Мене кога матичниот ми дава да користам вагиналети секогаш ми кажува доколку имам односи да користам презерватив обавезно.
Супер, јас пи виусид и аце витамини и цинк и селен, ама намаше некој посебен ефект, сега пред еден месец почна друга терапија со консултатција на друг гинеколог, бета каротен 3 пати на ден на natural wealth, едни таблеи whaet germ oil, други biovitrum organic immuno, зелен цај таблети, и плус свеж сиров морков да јадеш 200 грама на ден, и пијам плус по една чаша чај од зелен чај и брусница. Треаба колку можеме да го минимазираме стресто и да јадеме природна и здрава храна поззз
Секако дека витамините не можат да ни помогнат толку колку што ние очекуваме. Јас ја променив исхраната, секој ден јадам брокула, моркови. Си правам сок во соковникот од јаболки, лимон, цвекло и моркови. Брза храна избегнувам, исто така грицки и благо. Повеќе гледам витамините да ги внесувам преку овошјето и зеленчукот. Позз
Здраво девојки. Мене ми најдоа 3 типа на ХПВ и тоа високо ризичен 31, потенцијално високо ризичен 66 и ниско ризичен 6. Гинекологот ми препиша Бетадине вагитории да ставам по една недела после секој циклус Тифол, Витамн Ц и Олигогал да пијам по едно на ден и секако мн овошје и зелнчук особено моркови.Сакам да ве прашам дали ми е добра терапијата затоа што читам по форумов дека пиете многу повеќе витамини од мене. Дали би можеле да ми препорачате и некои други витамини и дали би можела да си ги земам на своја рака или треба прво да се консултирам со мојот гинеколог. Некои луѓе ми рекоа дека можам да пијам и апчиња за имунитет некојси капсули од ајкула. Што мислите да земам што е можно повеќе различни витамини или подобро е да се придржувам до ова што ми го препорача гинекологот.
jas veke pocnav da stavam i denes dobiv menstruacija dali da gi prodolzam ili da pocekam da mi zavrsi ciklusot?
И јас се прашував истото мене ми рекоа да ги ставам еден месец а кога ќе имам циклус да ги прекинам. Барав на упатството да видам да не пишува некаде дали може да се има односи али не најдов, па ако некој прашал стручно лице нека пише тука
mene mi najdoja isto taka hpv 31, ginekologo mi dade eden sprej da se prskam i sirup za imunitetot,a na svoja raka ke zemam i gineks forte
Јас имав тип 31, ЦИН 1 и 2, ми даде betaimune едно дневно и wheat germs oil две дневно, да ги пијам еден месец. На своја рака си пиев само природни чаеви од брусница на алкалоид новиот и имуновит од виталиа. Ми се повлече за месец-два вирусот. Мој совет е да си следиш терапија како што ти кажал гинекологот, бидејќи секој организам e различен и она што делува кај еден не мора да значи дека ќе делува кај друг. Само пиј си чајчиња многу заедно со терапијата, каква и да ја имаш.
Гинекс форте се вагитории на природна база со екстракт од чајно дрво, екстракт од маточина, екстракт од милодух, екстракт од равенсара и витамин Е. Се препорачуваат при ХПВ инфекции, херпес - вирусни инфекции, кандидијаза, трихомонијаза и бактериски вагинози. Се користи по една вагиторија навечер во рок од 30 дена. А за спрејот не знам дали мислиме за истиот. Мене гинекологот ми го препиша спрејот глизиген. Во каталогчињата на Зегин што читав пишува дека се користи за ХПВ. Позз
Јас имам прашано дали може да се имаат односи додека се користи гинекс форте. Еден од тимот докторите на фитофарм еве што ми одговори преку емаил: "Slobodno mozete da imate odnosi dodeka gi koristite ovie vagitorii kako I drugite vagitorii od paletata na Gynex. Poradi faktot shto se herbalni vagitorii nemaat interakcija so kontraceptivni proizvodi. Dokolku ne koristite zashtita pri seksualnite odnosi konsultirajte se so ginekologot dali infekcijata kojashto ja imate e prenosliva. Za bilo kakvi drugi informacii vi stoime na raspolaganje".
Како се пренесува ХПВ вирусот, само преку сексуален однос или поинаку? Затоа што некаде имам прочитано дека некои го имаат добиено уште предд да имаат односи? Нека ме просветли некој
не се пренсува само преку сексуален однос, може да се доби и преку депилација, исто така треба да се внимава доколку некој е инфициран од вирусот неговата долна облека да не се меша со останатите зошто и така може да се пренесе вирусот, јас го добив вирусот додека бев бремена и најверојатно падот на имунитетот беше прична, барем така ми беше објаснето од мојот доктор, и еве 5 години се борам со вирусот, одредена терапија, одреден режим на исхрана, разочарување кога ке ти кажат дека вируот напредувал
Тие што имате дијагностицирано присуство на хпв дали ви излегуваат брумчиња по телото? Јас не приметив дали одкако ми покажа дека имам хпв16 или од претходно но почнаа да ми излегуваат црвени брумчиња особено по грбот и неколку на стомакот. Не се мозолки, црвени се и ме болат на допир. И одкако ќе ми се појави некое брумче по еден месец не ми поминува. Исто така и на вратот, во пределот на крајниците под ушите еднаш во месецот ми излегуваат црвени брумчиња и ме болат на допир и ме чешаат. Дали е можно да се поврзани со хпвто?
zdravo prijtelki sakam da ve prasam za odgovor na nekoi moi dilemi pred okolu 2 godini mi bese otkrien hpv i cin 1,kaj poranesniot ginekolog koga odev mi kaza deka nese leci no posle nekoe vreme go smenav otidov kaj drug i toj mi kaza deka moze da go izleci bev 3 pati me mackase so neki gelovi i posleden pat koga bev imav sosem malce crvenilo, dali toa e pricina da nemozam da zabremenam posto veke 7 meseci rabotime da imame bebence i dali koga ke se izleci bi imalo sansa da ostanam bremena falavi odnapred pozdrav4re
Цветелина,не знам како ти објасниле гинеколозите,но како прво треба да знаеш нешто:ХПВ не е болест да се излечи,туку е вирус.Моментално специфичен лек против било каков вирус ,вклучувајки го и грипот(ова за пример) не постои,што значи организмот сам треба да се избори со него,односно да стекне имунитет кон него.За срека постојат антивирусни суплементи како што се извесни витамински додатоци кои се земаат и му помагаат на твојот имунитет да се избори.Нормално тука е и здравата исхрана,нели. Како второ не можам да разберам со што те мачкале,претпоставувам со Бетадине,секогаш интересирај се каков лек применува твојот лекар,прашај и запиши си ако не можеш да запомниш.И какво е тоа црвенило?Мислиш на раничка по се изгледа или нешто друго? Како и да е ,ХПВ не би требало да е пречка за забременување.Не разбрав дали редовно си правела ПАП,бидејки во твојот случај е задолжително барем два пати годишно.Ако немаш скоро веднаш направи,доколку е потребно направи и типизација на вирусот,прашај го докорот,ке ти објасни.Дали имаш направено и микробиолошки брисови за присуство на кламидија или сл? Така да правец на гинеколог и не се секирај,7 месеци не се многу.Стресот дополнително може да ти предизвика одолговлекување.Информирај се и за дополнителни витамини,пиј алое,зелен чај и морковчиња,се ке биде во ред.