ЛЕЛЕ стварно може сум досадна ама стварно ме фака паника за типизацијата за резултатот и тоа што ми велите дека ме наплатила повеќе срам да и е на докторката ако е така 1300 за бадијала ми зеде а викате со сино картонче кошта 150 e do kade ke ni odi drzavata a jas pak ne ni gledav sto mi pravi se tresev od bolka stvarno me bolese premnoguu
Зашто да не можеш, можеш да останеш бремена жени со цин 3 остануваат бремени , пред прогресивно да еволуира хпв-то во болест, само гледај побрзо да родиш дете
Треба да е бесплатен еднаш годишно ама мене ми зима 50 денари....и за типизација ми наплати 50 денари,за епруветата, плус во МАНУ си платив уште 150 и сама си го однесов.
Не мора да значи. Мене резултатите од пап-от ми стигнаа за 3 недели,а ти е од типизација ми каснеа,покасно од 2 недели стигнаа..
оф а знаете ли јас колку платив?на приватен гинеколог бев и за пап тестот платив 3100 а за типизација 2100.не залам за парите али многу поисплатливо е на државно не е исто да платиш 150 и 2100.али тогаш си велев кој ке оди до скопје да се влечка по клиникана.но сепак докторот е навистина мн добар ми даде соодветна терапија и тоа ми помогна.
Брис за ХПВ типизација се зема на истиот начин како што се зема брис за ПАП тест; на различни места е различно за колпоскопија каде евентуално се менува спекулумот и се става поголема верзија. Најчесто за време на ПАП тестот се зема на едно стапче брис за ПАП, на друго за типизација. Наплатувањето и транспортот на брисовите за типизација се различни кај различни гинеколози. Кај гинеколог со своја ординација логично е да се плаќа повеќе и покрај тоа што ви е матичен и работи со сини картони. Во мојот случај ме чинеше 550 денари, со син картон и нивен транспорт, односно немав никаков контакт ни со МАНУ, ни со тамошно известување, туку каде што ми зедоја брис, ми ги соопштија и резултатите. За резултатите од ПАП се чека и до месец дена, во зависност од тоа каде се обработува брисот. Ако се обработува на клиника се чека подолго, а доколку гинекологот соработува со приватна лабораторија, резултатите се побрзи, но за тестот повеќе ќе се плати.
Брис за пап фактички не се зема, се земаат само клетки со помош на едно како четкиче и тие се ставаат на стакленце и после одат на цитологија Додека за детекција и карактеризација на хпв се зема брис со обично стапче, она бело долгнавесто и после се става малце вода во епруветката и тоа е тоа Најверојатно не си од Скопје па затоа и те чинело 550 денари
Најверојатно, ценовникот е тој, и за сите пациенти на кои им е матичен гинеколог важи истото. Најверојатно, и ХПВ типизацијата значи анализа на брис, следствено муабетот беше излишен. Стапчињата може и да се еднакви за двете намени, со четки или обични, како милуваш. Кај мене било на еднакви стапчиња, доволно погодни да се земе содржина потребна за соодветните анализи. Нели е логично да го платиш повеќе спасот од малтретирање и тегнење по институции? Како и да е, поентата на претходното мислење, се надевам ми беше сфатена.
Девојки фала ви на одговорите,сепак целта на муабетот ми беше да дознаам дали стварно може да кошта толку со синo картонче бидејки некои ми рекоа ме зезнала докторката и ми наплатија одповеќе ама кога се работи за здравје наше тоа е.
Поминало веќе ајде да не се повторувам ама те зезнала многу, и мојот матичен првиот брис го носеше па ми зеде 200 денари само, 150 за партиципација и 50 за тоа што го носи, а и во Ману е многу средено, нема гужва,турканици,малтретирања и од тука го гледам сувишно давањето на секој денар повеќе од онаа партиципација , тоа ми беше муабетот
Дали знае некој колку трае витаминската терапија за ХПВ? Докторот ми изнапиша еден куп витамини и ми пиша под тоа после 4 месеци контрола.Само не сфатив дали треба еден месец да ги пијам витаминските таблети еден месец,или 4 месеци?!
За еден месец се фаќа 3000ден за терапија..... Ама кога се мора се мора.... Затоа совет, мислете на време феминки
Feminki,nisto ne razbrav,na nekoi im se naplakal brisot 150 den,na nekoi 200 den,nekoi 500 , a nekoi i povejke, edno mislam svativ deka brisot za Pap e besplaten( toj ne se naplajka) ,a za HPV se naplajka okolu 200 denari so sino kartonce. Dali sum vo pravo.pozz
Zdravo,Jas sum nova na forumov i za prvpat se soocuvam so hpv.Na posleden pap se pojavi deka ima prisustvo na hpv,a na tipizacijata hpv16 visoko rizican.Za sreka se uste nema napraveno promeni vo epitelni kletki,ama neznam do koga.Dr ,mi prepisam eden ton vitamini ,a jas na svoja raka gi kupiv Biobran tabletite,Treba da napravam kontorla za 4 meseci,Sakam da prasam dali ovoj virus moze da iscezne,ili toa e kratkotrajno,i dali hpv16 so sigurnost moze da napravi rak na matka.se nadevam deka Biobranot ke mi donese uspeh.Pozdrav do site so problemi od ovoj tip,jas sum celosno vo deprasija. [mod-kirilica:15u36w13][/mod-kirilica:15u36w13]
150 денари е партиципација со сино картонче за хпв а секоја жена има право на еден бесплатен пап тест во годината кај својот матичен гинеколог