Пробав да најдам дали има ваква тема и баш само ми се оправда поќе да отворам темава пошто премногу мислења ми излегоја каде уствари се спомнува како термин во љубовни проблеми. А мене инспирацијата ми е од твитер тред. Исто ако најдите посоодветно објаснување за насловот плс кажете ми пошто стварно не знам како да го пишам поинаку. Тредот гласеше нешто вака, парафразирам: Гоустинг е модерниот начин целосно да уништиш врска со некој додека не сносиш никаква одговорност и без грижа на совест. Најчесто прај жртвата да се осеќа индиферентно или целосно изневерена. Недостатокот на блискост и разбирање на тоа зошто се случило гоустинг најчесто излудува луѓе, и со добра причина. Луѓето ( кои се гоустнати) мислат дека е нивна вина, се обвинуваат себеси затоа што се напуштени - зошто некој би направил толку екстремен чекор да преќини да зборува некој со мене? Што направив ЈАС? Јас мора да сум НЕПОДНОСЛИВА за тие да ми го прават ова мене. Ама не. Ова се само напаѓачки мисли кои идат од интерперсоналните врски. Не се базирани на факти и вистина, туку се само несигурност. Од тука ме интересира: Дали сте биле гоустнати? - Ако да, како направило да се осеќате, како сте се справиле со ситуацијата? Дали имате гоустнато? - Ако да, што ве натера на тоа, како направило да се чувстувате? Како сте се справиле со тие чувства? Кој е вашиот генерален став за гоустинг? Зошто мислите дека е чест термин кој го користиме и дали е нешто „ново“ и „модерно“ или во одредена форма постоело од секогаш? Пробвам да се сетам и не знам дали би рекла гоустинг дека сум доживеала? Во смисла, ако со некој природно ми преќини комуникацијата ми е о к е ј. Баш и имаше коментар во тредот шо вели: „ако некој те гоустни на почеток, реално не ти должи ништо. Па чак и очекувано е на почеток комуникацијата или набрзина да стартова или да се стиши и преќини, исто, спонтано“. Не сметам дека то шо спонтано сме преќинале да комуницираме дека е гоустинг. А имам гоустнато, не во овој контекст каде природно преќинала комуникација. Не сум горда на то и по една недела сама решив да искомуницирам зошто не е фер на некој да му го напрам ова, особено не некој со кој сум била блиска, чак и ептен краток период. Искрено, осетив вина. Можам да речам дека то ми беше најнемирна и неизвесна недела шо сум ја имала и ме јадеше од внатре. Генерално сметам дека гоустинг не е нај „зрел“ начин да решиме нешто. Некогаш вистина спонтано преќинва комуникација. И тоето. Се случва на секој и во пријателства и во врски. Сметам дека е „проблем“ ако едната страна постојано се труди и комуницира, а другата страна едноставно ја нема, игнорира, пораки не отвора, гла врти итн., а долго до тогаш сте биле сосем океј и често иди од „ведро небо“ или после голема кавга како форма на gaslighting. И баш тука иди она дека удира на самодовербата, шо напрајв јас толку многу за оваа личност која ја сакам и делиме толку многу - сега вака да не ме смета за важен? Исто не добива личноста близина, closure, пошто некогаш ни треба то за кога работиме на себе. Не мислам дека е нешто ново. Сепак позната е фразата дека „татко ми ојде по млеко и не се врати“. Само мислам дека сега поќе бараме термин за ова однесување ради почесто брзо дејтање и најчесто е застапено во дејтинг свет, а помалку во пријателски. Барем то е некое мое набљудување. И за крај, пак се враќам на тредот, остана со мене една реченица: „тажно е дека ние ( како општество) не ставаме тежина и важност на комуникацијата“. тред
Мене ова ми е ептен незрел начин да прекиниш контакт со некој. Не сметам дека е исто со постепено прекинување комуникација бидејќи се оддалечувате со некој поради различни околности. Со многу луѓе со кои порано сме се дружеле бидејќи околностите така се погодиле, сега не комуницираме бидејќи околностите повеќе не ни се исти. Ама кога си близок со некој, години сте заедно без разлика дали врска или пријателство, свашта сте поминале, воопшто не е во ред така наеднаш да пресечиш и да игнорираш сосема како личноста никогаш да не постоела и да не ти значела ништо. И за дејтање некој истото важи, злобно е да го гоустниш. Пошто да, боли, болно е некој кого сакаме така да исчезни, иако не сме направиле ништо погрешно и се е до другиот. И сосема очекувана реакција, луѓе сме, ни требаат квалитетни врски во животот. Дали сте биле гоустнати? - Да, сум била гоустната од луѓе што ми значат. Најново пред пола година бев сосема гоустната од добар другар со кој се дружевме со години. Немаме прозборено, но тој така одлучи. Никогаш ништо не сум му згрешила (барем намерно) така да тоа има многу повеќе со тоа каков е тој отколку каква сум јас. Се осеќав ужасно на почетокот, изиграно, небитно, но веќе одамна прифатив. Дали имате гоустнато? - Близок човек немам гоустнато, ликови на интернет со кои сум комуницирала и ми станало здодевно бидејќи сум сфатила дека тоа не води никаде, да. Гледајќи назад можеби требаше да кажам дека не е тоа тоа, бидејќи тие се надевале на нешто. Не сакам луѓето да се чувствуваат лошо ради мене. Кој е вашиот генерален став за гоустинг? - Не гоустнувајте луѓе, особено такви со кои сте биле блиски (а поради некоја причина веќе тоа не е така), многу незрел и подол потег за прекинување на комуникација е. Бидете возрасни и отворено комуницирајте со луѓето. Подобро шамар в лице отколку нож во грб, ако веќе мора. Зошто мислите дека е чест термин кој го користиме и дали е нешто „ново“ и „модерно“ или во одредена форма постоело од секогаш? - Не е ништо ново, само сега има модерен термин. За крај би рекла, не им го правете она на другите што не сакате да ви го прават вас.
Сум бил гоустнат. Во некои ситуации сум бил ко whatever, he's just not that into me, во други ситуации сум бил скроз ко? Буквално немало логика, ама што е тука е. Веќе сум скроз отрпнат. И јас гоустнувам и тоа многу често, меѓутоа не битни луѓе, туку најчесто некои што сум ги запознал на социјални мрежи кога ќе преминат некоја граница која мислам дека општо познато е дека не треба да ја поминат во фаза на запознавање и мислам дека нема потреба јас да учам возрасни луѓе на општа култура. Заклучокот, ако е блиска личност, скроз незрела постапка, ако не е блиска, можеби е и единствената опција за да откачиш некој.
Неколку пати ми го направиле ова и чувството не е убаво. Со тек на годините развив таква недоверба во луѓето што до ден денес многу тешко дозволувам некој да ми приближи. Не сакам пак да имам ситуации да развијам чувства а некоја пизда да исчезне без да каже 2 збора, па јас будала што ги мислам да не им се случило нешто па упорно ги барам. Ќе помине ден, два три и ќе си ја сфатам пораката. Ваков потег очекувам од недозреани мажи.
Ова ми е: Не сакам повеќе да комуницираме/не сакам дружба ама нема да ти кажам зошто. И интересно ми е што гледам како некои се чудат и се прашуваат Еј зошто го снема, што му значи ова. Значи дека треба да прифатиш дека е толку и да продолжиш понатаму, ете тоа. Ми се случило, кога ќе почнам да комуницирам со некој и испаѓа дека е досада жива, да престанам да комуницирам (ова најчесто било виртуелно). Сум мислела дека ќе сфатат, што знам, незгодно ми било да им плеснам директно и искрено Еј досаден си, не сакам да ми пишуваш. Нешто слично на ова ми се има случено, некако наеднаш да ја снема личноста, знаев дека се налути или разочара, знаев за што ама не разговаравме за тоа туку само се оддалечивме. Всушност, се сетив дека и со најдобрата другарка вака ми се случи, пред години и години, кога бевме средно. Се сеќавам последен пат кога излеговме заедно и од тогаш ниту таа ме побара мене ниту јас неа и станавме странци.
Првиот пат кога ме гоустнаа во животов, дрво и камен превртив да стигнам до особата и да прашам зашто После тоа бев, fuck it, your loss
Се обидувам да најдам соодветен превод на македонски, засега немам кандидати. ** Освен за екстремни случаи и за сосема површна комуникација, каде едниот е ултра досаден и неразбран, и си му објаснил неколку пати дека вашата комуникација не е во ред, поради разни причини, го сметам за незрела постапка на луѓе што немаат емоционални и комуникативни ресурси. Главно, луѓето може да се разберат, и нештата може да се објаснат. Треба зрелост. храброст, вештина и интегритет за да ги објасниш нештата кога не функционираат. Го сметам ова за предизвик, иако често е тешко. Мене ми е потешко со блиски луѓе, лично. ** Инаку, сум бил гостнат од човек со кого сум се дружел 15 години, и кој ми бил близок. Знам што е причината и таа е пресмешна. Јас секако немав вина. Ме натера да размислува за релациите и да ги преосмислам. Заклучокот е дека не сите луѓе можат да се справат со негативни емоции, и со слииката за себеси. Гостнувачите главно имаат проблем со себеси. Не се сеќавам јас да сум гостнал некого.Ми се случило да се оддалечан постепено, со некого веројатно, но било двострано и речиси секогаш вложувам напор тоа да не е така. дури и за минорна комуникација. Не ми е проблем јас да вложам повеќе во релацијата, обично тоа го правам по default. Зошто да „губам“ луѓе кога веќе сме дошле до некакво ниво на близина? Секако дека не мора секогаш сите луѓе да ми се фокус, нивото на комуникација, дружење да е на исто ниво. Луѓе сме, сепак. Има различни релации. Но комплетно и намерно исчезнување кое се случува одеднаш, не, тоа не сум јас.