1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Facebook и врска

Дискусија во 'Врски' започната од Tiffanyy, 20 септември 2010.

  1. Mija

    Mija Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    25
    И јас имам сличен проблем....пред некој ден сличајно додека баравме со децкоми еден стар маил видов еден што не треба....си пишувал со една типка за која знам дека си пишуваа порано пред да се фати со мене.Кога го прашав што е работата ми рече дека и пишал нешто во врска со еден негов другар(не му поверував) ама ајде си реков може за џабе да се карам кога тој тоа никогаш нема да ми признае и да е така.И ја проверив девојката на фб немаат разменувано коментари и лијкови на сликите и некако се смирив.Е сега пред некој ден додека дечко ми си го проверуваше фб видов во пораките дека тие си пишувале предходниот ден и ништо не му реков се направив дека не гледам......Дајте ми некој совет девојки што да правам......незнам дали да и пишам на девојката или да го прашам дечко ми што овој пат си пишувале?
     
  2. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Флертувањето на нет со непознати пријателки е одлика на несигурни мажи кои не би се осмелиле во живо да се впуштат во авантура. Многу е веројатно дека тоа што е напишано тој никогаш не би можел да ги изговори тет а тет на некоја жена. Интернетот ни дава некоја привидна моќ, не прави да се чувствуваме попаметни отколку што реално сме, ни дозволува за нас да изградиме пред другите слика за тоа какви сакаме да бидеме а не слика за тоа какви реално сме. Тоа понекогаш може да даде „крила“ но јас искрено не верувам дека некој со такви крила може да полета од таа што ја сака. . НАјдобро е да разговараш со него и да видиш што тој вистински чувствува за таа виртуелна ситуација. Дали ја пренел во реалноста или не. Можно е целата приказна да завршува тука, пред компјутер, каде и ти се наоѓаш во моментот.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Девојки мене ми се превртува стомаков од такви машки!!!! Ми се гадииии :puke: !!!!! Ма неможам да ги смисламмм!!!!!!!!!!!!!!!! :@
    Сум му кажала, пред да почнеш било што се некојааа, расчисти прво СЕ со мене, затоа што мноогуу боли кога ке се дознае на крај, а секогаш се дознава!!!

    Машково мое, на почеток на наша врска, ме вараше со колешка од фах, си немавне разменето пасворди на фб, и овој срцка, криеше ѕид ко змија нозе!!! Па од кај неа зел пасворд и ме блокирал мене!!!! Мамицата!!! Уффф, така си терал 4 месеци, се додека не го открија, и ми кажаа на мене. И јас тогаш бев ко вас, кога прочитав, на тој дијалект "Значи сеа го фанаме ***** на лагата" останав без текст....занемев, незнаев што да кажам, се изгубив, секоја келетка ме здоболе..........неможам да опишам ;( , еве и сега заплакав......
    Кога дозна дека знаеме, пак сакаше да си седи на 2 столчиња, ама повеќе се тегнеше натака.... мене не ми рече ни извини, а неа ја молел чекајјјјјјј ке се вратам во Мк (беше на гости кај сестра му на 10 дена) ке ти објаснам СЕ........
    А мене,,, менеее, ништоооооооооооооооооооо....ахххх, кога ке се сетам ме боли ко вчера да беше ;( ;( ...

    Кога се врати се смиривне, зборевне.. средивне СЕ... Имаме и фб заеднички..
    Му простив, сега сме заедно, ок е. Сменет е, сменет за 360 степени. Ме сака, многууу. Ми го има докажано тоа многу пати, еве сега на 8 ке правиме и година...

    Ама си знае, и најмала грешка нема да простам!!! Никогаш повеќе!!!

    И не се кааам што му простив, НЕ!!! Мислам ја научи грешката и нема повторно да ја повтори никогаш!!!


    И не мислам дека Facebook, ја загрозува врската!!!!!!! СЕ Е ДО МОЗОКОТ!!!!!!!!!!!!!!!!!
     
  4. BlackSwan1990

    BlackSwan1990 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    2
    Jas se "smiriv" malce zasto od togas koga vidov se ponasav ladno nedela dena.Se gledavme,izlagavme so drustvo no nemase baknezi,dopiri ma nisto od moja strana,nemozev da go smislam,odvraten mi bese i pokraj toa sto se obiduvase na sekakov nacin da mi se doblizi. Koga veke nemozese da izdrzi me prasa dali sum sakala da bidam so nego ili ne.Go postaviv uslovot sto go postaviv,mu ja otvoriv detalnata smetka na mobilniot,mi gi dade site pasvordi od mejlovite sto gi ima i zamislete.... GO NEMASE NEJZINIOT BROJ VO SITE SMETKI,NEMASE NEJZINI MAILOVI!!! Abe na masko ne mu se veruva,koga togas ke te bocne tamu kaj sto najveke te boli. Da sum go napravila istoto,nemase da mi bide krivo. Ama zatoa sega ne 2 tuku 4 siroko otvoreni oci.

    MIJA jas mislam deka otvoreno treba da razgovaras so nego,prasaj go dali ima nesto megu niv.Ako i pises na nea,dzabe ti e,nema da.doznaes.Ako treba napni go,barem kaj mene vredese.
    TINKERBELL dali mislis deka toj ne bi go napravil pak toa? Dali mislis deka ne si zasluzula objasnuvanje od negova strana? Ide so tebe,a ja moli drugata ALOOOO KAJ MU E PAMETOT NA DECKOTO??? Izvini ali mislam deka ne si trebala da mu go prostis toa. Bidejki si mu prostila ednas,ke go napravi pak toa znaejki deka pak ke mu prostis. Masko e,ne razmisluva so taa glava sto treba tuku so dolnata. Nemozam da gi sfatam ejjj, kakvi stvorenja se toa. Nemoj da mislis deka i mojov e nesto poaren ali neveruvam deka ke se osmeli pak da napravi nesto takvo zasto znae deka i so najmala greska ke bide kraj.
    [mod-kirilica:1rd4wdds][/mod-kirilica:1rd4wdds]
     
    На t.i.n.k.e.r.b.e.l.l му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Јас не забалежувам многу за фејсбукот,мислам не на глас...ако имам некоја забелешка се додека не е посериозна си ќутам.А он се лути за се што ќе види кај мене на фб.Тоа ужасно ме нервира.
     
  6. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Многу пати се имам карано со него заради facebook-от и јбг тоа е тоа.
     
  7. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Е што да влијае, он ако сака да те извара ќе те вара и без фејсбук. А тоа што гледаме секакви глупости само ни влијае нас на психата и си правиме филмови во главата. На пример, не ми крева, не е уклучен на фб ааааа сигурно е со некоја! А уствари човекот спие! Се е до психа, варањето нема врска со фејсбук, ние сами си комплицираме :)
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Има! Некој нема муда да и пристапи на девојка во живо, ама затоа на фејсбук е најјако швалериште. :D
     
  9. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    ^
    Aбе на тастатура сите се јаки :D какви времиња дојдоа еј со ова фејсбуков...Ама не ми пиша слценце,не ме поукна,не ми пиша кажете ми што да правам.Ама ова не е тема за разговор овде,некој друг пат :D
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Тој фејсбук го мразам за време на врска, посебно ако и тој е заразен како и јас.
    Моментално сум во таква ситуација да му го фрлам компјутерот на миличкиов мој преку прозор, па тогаш нит фејсбук ќе види, нити пак ќе му досаѓаат тие идиоткине по чет, зидови :)
    Тоа што највеќе ми гази на нерви е што му пишуваат, лево десно, а он им враќа онака баш да земеш да му дадеш една и да го свртиш наопачки.
    Ми рече дека ќе го деактивирал, што не го барам воопште тоа, ама негово си е :devil:
     
  11. 1-Lady-in-red

    1-Lady-in-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    44
    Ajjjjjjjj страшна е мојата приказна со фејзбуков. :lol: Дечко ми го запознав на фб, и можеби најмногу поради тоа страв ми беше од неговиот фејзбук, секогаш си мислев со друга се допишува како со мене, еее ајдее да го решиме проблемот како ?Си разменивме пасс и страшна работа е сега :D Контрола на секој час, но искрено и не ми се свиѓа ова :^) Или имај си го само за себе или никаков,мразам кога друг ми копа низ приватноста али ајде де си го барав си го добив |(
     
  12. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Абе јас сум против тоа да се дава пасвордот,тоа е приватна работа.Исто ко да ми бркаат во чанта или плакар и да ми гледаат какви прслуци и гаки носам |( Па и уште да си дозволи да бриша пријатели?
    Јас сум го направила да контактирам со роднините и пријателите кои се надвор од земјава а не некој да ми ги брише од љубомора зошто се плаши дека може ке имам афера со некој пријателче |(
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Кај нас не е проблем фб, никогаш не ни бил и иако му го знам пасвордот,го знам со причина што еднаш требаше да проверам дали му пишал некој во inbox и сам ми го даде,но од тогаш иако го знам не му влегувам,ни тој мене.Сепак имаме доверба еден во друг и нема причина да си чачкаме низ фб едни на други.
     
  14. barbiegirlll

    barbiegirlll Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    19
    Овоа фејсбуков луге поќнува да ме полудува посебно кога ке видам маж ми дека си пишувал со некоја дека додавал пријателки ама ми се иде да го отепам по сто пати ги бришеме профиливе и пак отвараме нови и пак е истата песна незнам веке што да направам зошто тоа да го прави да се допишуе со комшика пријателка било која глупости да пишува .................. да ме понижува
     
  15. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    FB

    Абе он ако сака пак ќе си пишува и мојот си има еден куп пријателки,па и јас си имам еден куп пријатели не може да ми забрани да си пишувам,па и макар комшии или комшивки па заедно сме растеле на тоа ако се љубомори,што знам или јас сум постаната таква што воопшто не се замарам зошто мажот ако примети дека си љубоморна уште повеќе ќе ти ствара љубомора така пушти го малце на слободаа и ќе видеш дека сетоа тоа ќе опадне,а што повеќе се ќараш тој заинат ќе си тера по своето,а така сам ќе се свести,или давај му некој задачи да извршува по домот а нема време за фб
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340
    FB

    Затоа што нема друга работа! Наместо да изведе дете да прошета, помогне нешто по дома или те фати под рака па во парк на прошетка, гледа спорт на Тв или сл. тој утепува време на ФБ.
    Да работи по 10-12 часа и да е мртов уморен, да нема време семејството да си го види е тогаш незнам дали ќе седи на ФБ.
    Сигурно доволно си го познаваш мажот за да знаеш дали треба да има сомнеж или љубомора. Незнам зошто мислиш дека те ,,понижува,, тоа го сваќам како да те навредува на пријателите од ФБ онлајн?!?! Сигурно НЕ, жена си му не личи така да се однесува со тебе, а ако мислиш дека те понижува со тоа што седи на ФБ и ти води инат, е тоа е веќе тврдоглавост.
    Претпоставувам дека повеќе пати си му кажала дека ти смета тоа што седи на ФБ и наједноставно решение да му изнаоѓаш обврски за да го тргнеш од компјутер
     
  17. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    FB

    најголемото гомно на сите времиња е FACEBOOK за мене!!!
    па поготово ако си во брак! за мене на ништо не личи маж или жена да флертува на FB ако флертуваат така значи флертуваат и обично! навистина е големо срање!
     
  18. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    FB

    Седи мадро мирна, да не одиш модра. Така викаат кај нас. Се што е во мера и прикладно поминува. За другари и другарици, и муабети, ако немаш во главата џабе ти е. Ако со секој се поставиш прописно да се знае до каде е границата, нема проблем.Се зависи од индивидуата. Лично мене, многу време ми одземаше ФБ а обврски еден тон во трчање нон стоп па баталив одамна. Кој сака да те најде, да си помуабетиш, а не за сеир, ќе те најде па Јана да аму е мајка. И порадо таа мин ќе ја поминам со мм или со некој пријател во кафе и добар муабет или пршетка, или тука на пр да научам нешто ново и корисно отколку во чашит муабет. На некој им е потребен, мене лично не. Ниту мм го има, ниту има намера, за него е губење време. Наместо да излезеш да се видиш тет а тет ти а ндруженки на фб. До негде е Ок и тој дел ми е сосема оправдан, а останатиот дел ми е без врска.
     
  19. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    FB

    Фејсбук, фб, фб, фб, фб..... :@

    Фејсбукот е крив или мажот што е со таков ум? :?:

    Зошто ако мажот си е таков, не му треба ни фб. :^)

    Ама овој фб, те наведува на нешто на кое не си размислувал.
    Комшивката ти е френд, па гледаш фотосесија од на плажа, мислиш Џена Џ., па потоа кога ја видиш во дворот ја гледаш на поинаков начин. :^) ИТН.

    И мојот бивши ме нервираше, на сите девојки им фрчеше со лајкови и со улижувачки коментари до бесвест, ако излезеше со другари, обавезно ќе иставеа слики со некои си женски, мене ме занемаруваше за да чатова (т.е флертова на фб), и така до бескрај. :devil:

    И на крајот се прашав, дали навистина фб е крив или самиот тој? :!:

    Зошто имам машки другари кои имаат женски, ама не се лепат за туѓи профили и слики, не коментираат.

    Малку ми се смешни овие профили, ама изгледа се најдобри, мажот и жената да имаат ист, заеднички профил. :)
     
  20. barbiegirlll

    barbiegirlll Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    19
    FB

    Нека го избришат веке овој фејсбук и да не се замараме навистина ми смета кога ми додава пријателки коои ни ги знае ни ги познава ај да е комшика блиска разбирам ама зошто други :@:@:@
     
    На rainbow16 му/ѝ се допаѓа ова.