1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Facebook и врска

Дискусија во 'Врски' започната од Tiffanyy, 20 септември 2010.

  1. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно овие две работи не одат во пакет. :talk:
    Но, како што напомена Sunshine88, сепак од мене зависи дали ќе дозволам некој коментар или пост напишан од беда и љубомора да ме изнервира. Ова конкретно за мене, но како што гледам поголем дел од девојчињата се трескаат од земја поради проблемите од типот „јас-му-ставив-срценце-тој-мене-не“ или „си-ставаат-лајкови-со-мојата-душманка“

    ват д фак ис вронг вит ју грлс?! |(
    Гет сам лајф.
     
  2. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.183
    Пол:
    Женски
    Немам ваков проблем, барем не за сега. Јас немам фејсбук, никогаш сум немала, а дечко ми има. Не ми смета тоа воопшто, му верувам. Плус имам слобода да чепкам кај шо сакам (не по мое барање). Не знам, не ми е логично да се плашам од ова. Може само сега ми е така, не знам за во иднина. Дај боже да не го сменам мислењето. :)
     
  3. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    За кого како. Некои врски каде што нема голема доверба пукаат на еден лике, а на други тоа воопшто не им влијае. Се зависи до личностите кои се во врска.
     
  4. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    тука е и прашањето, дали му го знаете на партнерот неговиот пасворд?
    Тој тврди дека нема ништо да ми крие, а сепак не би сакал да ја знам некогвата лозинка, не дека би губела време да му шетам по разговори и пораки... едноставно, тоа е мал знак на доверба за нешто и не толку важно..
     
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Мене ми е смешно како некои другари ке аднат некоја Србинка која е многу згодна а потоа бришат на својот профил да не видат нивните девојки дека аднуваат sexy ladys

    Facebook = пропаст
    ја го користам оти морам за фудбалче да договарам , ама ако имам врска ич нема да ме интересира дали некој ја боцка или и лајкнува статуси или било што

    Facebook пффффффф :fubar:
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фејсбук профил си направив пред отприлика 2 ипол години, а дечко ми нешто подоцна. Не ми влијае на врската, првенствено затоа што за пријатели не ставам луѓе кои не ги познавам лично. Со неколку исклучоци. Имам околу 250 пријатели и сите ги познавам. И дечко ми си има таква практика.
    Освен тоа, му го знам пасвордот, па некогаш си се пуштам од кај него за да си праќам подароци за Симс :lol: И не ми се лути, затоа што нема што да крие.
     
  7. freund

    freund Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    1
    Стабилна врска е ама нервира у секој случај . Имаме и двајцата профили . Се уклучуваме двајцата неколку пати на ден . На фб јас и тој сме исто како да не сме во врска . Значи оставивме се да биде реално не преку интернет и фб посебно , ама се нервирам дека на други коментира, става слика .. и сл. а мене како да ме нема таму . Ако прашам зошто така ќе бодијам одговор зошто се замарам со фб . Не знам што да мислам , што мислите вие ? Инаку врската ни е во ред не сме имале караници освен ситници за фб ..не знам шо да мислам ...:worried: :/
     
  8. magnolia

    magnolia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    7
    Ех,фејсбук, и самата сум свесна дека никаква улога не игра во врската ,а и тој е свесен но ...секогаш постои тоа но :)
    Сум немала проблем,и тој немал од аспект со тие душмани/душманки/фејсбук манијаци,уште да не можеа непожелни личности да праќаат покани за пријателства. Е сега јас тука направив една грешка мислејќи дека ќе се поштедиме од непотребни информации,стегнав ignore или hide и никому ништо,но е*аното да стоело во hidden requests. (секако,Цукенче,те молам направи директно копче делит во иднина) И настанаа гужви :D (навистина се мразам кога имам блонд моменти со тоа фејсбукот) Па зошто стоел,па нели цел живот сме договорени се отворено да си кажуваме,зошто го скри..итн. А нема никаква врска, никаква причина ! Едноставно сакав да се поштедиме од тоа дека некојси таму закопан и заборавен,му текнало да ми прати покана.

    Друго што се изненадив е тоа колку јас сум била параноична,веројатно последица од сево ова.И мене ми се свртеа некои филмови в глава што врска си немаат кога ќе размислам со ладна глава. :^)

    Главната поента ми е- фејсбук може да направи одредени несогласувања во врската,но со разговор веднаш се средува. Секако ако се ненамерни не зборувам за целовечерни ѕверења по жени/мажи и манијачење по профили. Ние одлучивме да ги избришеме профилите,и така планиравме кога ќе започнеме заеднички живот ,едноставно малку побрзавме.
     
  9. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Од една страна ми стана досаден, а од друга сметам дека не одат овие две работи заедно
     
  10. ma4ence-d

    ma4ence-d Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    8
    Јас мислам дека фб многу влијае на врската, плус и љубомора се јавува неверојатнаа :D и кај мене е така.. од ништо ќе направиш нешто и еве со дечко ми сме 6 месеци заедно и тој ми вели време е да си и блокираме фб профилите да си ја зацврстиме убаво врската а не заради тој глупав фб секој ден караници и немање на доверба пред се... па ќе видиме како ќе ни оди без фб ... позз
     
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    И двајцата имаме фб, ама не сме ставени во врска. Што мора да знаат сите, знаат само тие што треба. Он си прифаќа и машки и женски, оние што ги знае и што не ги знае. Мене тоа не ми ни смета. Јас не му одам на профилот да видам на која слика има коментирано, на која е означен. Не сум отишла на неговиот профил од тогаш кога ме додаде за пријател. :lol: Не го ни спомнуваме фб ние, а и тој ретко се вклучува. Едноставно не влијае никако на нашата врска.
     
    На The-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    аххх овој фејсбук ќе ги расипе врските и браковите...нема шанси да се издржи без ни малку љубомора или сомнеж...а и повеќето неверства потекнуваат токму од тука...
     
  13. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Воопшто фб не ми прави проблем со дечко ми. Никаков. Немам причина да бидам љубоморна, знам дека ме сака, дека ми е верен, фб не може да ми ја зезне врската! Пассот ми го знае, му го знам и јас неговиот =) и тоа на сите 3 профили, а никогаш не сум му влегла. Немам потреба! Кокошки што му се пуштаат цело време, има и тоа колку сакаш. Колку пати ќе сме седнеле кај мене или кај него и им ги читаме патетиките како му се пуштаат преку пораки, и нормално паѓаме од смеење :rofl: :rofl: ! А фановите што му пишуваат ми се и мене посебно драги, се случува да ми пишат и на мене во порака да ме поздрават! Срцки ми се :) .
    Со претходниот дечко имав мн проблеми поради фб, не ми даваше да прифаќам било кој, нон стоп мрчеше кој ти е овој, од кај го знаеш, што пишуваш на фб статуси не знам ова она, а он све живо и диво прифаќаше, на све живо и диво ставаше лајк... е тогаш искрено го мразев фб од дното на душата, а и едноставно немав доверба во него, па затоа ми претставуваше проблем
    Сакав да кажам дека ако има доверба и љубов, колку сакаат нека ни се пуштаат џабе им е. Никако фб не треба да влијае на врската иако познавам мн парови кои си ги избришале профилите токму поради недоразбирањата што ги имале ради истиот
     
  14. minimouse

    minimouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    А кој ти е дечко што има фанови?
     
  15. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    зошто секогаш се мисли дека фб ги расипува врските????? :devil:фб не можи сам од себе да става лике на статуси и да пиши пораки и праќа линкови...ние сме тие што управуваме со нашите профили на фб..нашите раце и прсти, ...мислам дека ако врската е добра и јака ништо не можи да ја расипи освен ние самите,кои желни за промена наоѓаме само изговор да избегаме од постоечката врска а обвинуваме фб.... :*
     
  16. TheGirlNextDoor

    TheGirlNextDoor Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    81
    секој со своето мислење оние кои велат дека никогаш нема да го дозволат тоа и се чудат како можи фб-от да предизвикува караници ќе дознаат кога ќе им се случи. врска како врска има периоди кога настапува љубомората и слично (и јас се чудеф така на братучедки и другарки кои се жалеа) ама кога почна малку да влијае се чудеф како претходно сум им се подсмевала а еве ме сега во таа ситуација. како и се друго фејсбукот е мач со две оштрици наменет за комуникација со далечни роднини и/или запознавање пријатели (кое од искуствово досегашно покажува дека е опасно по живот бидејќи педофилите крадците и слични одлично владеат на таа територија) меѓутоа злоупотребуван од луѓето дализа трач далиовој се фатил со онаа овие раскинале и слично. дека ако некој сака да те изневери ќе го стори тоа со или без фб тоа стои и е точно меѓутоа фб-от го олеснува патот до тоа. тоа е моето размислување. имав фб седеф 24/7 после имаше перод кога само ми стоеше укл и комуницирав со некои познаници кои ми требале нешто ама пред еден месец толку ми скурчи и го избришав и рајат од умо :D тешко дека би го отворила пак воопшто не ми фали супер ми е. дечко ми си доби лекција се надевам ја помни сеуште ако се случи нешто не сакано слободно можи да го планира својот живот без мене па кој ќе изгуби повеќе ќе видиме иако мислам дека му е јасно дека тоа би бил тој... некој може ќе рече не го сакам или се преценвам или себична сум али јебига го сакам и сето тоа меѓутоа преку некои работи не се поминува секој си има свои лимити.
     
  17. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    огромно да !
     
  18. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    зависи за кого како.. има некои многу си се опуштаат по фејсбук вртат секакви муабети и си мислат никад нема да се дознае ;) а уствари забораваат толку е мал градов и секој трач искача кад тад :^)
     
  19. BlackSwan1990

    BlackSwan1990 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    2
    А мене ми се случи пред некое време да му фатам порака на децко ми на ФБ и тоа во архивирани, зашто типов најверојатно заборавил дека кога стискаш на иксот се ставаат таму. И јас ја цитам поракава,абе се укопав во место,пола саат уста неможев да отворам. Си се допишувале со типкава,значи незнам ни која е,никогаш не ми ја спомнал.Си разменувале броеви,се договарале да се видат и паметниов и пишал: НЕ МИ ПИШУВАЈ НА ФБ ЗАШТО МИ СЕ ПУШТААТ ДРУГАРИТЕ ДА ИГРААТ ПОКЕР А И ДЕВОЈКА МИ СЕКАКО. Не ми се веруваше дека после 3 ипол години може ова да го направи. И упорно тврди дека му била другарка од дете(за која што никогаш јас немам слушнато),демек не се слушнал со неа,не се видел. Незнам како да дознаам дали има нешто меѓу нив.... ПОМОШ ДЕВОЈКИ !!!
     
  20. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    А од каде е девојката, од вашиот град или од друго место? Затоа што ако се од исто место многу поверојатно е дека се виделе и дека имало нешто. У секој случај никогаш нема да дознаеш што стварно се случило, дечко ти ќе негира во секој случај, можеш или да му раскинеш или да го оставиш на некој период.
    Кога ќе прочитам вакво нешто за дечковците кои се во долга врска ми се гади најозбилно, нема поголемо понижување :puke: