1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

HPV – дали сте информирани?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Anna85

    Anna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Пред два месеци правев ПАП тест и на наодот пишува "абнормални жлездени клетки-ендоцервикални клетки" ... Дали некој имал ваков наод? Од она што го читам по нет., избезумена сум, два месеци не можам да спијам, не можам да јадам, постојано сум загрижена, само на тоа мислам... куп информации и пак делумно нејасни и недефинирани. Докторот ми препиша Бетадине, 7 дена, по 1 навечер, 4 циклуси по ред...и по 6 месеци да се јавам на контрола. И он ништо не ми објасни по однос на резултатите, какви се тие клетки, на што може да упатуваат, не ми препорача дополнителни испитувања. Ве молам ако нешто знаете - споделете.
    п.с. освен во МАНУ дали има и други лабаратории кои прават ХПВ типизација? и можам ли да правам типизација без препорака / упат од гинеколог?
     
  2. *Mila24*

    *Mila24* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    1.126
    Пол:
    Женски
    Jas HPV tipizacija mi pravea vo Newborn I rezultati za Edna nedela
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anna85

    Anna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Се уште не сум паметна дали да идам самоиницијативно да правам ХПВ типиација или да ја почекам за некој месец наредната контрола... Во секој случај ти благодарам на инфо Мила.
     
  4. anastasija mitic

    anastasija mitic Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2015
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    471
    Пол:
    Женски
    bev denes imav promena na kletkite nes pisuvase virusna infekcija i nakraj na pap bese zaokruzeno hpv terapija ne sum zapoznaena so ova mozi da mi objasnite so e kako e kako se dobiva ? lekarstva ? za kolku vreme prenoslivo e nesto ?
     
  5. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, еве ме мене овде. Правев ПАП тест сега во Мк. кај др.Органџиски, и пред да си дојдам во Мк, правев и овде тест. Е сега, направив Колпоскопија и ми дае вагиналети бидејки виде мала рана на глото на матката, и ми рече дека нема место за паника, дека е се во ред ги искористив таблетите и се договоривме за резултатот дека кон крајот на Јануари ке биде готов. Кога се вратив назад овој резултат од Папот овде беше уреден и нормален и немаше никакви инфекции, промени или било што. Пред некој ден добив меил од папот од др.Органџиски и пишува вака :

    1.Адекватност на размазот задолжителен со анализа

    Описни дијагнози
    11.Клеточни промени што асоцираат на вирусни инфекции (ХПВ)

    Реактивни промени
    13.Инфламација (вклучува типична обнова)
    Епилептични клеточни абнормалности ( од наброените абнормалности немам ништо заокружено на тестот 0

    Жлездени клетки ( исто немам ништо заокружено )

    Хормоснки статус
    1.Наод компатабилен со возраста на пациентката

    И тоа е се што пишува и во меилот ми напишал дека треба да направам ХПВ типизација, јас си закажав на гинеколог сега за некој ден имам преглед ама многу сум уплашена како дошло до тоа, и дали има можности да нешто не е во ред со резултатот. Баш цело време сакам друго бебче, мораше ли баш оваа сега да се случи. Да нагласам само дека имав таков стрес што почина член од фамилијата и незнам дали сето оваа се должи на стресот ... ве молам , совети исклуства, мислења што и да е , бидејки неможам да спијам ... Фала ви многу .
     
  6. RYBI

    RYBI Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    ke mozete li da mi kazete dali kaj organdziski vo stip moze da se ispita za kakov vid hpv imam
     
  7. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    На lovely-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.403
    Пол:
    Женски
    Пред еден месец правев пап тест и ми покажа ЦИН 1. Потоа правев ХПВ типизација и резултатот беше мешавина инфекција со високо ризичен 53 и нискоризичен 54 хпв. Витаминска терапија пијам и ги откажав цигарите. Докторот ми препорача отстранување со ласер. Искуство некое за терапија со ласер?
     
  9. Anas27

    Anas27 Нов член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki Nova sum I Sakam da prasam pred 3 meseci maticniot mi zema bris I mi kaza deka imam HPV infekcija Cin3,ne mi dade nisto nikakvi tableti nisto bidejki sum bremena 9 mesec . Povtorno zemavme bris I vcera stignaa rezultatite se isto deka e prisutna HPV infekcija Cin3 I povtorno ne mi dade nikakva preventiva mi kaza samo posle poragaj deka ke se otstrani del od grloto na matkata. Dali moze nekoj da mi kaze poveke za Cin3 I dali moze da se povlece so tableti ili mora da se otstrani del od grloto na matkata. Ve molam za odgovor bidejki doktorot ne mi objasni nisto
     
  10. Favorit

    Favorit Нов член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
  11. RYBI

    RYBI Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    zdravo ke mozete li da mi kazete biopsijata dali bole odposle za vreme do deka zimat delovi
     
  12. Queen 94

    Queen 94 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2017
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Девојки пишете искуства тие што сте ги излечиле хпв и цин 1. :(
    Имам цин 1 лесна дисплазија и хпв 68, 66 и 54.;(
    Пијам чаеви од невен, ајдучка трева и кантарион. Денес си земав и зелен чај прочитав тука дека бил добар.
    Ке почнам и со чај од црвен кантарион се пиело по едно фулџанче дневно повеќе било штетно да се конзумира. Земам и Спирулина на Сан Себастиан и ги пиев таблетите Форвита A+C+E+SE и ставав вагиналети гинекс форте и една кутиичка Вагисан вагиналети превентивно.
    Искористив една кутиичка Изопринозин, праев пауза една недела па од утре ја почнувам и другата.
     
  13. Homme

    Homme Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    494
    Zdravo devojki i zheni. Jas sum nova na forumov, prichina za toa e mojata maka shto ja imam. Sakam da im se obratam na site koi pravele laserska vaporizacina da mi kazhete koi simptomi gi imavte posle toa?
    Jas sum so cin2 i pred dva dena mi pravea laser. Sega nemam bolki jaki, nitu krv ili neshto slichno. Samo kako bel iscedok... Me chudi toa shto nemashe voopshto krv. Bi gi zamolila site da spodelat iskustvo so mene. Vi blagodaram i pozdrav do site
     
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.892
    Допаѓања:
    123.066
    Правеше пап или типизација за да ти откријат цин? терапија после породување. Некоја со искуство нека пише дали мора и грлото да се отстрани. Поздрав
     
  15. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    471
    Допаѓања:
    18.457
    Пол:
    Женски
    ^
    Конизација-отстранување на грлото на матката се прави со Cin 2 а со Cin 3 секој сериозен гинеколог ќе каже дека е задолжително.Со имунолошка терапија може да се повлече Cin 1,истото за Cin 2 е ризик а за Cin 3 е лудост.Неодговорноста води до хистеректомија.
     
    На mal.ecka и dromka им се допаѓа ова.
  16. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    А што симптоми имаше за раничката на грлото на матка?
     
  17. Flafy

    Flafy Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Нема никакви симптоми за раничка на грло на матката.
     
    На ванилала му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    Не знам каде да прашам па ајде тука..

    Колку е цената на ХПВ типизација, колпоскопија, и ПАП тест во Систина? Некоја што била сега брзо ако знае?
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  19. *Mila24*

    *Mila24* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    1.126
    Пол:
    Женски
    Jas pravev vo newborn I me kostasa 4000 denari rezultati za Edna nedela
     
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anna85

    Anna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Пред 3 месеци во Систина правев ПАП со колпоскопија и вагинално ехо. Во спецификацијата на услугите ги имам наведено следниве цени: 1. Цитодијагностика на размаски, ПАП размаски - 590 мкд.; 2. Земање брис и фиксирање ПАП - 1.350 мкд.; 3. Ехосонографски преглед на генитален тракт - 2.200. ВКУПНО - 4.140 мкд.
    Пред 2-3 недели правев ХПВ типизација во друга ПЗУ и ми наплатија 4.500 мкд., значи ова е цена само за ХПВ типизацијата, а не ми дадоа ни фискална. Ако земеш брис кај матичниот и сама да си го носиш материјалот во приватна лабараторија, земањето брис би те коштало 500 мкд., а ХПВ типизација во Биотек лабараторија е 2.300 мкд.
    Моја препорака е да си идеш у Систина, 100 пати се покајав што отидов на друго место за второ мислење... Или земи брис кај матичен и носи го сама во лабараторија.

    П.С Резултати најдоцна за 1 недела
     
    Последна измена: 1 април 2017
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.