Пудрата е 500/550денари,а не 300 Иначе одлична е покрива многу,ама мене ми е тешка не ми е за преку ден и за секој ден. Има уште една ваква иста,која е намената за нормална кожа и не е мат.
Дали некоја има користено ЦЦ крема од Флормар? Решена бев да ја купам ЦЦ кремата на Биотен, ама го видов постот http://goodmorninggorgeouss.blogspot.rs/2015/11/cc-kreme-drogerijskog-ranga-bioten.html и почнав да се предомислувам. Меѓутоа сега им го отворив официјалнот сајт http://www.flormar.com.tr/control/product/~category_id=1100-h/~product_id=W0111072/и гледам дека имаат всушност 4 вида цц креми , во 4 бои, ама страницата е на турски и ништо не разбирам. Доколку некоја знае како да ја сменам да биде на англиски нема ме просветли.
Провери во темата Пудра за лице, има повеќе мислења за оваа пудра пишувано. Се сеќавам дека @marama има пишувано и на блогот за неа, а и во темата поставуваше слики. Инаку да, не е 300 туку околу 500 денари. Според мене за оваа цена, или +/- 100 денари се наоѓаат предобри пудри, каде каде со подобар квалитет од оваа.
@Spark* еве линк од покривноста на пудрата. http://forum.femina.mk/threads/Пудра-за-лице.88/page-210#post-1374720 Чини 550 денари, не верувам дека е зголемена цената. Јас ја користев пред неколку години и пред некое време посакав пак да ја купам ама ете патот не ме однел накај нивните штандови.
Fala mnogu devojki, vo mojot grad posleden pat koga bev vo edna mala prodavnicka cinese tolku, mozebi e bila na popust ili sto znam, blagodaram vo sekoj slucaj
@sesilija, провери дали ги има кај нас ЦЦ-кремите или? Не дека ми е толку потребна, ама баш се жалев дека одамна не сум си купила ништо ново од Флормар, па...
Не проверив, мислев дека ги има. Следам доста босански и српски блогерки, и тие често објавуваат новитети од козметичките производители, па обично штом стигаат работите таму, по некое време ги има и кај нас, ама во овој пост не претпоставив дека ЦЦ кремата е новитет бидејќи кремите на Боржуа и на Биотен одамна ги има и кај нас, па истото го помислив и за Флормар. Инаку најдов слики од декларациите, прочитав која за што е наменета, и немам коментар, ова ако не е некоја болест не знам што е- како читам така се пронаоѓам во секоја, не за друго бидејќи сите сакам да ги пробам.
Јас не сакам да давам пари за нешто што мислам дека ми треба понекогаш со цел да заштедам, ама кога ќе отидам во ДМ ќе купам 300 чуда што не ми ни требале, ниту сум помислила некогаш да ги ставам на листа TO BUY. Тоа е, женска работа.
Од флормар користам само моливче за уста и сум многу задоволна, не е суво како останатите (јас го користам за цела уста, како кармин)
Од Инстанбул си купив шминки цел пакет , слика имав ставено мал дел во тема за ново купено, камената пудра е многу убава и скроз го измазнува лицето, кармините се предобри за сенките немам збор, моментално се шминкам со нив и руж ставам од Q7 Blusher поради огледалцето одназад за да не носам додатно со мене ,еве дел од сенките што ги користам секојдневно и за дома, кој е во можност да купи нека си земи нема да зажали не се бришат потрајни се, и од Q7 сенките исто така, а би сакала да прашам за пудрата сакам да ја купам но првин сакам да слушнам искуства бидејќи не сакам да ги дадам за џабе парите за непроверена пудра, порано користев импала но многу ми правеше брунки кај слепоочниците, многу тешка пудра. Потоа малина 2+ , и сменав ревлон со него лицето најубаво но јас сакам нешто уште поубаво некако ми оживеаа овие пудри и не ги сакам веќе, ако има искуства некој нека ме контактира или тука нека ми пиши и дали пудрата предизвикува брунки
Јас користам различни- катрис, менхетен, њу вел, естее лаудер, римел, макс фактор итн...Најзадоволна сум од менхетен. Конкретно за оваа од флормар, не можам да кажам дека е тешка туку дека на лице стои како паштета или како боја помешана со брашно ( вака посликовито).
go ima vo vero jumboto sto e .mislam deka cenata bese okolu 390 i epten izmaznuva kako sto probav na raka
Јас го користам скоро секој ден и могу сум задоволна. Пудрата мн полесно се нанесува. Исто ја имам користено велвет-мат. Покривна а лесна и ми трае цел ден. Секако фиксирам со камена или loose powder.