Конкретно за мојата, да ја загрозува. Љубоморен е и секогаш прави детален преглед, кој ставил лајк, кој што напишал, па зошто напишал, па кој е овој, кој е оној
Јас имам фб а дечко ми нема! Никогаш и немал,едноставно немал време да се замара со такви глупости (барем така вели тој) На нашата врска фб нема никакво влијание, бидејќи и јас не сум многу многу активна и присутна на фб... а и плус тоа дечко ми фб го доживува како детска работа а пак мене ме смета за веќе созреана личност и јасно му е дека фб не треба да биде извор на проблеми во нашата врска! така да не покажува никаков интерес за мојот профил,за лајковите, за коментарите и пријателите! Јас пак од друга страна сметам дека фб може да загрози нечија врска! Кој би останал рамнодушен ако една те иста особа постојано остава лајкови и коментари на веќе зафатен дечко???? ете вие замислете тоа да ви се случува вам! Се разбира дека нема најсмирено да реагирате! најпрвин ќе барате да ви објасни, па да ја избрише и ете од овде па натаму започнуваа проблеми! или пак да го замара некоја вашиот дечко со долги разговори на фб... не верувам дека би остнале рамнодушни! можеби таквите примери кои ги посочив нема да уништат врска но сепак ќе предизвикаат некои проблеми кои ќе ги влошат односите помеѓу партнерите! така мислам јас, а може и грешам...не знам, за среќа немам искуство!
Ја отворив темата затоа сто многу ме интересирасе како е во другите врски, зашто еве во мојата има некој мал удел се случува да се скараме за некоја порака, или ако некој стварно напиња со like...
Токму така Mina! Mене ми се има случено (т.е. и уште се случува но се помалку).Има една девојка која ПОСТОЈАНО му пишува на дечко ми кај кого јасно стои во INFO дека е зафатен.Немав проблем дека му пишува некоја друга девојка се додека не видов дека таа му се обраќа со "срц","сонце" и така натака значи небаре исто како што му се обраќам јас!Редовно секој ден му пишува му праќа poke...неколку пати јас го избришав тоа нејзино poke(го знам неговиот пасворд и тој мојот)..но таа упорна!Еднаш бев од кај него уклучена и случајно на чет му пиша во стил Жив ли си?! КАКBА НАПАСТ!И вратив културно дали и треба нешто да му пренесам и таа ми се обрати не,уживај src! Ја снемало некое време,но еве ја пак! Неколку пати на шала му имам кажано на мојот дечко дека ќе ја избришам,но тој се лути бидејќи било некултурно таа му била братучетка на негов добар другар!Разбирам машко ко машко му годи флерт ,се тестира дали во секое време е привлечен ама како да не се нервирам кога е таква нападна!?
Јас со дечко ми сум заедно 6 години,првите 2 години значи бевме мали и несериозни...тоа не беше врска оти и двајцата се изневерувавме.Сега 4 години одиме убаво,озбилно.Во овие 4 години го немам фанато дека ме изневерил ама го имам спречено да ме изневери.неколку пати така несакајки му имам прочитано разговори значи да бидам поточна 3 пати,од кои 2 пати лично со девојчинјата и еднаш со другарка на ТАА како ги прашува дали сакаат да се видат ((( мислам дека ке полудев.Значи да не го откриев навреме он ке ме изневереше.Е сеа има поминато една година од последниот пат кога ко фанав и мене уште ме мачи тоа не мозам да се помирам додека не му испитам сеее....иначе он по природа(што уште повеке ме загризува) е мн зборлив и со сите комуниира на пример на facebook,таков е ако мозе нема намера со некоја да се врзува он си пишува онака општ муабет.На пример ја свакам да си пишувас со тие со зивееш ама со некој само со ти се пријатели на facebook...ти и да не си со намера да и се пушташ на некоја она ке се исфилма.И последно несто што уште повеке ме прави да не му верувам е со ми вика значи последниве 7-8месеци"не ти го отварам facebook-от треба да ми верувас,за инат не ти го отварам" изначи стварно не ми го отвара...до душа ја му го знаев мејлот до пред некое време и сама му го отварав и стварно немаше ништо,ама немозам да го разберам зошто несака да го отвори...сега немозам да му гледам ништо а он не се замара не се ни обидува значи кога ке го прашам да ми одговори или да ми показе нешто.Никако немозам да си објанам ЗОШТО....да не ме отсакал па сега само се изивјава,или па има некоја и затоа не ми го отвара,или па нема ништо и само за инат не го отвара...ама многу се нервирам и тоа ми прави усте повеке да го испитувам...НЕЗНАМ НЕСВАКАМ СО Е ПРОБЛЕМОВ (((((
ФБ е ужас. Бев кај него дома, тој отиде да купи јадење, ФБ беше отворен. Ѕирнав и имаше муабет една, како си, што правиш, кај ќе одиш и слично. Јас видов и и напишав, таа ми рече дека и е дечко. Знаете што испадна? Имале врска скоро 2 месеци. Настана хаос меѓу нас. После се смиривме, а хаосот и недовербата уште траат. Ни таа не знаела за мене. Не е наивен ФБ, а инаку, ја запознал на некој сајт. Така што, нема ништо наивно со социјалните мрежи, тие се уште една можност повеќе за неверство, посебно јасно е по сликите кои деојките ги ставаат која е целта. Секси фотки, разголени, напучени усни? Наивно е. Не е. А на овој пекол му направив, сега малку се потсмирив, ама не знам што ќе биде зашто не можам да заборавам. Значи, пазете се и од тие на ФБ, и најмногу од тој во кој имате најголема доверба.
фб и врска ??? можам да ви кажам дека и јас се согласувам како и повеќето дека довербата е многу важна меѓу партнерите и искреноста еден кон друг. јас лично немам фб за мене се тоа големи глупости и откривање на дел или скоро на цела интима. меѓутоа како викаат со свој камен по своја глава. ете мене не ми вилијае фб не моменталниот животен статус. на мажулето му беше кеиф да има и му реков ок, разговаравме за тоа и разјаснивме многу работи. тој рече дека ке си ги адд. само пријателите оние најблиските и така е има само 70 луѓе, а јас имам дозвола во било кој момент кога ќе посакам да му речам и да го разгледам профилот. значи нема криење. така да иако сум јас против нема да дозволам да си ја уништам врската за нешто што денес е ин а утре или за некоја година да е аут, земете ги мсн -то и скајпот веќе изумреа, ќе изумре и фб, ке дојде некое трето чудо, зар на се ќе се тресете???
Ех тој ф.б , на почетокот дечко ми многу замараше да му го кажам пасот, ама ја не попуштив и не му го кажав . Ја го знам неговиот , ама дали ви се верува не се уклучувам да видам што се случува , само чат пат чипови за покер да си префрлам А да , ми се има случено да ме фати како се допишувам , ама не ми замерил бидејки многу ме сака , а не се замарам ни јас , ако нешто треба да се случи ке се случи, заедно живееме , па мислам дека нема многу слободно време сам да шета А инаку лом прави со коментари за тие што ке напишат нешто под мој коментар или слика , а он ке процени по негово дека се потенцијални загрозувачи, еднаш се испокара со еден дечко од австралија што нит го знам , ни па ке го запознаам . А мене сепак тоа ми е слатко од негова страна иако знае и да претера
Луѓе бре, ако сам не си го бараш нема ни да те снајде! Еве мене не ме снаоѓа и двајцата имаме фејсбук. Јас имам 238 пријатели исто и дечко ми тука некаде. Значи немаме проблеми затоа што не прифаќаме за пријатели некои што не ги знаеме. Не дека јас или тој е љубоморен па затоа не прифаќаме. Туку лично ради мене не ги прифаќам. Нема зошто, нема причина и нема потреба јас да имам некој за пријател што воопшто не го ни познавам! Ги имам другарките, другарите, роднините и близок круг на пријатели. За другите немам потреба да ги имам. Како прво зошто секој еден човек мене да ми знае што ми се случува во животот? Затоа што во момент на афект можеш да напишеш лут статус (иако многу ретко ми се случува). Зошто да гледа таа рандом особа дека јас сум лута или нервозна? Да ми фаќаат сеир отстрана и после да озборуваат низ град. Ма ајде. Кој има кавги сам си ги бара и крај. Неможе некој да ме натера да мислам во спротивното! Кога прифаќате секој еден ќе имате кавги нормално! Кој сака да те изневери ќе си најде и да не постои фејсбук. Значи зборот ми е, фејсбук како сајт е добра идеја, да најдеш далечни роднини што не живеат повеќе овде или како и да е... Само луѓето се тие кои го упропастија и незнаат да го користат. Еве пример кој сам си го бара...
Offspring се сложувам со тебе, ако не си напрајш сам беља никој не може. Стварно е така што има да прифакаш некои пријатели т.е. НЕПРИЈАТЕЛИ што не ги познаваш. Потполно си во право ПОЗДРАВ
Јас конкретно ќе кажам за мојот случај.Преку фб дознав дека дечко ми ме има изневерено.Јас се уште немав фб,само што си направив и одам кај него на профил и гледам на која и коментирал и се ми стана јасно.Но таа особа толку ја мразев што од пуст инат не му се скарав на дечко ми. После тоа имавме уште безброј кавги и бидејќи си имаше заслужено јас го правев да биде љубоморен.Пријателите се зголемуваја но оние лајкови почнаја да ни пречат и мене и нему.Бевме во период на зацврстување на врската,прв однос итн. Решивме.Тој ги избриша сите женски пријатели освен некои школски,а јас сите машки со кои немам пријателска основа.И така престанаја кавгите,врската ни се стабилизира. Сега скоро и никој не прифаќам освен оние кои стварно ми се познаници или пријатели но тоа само поради мое добро и да си ја зачувам приватноста.Исто и тој,ако сака и секакви нека прифаќа.Не ми смета повеќе.Но порано немав доверба,а сега имам. И мој заклучок:навистина битна е довербата фб нема да ти смета за успешна врска!
Тоа е така затоа што има луѓе кои го живеат животот само за приказ,инаку немаат поента на живеење. Фејсбук е супер за комуникација на далечина,а не за себе рекламирање и за договори за ИСКАЧАЊЕ у граТ. Јас немам објавено статус на фб (освен саркастични досетки,еве сега сакам да објавам дека врне надвор,пошо гледам секој втор пишал,да не не знаат луѓето,а плус која случајност,сите се избањати од лоши возачи...),ниту тој,ниту пак имам објавено статус на врска,ниту тој,ниту ми е место за себе промоција,ниту прифаќам луѓе кои не ги познавам,а ни тој.Споделувам само по некоја песна или интересни клипови.Во суштина сум досадна за фб манијаците и сеирџиите,па така што врската не ми е загрозена,веројатно на тие тоа што им се случува,си го заслужуваат и се од оние првите,кои си вршат пропаганди по тој сервис.Го пијат кафето со своите фб пријатели,одат да се бањаат,се расправаат по фб,се одмаздуваат,имаат 1000 албуми и фотографии и во суштина се драматичари,па нив им се случуваат највозбудливите вечери,денови,кафиња и шотијазнам,па после дечкото љубоморен и сцени,врагови.
Facebook......ми се поврака од зборов.Kако прво да имам фб и тој има,јас повеке седам,тој воопшто.прифакам пријатели кои само ги знам,и тој воопшто не се ни вклучува еве јас живеам далеку и ке се уклучам ке попишам со роднини,другарки и сл.Eптен ми е глупаво менување врска секој 2ден,ептен боде очи или пишување каде си и што си и што правишфејсбук е за комуникација,не твој дневник,алоои е само губење на време,премногу,дури некогаш мислам дека фб е најголема грешка што постои и кога ке прашам што има ново,ми велат ам види на фб,се се става.и ако сакате да немате проблеми,не пишете со некој што не го знаете,не се исповедувајте и најдете некоја подобра занимација,не губи време на фб,одвреме-навреме гледај
На оваа тема ќе кажам само едно - погледнете го (а можеби и веќе сте го) делот на Саутпарк посветен на Фејсбук и другите социјални мрежи, поготово кадешто Венди се кара со Стен за тоа зошто не му е сменет „рилејшншип статусот“ Некои луѓе се замараат некои не. А да судиш, не па да љубомориш за некој према фејсбук ми е смешно во денешно време...поготово доколку не знаеш до кој степен се луѓето сериозни со тоа што го изнесуваат на својот профил.
Најбоља епизода од Саутпарк убедливо =)))) Stanly's Dad: Stan grandma said she poked you and u havent sent a poke back Stan: Dad i didnt even wonna do this. Stanly's Dad: Stan! poke your grandma!!
Фејсбукот не е до толку вреден за да си ја уништам врската заради него! Ако нешто не е во ред во врската, тоа не е поради ФБ туку поради самите ние!....Не му придавајте многу важност на една социјална мрежа! Впрочем како што кажав погоре, еден начин да се заштитите од душкала и натрапници, змии отровници, е заеднички профил!
Сум го фатила на дело !! Иако искрено нема да ме изненади ниту пак бурно да изреагирам. Не кријам нешто посебно , не се плашам ми ги знае и најпрљавите тајни на свет ..верувајте Единствено зрачи од восхитеност кога ќе ми го начека фејсбукот отворен . Од толкава возбуденост тешко дише и е видливо вознемирен иако досега не нашол ништо што би му дало повод за таквото ретардирано однесување.Додека јас пак немам храброст да му вратам Око за око заб за заБ , од причина што самата ќе се разочарам, не него. Сум го фатила во еротски чат со непознати , скриени објави и лични компромитирачки пораки кои за малку живот ќе го чинеа . Дирекно го нападнав, а индирекно му пратив телепатско резиме кои вели дека знам дека нема да престане,, и веројатноста моето цимолење за него е странски јазик е голема , па затоа најкултурно и најфер го молам во иднина , за општо добро да гледа да не го фатам , нека се радува на моментна среќа ,не ти требаат сувенири и палави спомени во инбокс , па и во историјата ..толку Простено ти е чедо мое ...повеќето се од прекуокеан ..иначе големата ќе беше