^Точно е дека тројната терапија е тешка за пиење.Јас ја пиев во декември.Не беа мислам истите имиња на апчињата.Ептен ми беше тешка,треба ептееен многу течности-нон стоп,бидејќи антибиотиците горчат премногу...не можев ни да спијам,бидејќи устата ми беше постојано сува-што мораше да пијам течности постојано.Многупати помислував да прекинам да не ја пијам,но ја завршив(за првата недела кога сe пијат антибиотиците),после си продолжив цел месец само со Есомепразол.Сега баш овие денови пак ме болеше желудникот,ама сега пијам ланзул-по потреба.Сепак за горчењето на апчињата зависи и од нивниот производител-велат дека оние што повеќе горчат повеќе биле ефикасни.За бактеријата рано е уште да се испита дали ја има,на контрола сум после неколку месеци.Се надевам дека нема да е џабе целата мака.
Совет од билкар добив дека за оваа бактерија помагал чајот од Цикорија(Дрвеника) и Пелин, и се разбира да се води сметка за исхраната. Пробајте и јас ќе проба, но ке си гу купам и лекарствата.
Да и јас се консултирав со билкарот Драган што беше кај баба Рада и он ми препорача чај од цикорија и чај од пелин и се разбира тој период да се води ред на исхраната
Обично докторите кога препишуваат антибиотиска терапија препишуваат и и б-комплекс за колку толку да се заштити (обложи) слузокожата на желудникот и да нема гадење, чувство на мачнини, ама не знам дали има смисла кога се работи за Хеликобактер, затоа што баш до таму треба да стигнат антибиотиците и да ја уништат...
Дали е можно да е ова од бактеријава: сабајле неможев да јадам ми се гадеше и вртоглавици имав а покрај ова и страв понекое време осетив чуден вкус во устата ама малку осетив како од забите да ми дојде вкус на метал на железо и многу ужасно се осекав си мислев готово умрев скраја да е
Ти ја имаше оваа бактерија? Што осекаше? Незз веќе што да мислам цел месец сум супер ништо не осекам па кога ке ме слупа неможам глава да кренам
Јас ја имав бактеријава пред две години и ја излечив за 3 месеца. Пиев амоксицилин (3 х на ден), ланзопразол(2х на ден) и флажил (метронидазол - 2х на ден ), ги пиев 3-4 недели па пауза па тест па после пак терапија пак пауза и потоа тест кој бесе негативен За болови во почетокот додека да почне да делува терапијата пиев спазмекс (ама многу малку дали 4-5 пати се напив). Ланзулот го пиев пред јадење а овие другиве два после јадење и точно на време ко швајцарски сат. Првите два пати преку крв ми ја испитуваа а последниот пат преку фецес. И од тогаш не сум имала проблеми со желудникот ( а не ја менував исхраната ни пред терапија ни после терапија). Е пиев и чај од кантарион па можеби и тоа помогнало.
Ми се гадеше,постојано поврајќав,подуеност на желудникот,при секој стрес таа се активира,еве пред некој период доживеав стрес и сега пак имам проблеми со желудникот,чај од кантарион доста помага,пробај да пиеш свежо подготвен по 1 до 2 пати во ден.И земиси капки про хербис на природна база се.Од нив се обновува слузокожата и го смирува желудникот.
Да ве праша ви се спие вас од терапијава ?? Јас се чуствувавм , поспана , омалаксана, а не дека не сум наспана, некогаш не ме фаќале дрмки на пладне. И ако малце загладна, ми е чудно во желудников , ко да морат да касна нешто што било. Три дена ја пијам терапијата, првиот ден бев уплашена, дека сите викаа , тешка била терапијата, незнам , ова она, ама јас добро ја примам сега за сега,фала богу.
Ако пиеш Флажил(Метронидазол) ќе ти спие. Бидејки ова е многу јак антибиотик и може да ти се спие, да се чувствуваш омалаксано, понекогаш можеби ќе имаш проблем со координацијата на движењата, гушење и т.н. Исто така флажилот е НСАИЛ(не стероиден анти инфламаторен лек) што значи дека го иритира желудникот и тоа многу, затоа флажилот ќе го земаш секогаш со јадење. Значи не после јадење ,а никако пак пред јадење, секогаш за време на јадењето, затоа ти е веројатно и чувството во желудникот. И јади почесто додека ја примаш терапијата за киселината да не ја оштетува премногу слузокожата на желудникот што е ослабната од флажилот.
Јас ја имав ( или уште ја имам) и пиев три врсти апчиња ама не ми помогнаа многу, па дедо ми ми кажа со резултатот отидов во билна аптека и ми дадоа 13 врсти на чаеви.Ги измешав во еден подлабог сад,го ставив во кесички од тие хартиените од леб, и го пиев секој ден по едно литро.Многу ми е подобро откако ги пиев чаевите,сеа треба да одам на контрола и да видиме,се надевам се исплатеше трудот
Сепак пиеш два антибиотика од еднаш, како што ти реков пиј ги за време на јадењето или пак со млеко и купи си пробиотици(Линекс, пролајф, дуобиотик и т.н.)
Ке ве молам ако може некој да ми објасни како е шемата на пиење на Аугментин и Лекоклар,се пијат истовремено или откако ке се намали Аугментинот на 1г се уфрла Лекокларот,или 2г Аугментин и 1г Лекоклар заедно се земаат(некако 3г наеднаш многу антибиотици ми се)??
Феминки и јас го имам истит проблем како вас. Значи имам, НЕКОГАШ, болки но неможам да одредам од која храна. Имам во должина на цела лева страна, тапи болки во вид на спазми. Но толку тешки и неиздржливи, што неможам да се движам. И, ми поминуваа сами со долго лежење на кревет и одмарање. Поселе долго трчкарање пооделенија, ми открија дека ја имам бактеријата, доста проширена. Ми рекоа месо, и благо да избегнувам, друго ништо. Затоа сум збунета, што читам милион различни режими. Пиев лекоклар, аугментин и ланзул. Амааа, од лекокларот ми се појавија контраиндикации, тоа беше страшно. Сега, пијам ланзул, флажил и еден сируп. Па, нз што ќе биде.. Ќе треба и колоноскопија да правам. Дајте помогнете, Ве молааам. И нз дали воопшто да ја правам таа колоноскопија. Кажете, ако некоја има такво искуство. И Ве молам кажете, тоа со исхраната. Цело време, различни муабети слушам На крај ќе излезе ништо да не се јаде. А, алкохол немам капка пивнато ооо. Не ми се ни излегува, сите си пијат пијачка. Јас сокче, па слушам и газирано не смеело. Помош, Ве молам
Не смее да се јаде зелка, грав, лимони, тоа е најважно. Е сега зошто колоноскопија? Со неа се визуелизира дебелото и дел од тенкото црево и најчесто се препорачува кај лица кои долго време имаат хемороиди или при сомнежи на промени кај дебелото црево. Хеликобактерот се наоѓа во желудникот и предизвикува промени на слузокожата на желудникот или на дуоденумот (почетокот на тенкото црево), а тие се визуелизираат со гастроскопија. Ако долго време ја имаш бактеријата или ако симптомите се многу силни треба да се направи гастроскопија, за да се увиде дали е развиен улкус (чир), кој е компликација на оваа бактерија.
Покрај терапијата, најважна е и исхраната. Јас јадев варен ориз, компир, малку пилешко без кожа, меко варено јајце, тиквица, морков, ситно рендано цвекло и многу вода, обична, голтка по голтка. Тешко е ама мора да се издржи
Zdravo... Osekam kako tapa bolka vo zeludnikot i mi se gadi kako kiselinata da mi e zarobena vo zeludnikot i kako da sakam da zdrignam ama nemozam osekam kako mi odi nagore no pak se vraka nadole ke se napijam pola lazicka soda bikarbona i odma podriguvam i mi olesnuva mozno li e da e od bakterijata