1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

HPV – дали сте информирани?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    http://www.demetra.com.mk/antioxidant-4000-softgels/
    Јас сум во план овие да си ги земам, прашав во Зегин 896 денари се, па ќе видеме што ќе биде. Инаку при хпв инфекција највеќе се препорачуваат антиоксиданти, а овие се бомба. Решена сум сега јас вирусот да го нападнам па да видеме кој ќе победи :D
     
  2. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Елени сигурно ли смее да се прска спрејот внатрешно?Гледам на упатството пишува за надворешна употреба,така ти рече гинекологот или?Те чекам да ми одговориш за да знам дали внатрешно да го ставам.
     
  3. mjauuuuuu

    mjauuuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    65
    пред 20 дена се напраив конизација сега пијам алое вера ми кажаа дека многу помага при хпв вирусот,за кревање на имунитет па ке видиме за 10 дена сум на контрола ке видиме што ке кажат
     
    На daniangel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Значи вака - Јас пап тестот и хпв го правев кај матичниот гинеколог и после со резултатите бев кај нејзе и таа ми го даде само виусидот и глизиген спрејот и ми рече да го аплицирам внатрешно. Бидејќи не бев задоволна од неа се префрлил кај Др. Мицков во Штип. Исто и тој ми рече да го користам спрејот и си го купив. Внатре во кутивчето има едно како стапче, што се става на тубичката за да може внатрешно да се аплицира, а исто така може и како спрејче да се користи за надворешно. Мислам дека во последното каталогче на Зегин видов за Глизигенот, па ако можеш да најдеш прочитај си пак. Поздрав :*
     
  5. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Фала Елени сега го видов одговорот,нешто не ми покажуваше.Поз...
     
  6. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    а вакцините против ХПВ дали се сигурни?? на училиште веќе втора година не прашуваат кој сака да ја прими, ама никој не сака.. лани бевме собрани сите женски (од генерацијата) во една училница и едни докторки ни кажуваја за тоа и како се многу сигурно ама - две девојчиња (од кои едната учи со мене) и неколку наставнички ни имаат кажано дека се штетни.. и баш пред некој ден една наставничка ни кажа дека во Австралија 85% (или повеќе) од девојките што се вакцинирале по вакцината умреле или останале неплодни.. исто таква информација имаше едно девојче лани и кога им кажа на докторките тие негираа.. исто другарка ми кажува дека е исфрлена вакцината од Австралија, Германија и многу други земји.. не е задолжителна вакцината а и веќе кажавме дека никој не се вакцинира ама сепак порано велеја дека имало казна ако не се прими таа вакцина (а не ми е јасно како може да се плаќа за вакцина која не е задолжителна), па сакам да знам дали е толку многу штетна како што се зборува?
     
  7. pepapa

    pepapa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    909
    незнам од каде прво да почнам, ај на кратко...значи во мај ми се појави хпв на папот, правев типизација и излезе дека немам ништо..после на наредните два папа ми појави вирусни инфекции што асоцираат на хпв и инфламација, ама тоа било нормален наод само да поработам на имунитет и да се чувам од настинка...е сега памет немам во глава што да правам и како до нормален пап... помогнете што да правам :o
     
  8. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Гинекологот не ти дава никакви инструкции што треба да правиш и што терапија треба да примаш? Ја сум со хпв16, користам спреј Глизиген, виусид и витамини А, Ц, Е, Селен и Цинк за имунитет и секако обрнувам многу внимание на исхраната. :)
     
  9. mjauuuuuu

    mjauuuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    65
    земи си го и алое вера гелот сите го препорачуваат и за здрави да го пијат е убаво а и б комплекс ми имат препорачано
     
  10. pepapa

    pepapa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    909
    piev i aloe gel, imunobor apcinja, beta karoten, sega pijam i caj za hpv od bilki pa ke vidime, mozebi treba da bidam pouporna i trpeliva...fala vi
    [mod-kirilica:h9j4gftw][/mod-kirilica:h9j4gftw]
     
  11. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Како прво нависина е потребна трпеливост,знам дека е тешко,јас имав и физички потешкотии и јако печење,а ти викаат без стрес.Секој организам е индивидуален,кај некои витаминската терапија делува за 3 месеци,некои земаат со години,како и да е,не е лошо да појачаш,значи дневно да земаш комбинирано и Ц,бетакаротен,фолна ,зелен чај,алое и сл,не се оставај само на чај никако.И кај мене слабо реагираат витамините,а верувај земам многу,ама мора да сме упорни.За здравата исхрана си знаеш,обавезно морковче на ден.Ако и на наредниот пап пак е исто,земи си поспецифична терапија како биобран,нормално ако си во можност.поздрав.
     
  12. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Се си бара здрава исхрана. Колку сакаш пиј само витамини, ако не се храниш здраво, џабе ти е се. А упорност што си треба, треба си. Јас пијам витамини али одкако дознав за хпвто исхраната ја сменив 100%. Брза храна не знам од кога немам јадено, брокула и карфиол не ставав во уста, повеќе пиев газирани пијалоци наместо природни сокови. Ама сега скоро секој ден супа од брокула си правам, карфиолот свеж си го јадам со моркови и секој ден си правам сок во соковнико (јаболки, моркови, лимон и цвекло). Риба истот така не јадев, сега по два пати во неделата. Грицки избегнувам. Башка се осеќам поживо, имам повеќе енергија одкако ја сменив исхраната и се поправив 2-3 килца што убаво ми дојде :)
    И за да се бориш против хпв потребно е да внесуваш антиоксиданти. Тоа се витамините А, Ц, Е, Селен и Цинк. А во исхраната ги има во рибата, морковите, спањакот, зелката, карфиолот, морковите (односвно во зелениот зеленчук).
     
    На noname35 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pepapa

    pepapa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    909
    Fala vi mnogu, eve pocnav od denes pak so vitamini pa ke vidime, a zdravo i se hranam veke podolgo vreme, sekojdnevno vnesuvam ovosje i zelencuk, sega samo mi preostanuva da ne se nerviram za se i sesto i da se opustam.

    [mod-kirilica:2qz3buwe][/mod-kirilica:2qz3buwe]
     
  14. love-love

    love-love Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    :sweat: oh bas denes zemav rezulat so hpv zaokruzeno benigni kletocni promeni ,inflamacija vklucuva tipicna obnova ) infekcija nema oslaben imunitetot ti e mi rece doktorot mi dade sirup immunkomplex od Dr.Wolz i vaginalni ravensara masleni mozno e da se raboti za herpes mi rece deka ne e tolku strasno...neznam sepak mi e strav deka nikogas ne se leci do kraj jas mislam deka od kandida ke e ova..? i sirupot e skap a samo na PRIVATNO ODI
     
  15. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    love-- не те сватив убаво имаш резултат од пап тест со хпв +инфламација или само инфламација пошто и јас имав инфламација вклучува типична обнова и ми кажаа дека не дава терапија за тоа не е страшно ама мене некако чудно ми падна тоа :?:
     
  16. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    А што значи инфламација на пап? Значи само инфламација без хпв... :?:
     
  17. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Вики,не е ништо страшно.Инфламација покажува вообичаено,кога нема никакви други(недајбоже полоши) наоди,всушност тоа ти е најдобрата дијагноза на пап и обично не даваат терапија за тоа.
     
    На vickyy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    [СДК] Сакам да кажам...

    Девојчиња мили, жално е да не знаете во 1 век што е ХПВ, и да си дозволиме толку мала земја да биде 2 во Европа со заболени жени од ХПВ.

    http://telma.com.mk/index.php?task=cont ... item=23159

    Потрудете се да се едуицирате поради самите себе..
     
    На Moira, kravce, Divinebutterfly и 7 други им се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    [СДК] Сакам да кажам...

    :o :o :o :tmi: Аууу!
    Све мислам дека веста е фол за да се докупат вакцините...т.е. сакам да мислам дека е така и дај Боже да е така. Не сакам да верувам дека сме дотолку неинформирани.
     
  20. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    [СДК] Сакам да кажам...

    Еве,во склоп на овие мислења,малце информација во линковите.Не е само за докупување на вакцините,туку за тоа секоја жена да обрне внимание на себе и редовно да се оди на преглед,минимум еднаш во годината,барем тоа можиме да го направиме.А и внимавајте со сексуалните контакти,не се сите чисти,а дури не го ни знаат тоа некои од нив,а другото е користење на заштита и тоа не орални контрацептиви,туку механички контрацептиви т.е. кондоми.

    http://doktori.mk/element/view/4edd87d4 ... makedonija
    http://doktori.mk/element/view/4fa8686a ... -infekcija
     
    На Annath, ljubam, karenin и 2 други им се допаѓа ова.