1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Facebook и врска

Дискусија во 'Врски' започната од Tiffanyy, 20 септември 2010.

  1. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Добро бе луѓе ако ставиш лајк или коментар на некој статус или песна и што и да е не значи дека му се пушташ на некој или дека ти се свиѓа :^) јас колку пати не ни гледам кој ја објавил песната,ако ми се свиѓа си ставам лајк... и за тоа што викате некој си ви пишувал на чат незнам што,па немора да сте онлајн на чат или не мора да враќате...јас баш од таа причина сум офлајн секогаш, само ако некоја колешка ми треба што ја немам на скајп ќе се уклучам онлајн инаку не комуницирам на чатот на фб.
    Ниту па објавувам статуси на секој саат кај сум и што правам,тоа ми е најмизерно,таквите пријатели одма ги бришам...
    А инаку што се однесува на врската, дечко ми нема фб,не ни сака да има,едноставно не се замара со тоа,ниту пак мене ми се лути дека имам,ниту пак ми побарал некогаш пасворд или да види што имам....
     
    На Monchence му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RockyAngel

    RockyAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    6
    истата ситуација беше кај мене па заради сето ова морав да го избришам фб.
     
  3. Gulu

    Gulu Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    јас мислам дека фб е иницијатор за многу кавги,еве моментално сум скарана со дечко ми ради фб,односно шо сум прифатила на покер еден дечко за "poker buddy",мислам,можеш да замислиш колку е бизарна причинава за кавга? епа ае оди објасни се.... но,според мене не е до фб,до карактерот на човекот е,до довербата и самодовербата.ете,тоа е проблемот но ние вината не ја тражиме во нас,туку во друго нешто,како фб на пр.ете јас тоа мислам
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Не ми прави особени проблеми фејсбучето.
    Немам статус in a relationship, немам фотки со мене и дечко ми (дури една мислам) и не сакам ниту да имам.
    Едноставно - не сакам интимата да ми ја гледаат сите.
    Лајк, поук, рекла-казала и кој што му постирал - исто не ме тангира.

    А таквите кои на зафатени дечковци и моми (и покрај тоа што знаат дека се зафатени нели) им постираат песни како Tonight I'm fucking you, Give it to me right, и компанија, ми се за жалење.
    Не е крив ФБ што човечкиот род е така сељачки изопачен.
    |(
     
    На De-lovely, calliope, girl.23 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    130
    Не е до Фејсбукот......до луѓето е. Се замарав порано (кај ми бил паметот не знам :tmi: ), ама повеќе не.
     
  6. Cokolatce95

    Cokolatce95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    131
    Која грешка, мешаме приватен живот и фејсбук...
    МРАЗАМ кога сета `интимност` е преточена во статус или линк на Фејсбук :tmi:
    Статус ин а рилејшншип, секои две минути гледам нова песна постирана на ѕид или пост во кој (по 12545 пат) партнерите си кажуваат колку се сакаат, 50 слики легнати на кревет, полуголи.......
    Па аман ! Врската е меѓу двајца, не меѓу сиот свет !
    Не ја оправдувам воопшто новава мода со фејсбуков, мислам, нема никаква полза.
    Не ме интересира дали дечко ми на некоја ќе и стави лајк или песна, не ме интересира колку женски пријателки ќе има и дали ќе пишува со нив на Чет... Ниту пак него.. Му верувам, ми верува.
    А оние кои очајно бараат зафатени машки, секогаш ќе бидат тука ...Не се вредни, едноставно му кажувам на дечко ми дека ми смета и сам ја брише типкава... Мислам дека не треба да се меша фејсбук и врска, еден од најчестите причини за раскинување денес. Ништо не е повредно од вашата љубов !
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ANELIJA

    ANELIJA Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    154
    face book ми беше интересен некаде пред 2 па и 3 год.А сега не сакам ни да помислам да имам фб.Што ке пишувам со некого по 100 пати на ден еј како си сто правиш.Сега и мали бебиња почнаа да имаат фб и ставени слики од нив ц ц ц ц свашта...........малите деца наместо да се играат во двор или дома со играчки тие седат на фб....колку ги има тие лажни профили лелеле катастрофа.........и секако најголемите кавги во врска се за фб,можеби тој не крив но има секакви луѓе кои ке најдат начин за да ти направат кавги со партнерот/ка.така да кога ке помислам на него мирна ми е душата знам еден проблем помалку :) :) :) поззззз
     
  8. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Фејсбук и врска.
    Другарката на мојот бивши и врска.
     
  9. zoki69

    zoki69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    So devojka mi raskinavme poradi facebook. Bravo za devojkite koi se sovremeni i ne se ljubomorni ako decko im se dopisuva so drugarki.
     
  10. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.553
    Немам никаков статус за врска, а не ни планирам да имам. Не придавам никакво значење на фејсбук, а посебно не дозволувам да ми влијае на приватниот живот. Не сум воопшто љубоморна девојка, еве на пример дечко ми има статус сингл заради обожавателките. :D

    Не е битно таму што пишува, битно е што имам јас со него секој ден, и колку ми е тоа посебно и свето за да не мора да го споделувам со сите познаници на виртуелен начин.
     
  11. Sharlott

    Sharlott Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    14
    Не можам да разберам како фејсбук може да влијае на една врска? :^) Некој ако сака да изневери или да флертува тоа ќе го стори и без фејсбук..... Јас лично не користам, некако без врска ми е...
     
  12. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Преку глава од фејкбук :@ :@ :@ . Не можам да си поверувам верувале или не се почесто и почесто се караме поради чудово :x
    Признавам корисен е ама за луѓе кои знаат како да го користат !!!. Дечко ми прави детален преглед одма уклучување на фб цел ѕид ми го знае на памет ... Кој ставил лајк кој ми искоментирал со кого сум станал пријател алоо беее :fubar: Ме прашува кој е овој што ти искоментирал а зашто а како :headbang: менување на пасворди ми е чиста глупост тогаш да си направиме заеднички па ајде .... Што е финтава тука пишува Стојна Стојкоска мој пасворд мои слики МОЈА РАБОТА :!: ако сака да те извара има мнооогу начини ако прави муабет со некои баш ми е гајле дечко ми има 1000 и нешто пријаели најголем дел пријателки па што да правам да го демнам ма неее бе само ме нервира што буквално ме прати во чекор за секоја промена на фб ауу .... Кај и да е ќе го избришам па ќе дишам на раат друго нема :^) :)
     
  13. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Убедливо без Фејсбук, паровите беа посреќни. |(

    Имав дечко што го нервираше ако сум станела со машко пријател. Нормално, не ме интересираше, зашто не се замарам со глупости и ситници, а женските се поумешни во криење на неверства, па не постоеше начин преку Фејсбук да открие ако правам нешто. Секако дека не правев, зашто не ме интересираат такви детски работи.
    Проблемот беше што се лутеше секогаш, а особено еднаш кај еден мој нов пријател, зашто дечкото бил многу убав ( |( ) значи би можело да значи нешто. Го силев јас, тој зборуваше ли зборуваше... му кажав на крај дека ми е братучед (дете од сестра од мајка ми, значи ептен близок роднина), се замолчи моментално па продолжи со тресење глупости. И го избришав. Па после било срамота ако не сме пријатели, ова она... па го тешев дека ние сме дечко и девојка, како да бидеме пријатели? :wasntme:
    Во рок од 2 недели имавме посреќна врска. Пак станавме Фејсбук пријатели, пак почна со исто и му кажав да си најде опција да е во врска со Фејсбукот, зашто мене такви детски однесувања едноставно не ме интересираат.
    :hai:

    Поентата ми беше, додека немаше Фејсбук навистина врските повеќе успеваа. Колку помалку знаеме толку подобро е, нели? Вака се почна да изглегува на виделина па ништо не ни успева. Не само врските, туку и пријателствата. Не е само љубомората во прашање, туку и манијачките напади од оние кои мрежава ја сфаќаат како Клуб на осамени срца. |(
    А и скар за лајк бива? :^) Сум ставила лајк на слика од кучето од машки пријател. :o Зошто? Што ли ке си сфати човекот??? :o

    |(
    - Најверојатно дека му го меркам кучето. |(
     
    На TheGirlNextDoor му/ѝ се допаѓа ова.
  14. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.429
    Допаѓања:
    5.389
    ок треба сите кој сте љубоморни на фб и на пријателките негови или обратно да сватите дека тој ако решил да ве вара и матка ќе ве матка па може ли да си отвори швалерски фб без да знаете дека постој воопшто тој провил под лажно име и презиме се знае името ќе го знае само жваљерку :lol: :lol: :lol: абе луѓе се извинувам ако ве ставив во мисла но живејте среќно прашувајте онолку колку што можете да примите и почнете да верувате на оној со кој делите се. Ако многу му ја мислите каде ќе завршите и кој ќе биде исходот на тоа.
     
  15. bebus-sk

    bebus-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    ДАААААААААААА!!!
    ТИЕ 2 РАБОТИ НИКАКООООООООООО!!!
    МНОГУ ПАТИ МИ БИЛ ЉУБОМОРЕН НА МОИТЕ БИВШИ ,ИСТО И ЈАС!!
    КОГА ЌЕ ГИ ВИДАМ НЕГОВИТЕ БИВШИ НА ФБ ЖЕЛУДНИКОВ МИ СЕ КРЕВАА...ГИ МРАЗАМ ЗОШТО УШТЕ МУ ПИШУВАААТ,А ТОЈ ИМ ВРАЌА...АМА НЕ ПОКАЖУВАМ ЉУБОМОРА!
    ПОРАНО СЕ ЗНАЕШЕ,ДОДЕКА Е СО ТЕБЕ Е СО ТЕБЕЕ!!!
    А СЕГА ЌЕ ОДИШ ДО ВЕЦЕ,ЌЕ СИ ПИШУВА СО НЕКОЈА ДРУГА...
     
  16. abeajde

    abeajde Нов член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    16
    Ahhh... kako moze fb da sozdava problemi????? ... ubavo e da zapoznavas novi lugje i da zboruvas so sekogo za sesto ... zaso da ne...porano bilo nevozmozno da se vospostavi takva komunikacija sea e veke polesno....ne bi trebalo da ima ljubomora...ali svasta seta na svetov...:):):)...pa pogotovo raskinale radi fb...abe aj milion razni drugi sekojdnevni sranja se desavaat i radi fb da se zafrkne neso so se gradelo so godini e malku debilno....vo sekoj slucaj fb friend e samo interaktiven ekran na lap topot neso ko customer support za skokotlivi muabeti...hahahha
    [mod-kirilica:1s1mdavg][/mod-kirilica:1s1mdavg]
     
  17. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Може да создаде проблеми. Не знаете какви се психопати и психопатки постојат. -.-
    Претходниот пат си добив лекција, сега само ми стои дека сум во врска, не ставам со кого.
     
  18. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Изневерувањето постои од секогаш, но facebook значително го олеснува процесот :D

    И јас и дечкото имаме профили, но не си ги знаеме пасвордите и нема да си ги кажеме, затоа што тоа е приватна работа.
    Јас имам околу 500 и повеќе пријатели, претежно се роднини, другарки, познанички, колеги, но имам направено листа и контактирам само со 20тина пријатели - за другите сум off. Го користам профилот претежно за покер и чат пат да поднаучам по нешто ново :D понекогаш и постирам песни.

    Во принцип, не сум љубоморна личност - и кога мојот дечко си отвори профил, не му придавав многу големо значење, отворил - отворил, no big deal, сите негови другари имаат. Почна да стега женски пријателки - повторно ништо не реагирав.
    Но, она што почна сериозно да ми пречи е тоа што една од тие „пријателките“ - 7-8 години постара од него, немажена, му се закачи - и кога велам му се закачи, мислам во буквална смисла! Насекое - кај си срцка, како си денес? Срцка, што има ново?
    Добро, преминав и преку тоа, но кога разбрав дека секое утро се среќаваат на автобуска постојка (таа работи во истата населба каде што тој живее) верувајте дека не ми беше така сеедно и морав да преземам мерки! Од тогаш немаме проблеми со фејсбук, барем јас така си мислам.

    Му одржав добра лекција и искрено се надевам дека ја научи. Оттогаш се понуди да ми го каже пасвордот, но јас не сакам ни да слушнам за тоа - едноставно се обидувам повторно да ја изградам довербата меѓу нас и сакам да му ставам до знаење дека очекувам сам да се контролира и да ја постави границата, а не да очекува од мене јас да бидам полицаец!!!
     
  19. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.179
    Допаѓања:
    23.164
    Пол:
    Женски
    мислам дека фејсбукот многу предизвикува проблеми за една врска,лајкови,песни,слики оти овај лајк ти мава оти кај онај имаш коментирано мислам дека ова ни се има случено на секој од нас :) ..како и да е другарка ми и дечко му немат фејсбук не се замарат едноставно со то ,врската му оди супер :clap: ..јас му блазесвам стварно исто така имам и уште еден пар другари кој немат фејсбук и ич се немат скарано, ни налутено , во текот од 1 год :) ..додека пак друга другарка се карат за секоја ситница оти лајк ти мават оти вакви разголени слики клаваш ко к**** и сл ..оти овие вакви песни клаваш,не ми враќаш на чат којзнај со кој пишиш,мислам дека врска без фејсбук подобро функционира како и да е не се замарате со слики коментари лајкови песни и сл едноставно си живеете за вас... :)
     
  20. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    немаме ниту јас ниту дечко ми фејсбук. Првата причина е бидејки си имаме проблем со тоа кој пратил на кој барање, лајк, коментар глупости, кавгите ни се намалија за 80 % одкога си ги избришавме профилите. :* и како второ банален ми е одкога почнаа и на нероден Петко фејсбук да му прават. секој ден по 2305803504357034 барања за пријатели од нафурени тинејџери ај у к*рац. се живее убаво и без него, има многу поинтересни работи и попаметни за правење одколку фармвил. Кога гледам од другарките на фејсбук гледам дека ништо не испуштам. :)