Znaci pred tri dena izedov pola limon so se kora i eve ovie denovi osekam mala bolka vo zeludnikot i sabajle celo vreme mi se gadese i morav da piknam prsti i da povratam i isto kako da povrativ casa ceden limon kiselo dali e mozno kiselinata da me maci? Blagodaram odnapred
Сакам да се надоврзам за муабетот за бактеријата.Сите ама баш сите во себе ја имаме таа бактерија,но со паѓање на имунитетот таа излегува на површината на слузокожата на желудникот и започнува со тоа да се храни,притоа ја кине слузокожата и се отвара рана која ние ја викаме чир на желудникот.Бактеријата мора да се третира со тројната терапија за која зборувате.Тука чаевите помагаат, да, но без терапијата само со чај до сега не сум слушнала.Дали сеуште ја имате или не може да се види после шест месеци,така да ако направите проверка за два,три месеца резултатот ке ви покаже дека таа е сеуште присутна.Сите специјалисти се со едно мислење дека штом еднаш е третирана со тројната терапија веројатноста да се повтори е 95%. Јас сакајки да не го трујам организмот со лекови пиев некој чаеви од кантарион линцура итн и резултатот ми беше три чира на желудникот.Бев во болница,излегов ми дадоа омепразол и нолпаза и ми рекоа да внимавам на исхрана луто не,кисело не,благо не итн.Ми закажаа за месец дена контрола.И да не должам лекот за чир на желудник е сок од свежа зелка на гладно 2-3 пати во текот на денот по една чаша 200-250 мл.Се прави во најобичен соковник и да знаете бев упорна и до контролата трите рани односно чиреви беа затворени.Симптоми за бактријата се болка во горниот дел на желудникот ,а симптоми за чир се болка во грбот Јас не се вклучувам многу на форумиве немам време но понекој пат вака како сега сакам да кажам што знам ,Ве поздравувам и Ви посакувам добро здравје
ај ве молам кажете ми бев на лекар ми зедоа крв и на резултатот ми пишува дека е позитивен ++ што треба да значи многу ми е страв да не е нешто лошо
Пред неколку месеци испитав крв под сомнение дека ја имам бактеријава бидејќи ми се дуеше стомакот и имав киселини во грлото и желудникот, се беше во ред помина се , немав ништо преку крвта, е сега сиптомиве ми се вратија... што мислите можно е да имам активна бактерија а да не покаже преку крвта? некои викаат поточно било преку измет да се провери или мокрача
Јас вчера бев ми зедоа крв и ми откриа хеликобактер ме пратиа кај мАтичната и она ме прака на интернист е сега ме интересира што ке ми испитува интернистот или он само препишува соодветна терапија пишете оти многу ми е страв
Еве вака, после некој период на гадење и подуеност во стомакот решив самоиницијативно да побарам да направам тест за хелиобактер. И беше позитивен не многу над нормално но сепак за третирање....и најпрво матичната ми даде да пробам да пијам капки пропагал 3 пати на ден по 20 капки пред јадење 1 месец и да пијам чај од жалфија 2-3 пати во денот.Ми рече после еден месец на контрола да одам и ако не е намалена вредноста тогаш да почнеме терапија со антибиотици.Иначе една феминка се имаше малку уплашено дека ја пратиле на интернист.Интернистот само ја одредува терапијата без паника Ќе ви пишам резултати ...Инаку рече дека оваа бактерија е неопходна за работа на желудникот и не е ништо страшно и дека се размножува и предизвикува негативни последици како последица на стрес..нередовно јадење итн...
Здраво ај некој нека ми каже што јадевте и пиевте додека ја имавте оваа бактерија знам само дека несмеам печено пржено... Дали смеам благо дда јадам?
Првпат слушам дека не треба да се јаде печено и пржено. Се се јаде, освен кисело, како на пример лимон, зелка,истотака грав и најважно е терапијата да си ја пиеш редовно и секогаш во точно време.
Никола и Вики, како поинформирани, дали знаете колку е точен тестот за Хеликобактер што го има по аптекиве? Еднаш го видов дур чекав ред, ако добро памтам се испитува преку плунката... Е сега беше околу 400 и нешто денари, што за мене не е баш малце па сакам да сум посигурна дека е сигурен. Некои симптоми кои ги имав кога ме пратија да испитам Хелико ми се вратија... Киселини и подригнување во главно. Пред околу 5 месеци тестот преку крв ми беше негативен. Симптомите главно ги имав во стресни ситуации, сега ми се чини дека се постојано, можеби сум и повеќе под стрес... Исто така често ми се јавува и надуеност, а во последно време и осеќам како да не ми се празнат убаво цревата, значи може е и до исхраната... Ве молам за совет, фала!
Според мене не е веродостоен иако не сум многу запознаена со неговата примена. Најдобро испитување е преку крв и измет истовремено. Кај луѓето кои веќе ја имале оваа бактерија поголеми се шансите пак да се врати, така да ако пак имаш симптоми кои алудираат на оваа бактерија провери се, ништо не губеш освен касни компликации доколку е присутна.
Здраво пак јас утре треба да одам на интернист и многу сум исплашена незз дали и тој ке ме прегледува нешто а матичната кога ми закажа кај него ми спомна само ке одиш на интернист да ти препише терапија
Zdravo bev na internist mi go vide rezultatot i neznaeshe shto da mi prepishe jas nezz shto treba da pishuva za da mi odredi terapija i sega me prakja pak krv da mi zemaat nalet koj se razbira neka mi pishe a na rezultatot mi pishuva helikobakter pozitiv ++ samo mi rece da zemam nolpaza ili lanzul
Здраво девојки, Имам прашање, бев да испитам крв и резултатот беше Anti-H.pylori IgG 34 (reaktiven) а вредностите се <15 negativen / 15-20 granicen / >20 pozitiven Глупаво е прашањето меѓутоа јас не знам дали ја имам или ја немам... hock: Знае некој како се чита ова? Фала
Нормално е од 0,9-1,1 а јас имам +(positive)1.6 значи 1.1 а јас имам 1.6 значи ја имам во поголема количина па сеа спореди си со твоето иначе девојки да ве прашам апчињата како се пијат за оваа бактерија ништо не сватив кога ми објаснуваа
Јас мака мачам со оваа бактерија пиев еднаш тројна терапија и неколку месеци бев ок. Сега пак истите симптоми ги имам . Има ли некој чај кој би ми помогнал или пак други алтернативи само да не се антибиотици . Инаку да напоменам периодот воопшто не внимавав на исхраната и имав многу стрес .
Здраво јас сум нова на форумов ,и ко за беја ја имам бактеријава па ако ви е од корист да ви казам дека нее нисто страсно и не е за паника ,си се пие терапијата и малку повеке ке си се внимава на исхраната ПРЗЕНИЦИ,ЛУТО И ГАЗИРАНО помалку ОВОСЈЕ И ЗЕЛЕНЦУК повеке и сигурно ке има резултати позитивни .Проверено ЈАС ОД ПОЗИТИВНИ 9,9 СО ЕДНА ДОЗА НА ТЕРАПИЈА СЕ СИМНАВ НА 1,6 и си осекам големо подобруванје ПОЗДРАВ!!!!
И на мене не ми смета бактеријава, ама здивот ми беше катастрофа Испив една терапија после треба да одам да проверам уште еднаш и ако е потребно ќе пијам уште една терапија.