А од кај знаеш ? ! Гледаше на графчиња или Клеоптра ти кажа ... Или тој ти рече Жими Тебе не се допишувам со никоја .... Разбуди се пред да те разбудат ... најдобронамерен совет ... Не можеш да знаеш со која зборува колку и што не може да е толку глуп да ти каже нешто што ќе го заглави нели ? !
епа најискрено не познавам пар без разлика колку си верува колку долго е во врска и без разлика колку таа врска е стабилна и сериозна или не, а да не праша барем еднаш кој е овој или оваа што си ја адд што ти ком на слика и сл. да не кажам бар два пати секој пар се има подкарно поради овој глуп фб.луѓето цела приватност ја ставаат на него. го немам ни јас ни дечко ми и срекни сме си вака, и двајцата сме такви типови што фб скајп твитер не не интересира имаме само мсн во случај да ни затреба нешо по меил да пратиме и толку. нити ме интересира кој што објавил кој каде бил кој каква поза направил кој со кого се сликал и кој како бил облечен, и не се согласувам со тебе офи точно е дека и порано имало изневерувања но факт е дека во денешно време кога има нарушен систем на вредности има мн повеке изневерувања не порано а фб само го зголемува тој бр.а со фб или не вистината кога тогаш испливува на површина тука не игра никаква улога фб. и да колку пати си слушнала одговор на прашањето кај се запознавте? -на фб. фб само ја олеснува комуникацијата луѓето се поопуштени и полесно можат да разговараат со некого преку социјалните мрежи не лице во лице што е жално, средбите во живо си ги заменивме со чат. и да, тоа што ни јас ни дечко ми немаме фб не значи дека не си веруваме и дека врската ни е на стаклени нозе. Фала. Чао.
Симонцелиус..И ние така ни фб ни скајп ни твитер па посреќни сме и воопшто не ми недостига фб..Заради него ќе се скаравме со дечко ми..и решивме да ги делетниме трајно ..сеа сме по цел ден на теЛ,тунајт заедно и на мсн кога имаме да си пратеме нешш од фб не зависи нашиот живот ....Порано немавме фб па бевме среќни зошто и сега да не бидеме??Зар не?
секако, колкава и да е довербата во врската секогаш ке има барем малку љубомора што според мене така и треба да биде, сигурно нема да останеш рамнодушна ако видиш коментари на ѕидот кај дечкото или на слика од типот срциња бакнежи па најубав си па ова па она
За жал ко што рече Симонцелиус, денес вредностите се премногу да не речам(на мој начин) изопачени... Значи оваа т.н.“Глобално Село„ не натера фактички цел живот да го преточиме во интернет мрежа. Што се однесува лично до фејсбук да и тоа како може да уништи нечиј однос , да не збориме само за една врска туку и пријателства. Се тоа е поради тоа што сите главни теми се вртат околу и на фц . А за врска стварно никад не можете да му верувате на партнерот дека не прави ништо на фц со некоја... Значи лично имам видено како партнеркава во случајов си се договара со др типац и покрај тоа што има дечко и дечко и знае и пассворд и се, значи ако се сака да се направи глупост( А забранетите нешта се увек најпримамливи) ке се најде начин и ке се направи ... Затоа Trust to none ... И мој совет доколку сте во врска не мора да ги бришете профилите, ама немора ни многу да се ослонувате на нив зашто секакви има и со којзнае каква позадинска намера ...
Колку и врската да е цврста јака..и колку да си веруваат фб се ќе растури.. Има некој такви типки и типци..упорни ќе растурат врска..мене ми се има десено тоа..и затоа сеа неам ни статус на фб ништо. Се имаме договорено на фб ништо да нема...ми знае пас..му знам пас..до сеа добро е..тие што напињаат му ги бришам од пријатели (ми има дозволено) и обратно. ама сепак не е тоа тоа..он може и без јас да видам да брише..како и да е..не верувам баш во се..бидејќи некогаш и они знаат тајно да напраат нешто..а некогаш богами и напињачите растураат се.
Не луѓе, ФБ неможе да расипе врска, можат луѓето да си ја распиат врската. Зашо бе јас у цела врска неам ништо напраено, ниту сум додала некој непознат на фб, ниту некој ми пишувал, ниту ми праќал пораки, боцкања сум игнорирала. Зошто тој не се замарал да додава полуголи девојчиња. Зошто јас не сум флертувала онлајн и такви работи... Значи кога сакаш некого не те интересираат такви работи, тоа е факт. Нути сум имала потреба да му знам пасворд и да му прегледувам секој ден шо праи, ниту тој мене. Ако некој сака да вара и да најде друга не му треба фб, ќе си најде кај сака.
Па значи ако он додал полуголо девојче, или ти си вратила на poke или си прифатила непознат за пријател ќе имало проблеми? Не сакам да те навредам или да се скараме ама така го сфатив некако дека фб не влијае на врската ама еве ти си пазела, а и твојот партнер, што и како правите на фб. Според мене фб нема никакво влијание ако сето ова горенаведеново се случи ама другиот партнер искулира затоа што е сепак SHITbook, а не реален живот Конкретно јас воопшто не се лутам нити проверувам кај дечко ми, ама искрено он 2-3 пати ми праел мали сценички заради лајк од бивш или што ја знам, ама се се средило со муабет затоа што искрено една социјална мрежа да расипе нешто реално е стварно ненормално и никој не смее тоа да си го дозволи. Најголема грешка негова беше што ми даде еднаш pass да му наместам нешто што он не знаеше и прочитав разговор со негов другар, заборавил да го изгаси прозорчето, помалоумен разговор немам прочитано баш бев изненадена од тоа каков однос има со тој другар ама тоа е што е ми помина за некои 10тина мин
Јас веќе немам лицекнига , и тоа во исто време го деактивиравме профилот со дечко ми. Ние одевме по принципот подобро да се спречи, отколку да се лечи. Значи зборот ми е додека го имавме фејсбукот никогаш немавме караници околу него, но бидејќи имаше потенцијал да дојде до тоа, го деактивиравме. Ма да, не сакав да го деактивирам само за тоа, едноставно ми дојде преку глава..
Не само што не ми ја расипа туку и ми ја зацврсти. Кога виде човекот дека без тој да ми каже самата избришав особи што него го нервираат, машки некои што ми се пуштале пред 3 години на одмор кога сум била, сомнителни фаци, си рече сам а бе чекај значи девојкава и е дојдено до мене што си ги жртвува ’’пријателите’’ на фб. Е сега има некои дегени што ми праќаат пораки у инбокс, ама одма го обавестувам за тоа,а сега на профил си ставив слика со него па никој таков не ми пишува. Слики такви по купачи ги избришав сите, не само заради него туку не сакам класниот од средно, и еден куп роднини мои и негови да ме гледаат мене напучена во купачи. Имав скоро една ситуација со еден бивши што направил лажен профил( пишувавза тоа во друга тема) ама го отерав бившиот таму од кај шо излегол, и цел муабет му го пратив да го прочита. Никогаш ми нема наредено некој да избришам или пак јас да му кажам нешто нему за неговиот профил, е имам другари неколку стално лајкови што ми стегаат на статуси и затоа со сарказам ми ги спомнува, ама кога ке ги запознае ке види каков е мојот однос со нив.
Таман работа за карање, јас сум мирољубива и само дискутирам. Не е така како што си сфатила. Јас и тој можевме буквално што сакаме да правиме, тоа го наброив како пример, инаку не ни имам проверено дали имал полуголи девојчиња, ниту тој ми проверувал кој ме боцкал и дали враќам. Мислата ми беше дека сам ако не си направиш проблем нема никој да ти го направи. Зошто се расправаат паровите за додавање на непознати девојчиња? Затоа што не се сигурни во себе, затоа што знаат дека врската не им е цврста, затоа што знаат дека партнерот подлегнува на искушенија, затоа што се љубоморни до бескрај и им смета дури и партнерот да има виртуелна полугола пријателка и се плашат дека би можел да конткатира со неа и да ја изневери...... Слобода и доверба треба. И не терба замарање. Мое право мој фб, што сакам ќе правам. Ако врската ми значи и сакам да ја сочувам нема да шарам на страна, исто важи и за него, па дали било на фб или у живо не е битно. Пак ќе кажам не е фб крив, криви се луѓето што неможат да се контролираат и се палат на секоја полугола малолетничка или дечко кој си ги покажува стомачните или има бмв у гаража
Мислам дека ако постои стабилна, искрена врска полна со љубов, разбирање и доверба, тогаш ФБ не може сериозно да наштети, се разбира доколку не се злоупотребува од двата партнера...
Извинете ако некого ненамерно навредам во својот пост: Аман, до кога со тој детски „проблем“ фејсбук и врската...?!?!?!?!! Каква врска има фејсбук ако вие се сакате, почитувате и верувате еден во друг? Еднаш пишував во една слична тема, ама ќе пишам пак: фејсбук не е начин на живот, фејсбук е место за забава и тој самиот по себе не создава проблеми. Создавате вие кои морате (знам дека морате) да го научите напамет цел ѕид на партнерот, а ако тоа ви се види малку, тогаш и да го анализирате детално неговиот чет и инбокс!! Зошто, наместо тоа, не излезете некаде на кафе, на прошетка, не се запознаете подобро во живо? Зошто не го проучите лично него, каков е тој, туку се замарате со фејсбук?? Довербата се гради со години и не е вредна да се сруши поради глупиот фејсбук. Добро, да, оние напалени тинејџери/ки мораат да знаат со кој се четува, на кого му лајка, на кого му коментира личноста во која се лудоооооооо вљубени и која е љубовта на нивниот живот и никого веќе нема да сакаат после него/неа. Да, тоа е нормално за нив. Ама девојки/момчиња од по 20 и кусур години, кога се мисли дека се зрели и им поминале бубачките, да немаат доверба еден во друг и врската да си ја расипуваат ради фејсбук ми е несфатливо. Затоа и сметам дека не треба веднаш впуштање во врска, треба запознавање прво, треба да видите кој каков е за после да не е крив фејсбук ако дечкото/девојката усвари не биле какви што сте мислеле.
Во минатото немало ни фб ни мобилни ни компјутери ништо па пак имало неверства. Се е до луѓето самите себеси како го сфаќаат тоа. Јас еве лично сега се најдов во многу непријатна ситуација. Си пишав еден статус и еден ми искоментира и коментарот некако не ме бендиса па го делетирав ми беше од ставот како да сака многу вулгарен да биди не во смисла со мене туку во смисла на статусот бидејќи се однесуваше буквално за сите жени. И му пишав на chat дека секој од свој агол ги гледа работите и дека коментарот негов не ме бендисува. И тогаш почнавме дискусија околу тоа онака се испровоцирав на некој начин и дечкото ми призна дека ме бендисува. Почна да ме прашува како мие во врската, дали сакам да излезиме и јас му објаснив дека немам намера со него да излегувам си имам дечко и не сакам да го лажам и дека си го сакам многу а и така е јас не го излажав овој, но дечково е упорен ми вика излезиме. Како да го откачам едноставно не знам и да го избришам од фб пак ќе најде начин сигурно да ми досадува. Сакав да пишам дека еден од еден обичен статус до каде може да води. Не сакам да си ја растурам врската поради ова како да постапам незнам
фејсбукот ги претера сите граници па дури дојде до таа мера и да расипува и создава врски! Јас имам фб и дечко ми исто.Не ни служи да се шпионираме итн...Гледам многу од младите пишуваат статуси кои треба другата страна да ги чита меѓу редови ,а не да кажат во лице,намерно провоцираат па аднуваат девојки,машки,коментираат ...па потоа се караат -Кој -а по ѓаволите е овој,оваа,што бараш со него итн,,,,,,,Така следуваат и разделбите. Мој совет е да не го сфаќате преозбилно фб.Разделбите и врската почнувајте ги еден со друг лице во лице,на само а не пред компјутер.Во тоа е целата магија.Секој може да напише збор на компјутер,да искуца лесно на тастатурата.Те сакам.Друго е кога од очите ќе му прочиташ некому Те сакам . Мене лично не ми влијае фб а знам луѓе, а и од форумот што гледам дека тематиката фб и врска премногу е навлезена и преозбилно сфатена.Ама баш буквално
Јас мислам дека фб може да ја загрози врската затоа што повекето го користат фб за гледање слики, ставање сопствени слики, и тоа не нормални туку полуголи, цели албуми од сите години на одмор и какви сеуште не др ствари. Во ред е да имаш фб за да воспоставиш контакти со некој од друга земја или да побараш братучед или било кој што ти треба, да си играш игри и пријатели да ти бидат твоите пријатели а не пола град што не ги ни познаваш, тогаш не би било проблем. Ама тие што имаат врски и имаат профил на фб и го користат за глупости нормално дека смета во врската, ке дојде до љубомора и сл. Јас лично никогаш не сум имала провил на фб ни па на нешто друго од причина што не ми се итнересни тие работи, не се замарам со другите и имам поматена работа во животот отколку да дремам цел ден на фб. Имам и дечко ни он нема профил и мило ми е што ги немам тие проблеми за тој фб. Немам ништо против тие што имаат профил тоа си е нивно право и + кажав дека стварно е корисен за некои работи.
Ќе најдел тој начин, пфф Абре мафни го таму, игнорирај го. Не мораш ни да го бришеш од фб, само не му враќај на пораките.
Пишав еднаш, ама еве ќе додадам нешто. Дека се случи вчера. Веќе одамна гледам дека на фб, бившата свиѓачица на дечко ми му пишува коментари на заедничките наши слики. Вчера гледам, лајк на нашите слики од одмор, па дури и таму кај што сум сама. И се смеам....сфатив дека работата е јас да видам дека она има ставено лајк, пошо нели сум тагната. Одам кај него и ми кажува дека му пишала...Као, кај се изгубил...И овој и рекол имам девојка не знам дали знаеш..И оваа аа не знам, бла бла..Не знае а става лајк на слики и ни стои во брак дека сме, плус еден куп слики како се бакнуваме..И овој и рекол ај не се прај дека не знаеш коа ми го манијачиш профилот. И сеа тоа треба да направи некој проблем???? Едноставно таа имала доволно шанси кај него...но, ги зезнала, пропуштила. Сакам да кажам дека ако јас самата дозволам, тоа да ме налути, не е тој крив. Јас можам сега да напраам огромен проблем, ама нема зошто. Едноставно таа не вреди, а тој да ја сака неа ке е со неа..пошто имал шанси отпосле таа го бркаше... Значи ние сами си ги правиме проблемите.