1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

HPV – дали сте информирани?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Bogorodica13

    Bogorodica13 Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Присуството на хпв го одредува Пап тестот а ако се востанови дека има Хпв, после тоа се прави Типизација за утврдуванје на факторот..така ли е , во право ли сум? Значи ако Папот покаже присуство на вирусот Хпв, тогаш треба да се зема повторно брис за типизација ???
     
  2. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.213
    Допаѓања:
    47.885
    Пол:
    Женски
    Значи оној тест кој се прави во Ману , на него јасно пишува тест за детекција и карактеризација на хуман папилома вирусот, со тој и се открива дали има и кој тип е. Пап тестот не е кој знае колку сигурен, може да е лажно позитивен или лажно негативен ;) затоа најубаво е при правењето на пап да се земе и брис за хпв, не не кошта ништо тоа , само 150 ден :lol:
     
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.157
    Допаѓања:
    18.261
    И јас го имам хпв 16 и кај мене нема направено никави промени, јас правев за тоа биопсија. Тебе како ти кажаа дека нема направено промени? :^)
    Вирусот никогаш нема да исчезне,си останува во телото само може од време на време да се активира и да предизвикува промени,но со редовни контроли не би требало да дојде до било каква промена...Затоа треба витаминска терапија (јас пијам витамин Ц, Бета каротен, Цинк, Селен, Масло од пченичен никулец, Коензин Q10 и зелен чај во капсули) тоа ми е препорачано од доктор,а на своја рака сакам да си ги земам и Екомер, за подигање на имунитетот...
    Да,спаѓа во групата на високо ризични хпв вируси,предизвикувачи на рак на грлото на матката.
    Немој да бидеш во депресија,секоја втора жена порано или подоцна се соочува со вирусов.
    Биди упорна и работи на тоа да си го подигнеш имунитетот :hai:
     
  4. freund

    freund Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    1
    Сите тие работи за имунитет одеднаш ги пиеш ?
     
  5. maminamaza

    maminamaza Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Sofi,ja kaj koj dr.odis bidejki i jas ja pijam istata terapija,plus na svoja raka si kupiv Biobran tableti.Sakam da kazam vitaminive gi pijama po sela raka,neznam dali e normalno.A znam deka nema promeni bidejki na citoloskiot pap nema nisto osven HPV zaokruzeno,Te molam pisi kolku vreme znaes deka go imas virusot a nema prmeni ,i do koga so lekovive?
     
  6. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Не сум многу-многу информирана.
    Знам онака од општа култура, основни работи, ама ништо повеќе, затоа што сум немала причина да знам.
    Знам дека се добива и од други фактори (кои немаат врска со сексуалните односи), па би требало повеќе да се едуцирам... :?:
    Една другарка има хпв и знам дека внимава на Цин промените, на извесен период пие некои таблети, и зема многу витамини за имунитет. Вирусот го носи околу 6 год. и знае да се жали дека и` е дојдено од преку глава од прегледи и терапии. Иначе го доби преку сексуален однос при секс за една ноќ. :^)
     
  7. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Е да ви се пофалам пред некој ден го земав резултатот од Ману за испитување на HPV и за моја срека е добар немам HPV,ми олесна ,а во меѓу време додека ми траеа испитувањата се информирав од интернет.
     
  8. problemka

    problemka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Ве молам за стручно мислење(ако има некој на форумот).
    Да ви ја раскажам мојата приказна со Хпв:
    Бев на преглед во систина и ми најдоа само кокоидна бактерија.По 2 месеци сакав да видам дали ми е излечена ,но поради што беа зафатени термините во систина отидов кај Бети.
    Кај бети миланова во Св.недела и ми пронајде хпв и уште на прегледот со голо око ми кажа дека имам хпв (сум имала кондиломи)потоа ми правеше биопсија и ласер-сум имала цин 1 и .исто така уште стоеше и кокоидната бактерија.(примав вагиналети)
    (а морам да напоменам дека цел живот сум многу внимавала на хигиената освен дома на друго место немам седнато на шолја,немам менувано партнери ,сум имала односи само со мојот дечко и тоа само со презерватив,како е можно да имам хпв).Некако ми беше сомнителна работата и по 4 месеци од ласерот отидов во св.лазар таму на типизацијата и папот немав ништо.По 3 месеци бев пак во св.лазар и пак ми се појави хпв позитивно и уште стоеше инфекцијата од кокоидната бактерија.Примав вагиналети за да ја излечам бактеријата и потоа наредните 2 папа бев чиста немав ни бактерија ни хпв.Сега веке не знам што да мислам.Докторката ми рече дека од инфекцијата од бактеријата може да покажува хпв на папот..Дали јас воопшто сум имала хпв...?
    Ве молам ако има некој да ми даде стручно мислење...
     
  9. problemka

    problemka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    заборавив да кажам дека после тоа правев уште 2 пати типизација и резултатите беа дека нема никаков вирус.Фактички на сите 3 типизации што ги имам направено немав хпв.Се појавуваше само на папот...
     
  10. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    54
    ako na tipizacijata izleglo deka imas hpv togas imas so sigurnost no ako stoi samo na pap testot neznaci deka e taka.eve ke ti kazam cist primer za mene,jas imav jaka infekcija kandida i trihomonas doktorkata mi napravi pap test pred da me izleci i na papot imav cin2 i hpv.bev premnogu isplasena i otodov kaj dr doktor toj mi dade soodvetna terapija i od koga mi se povlece infekcijata mi napravi pap tets i na nego izleze deka imam cin 1 i hpv sto i tipizacijata go potvrdi toa.i toj mi go rece istoto ponekogas na pap testot moze da pokaze deka imas hpv ako imas jaka infekcija kako vo slucajot moj i tvoj kako sto i samata kaza.nisto strasno samo vnimavaj na imunitetot i pravi redovni kontrolipozz
     
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.157
    Допаѓања:
    18.261
    Да , одеднаш.
     
  12. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.157
    Допаѓања:
    18.261
    Одам на Бит пазар во поликлиниката кај Весна Блажевска, но терапијава ми ја препиша Др.Димитров од државна, бидејќи таму правев биопсија. Ти ги пиеш овие што ги пијам јас и плус Биобран ? И тие се витамини? Јас сакав Екомер да ги земам за подигнување на имунитетот.

    Од декември знам дека го имам, во ноември на папот ми се појави клеточни промени што асоцираат на вирусни инфекции...а сега со биопсијата во јануари видов дека нема предизвикано промени. Иначе вирусот се појавува после 3 до 6 месеци откако ќе се инфицираш.

    Јас мислев 4 месеци дека треба да се пијат, ама на еден форум прашав еден доктор ми рече не помалку од една година дека требало витаминска терапија..
     
  13. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.157
    Допаѓања:
    18.261
    Далеку сум од стручно лице :lol: ама сепак ќе дадам коментар.
    Прво, не верувам дека со голо око може да се открие ХПВ,ама ај покрај кондиломите има смисла..
    Цинот како ти го откри ? Исто со голо око ? Тогаш зашто постои пап тест? Зашто постои ХПВ типизација? мн моќна таа твоја докторка ;)
    Иначе ХПВ покрај незаштитен однос, може да се појави и од намален имунитет и чести инфекции...
    А за да се излечи вирусот (никогаш не исчезнува целосно) треба да се пие витамниска терапија.. а ти не си пиела како што гледам,така да како може после да го нема вирусот? :^)
    после биопсијата што ти кажа, предизвикал некакви промени вирусот?
     
  14. maminamaza

    maminamaza Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    I mene dr,Dimitrov mi gi prepisa.Biobran se za imunitet posebno nameneti za HPV,se pijat tri meseci ama stvarno se skapi,jas se nadevam deka se uspesni.I jas isto od oktomvri na papot mi pronajdoa i na tri mesta imav tri razlicni rezultati,ne pravev biopsija ,samo tkivna tipizacija,naredna kontrola vo april ama se otruvme od apcinja bog da cuva,i ako uste postoi virusot do koga ke pieme do nedogled.Moze ako e se ok,ke ni namalat,Toa i mene mi kazaat deka za 3 do 6 meseci se pojavuva ,ama koga ke napravi promena pojma nemam i bas sum isplasena non stop na kontroli i ako nema spas pak konizacija ke treba verojatno,Pozdrav znaci dr.Dimitrov prepoznav deka ti gi dal toa im e pisana terapija,inace Biobranot se skapi 3800 denari,a otprilika bi traele 15 dena ako se pijat po 3 na den.Pozdrav
     
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.157
    Допаѓања:
    18.261
    Уфф само за витаминиве над 3000 ден се фаќа месечно + тие ако ги земам 100 евра за еден месец ... е*ати болеста!
     
  16. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    54
    ne se zamo vitaminite vo prasanje tuku i nacinot na ishrana.hrenise zdravo i ne ti trebaat tableti,zemaj ovosje,zelencuk kolku sto mozes povekje
     
  17. astra20

    astra20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    42
    веќе четири години ни трага,ни глас од ХПВ-то.Пресреќна сум секоја контрола кај гинекологот.Веќе 2 години одам на контрола само по 1 гоидишно.Еве ги и последните резултати ни трага ни глас :) .Го сменив малце начинот на живот.Незнам што не пиев од витамини,алое,камбуха.Почнав поздраво да се хранам повеќе да пешачам,да спортувам.Кога човек има мака се ќе проба.Доста сериозно си ја сватив работата тогаш,а имав 24.Докторот е презадоволен,а и јас
     
    На sunfemina и alicia.keys им се допаѓа ова.
  18. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    54
    браво и само напред,хпв не е толку страшен ако се внимава на него.имунитетот сам ке се избори само треба здрава храна,девојките кои пушат цигари да ги остават бидеки цигарите се мн штетни за матката.се ке се среди.поз
     
  19. maminamaza

    maminamaza Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Kako uspea da go snema HPV ne mi e jasno!!!!!!!! Sto primase kako terapija sto 4 god,ne se pojavilo? BRAVO i koj tip ti bese konstatirano??Pozdrav mnogu mi e milo
     
  20. astra20

    astra20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    42
    Значи ХПВ неможе да изчезне засекогаш,но се повлекува,кога ќе го покачиш имунитетот.Самиот организам се бори со него.Освен витаминска терапија како што пишав,примав и 5 инекции интерферон алфа.Јас имав ХПВ 16 и 33 мислам ,но и двата беа високоризични и доведоа до ЦИН 1.Се се решава со голема упорност.Имунал капки пие редовно.