеш лозинка и да го контролираш партнерот.
    Како и да е ако постои љубомора кај партнерите, фб може да создаде проблеми во врската.
     
  4. Later

    Later Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    11
    Јас не ја имам неговата лозинка, не ја има ни тој мојата. Не ни сме си побарале, двајцата сме со ставот дека ни треба приватност и дека нормално постапуваме :)
    Не криеме ништо еден од друг, постојано и кога сме излезени фб ни стои уклучен на телефоните, се случило и да пишуваат некој, значи не криеме ништо :)
    Доверба луѓе, довербаа!
     
  5. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.919
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам неговоата лозинка ама нкогаш не сум го отворила неговиот профил и не сум копала по пораки, пријатели. Имам доверба во дечко ми и немам потреба од тоа.
     
  6. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    I jas im dozvoluvam da mi cepkaat vo profilot i imam doverba vo niv
     
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    ЈАс на никој не му дозволувам да ми чепка во профилот. На никој нема ни да му го кажам пасвордот, па макар и жена ми била. Фејсбукот си го користам онака само за да прашам нешто од пријателите, да постирам песна и да се чекирам. :lol:
    А има и такви што замараат...што гледаат слики и чекирање и љубоморат. :@
     
  8. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.800
    Допаѓања:
    88.536
    Пол:
    Женски
    И двајцата си ги кажавме пасвордите некаде кога правевме една година од врската ... во тој момент мислев дека тоа е доверба + го истражував морам да прзнаам а сигурно и тој мене иако не признава :D сега еве после толку време заедно не се замарам пример да се вклучам од кај него или да видам со кој пишувал што правел.Имам целосна доверба во него а и тој во мене ...
     
  9. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.753
    Допаѓања:
    32.851
    Пол:
    Женски
    Си ги знаеме лозинките, но многу ретко отваа тој кај мене, и јас исто така. Имам отворено кај него може има веќе 5-6 месеци поминато од тогаш. Секогаш сум била против тоа да ги деактивираме профилите и двајцата. Ако толку доверба имаш во него, тоа нема да му го речеш, освен ако веќе претерал. Тој става лајкови на колешки, пријателки.. исто и јас. Не гледам ништо лошо во тоа. Ако гледаме по лајковите или тој да ја адни некоја.. каде ни е крајот? Фејзбук е само занимација, не го сфаќајте толку озбилно. Имајте доверба во партнерот. :)
     
  10. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да ми биде јасно како може некој до толку да се понижи за да ја каже лозинката на партнерот. Што покажувате со тоа, колку сте спремни да се понижите? Фејзбукот како и мобилниот е лична работа и нетреба со никого да се дели, ако не ви верува тогаш повторно ќе најде причина да се сомнева.
    Денес ФБ, утре телефонот ќе ви го контролира, потоа кредитната картичка.... и лека полека станувате робови.
    Јас кога би дозволила некој макар да ми чепне во мобилен би се обесила за првото дрво што ќе го најдам, затоа што поголемо понижување за мене од тоа не постои.
    Луге, ако некој сака да си прави виртуелни егзибиции тој ќе отвори не 1 туку 10 ФБ профили а вие како мајмуни ќе дремете на оној што вие го знаете и ќе живеете во илузија дека е тој нај чесниот човек на светот.
    Прочитав некаде вели од прилика вака, портано ми го проверуваше почесто сега многу ретко, каков напредок во довербата нели? Ако му ја дадете шифрата како може да знаете дека не ве проверува? Или вие му верувате дека не ве проверува а тој вас не ви веруа дека сте поштени.
    Мое мислење е првиот момент кога ќе ја изгубите слободата на комуникација вие ја губите сопствената личност.
    Зошто јас да се тресам дали тој ќе пронајде порака во телефон од некое машко или на ФБ што ќе ја протолкува вака или онака, кога може фино лепо заклучи си телефон и фб и бркај си работа.
    Замислете дека кога тој ја знае лозинката неможете ни со роднини, ни со другарки да си направите муабет бидејки може во реално време да ве следи без да знаете. Мислам дека е тотална глупост целата приватност да ја подарите на некој друг па макари и ви бил маж, а не дечко.
    Да не зборувам дека за лајк згаснуваат врски, а за шер може и некој шамар да падне, се на се многу јадно и бедно колку ние девојките можеме да се понижиме в име на љубовта а притоа љуов значи и доверба, а каква доверба има тој во тебе кога си под 24 часовен надзор. Како идат времињата и во ВЦ ќе ви вградат камери да видат да не го изневерувате и со сопствените раце.
     
    На sweety90 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.800
    Допаѓања:
    88.536
    Пол:
    Женски
    @Strumka22 можеби така размислуваш затоа што не си била во таква ситуација со некого да си многу блиска,да бидеш целосно отворена и без размислување да ја поделиш целата твоја приватност, па да ти е сеедно дали дознал твоја лозинка или не ?

    Не се пронајдов во твоето мислење туку онака заради мислењето кое јас го имав морав да те прокоментирам :)

    Ако сум со некого подолго време па дури е и мој маж зошто да го кријам мобилниот од него и лозинка од фејсбук ? Не би имала причина за да кријам од него па и да се плашам дали нешто ќе прочита што не треба. Јас тоа ни најмалку не го доживувам како начин на понижување ...
    Таква сум каква што сум а тој дали ме проверува дали прочитал нешто + или не, ич не ми е галје .

    Но сепак секој со своето мислење ...
     
    Последна измена: 6 декември 2014
    На vendiii му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    @Viktorijaaa5 Вики, не мислев на тебе туку општо зборував. На мое огромно изненадување ова со цензурава земало огромни размери барем кај женскава популација што особено ме загрижува.
    Не е спорна блискоста, блиска си и со сестра ти, па не делиш баш се така? Веројатно дечкоти не го сметаш поблизок од сестра ти? Работата е што некои работи во цивилизиран свет се сметаат за своја лична приватност и е во најмала рака непристојно е да се навлегува во тој простор. Колку и да сакате да докажете дека тоа го правите поради блискост и затоа што му верувате на партнерот, од далеку се вглда дека основната причина е недовербата. Ајде да го поставиме обратно прашањето, зошто тој не ви верува на збор па мора да има контрола над се што се смета за лична своина? Зошто не ви даде слобода да рече, еве не ме ставај ни во пријатели бидејки ние секако не комуницираме преку ФБ, и имај си своја приватност а не да се чувствуваш под постојана закана дека ќе ве обвинат за прељуба за случајно даден лајк.
    За да проверите колку сте слободни одговорете си на следниве прашања: Дали ги имате додадено сите луге што вие би сакале? Дали ви се случило милион пати да несмеете да лајнете нечија слика за да не биде погрешно протолкувана? Дали има луге со кои би сакале да контактирате почесто ама се плашите да не ви пишат баш кога нетреба.... Мислам дека е доволно да си одговорите сами на себе, немора јавно.
    Само уште ова, колку и да тврдиме дека немаме тајни и се му кажуваме на партнерот, мислам дека е далеку од вистината, сите ние имаме помали или поголеми тајни кои не ги знаат ни во семејството а камо ли дечкото.
    Жената треба да биде книга која мажот постојано ќе ја чита и секогаш ќе пронаога нешто ново, ако целиот живот му го раскажеш и ако може да го следи букално секој твој чекор, тогаш се губи мистеријата а со тек на време и неговиот интерес за вас.
    Секако ова е само мое мислење што немора да е точно, јас го респектирам и вашето мислење но немора да се сложам со него, нели?
     
  13. Si-lala

    Si-lala Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    21
    Имав дечко кој лајкнуваше песни, слики, на различни девојчиња. Коментари, зезање, и според него ,,на пријателска база,, ете така ми се правдаше. Исто така лајкнуваше и на машки, и на се. И тогаш си викав едноставно сака да се истакнува, што мене ми беше преглупо.
    Од мене ја имаше целата слобода, никогаш не му реков дај ми ја лозинката или не сакам да се дружиш со твоите другарки, туку напротив. Едно е другарка која ти била школска, кое во исто друштво сте пораснале, друго е другарка која си ја запознал пред 2, 3 или нз колку месеци.
    Сите ми викаа да не обрнувам внимание на фб, да не си расипувам за глупости врска. Ама не фб ни малку не е крив, понекогаш фб многу може да ни помогне да откриеме некои работи. Се е до карактерите на луѓето, ако сака некој да те изневери, ќе те изневери и на др.начин, ама работата е дојдена до таму каде што преку фб се одвива речиси се.
    Многу е лесно, од еден лајк, до разговор, до средба. И тука кој е виновен? фб сам лајкнува,пишува? Немојте да бидете наивни.
    И да, на крај ме изневери со моја подалечна другарка и му раскинав иако го сакав многу. А дали само една била или не, не ме интересира.
    Денес луѓето се толку сурови што гледаат само за себе и своите чувства, а упорно ќе те прават будала на здрав мозок, ама ако само вие си го дозволите тоа.
     
    На vendiii му/ѝ се допаѓа ова.
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Јас не му кажувам се на дечко ми и кога ќе му кажам нешто, сакам прво од мене да го слушне, а не од порака што сум и ја напишала на другарка на фејсбук.
    Никогаш не би дала пасворд на никого, ниту би зела да читам туѓи пораки. Ако решил да ме изневери, сигурно нема пасвордот на фејсбук да го спречи, ниту пак јас сакам да врзувам некој и да го контролирам цело време.
    А и на крајот на краиштата, имам 21 година, не знам ни што сакам од врската, и сигурно нема да му ја огранучувам слободата.
     
  15. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Многу е глупаво тоа со давање пасворди. Така другарка ми мораше да се скара со другарот затоа што на шала другарот прати еден линк за дечко и и овој видел и се налути и не и дозволуваше после тоа да се дружат. Таа намерно пишуваше што како и смета и слични работи за да прочита тој, глупости.
    Сакам на раат да си правам муабет со другарки, а не да се мислам дали некој чита. Кога ќе имам дечко не сакам ни да му имам пасворд, ако сака да ми биде неверен не му треба фб за тоа.
    Доверба пред се!
     
  16. Emily Dora

    Emily Dora Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    devojki ja skrenav...so decko mi be bevme. zaedno 3mes aj sto ima novi frendici na fb IMA.muabeti my vidov samo sso dve drugoto se izbrisano.I sto gjavol me natera otvoriv kaj nego go search kosa mi. padna.devojki baral aj manje bitno ama megu niv ja baral bivsata negova mn pati I ja imase u prijateli pred da se smirime ja izbrisal.I uste poloso ja baral mojata bivsa najdobra drugarka .poludev
     
  17. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    3.733
    Пол:
    Женски
    ^Eh pak ti kaj vide kaj se zapusti.. podobro da ne mu go znaese pasvordot poradi golemata "gordost" i privatnost, pa nemase da se skarate. Tih. Kakvo razmisluvanje imate sekoja cest... sto ponalce se znae to podobro:fubar:
     
  18. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Искрено многу придавање му се дава на Фејсбук, приватност голема ова она.
    Државни тајни да не криете? Приватност е проблеми по дома, сметки, пари ово оно, а не Фејсбук.
    Јас не кријам, ниту тој, некогаш знае да се уклучи кај мене ако ми треба мене нешто од таму, а немам пристап (да види и слично) ама не го интересираат разговори, најмалку со мои другарки или роднини (машко ко машко)
    Јас некогаш се уклучувам, зошто си се водам по тоа 'верувај ама проверувај' :D
     
  19. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Ние сме скоро две години во врска па пасворди си немаме кажано.
    Искрено, не ми ни дошло на памет како идеја да му го побарам или дадам пасвордот. Сепак тоа е индивидуална приватност. Јас на фејсбук си разговарам со другарките за нивни проблеми лични, мој, наши работи што не би сакала да застане било кој не само дечко ми и да ги чита.
    Секако доколку сум уклучена на фејсбук или тој е, а сме заедно никој ништо не се крие, трга, или паничи... И за мобилните исто. За лајкој такви глупости не збораме... Секако се имаме по неколку пати гибнато кој е овај која е ова ама чисто од љубопитност мислам.
    Нема потреба од вакви работи според мене... Ако некој сака да се допишува/изневерува/крие работи не е воопшто потребен фејсбукот има илјадници социјални мрежи и други начини...
    Секако доколку би ми рекол да погледни би му дозволила немам што да кријам, знае тој кој ми се другари, колеги.. Мое лично мислење (да нема забуни и препукувања) е дека нема апсолутно причина за такви работи.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    Колку и да е само фб, самата се фаќам некогаш како станувам љубоморна малце..Што се вика скоро сите пријатели женски му се, лајкнува слики, и прееска кога лајкнал слика на едно девојче што имале порано нешто ми дојде многу глупо. Не знам дали уште да си ќутам пошо глупо е, или не. Како би постапиле вие?