Zdravo devojki...citav premnogu,no sepak premnogu se plasam... Pred mesec dena mi odkrija malo zgolemuvanje na tiroidnata...se preplasiv,nk so poveke informacii svativ deka ne e opasno...i kapak na seto toa pred 1 nedela mi stigna rezultatot od PAP testot.Otidov kaj maticnata i samo mi rece deka imam HPV,nisto poveke,ne go ni vidov rezultatot.Mi rece da pocekame da dobijam i na tretiot den da otidam kaj nea,i deka ke treba da odam vo Skopje....Mi prepisa vaginaletki Betadine,tableti za imunitet Betaimune (sodrazt vitamin A,C i Cink) i gel za odmivanje Uriage ph8....Ve molam za sovet,ve molam...Pozzz
Кога правев пап тест пред 3 недели докторката (приватен гинеколог) ми рече дека е нормален, со сомнение за ХПВ. Отидов кај неа за да ми земе брисеви кои после она ги носи во Авицена и еве сега резултатите се негативни од брисеви и урина. Ама нема ништо за хпв!! Читам тука вие самите сте носеле брисеви во ману за хпв, јас претпоставив дека све тоа ми спаѓа во цената што ја платив за брисевите (за тие пари што ги дадов мислев дека тие од Авицена го носат брисот таму и се' одеднаш добиваш), ама изгледа не. Сега треба наново брисеви да правам и да ги носам самата во ману? Како иде тоа?
Јас вчера бев во државна во Ск ми земаа брис (болно и страшно искуство) и од тука ја го носев во МАНУ...во држа на ми зедоа 80 ден,а во ману 550 ден...а читам многу поминале мн поевтино...
Штом немаш ништо, терај. Во Ману се носи само ако постои хпв на резултатите од брисевите, за да се одреди типизација. Инаку не мора да значи дека хпв се добива од сексуален однос, туку и од нагол пад на имунитетите. Внимавајте на претераните диети, јадете витамини и внимавајте на кандидата.
Ама мене ме збуни тоа што на резултатите од брисевите не пишуваше ништо за ХПВ. Имаше Уринокултура (нема уропатогени бактерии), Брис од вагина (нормална микрофлора/нема кандида), Брис од цервикс (нема патогени аеробни и анаеробни бактерии/нема Кандида), Брис за кламидија (нема тоа) и Брис генитален за микоплазма и уреаплазма (нема). Кога ја прашав докторката зошто нема ништо за хпв тука ми рече „На Микро нема ХПВ! Само на ПАП! Тие се независни“. И сега си стојам со тоа сомнение за хпв од пап-от и не знам дали да одам на друг доктор или ништо да не правам.. Инаку да, почнав да пијам капсули дневни витамини и минерали и да појачам имунитет.
Епа што тогаш се оптеретуваш. Мислам дека нема потреба да се повторуваат резултатите, ама како сакаш.
Za pojacuvanje na imunitetot zemi si beta caroten ili sekoe utro sok od morkov so maslinovo maslo.Mene toa mi poraca doktorot ili pak sirup imuno comples od dr.woltc (mislam deka taka bese).se pie 3 meseci a go zajaknuva imunitetot za naredni 6 meseci.pozzz
Za pojacuvanje na imunitetot zemi si beta caroten ili sekoe utro sok od morkov so maslinovo maslo.Mene toa mi poraca doktorot ili pak sirup imuno comples od dr.woltc (mislam deka taka bese).se pie 3 meseci a go zajaknuva imunitetot za naredni 6 meseci..pozz
Zdravo devojki ... imam cin 2 i hpv visoko rizicen 86 ... eden doktor mi poraca da gi pijam izoprinozine a drug konizacija ... strav me faka da ne premine vo cin 3 neznam kolku ke mi pomognat tabletite ... pa sakam i vase mislenje pozzz
Конизацијата не ти гарантира дека нема повторно да се појави цин. Знам случај каде после конизација, се појави повторно цин. Пробај со овие таблети, земи си некои други за подобрување на имунтетот, пр. спирулина. Хпв то е многу тежок за лекување, ама со подобрување на имунитетот можеш под контрола да го држеш.
Бидејќи имав надворешни кондиломи, гинекологот ме упати на дерматовенеролог, каде досега имав 2 терапии со течен азот и ми дадоа терапија изопринозин 30 дена 3 по 2 непрекинато. Пред недела дена ми стигнаа резултатите од пап тестот и се хпв позитивни. Во врска со позитивните резултати гинекологот ништо не ми рече само ме упати да одам кај дерматовенеролог. Ве молам за помош, што да правам каде да одам бидејќи навистина незнам што да правам..
Здраво на сите, Колку што читав по форумов за гинекомедика има само лоши коментари. Јас бев на преглед таму каде ми направија пап тест и ехо и докторката пред да ги дознае резултатите од пап тестот ми рече дека имам некоја инфекција и дека треба да направам микробиологија и хпв за да се дознае која точно бактерија ја имам. Од кога ги дозна резултатите од пап тестот ми кажа дека имам воспаление и дека препорачува да правам микробиологија + хпв. Сега, тие испитувања се во ред за мојава состојба но цените им се превисоки, изнесува околу 5000 ден. Моментално не сум здраствено осигурана и немам плави картони. Дали знаете колку чинат овие прегледи кај други приватни гинеколошки ординации? И дали знаете колку чинат овие со плави картони? Ви благодарам.
микробиолошките се по 1000ка од брис, плус пап 1500 мислам дека е на приватно на државно 250ден сите брисеви плус 150 пап-от
@Banba Најискрен совет, смени ги Гинекомедика. Машина за правење пари се. Те завлекуваат со дијагнози и тестови за да извлечат што повеке пари. Докторот е стварно стручњак и си ја разбира работата супер е, ама не се преоѓа преку горе споменатото.
Зборував денеска со докторката Агнеса која ме извести дека нема да можам да се испитам таму не ја разбрав зошто, ама ми препорача да не избрзувам со овие испитувања. Односно сакам и вас да ви ја пренесам информацијата дека со микробиологија може да се промаши бактеријата ако моментално не е активна и дека најчесто се прави на трудници. За ХПВ прецизно испитување на приватно чини околу 6000ден. Се согласувам, и мене ми оставија впечаток на доктори со огромно знаење, но сепак се прескапи за овој наш стандард.