1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

HPV – дали сте информирани?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    [СДК] Сакам да кажам...

    Несакајки не сум го ставила линкот од веста од љубам во спојлер, се извинувам.
    А за ова, зборев за статистиката, втори во Европа, некако напумпано ми дое, а фала Богу дека секоја треба да се чува и информира од пеколов, пу пу скраја да е.
     
  2. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    [СДК] Сакам да кажам...

    Јас искрено не можев да се дочудам на тоа колку девојки што јас ги познавам се дијагностицирани, така да статистикава и не е толку напумпана. Само едно нешто мене ми беше сомнително, што скоро сите беа дијагностицирани во приватниве клиники со препорака за лечење со ласер, па колку од нив навистина имаат ХПВ или се во таа статистичка бројка само да пополнат место и нечиј џеб, не знам. Само знам дека етиката на овдешните доктори е на застрашувачко ниво, посебно во приватните клиники, те гледаат ко банкнота а не ко човек, па ништо чудно и да се даваат лажни дијагнози колку само да се плаќа тој ласер.

    Инаку не знам што му се случи на цитатов нешто се изремети :)
     
    На Annath, Lilliana и drugarka им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    [СДК] Сакам да кажам...

    Ах колку би сакала да не е вистина...да е само лош сон...
     
    На sunfemina, linguaragazza и Nymeria им се допаѓа ова.
  4. nate77

    nate77 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Јас сакам да прашам некој што правел типизација за ХПВ каде ја направиле колку кошта и колку време се чека за резултат.
     
  5. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски

    Секаде е мислам различно.......во мојот град мене ме кошташе околу 3000ден.
     
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.305
    Допаѓања:
    41.419
    Пол:
    Женски
    За колку време стигнуваат резултатите од ПАП тест?Mислам знам дека за месец ама не знам дали го праќаат брисот одма или чекаат крај на месец, зошто јас правев на 7ми минатиот месец, ми рекоа за месец ќе има резултати ако има нешто ќе те побараме ако не ништо.Сега веќе 12ти не ме имаат побарано, ама не знам дали поради тоа што нема зошто да ме бараат или нема уште резултати?Некој што знае да ме просветли :)
     
  7. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.357
    Допаѓања:
    22.300
    Пол:
    Женски
    Од прилика за 3-4 недели стигаат резултатите. Штом не те побарале, нема зошто, значи се е во ред. Обично така прават гинеколозите. Не дај Боже, да имало нешто, веднаш ќе ти се јавеле. Не грижи се, сигурно се ти е во ред. За да си бидеш мирна, јави се на матичната за да си провериш. :)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Значи вака, пред година дена на пап имав само инфламација без хпв,и гинекологот ми рече дека на колпоскоп се видело дека имам хпв, грлото не било добро обоено и мора типизација да ми направи,направив типизација и ми беше негативна....е сега пред 2 месеци пак правев пап и ми покажа ЦИН1,направив пак типизација и беше негативна.
    За да бидам сигурна бев на приватно и таму папот ми беше добар(само инфламација без хпв) на колпоскоп немаше знаци, на ЦИН......кажете ми совет,што да направам стварно сум многу збунета :sweat:
     
  9. ikica86

    ikica86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    56
    Здраво женски, ги читам вашите коментари веќе подолго време, но сега се решив да се консултурам со вас за мојот проблем. Мојот проблем започна во јануари 2012 кој добив резултат на пап тест со лесна дисплазија подвлечено хпв инфекција, мојот матичен ми кажа дека тоа е хпв инфекција без цин, и ми предложи да направам хпв тест, го направив и ми излезе хпв 31 високоризичен. Многу се изнервирав, и потоа бев на терапија за имунитет, и секој месец ставав вагиналетки, бетадине, гинекс форте, различно, на контролен пап во јуни, имав ист резултат, а на контролен пап во декември ми излезе резултат цин1 (пап гледан во цитолаб куманово). Матичниот гинеколог многу ми исплаши ми даде терапија од 5 fluorouracil и ми кажа дека промената напредува без никаков подетален преглед само врз основа на пап. Направив друга консултатија во систина и трет гинеколог, и во систина го повторивме пап тестот, каде се покажа инфламација и бенигни клеточни промени, и докторот од систина ми кажа дека нема потреба од колпоскопија и да не се нервирам и да продолжам со терапија за имунитет и контрола за 6 месеци. Двајца гинеколози ми кажаа никако да не ги ставам тие вагиналетки поради тоа што не сум раѓала и дека тие ги даваат за нешто посериозно, а во мојот случај не е толку сериозно. Сега не знам што да правам, затоа што колку повеќе доктори консултираш е подобро, но истовремено се и збркаш. Поздрав и се надевам на најдобро здравје на сите нас и побрзо да ги решиме проблемите и да станеме мајки на прекрасни дечиња во иднина.
     
  10. ikica86

    ikica86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    56
    Не се нервирај сличен проблем имам и јас прочитај подолу имам објаснето, јас ке ти предложам да не се нервирај да го зајакнеш имунитетот, на мени ми предложија да пијам бета каротен 3 по 10000iu, едни таблети од масло од пренични никулци 340 мг два пати на ден, едни др за имунитет, капсули од зелен чај 300 мг дневно или два пати дневно зелен чај и по 200 грама свеж сиров морков, и редовни контроли и повтрови пап тест по 3 или 6 месеци.
    позз надевам се ке ти помогнам
     
  11. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Јас не би ти препорачала да ги ставаш Флуороуроцилот.Навистина се јаки ,содржат цитостатици,а не се многу ефикасни,барем мене не.Плус во систина си имала обична инфламација,без цин,така да не брзај.Мене ми ги дадоа така без цин па излезе на крај немам но хпв.Гледам ја земаш стандардната терапија за хпв,вклучи и алое вера обавезно,имаш производи од печѕрки шитаке реиши и сл и најаважно од се не се нервирај,џабе терапија ако се нервираш,стресот е клучен.Очигледно те плаши тоа што резултатите не се подобруваат,но за имунитетот треба време,ке се среди.
     
  12. ikica86

    ikica86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    56
    Фала ти многу, јас секако одлучив да не ги ставам флуороуроцил,терапијата за имуните примам и алое вера гел пијам, инаку знам дека се ми е од стрес, некако цела година со проблеми и плус со хпвето и сега од последни резултат се разочара, и поради тоа се одлучи за размислувања од други гинеколози. Поздрав
     
  13. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Ете ме и мене... Денес земав резултати од МАНУ од ХПВ тестот. Имам вируси, тип 51, 53 и 58.
    На тестот во мај покажа 51 и 53 сега и 58. Епа на здравје.
    На пап тестот пишува абнормални клеточни промени, сеуште не е цин ми рече докторот, додека во мај пап тестот беше чист.
    Што значи оди на полошо... Што сега? Ќе си пукнам од нервоза, овој имунитет неможам и неможам да го оправам. Дури мислам дека хпв имам од нервози само, од ништо друго! Од нервоза цел организам го расипав, прво бубрези, па желудникот, па цревата, јајниците и на крај ова! Налет веќе од апчиња, терапии, витамини итн! Што не пиев, ама мн се нервирам, проблеми куп, слабеам константно и нормално е да се деси ова, тогаш не мислам, а сега главата ќе си ја трескам и ќе плачам!
    Некој со слична дијагноза??? Помош? Совет?
     
  14. ikica86

    ikica86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    56
    Ракче и јас се замарам со високоризичен хпв 31, и плус се нервирам за различни резултати од пап тест, исто и јас си направи проблеми со желуднико, лечи хеликобактери, а за имунитет ке ја кажам мојта терапија бета каротен 3 по 10000iu, едни таблети од масло од пренични никулци 340 мг два пати на ден, едни др за имунитет Биовитрум Органик Иммуно,, капсули од зелен чај 300 мг дневно или два пати дневно зелен чај и по 200 грама свеж сиров морков, и редовни контроли и повтрови пап тест по 3 или 6 месеци. Да се надеваме дека се ке се среде, позз и не се нервијам, можеш и сок од цвекло да си правеш со лимон да пиеш и алое вера
     
    На rakce69 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    ikica86 мене ми ги препорачаа биовитрум органик имуно,јас сега ништо не пијам ама сакам да ги земам тие,па кажи ми ти од кога ги пиеш и како си задоволна од нив?
    и тоа алое вера што е некои капсули или.....???
     
  16. ikica86

    ikica86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    56
    Јас почна да ги пијам вие денови биовитрум органик имуно два три дена ги пијам мислам дека околу 900 денари се, мени ми ги препорачаа па ќе видеме како делуват, надевам се позитивно, а алое вера гел пијам, мислам има и капсули ама не знам за нив. Земи си и од тие масло од пченични никулци и тоа било добро за нашио проблем во капсули е тоа. позз и ако ти треба нешто пиши ми
     
  17. juhu

    juhu Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    zdravo devojki :) pred nekoe vreme mi otkijaja prisustvo na nisko i visokorizicen HPV.najdobrata terapija e prasaci viusid i Glizigen sprej(koj se prska vnatre,ima eden aplikator)iako na sprejot pisuva za nadvoresna upotreba.mnogu vitamini zdrava ishrana i ke go pobedime.:*

    [mod-kirilica:kat9wixq][/mod-kirilica:kat9wixq]
     
  18. ikica86

    ikica86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    56
    мене лично прашокот виусид и глизиген спреј, не ми помогнаа, ама секој си е индивидуален, различно делуват кај сите
     
  19. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    Феминки !!! имам едно прашање кое се однесуват за една моја пријателка таа имат околу 50/52 години имала тумур на матка остранета и е матката и јајниците е сега таа се интересират
    дали во посттотална хистеректомија можит да се јавит повторно некој вид на тумур на влезот од (вагина) пошто само тоа и е останато. Наиме оперирана е пред 5 год. сега осекат некакво задебелуванје со самопреглед и чешанје инфекција. Многу е исплашена а нејзиниот матичен гениколог е на одмор моментално е отсутен. Ве молам нешто кажете колку да се посмирит додека одит на гениколок следниот месец
    Однапред ви благодарам!
     
  20. elimila

    elimila Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    11
    здр сакам да прасам пред 2недели ми најдоа ХПВ вирус и ЦИН1 одма ми правеа типизација уште тие резултати не ми се готови а сакам да прашам дали може од цинот или од хпв да имам болки во стомакот само долниот дел од стомакот и тоа многу болки грчеви ве молам ако знае некој да ми одговори ве молам