1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Helicobacter Pylori

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од TinaM25, 19 август 2010.

  1. MMayers

    MMayers Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Машки
    Ви благодарам многу на одговорите @LukrecijaBorgija и @Erika.greeneyes. Утре ставам смокви и јас (маслото extra virgin треба да е така). А исто ќе го направам и тој со брусница ко ќе го споделиш со нас :). Фала уште еднаш
     
    На LukrecijaBorgija и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  2. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.187
    Допаѓања:
    7.744
    Пол:
    Женски
    Јас ова го ставив, нема мирис.
    А тие маслинови масла што се екстра вирџин обично имаат јак мирис. Земи го ова, ако не можеш ова да го најдеш земи маслиново масло на кое пишува pomace а не extra virgin.
     

    Прикачени фајлови:

  3. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Препорачливо е маслото да е extra virgin кое е ладно цедено масло за разлика од pomace кое е рафинирано масло. Extra virgin маслиновото масло е поздраво за консумирање а бидејќи е ладно цедено има поспецифичен мирис.
     
    На MMayers му/ѝ се допаѓа ова.
  4. resenska

    resenska Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    14.241
    Пол:
    Женски
    Zemi propolis kapki od 25% od zegin maksimalna doza e 30 kapki na den, stavaj po 15 kapki dva pati na den vo toplo mleko(mleko kolku tri goltki da ispies) i piij pola saat pred jadenje, toa e lek za celosno resavanje na problem so hekikobakterija od licno iskustvo kazuvam. Inace tri meseci treba da se koristi pozz
     
    На bliznak rock и Bezobrazna01 им се допаѓа ова.
  5. Lanic

    Lanic Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2016
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Здраво!Би сакала да ве прашат тие што сте поминале со бактеријава,пред една недела правев тест преку крв и ми испадна дека е присутна балтеријава.До вчера пиев два антибиотика и еве продолжува со едно на санајле апче лазул и хелио баланс дир не ги потрошам.Денес сум малку по напната треба да добијам и пдма ме фати желудникот.Секое сабајле на гладно земам една лажичка кантарион масло но приметив дека имам диареа,дали е можно да е од тоа и изметот ми беше многу светла жолта боја како со кончиња црни...се извадив од памет :(
     
  6. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Анализа преку крв за хеликобактер се прави само првиот пат за да се докаже пристуство на бактеријата бидејќи зголемен број на антитела не укажува на дирекно присуство на бактеријата, а антителата може да бидат покачени и подолг временски период иако бактеријата не е присутна, испитувањето преку измет е поверодостојно бидејќи укажува на дирекно прусутво на бактеријата односно присуство на антиген на бактеријата. Дијареата може да е од кантарјонот, а може и не, за бојата на столицата не се плаши кога имаш дијареа често се случува после тоа столицата да е светла, зависи од храната што се консумира, a тоа што се како црни кончиња е поради недобра дигестија на храната.
     
    На Lanic му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LukrecijaBorgija

    LukrecijaBorgija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Ako pies lanzul nemoj da pies kantarion, samo apceto na gladno, od kantarionot ti e dijareata, a pri prisustvo na heliko bakteri imam citano deka izmetot ke ti bide crn, i ne ispituvaj preku krv, samo preku izmet.
     
    На Lanic му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lanic

    Lanic Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2016
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Фала ви на одговор!Сакам да почнам да го пијам ова ,само мислам да завршам со терапија па после,го фалат викаат дека многу помага за ваква бактерија
     

    Прикачени фајлови:

    На LukrecijaBorgija и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  9. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.187
    Допаѓања:
    7.744
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Ми открија хеликобактер преку крв во август, пиев тројна терапија и одреден период ми беше ок. Тогаш симптоми имав болки во желудник,гадење, некогаш повраќање, јаки киселини , често подригнување, нешто како да имам заглавено некој воздух. И сега имав исти симптоми направив тест преку измет и тестот е негативен. Како може а јас сепак имам болки после јадење, не секогаш но најчесто да.
     
  10. LukrecijaBorgija

    LukrecijaBorgija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Snimi se so crevo moze da e i cir
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.592
    Пол:
    Женски
    Направи си гастроскопија, да не имаш улкус
     
  12. Attomic15

    Attomic15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Женски
    Понекогаш имам болка од десната страна која се шири накај грбот. Не е јака ама ја имам. Дали е можно од желудникот да е? Крвна слика ми е во ред Аст, Асл и други параметри ми се во ред. Само оваа додадна бактерија..... Поздрав
     
  13. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Луѓе, не земајте терапии ако сте ја откриле бактеријата преку крв. Значи којзнае колку пати во темава е кажано. Преку крв се докажуваат антителата на бактеријата но не и тоа дека е активна. Значи ако имате позитивен наод на хелико од крв, треба да си направите брис од измет во микробиологија . Ако се докаже присуство и во изметот значи ја имате моментално . И тогаш треба да се земаат лекарства . Јас незнам како тоа матичните не го знаат и ви препишуваат терапии.
     
    На Feminka22 и MMayers им се допаѓа ова.
  14. Darkside

    Darkside Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2019
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    233
    Здраво, дали антибиотиците во тројната терапија треба да се пијат точно на 12 часа или може 2 пати дневно после јадење сабајле и вечер?
     
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Точно на 12 часа како што е препишано од лекар, тоа не е случајно така.
     
    На Darkside му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Darkside

    Darkside Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2019
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    233
    Фала ти. Прашувам затоа што докторката не ми спомна на 12 часа, ми рече 2 пати дневно после јадење, а во аптека ми кажаа на 12 часа.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Katanaaaa

    Katanaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2021
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво Феминки ми открија хеликобактери преку фецес денеска бев кај матичниот лекар меѓутоа не ми препиша тројна терапија ,туку ми препиша амоксицилин капсули кои што треба да ги пијам 14 дена и кларитромицин и тие треба да ги пијам 14 дена.
    Дали некој ја пиел оваа терапија и ја излечил бактеријата?
    Фала
     
  18. MMayers

    MMayers Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Машки
    Тоа и е терапијата. Тројна терапија ја викаат затоа што се даваат 2 антибиотици и апчиња за заштита на желудникот (нолпаза или нешто слично) и еден пробиотик, а матичната сигурно ти има кажано дека треба и пробиотик да пиеш. Само треба многу да внимаваш на исхраната. И ако можеш да ги поднесиш смоквите со маслиново масло и тие помагаат и тоа многу.
     
    На Katanaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Attomic15

    Attomic15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Женски
    Дали од бактеријата имате зголемено надуеност во цревата кркорење, подригнување и болка во цел стомак? Гасовите и изметот нешто го променија мирисот изметот ми мириса на карфиол, брокула такво нешто, а го немам јадено тоа. Незнам се извадив од памет зошто така ми мириса.
     
  20. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.187
    Допаѓања:
    7.744
    Пол:
    Женски
    Пиеш тројна терапија? Ако да. Од тоа ти е. Не знам кое апче точно го предизвикуваше тој мирис, барем кај мене беше така.