falaa ti na odgovorot i sakav da prasam dali ima nekoj nacin da se izleci zosto so terapijava nisto ne bidnuva pak se vrakjaa cim ja prekinam
Се испитува во секоја приватна лабараторија пр.син лаб.авицена не мора да значи дека од тројната терапија која е мачна и јака ке се излечи можно е да се повтори. Не сака печурки,благо Најуспешна превентива чај од кантарион
Се согласувам но факт е дека сите што имаат ваков проблем треба да научат што им смета и тоа да не го јадат во периодите кога имаат проблем на пр.домат,луто,млечни производи,газирани сокови итн.
Здраво на сите со оваа мака. 3 години се изнамачив со оваа гадна бактерија. 3 пати терапии од антибиотици, пазење на храна и се останато дадено од препорака на разни доктори... Едното лекување,, лани ноември,, го правев во Германија но и од тоа ништо. Првиот пат најдена во крвна слика направена во авецена, а останатите преку измет. Голема паника сите овие години дека е можно да добијам некаков карцином... Но за среќа неам. Од мај месец па до пред неколку дена, секојдневно конзумирав по 5ml,, gastro complex,, во кое има и прополис, а некоја феминка го пиша погоре дека прополисот е успешен. Да се согласувам! Уште 2 ден осетив дека реагира и помага! За во иднина дали ке се поврати треба да почекам, но тврдам дека е многу ефикасен-во спротивно од 1кг апчиња испиени. Не сум рекламатор на тој производ! Пробајте и споделете. Моите симптоми кои траеа 3 години беа: Надуеност, гасови, болки во стомакот, неконтролирано исфрлање измет, не сварен измет, малаксаност, зголемена масна тежина,, сало,, појавување на бројни бубулици на грбот.... Се тоа стана минато и посакувам никогаш повеќе да ми се поврати. Ве поздравувам.
Оти би се проверила заутре дали имам хеликобактер...дали е поубаво да се проверам преку крв или преку измет?Пошто пред 1 год се проверив преку крв и ми покажа дека ја неам бактеријава...и после 1 год сега пак ми се појавија симптомите немање апетит,пождригнување и нагони за повраќање...pozz...
Не најдов поконкретна тема каде би го напишала мислењево па доколку не припаѓа овде слободно избришете го. Мајка ми нагло покачи телесна тежина а малку јаде. Еднаш, два пати во мали количини. Стомакот и е надуен буквално како на трудница во 8ми месец. Често има гасови. Вчера испита Хеликобактер преку крв и резултатот излезе нереактивен 0.80 S/CAL. Дали некој ги имал истиве симптоми а резултатот им бил негативен и како се справил со истите? Можете да препорачате и некој природен лек кој би можела да го пие во меѓувреме.
Ова повеќе ми личи на проблем со Тироидна жлезда, со накачување на килажа, подуеност, додека внесот на храна е минимален. Нека испита Тироидна.
Испитувањето преку измет укажува на дирекно присуство на бактеријата детекција на антигени и е поспецифично во однос на испитувањето преку крв, детекција на антитела, можеби би требало да направи испитување преку измет за да се осигура дали има присуство на бактерија. Симптомите што ги има не значи дека се предизвикани од присуство на хеликобактер, овие симптоми може да ги дадат и други состојби присуство на други бактерии, вируси, паразити, особено овој период е период на стомачни вируси, доколку состојбата трае подолг период нека се обрати до матичниот доктор да и направат дополнителни испитувања и во меѓувреме нека внимава на исхраната.
Прво треба да видиш која храна ти смета и ти прави проблеми таа ќе ја отстраниш. Треба да ги елиминираш слатките, бидејќи секоја бактерија сака слатко и тоа и е нејзин извор на храна. Диетата се состои во елиминација на храна која содржи токсини, а тоа е пржената храна, конзервираната и брзата храна, преку токсините што се ослободуваат од храната бактеријата се храни и се создаваат услови да си опстои во организмот. Диетата се состои од внесување на чиста храна. Тоа значи свежа храна, поголем внес на зеленчук и овошје, храната да е обарена или печена никако пржена. Салатите прави ги со маслиново масло (маслиновото масло има силно антиинфламаторно дејство). Во скојдневната исхрана вклучи јогурт со пробиотици или кефир (ќефирот е многу добар за цревната флора), од зеленчук брокула, карфиол, зелка тие ја спречуваат колонизацијата на хеликобактер, од месо риба и бело месо. Се препорачува зелен чај, исто спречува ширење на бактеријата. Од исхраната и пијалоците треба да исклучиш кафе, газирани пијалоци, алкохол, цитрусно овожје (лимон, портокал), лута храна, зачинета храна, конзерирана храна и домати. Клучот е во здравата исхрана. Јас почнав со тројната терапија но не можев да ја поднесам, затоа барав природни начини и успеав, но треба голема упорност за да ја отрнаниш на природен начин. Јас што употребував е следното: Во тегла ставав смокви расечени на четири дела во маслиново масло, така да стојат некое време во теглата, потоа земав по една смоква на сабајле на гладно. Прополис земав по три пати во денот и тоа два месеци го користев Сок од зелка. Не знам што од ова ми помогна ама со сите можни начини ја нападнав бактеријата и секако внимавав на исхраната. Доколку е стрес идуцирана треба да работиш и на намалување на стресот. Посебни рецепти не постојат затоа што никој не може да знае која храна тебе нема да ти прави проблем тоа е индивидуално.
Минатата недела, после гастроскопијата дознав дека повторно ја имам бактеријава. Прв пат беше дијагностицирана пред 3-4 години, ја пиев тројната терапија тогаш. Кога првата ерадикација е неуспешна, тогаш се дава 4јна комбинација т.е. бизмут, тетрациклин, и метронидазол + Омепразол 20мг сабајле и вечер. Инаку, на ден од оваа комбинација се пие по 3 апчиња 4 пати. За 10 дена= 120 апчиња. Според моето искуство од 3 дена земање, it's the worst medicine I've ever taken. Сите можни несакани ефекти ги имав. Гадење, болки во целиот стомак, подуеност, силна главоболка, притисок во главата со тинитус поради Тетрациклинот, опстипација, измореност, темна урина и столица, почна да ми се врти од вчера. Ја прекинав употребата на сопствена одговорност, бидејќи не можев да издржам. Плус, 0 спиење на секои 6ч, станување. Се решив денес да се расчитам низ книги за алтернативна медицина за терапија на оваа бактерија. Не можам да прифатам дека единствениот начин за терапија е само антибиотик, кој очигледно може да само функционира на одредено време. Ќе пробам прво со промена на исхрана и интензивна употреба на одредени зеленчуци што имаат природен антибиотик. Прво, мора да се отстрани секоја храна што ја зголемува продукцијата на киселина, како замена на омепразол, никаква пржена или брза храна, месо исто не, бидејќи му треба едно 6ч. Да се елиминира од телото. Растителни влакна од овошја што не ја зголемуваат киселоста: јаболко, банана, лимон. Имав одамна читано и искуства слушано, за сок од зелка. Покрај зелка може да се комбинира: сок од зелка+ брокула+ морков. Прополис, зелен чај, и пробиотик од јогуртот: Лактобацилус. Сметам дека истите ќе помогнат и за подобар имунитет. Искрено, донекаде, не ми се верува дека се решавам за овој начин на алтернативно третирање, ама после испиено кило апчиња од предходните години, плус искуството од последните 3 дена, верувам дека може да има природен начин за борба против оваа бактерија. П.С. штом имам резултати, ќе ве известам.
Helicobacter се намалува ао тројната терапија, потоа се покачува со конзумирање на многу зачинета храна, лута, кисела Конзумирање кафе, алкохол и цигари Бактеријата се зголемува и при стрес, затоа што сите ја имаме во желудникот само со покачува со факторите што ги наведов. Внимај на исхраната и така никогаш нема да ти се покачи. Направи лек од ѓумбир и мед. И на гладно секое наутро по една лажичка. И наутро мастика по едно капаче и така ќе ја регулираш.
Lek za helibakter i cir na zeludnik i creva. 1 litro domasna rakija moze i pojaka 2oo gr. Listovi od cveke vampirce ili ranjenik isto e ako nema dovolno moze i stebloto. Listovite se krsat na pola se stavat vo rakijata se zavitkuva siseto i se cuva na temno 21 den.potoa se proceduva i se pie 0,5o ml na gladen zeludnik posle 1 cas se jade.Se stava vo 1.5 sise Probajte ama rastenieto sega go nema ama na prilet ke go najdete vo bavcite niz naselbite
Zdravo zenski imam helikobakter vcera go dobiv rezultatot 1,9. Dr vednas sakase da mi prepise terapija ama jas dojam i nemoze da pocnam so terapija. Dosta citav i mnogumina se zalat od terapijata deka e teshka deka mn loso ja podnesuvaat i reshiv da probam na prirodna baza no prashanjeto mi e dali moze da se izleci taka ili mora antibiotska terapija? I drugo mnogu me zaplashi faktot kako se prenesuva bidejki prv pat se soocuvam so bakterijava dali nedajboze sum ja prenela na bebeto nekoj dali se nashol vo takva situacija? Dali e mozno da fati taka lesno epten sum vo prashalnici i mn sum zagrizena
Dali ti se manifestira ? Imas li simptomi? Gledam si napisala vrednost, no najdobro se utvrduva helico.b. preku izmet . Znaci ako e poztiven togas ja imas. Preku krv ne se mnogu verodostojni rezultatite bideki mozat da pokazat samo antitela no ne i prisustvo na bakterijata. Jas doev do pred 3 meseci a i momentalno sum bremena. I imam helico.b. Za bebceto ne se plasi dokolku ja imas bakterijata a i go dois znaci primilo antitela preku mlekoto,nema gajle. znam deka ima caevi a isto taka moze da se leci i so maslo od divo origano no sepak mora da se posovetuvas so lekar ne zemaj ni caj na svoja raka dokolku seushte dois. Moj sovet e ako nemas macnini ili simptomi da si napravis i test preku izmet vo mikrobiologija ,ke si pobaras uput.
Dobiv strashni bolki vo zeludnikot i ne mi pomina so famosan i preku krv doznav deka imam helico. Se konsultirav so pedijatarot nas i mi rece da ne se sekiram za bebevo deka ne se prenesuva bas taka lesno. Se iznacitav dosta za helico i pocnav na prirodna baza. Prvo iskluciv vareno jajce zatoa sto na toa najmn mi reagirashe. Kupiv prespanska gorcica i se javiv kaj proizvoditelot dali smeam da ja pijam deka dojam mi rece mozam po edna mala kafena lazicka 10 dena i navistina stom ke se napiev vednas me smiruvase, isfrliv mlecni proizvodi blago luto zacineto przeno se sto ne treba da se jade. Kupiv probiotik helico balans i toj go piev i b6. Jadev se so maslinovo ladno cedeno mn vnimavav na ishranata leneno seme i mene poveke ne me boli nit osekam poduenost ili drugi propratni maki od helico nisto ne mi e. Napraviv i smokvi vo maslinovo i toa pocnav da jadam od pred nekoj den i pijam aloe vera gel.
Истата приказна. Денес дознав дека имам хеликобактер во изметот. Имам бебе од 4 месеци и го дојам така да морам и јас да пробам да ја смирам со здрава исхрана. Бактеријата ја имав пред 5 години и тогаш ја излечив со тројната терапија. Се согласувам дека многу е тешка на моменти ми се вртеше свест. Планирам сега да го направам лекот со суви смокви и маслинов зејтин. Читав и лек од брокула и морска сол дека помагал. А за чувар куќа и мед незнам дали може бидејќи дојам? Поздрав и секое добро
Здраво Смоквите во маслиново масло ги имам направено и некаде околу 5 декември требаше да почнам да ги конзумирам. Ги конзумирав неколку дена и ги оставив бидејќи се чуствував добро ( глупава сум). Сега пак имам болки во желудников чекам за да испитам преку измет дали ми се повтори бактеријата. Прашањето ми е дали можам да конзумирам од истите смокви што ги оставив? Дали е можно да се расипат? Не знам да не имаат некој негативен ефект врз и така болниот желудник. Или да ги фрлам па да правам повторно нови и да чекам уште 40 денови.
Pa mislam deka ne im e nisto deka mozes da gi koristis, sepak ne sum najsigurna. Jas ja cuvam teglata vo frizider neznam ni toa dali e pravilno ama vaka ok se. mislam deka gi napraviv vo noemvri/dekemvri koga doznav deka imam helico i uste ne sum ja izela cela tegla jadam od taa