Девојки има ли некој искуство со Albothyl таблетите ? Пред еден месец правев Пап тест и ми најдоа кандида и требаше да ми се направи ХПВ типизација? Меѓутоа, гинекологот прво ми ги препиша Аlbothyl ваггинални таблети и сега во вторник треба да одам ќе ми прават ХПВ типизација ? Меѓутоа умрев од страв, ептен сум по стрес, секој ден мислам какви ке бидат резултатите ??
Jас погоре имав пишано дека ќе правам типизација, и направив. На типизација излезе дека немам HPV. Бев и на второ мислење кај друг доктор, повторно правев ПАП-ништо не ми беше најдено. Се беше во ред, така што можно е тоа да се случи. Не сум стурчна да ти одговорам, но моето искуство го покажа тоа. Типизацијата е поточна од пап-от.
znaci ne sekogas pap testot e tocen,zatoa se prevzemaat i dr medodi posle nego za dokazuvanje na prisustvo na hpv ili nekakvi promeni.hpv najcesto se prenesuva po seksualen pat,no ako go dobiete neznaci deka ke dobiete rak.hpv ne se leci,no samiot organizam se bori so virusot i za godina dena moze da go neutralizira,vo vakva sostojba virusot nema da dovedi do promena na kletkite na grloto na matkata,no zatoa se preporacuva redovno pravenje kontrola i pap testovi.mn vazno za neutraliziranje na hpv e zdravata ishrana t.e odrzuvanje na imunitetot. znaci gorenje na kletkite se parvi koga na pap testot imas cin2 ili 3,no ako imas cin1 vo nikoj slucaj ne se prevzema gorenje na kletkite.bidejki po priroden pat se vrakjaat vo normala. [mod-kirilica:2tkee731][/mod-kirilica:2tkee731]
Сакам да ве прашам дали некоја имала искуство со тоа, или знае нешто повеќе за хронично воспаление на грлото на матката, предизвикано од хпв вирус... ?
хронично воспаление на матката незнам што е.а иначе имам хпв вирус и тоа високоризицен и имав цин1.но сето тоа го решив пиев едни таблети кои ми ги препорача докторот се викаат ENERGETIC BASIC CAPSULE,тоа се минерали за детоксикација на клетките и го зајакнуваат имунитетот ги пиев 3 месеци на вистина имаат мн добри резултати.сега цин немам но хпв-то докторот ми каза дека ке се повлече за година дена т.е ке се неутрализира со добра исхрана и со јакнење на имунитетот.немај гајле можеш да ги земеш овие капсули не се штетни може секој да ги пие.но треба и редовни контроли.поздрав
мене ми беше дијагностициран ХПВ и ЦИН2 и ми се појавија и кондиломи. Примав гинекс форте, кондиломите исчезнаа, а докторот ми рече дека најверојатно и ХПВто може да се изгуби привремено од гинексот. Затоа ми даде упут за на клиника и таму правев биопсија и ХПВ типизација. Резултатите од биопсијата покажаа дека немам ЦИН2, туку се работи за хронично воспаление на грлото на матката, кое било предизвикано од истиот нискоризичен ХПВ кој ја предизвикал и појавата на кондиломите. Резултатите од ХПВ типизацијата излегоа негативни, ХПВто го немав... Ама ги читав вашите претходни коментари и никоја не го спомна тоа хронично воспаление на грлото на матката... што ли ќе биде тоа?
И ја имам хпв високоризичен и плус нискоризичен со кондиломи и цин 1.Моментално пијам имунобор за имунитет и гинекс форете вагиналети.Имуноборот ги земав на своја рака,читам ги фалеа, не знам кои витамини точно да гии пијам. Сакам да ги пробам и овие капсули.Дали може да ми кажеш од кај ги набави која цена се?? Фала ти најмногу
vaka za ovie tableti treba da prasas vo aptekite najcesto gi poracuvaat po potreba ako nekoj pacient gi bara.sisenceto e srebreno i vo nego ima 180 kapsuli jas zemav 3 meseci po 2 vo den no mozes i povekje da zemas ne se voopsto stetni a cinat okolu 50 evra,se poskapi ali se stvarno dobri.isto taka dobri se i ako si sluznala za GERMANIUM capsulite,i ti e se ista cena.i dvete se dobri.pij i caj od crvena kantarija po 2 cesi vo denot vo tekot na 42 dena,toa e eden vid terapija,i normalno hrani se zdravo i se ke se sredi.pozdrav
....bev na ginekolog,po pregledot mi dade doktorot da pijam SUMAMED i da gi zemam vaginaletite POLYGYNAX pravev pap test pomina vreme i ete mi se javuva sestrata da me informira za rezultatite. mi kaza deka imam HPV bidejki ne ja razbrav dovolno dobro znam samo deka treba da zamam po ciklusot uste nekoi vaginaleti i da zemam C vitamini da gi pijam 4/5meseci.pa po 6 meseci da odam da pravam pap test.imam uste 20tina dena do ciklusot i i bidejki doktorot e na pat i se vrakja za dva,tri dena negde ne mozam da cekam do togas,ve molam ako moze da me informirate sto moze da bide toa kolku i da bide seriozno.sramota e sto ne znam,imam 27 godini i nikogas vo zivotov ne sum imala nikakvi problemi ni so najmal sekret zatoa i ne sum bia nesto zainteresirana za toa.odnapred vi blagodaram. [mod-kirilica:2527vmy6][/mod-kirilica:2527vmy6]
знаци ти казала дека имаш хпв а дали имаш цин? дали ти направија типизација на хпв? многу е важно дали е тој високоризичен или нискоризичен.ако не ти направил докторот типизација побарај сама.ако е нискоризичен нема потреба од паника.хпв не се лечи но со винесување на витамини и здрава храна организмот сам се бори против овај вирус и за година дена го неутрализира.не паничи секоја втора жена во текот на животот се срекава со ваква инфекција.пиј ги витамините и би ти препорачала цај од црвена кантарија да пиес колку што можес повеке во текот на денот така 1 месец ако можеш и повеке.не се секирај ке се среди јас имам 21 и ми најдоја хпв.се поминува само редовна контрола и здрава храна поздрав
се информирав за ова кај мојота матична гинеколог мајка ми ми дообјасни така да јасно ми е за што се работи
ДАли треба де се закаже во МАНУ за ХПВ типизација? Колку чини и колку време се чекаат резултатите? Итно ми еее
najdobro e da se javis i da prasas jas pravev tipizacija na privatno me cinese 2100 ama vo MANU e sigurno poeftino moze i 600 da e,ne znam tocno.jas cekav mesec dena ako e negativen ke go dobies porano ako e pozitiven togas ke pocekas mesec dena,mislam taka e i tamu.
Вакцината е направена од протеини на надворешната обвивка на вирусот (ХПВ). Нема инфективен материјал во оваа вакцина, така да не може од вакцината да добиеш ХПВ. Вакцината е лиценцирана од FDA агенцијата на САД како сигурна и ефикасна. Таа е тестирана на илјадници девојки/жени на возраст од 9 - 26 години во целиот свет. Испитувањата не покажале сериозни споредни ефекти. Вакцината ги штити девојките од четири подтипа на ХПВ, кои заедно предизвикуваат околу 70% од раковите на грлото на матката и 90% од гениталните брадавици. поздрав
Можно ли е да имаш негативен наод на хпв , а си имал кондиломи.... нели кондиломите се предизвикани од некаков најчесто нискоризичен тип на хпв???
Можно е, и јас сум еден од ваквите случаеви Рече си имала кондиломи... Најверојатно си ги лечела на некој начин... Кај мене кога се појавија матичниот гинеколог ми даде гинекс форте и ми предложи за имунитет што да пијам. Кога за еден месец отидов на типизација на хпв, го немаше вирусот, но тоа е најверојатно поради зголемениот имунитет. Вирусот секогаш се појавува кога ќе се намали имунитетот. А, и уште ова, докторот ми кажа дека најчесто, кондиломите се предизвикани од нискоризичен хпв... Но сепак, најсигурно ти е да си бараш да направиш типизација на хпв и хистолошка верификација на грлото на матката, бидејки постои можност да имаш истовремено и повеќе типови хпв. позз
Штом на типизација покажало дека немаш ХПВ значи немаш,типизацијата е поточна од пап-от ,а во врска со бременост немај гајле хпв нема врска со бременост и не штети ни за забременување ни на плодот
Е па тоа ми е чудно,затоа што очекував да имам некаков тип на ХПВ ама немам, така покажа типизацијата. Нели кондиломите се предизвикуваат од најчесто нискоризични видови на хпв, (иако јас одамна ги имав), а ако имаш хпв нели вирусот си останува во организмот. Мислам добро е што немам секако, но ми е чудно нели???
Лелее аман веке со тој ХПВ,секоја жена се жали од него Ја сакав да прашам,на првиот пап ми покажа мали промени на грлото на матката(раничка)и хпв,на вториот не ми покажа ништо(го правев на друг гинеколог) значи постои можност да имам хпв а немам никакви симптоми ни чешање, ни бело прање нити ништо што би можело да се смета за симптом??? Дали е тоа можно