и јас и дечко ми се договоривме да ги избришиме и сега сме раат од тие глупости . колку било поубаво вака . многу врски се имаат уништено заради овај фејсбук па зошто да си ја уништиме и ние . има некој ќе речат не му веруваш демек затоа .. не е затоа... едноставно има толку покварени луѓе што колку и да си веруваме ќе најдат начин ... на пр. една типка која трчаше по дечко ми не знам како успеала ама се сликала во позадина е дечко ми и као демек заедно биле затоа ... не било случајност... ама за среќа не и успеа лагата не ме приметила дека и јас сум позади само што јас не се познавав од капата и јакната на дечко ми на мене
некогаш и ние самите си ги правиме белјите...сакаш дечкото/мажот да те почитува и да ти верува? епа нема да ставаш фотки од тоалети кога си била ептен пијана и полугола или некои провокативни фотки направени на трезно ама привлечни за лајкови од познати ама и непознати фб мажишча. некој ке ти стави лајк и сочен коментар и ти после чуди се како да се извадиш на :кој ти овој ма? не дека тој фб некојси сака нешто од тебе ама иди па објасни му ти на мажишчето твое. маживе имаат 99% фб пријателки(полу ако не и целосно голи на профил фотката)и по некој другар, а жениве истиот процент на пријатели и тук-там по некоја другарка. е сега ти направи го есапот. мислам за и двајцата да го решат тој проблем на ФБ љубомора треба да бришат се и секој што не го познаваат и да ги остават само ониер кои им се познати. на крајот на краиштата па постојат опции за приватност и за ставање лајк и за примање коментари и се. само треба да се подеси АКО СЕ САКА.
Знам за многу врски кои пропаднале и биле уништени заради фб, затоа што некои луѓе оваа социјална мрежа ја сфаќаат пресеризоно. Може да настанат големи проблеми, заради еден like или коментар. Глупаво ми е кога ќе слушнам дека некои раскинале заради недоразбирање кое настанало заради фб.
ФБ-ков жив идиотизам! Ке се карам со дечко ми заради ФБ? Никогаш! А и не може некој ФБ да го обвинува, убаво кажале неколку девојки, ако на некого му мрда опашката, ке му мрда и со и без ФБ. И, точно, луѓето премногу сериозно го сфаќаат и целото доворување стана преглупаво со постирања на песни и коментари. Кој како си ја нареди. Не го користам многу, се допишувам само кога ми треба со некој познаник да се договорам и толку, доста е.
Фб-от колку ми беше порано интересен сега ми е ужасно одбивен, не само и во мешањето во врската туку кога ќе видам некоја бубалка што не излегла од дома, а направила слика на photoshop и пишала под сликата некој седмооделенски текст, нешто ,,Vo uchilishte glavna..'' верувам дека ви иде да повратите... А да не зборам за врската, ако не му стаиш на дечкото песна на ѕид барем 2 дена ве прогласуваат за раскинати -.- АЛО ЛУЃЕ КАДЕ СО ПАМЕТОВ ?!? Има живот и надвор од фб..да? ај кажи ми го пасс .. -.- со вакви сфаќања сите станаа фраери и клабери на фб-ов...одбивен ми е до смрт и ја презирам секоја минута помината на фб, овој наш менталитет подиве до бескрај ! Без фб животот ми е раат
Никогаш, во ниеден момент од врската не сме имале проблеми заради фејсбук. Не се замарам со ништо од таму. И онака сите прават илузија, колку се они добри, згодни, пожелни. А најтрагично е што знам како изгледаат реално. И какви се. Го знам пасвордот на дечко ми, ама никогаш не се уклучувам од кај него. И он исто. Целото тоа карање околу фејсбук, па зошто лајк таму, па коментар ваму ми е многу проста работа. А најпросто ми е при секоја караница менување на статус single и за 2 саати in a relationship . Пу пу од ваквите
Ima mnogu zhenski aj da ne gi narecham so eden drug zbor sho se pushtaat preku facebook narochno , stavaat lajkovi komentari i sve toa i taka doagja do raspravii u vrskata zaradi edna glupa k**** [mod-kirilica:3hnlcjzp][/mod-kirilica:3hnlcjzp]
И јас и дечко ми имаме фејсбук но разумно си ги користиме профилите, нема допишување со луѓе со кои не би требало.
Ја загрозува ако меѓусебно немаат партнерите доверба. Ако пријателите не си ги знаат меѓусебно па одма почнува она: “ Кој ти е оној, Како си дава така да ти пишува на ѕид?“ дрн дрн.. Искреноста и довербата го победува стравот од рушење на врската ради фб. Али колку и да несакаш, ќе се случи некогаш да се извадиш од такт од некоја идиотка Мене не ми се случило, он е мирен, не е некој женкар, фраериште за да ги мота сите. Супер ми е, немам гајле )
Pa mojata licno mislam deka ne,barem do sega no ima ,mnogu situacija kade sto FB i negovoto koristenje moze da predizvika problemi pa duri i raskinuvanje na vrskata
Сељачизам, простотилак, неизживеаност = 95% од „популацијата“ на ФБ. Среќа со дечко ми не му се замараме воопшто, подобро речено, го имаме за да тераме сеир на таквите кои се споменати во сите претходни постови. Ок, еднаш му се подналутив за една со која порано планирал нешто па сега типкава само го замарала, го викала ваму-таму а овој не ми кажал, ама потоа фино, лепо, си разјасни дека тој не и ни враќал на мутавата и дека не ми кажал чисто затоа што не ни помислувал на неа и нејзините пораки. Сега си се потсмевам на глупиот мој испад, но од друга страна, на некој начин ми помогна барем малку да воочам со што се справуваат илјадници парови секојдневно поради некое шугаво лајкче, коментар, покана за пријател, лајк на лајкот на лајкот на лајкот на внукот на бабата на тетката на комшијата. Па и како нема да се караат кога веќе животот и врската им се темелат на тој прост сајт, и секој мора да знае дека тие биле ѕвезди на „најлудата“ журка, и биле камен пијани, и некој „сељак“ им се пуштал па изел сочна корпа, па како тоа „шмекнале“ некого па се организираат потраги по ФБ за истиот. Спојлер Или пореалистично да се долови моментот. mutava_slika_vo_birtija_so_pijani_faci_izletena_gruda_od_prsluk_i_ispotena_mishka.jpg И долу ludoto mawo, swatkо bombon4e, cuci tigricata and 623 other people like this После следат коментари: ma4kooooo, kolku sme seksi/najluda vecher, ve sakam srcinja moi/mwa mwa mwa <3 <3 <3 Па некој попален тип: lele kolku ste slatki, ushte jas falam do vas/ufff shto bi vi pravel da sum so vas. Или статус „so cuceto *tagirana izvesna machkica* si pieme kafence mwaaaa/out so moeto najmilo shto go sakam najmnogu ** “ и после кога ке си дојде ја става песната "I just had sex" И како после да не се осеќаш дегенски кога некој/а таков/а се пушта на дечко/девојка ти? Траги-комедија. Па и типов секојдневно го замараат горенаведените цурици чии слики се полуголи, во шпицурајка, залепени до ѕид со постери од турбо-фолк идол(к)ите и свртени за да се гледа голиот задник, или со напрчена муцка покрај WC шоља во која се гледаат траги на пресно босилачко а корпата до шољата е полна со влошки и употребена тоалетна. Или на женскава некој набилдан ванаби мачо или некое шушљаче со 3 шишки и исто толку заби ке и удри лајк и невкусен коментар, а оваа целата среќна ке му врати срциња пошто нели, и помогнал да достигне поголем број на лајкови. Едноставно игнор на таквите, да вределе и да биле способни, би си нашле партнер во реалниот живот, а тоа сељачење од типот упорно пишување на зафатени момци/девојки, оставање фолкерски жалопојки и полуписмени статуси со „Посветеноооо “ демек на тебе или на дечко ти, е тоа само покажува колку се недоквакани и дека нема да си најдат партнер во скоро време. ФБ како ФБ има супер замисла која за жал, неправилно се користи од страна на загорена сељачанска младина која во реален живот неможе да постигне ништо, па ФБ го замислува како нешто кое ке му помогне да си ја создаде посакуваната слика за себеси, која, многу јасно, за другите изгледа комично. И малку оф топик, ама доколку дечките од анонимус стварно го бутаат серверот на 5ти ноември, имаат целосна поддршка од мене, за конечно, да спасат многумина од оваа тортура.
Фб дали ја загрозува врската?? па ако се нема доверба во врската, тогаш фб ке биде само причина за поголем проблем, еве на пример како беше кај мене, се запознавме со едно дете на фб, после он немаше долго време фб, ама во мегувреме станавме многу блиски, контактиравме секој ден, мсн, скајп и тие работии тел, и после се запознавме дури лајф, и замислете се беше ок, и тоа јас бев во неговиот град,,, јассс што никогаш не верував во тоа и не мислев дека ке го направам тоа, но ете да не бидам секогаш јас лоша и едно време почна некако чудно да се однесува како да не го интерсирам јас повеке, само здр како си добра ти, добар и се е тоа како да се нема што да се збора,,, и замислете се прекина секој контакт заради тоа што јас аднав една негова другарка( а повторно го активвира неговиот фб профил) на фб и зошто јас ја аднав неа, ме избриша не контактираме повеке зошто?? заради тоа што јас сум се мешала во неговиот профил и пријатели, господ да не чува глупости.. ама тоа е се што не ке видиш Само едно да кажам оти многу долго пишев станав досадна Never trust anyone, never... за да нема проблеми и кавги
Ја загрозува секоја врска и е главна причина за кавга, порано поуспешни му биле врските заради тоа што немале фб и слични глупости
Не е ФБ виновен што ние не знаеме да зачуваме некој покрај нас. Ако двајца си веруваат и се сакаат меѓусебно нема ни да ги занима што се дешава на ФБ. Ако имам дечко и сега тој ме праша:„Кој ти е бе овој што ти коментира на фб?“-тоа значи дека тој не ми верува доволно.
Ако дозволам еден фб да ми ја расипе врската, подобро да немам интернет. Не знам како може некому толкава улога да му игра фб во животот. Тој го имал фб и пред мене.... Тој имал живот и пред мене...И што ако има нова пријателка на фб. Абе не се ни умарам со фб, му го отварам профилот само ако сакам нешто да му ставам на ѕид.... И немаме ставено дека сме во врска, а нема ни да ставиме. Ни стои дека сме во брак уште од ноември, а од мај сме заедно. И сега која елогиката тоа јас да го сменам, па дури и да не стоеше тоа....Зошто??? за да знае некој таму кој 1 го имам видено дека сум со него???? Па ок де има слики доволно е...А и неможе друг профил да напраи, кој доказ ми е мене тоа?? А да, и да имав друг дечко тоа во брак, немаше да се смени....Тоа е мој профил правам што сакам... Искрено повеќе ми значи што на мобилен има ставено слика од нас на позадина отколку на фб на прифил да стави слика од нас. И убаво ми е бре коа ќе прочитам кај него коментар од некоја, ауу кој е фраеров и слично. Тогаш растам ко квасец....тралала мој си е....
Се согласувам со Офи . И јас многу ствари дознав од фб . Инаку сега сум помирна не го гледам така фб , едноставно тоа е за забава за слободно време . Нормално се ставам кај партнерот од кај емне да видам што има , и ако има нешто сумљиво се карам Мојот пасворд не го давам на него , ни сакам да има он мој . МОже да сфати многу работи погрешно . Исто и јас. Ќе се караме зашо некој ме боцнал . Едно време немав фб но губам контакти со многу луѓе и затоа го вратив . Инаку мислам дека мојата врска е моја приватна работа и немора сите 300 луѓе , меѓу кои има луѓе со кои сум деловно поврзана , да знаат да гледаат со кого сум , затоа не ставивме дека сме во врска .