Fala mnogu za sovetite epten mi znacat, dali nekoja od vas zemala IMMUNOCOMPLEX DR WOLZ I kako ste zadovolni?
Моја блиска другарка ги користеше за цин 2 и си го реши проблемот, супер се беше многу среќна. Јас ги пробав за вагинитис и ми помогнаа, докторот ми кажа дека сум супер. Позз ти ги препорачувам
Да И ми кажаа после 4 недрли хпв тип 53 Цин1 И пишува биопсио пву ет ецц Друго пишува присуство на дна од Хпв висок8 ризично тип 53 Ништо не разбирам Како се прави биопсија, болна е?
CIN 1- дисплазија од лесен степен -каде промената е само во долната третина на епителот на грлото на матката. Се работи за најблаг степен на дисплазија, кај која во 70% од случаите може да дојде до спонтана регресија или бара мал третман за нејзино повлекување. Мене ми нема логика да ти прават биопсија ако си цин1 ??? Биопсија се прави на Цин 3.Цин 1 се лекува со витамини и зајакнување на имунитетот. Таа промена ти е предизвикана од вирусот. Ти веќе си правела хпв тест и колпоскопија, биопсија не знам што ќе ти е во оваа стаза. Побарај второ мислење !!
И моја препорака е да си побараш второ мислење, но мораш веднаш да почнеш со терапијата за имунитет. Не сум медицинско лице, но од она што го имам читано за менаџмент во дијагностицирање на промени на грло на матка, мислам дека на биопсија се иде ако и на нареден ПАП-тест (после 6 месеци) повторно се појавува ЦИН. Инаку биопсијата како зафат воопшто не боли, но секако е стресна. Не знам кој ти препорачал биопсија, дали матичниот гинеколог, или некој кој наплаќа на приватно.... Биди внимателна, приватниве гинеколози знаат да го искористат моментот на слабост и очај кај пациентите и да ги изложат на сосема непотребни испитувања кои дебело ги наплаќаат.
Биопсија и киретажа треба да ти прават. Искрено да ти кажам прв пат слушам да прават биопсија и киретажа за цин1. Нема никаква смисла. Само поработи на имунитетот за да не дојде до цин2. Некои цел живот се со цин1 и немаат никакви проблеми. Побарај второ мислење.
Даа ијас имам цин 1 никаква терапија да работам на имунитетот само. И плус бремена сум нема никаков проблем
И јас знам дека биопсија не прават во оваа фаза. Не е страшно ќе се среди. влошките на тианде помагаат за хпв и цин, пиши им ке ти дадат соодветен третман. Другарка моја цин си реши со овие влошки, многу биле добри. Многу беше среќна.
Правел некој ласер за цин1? Читав на интернет, а еве и тука скоро сите пишувате дека за цин1 само треба терапија за имунитет, ама ми е шубе да седам и да чекам дали ќе пројде само од себе или нема, или ќе се влоши на цин2/3, кога со ласерот ќе се отстранат тие клетки во кои веќе дошло до промени ради вирусот. Знам дека ласерот не е гаранција дека нема пак да се појави цин, ама немаш ни гаранција дека со имунотерапија ќе пројде и дека нема да се влоши.. Не можам да одлучам, а треба за некои 2 недели да знам дали ќе закажам за ласер или не. Од терапија за имунитет ги пијам максималните дневни дози за Витамин Е, Бета Каротен, Витамин Ц, Селен и Цинк. Две недели ги прекинав апчињата и ги заменив со овој сируп (пошто патував, па ради страв од промена на клима да не ми бидне нешто). Ги содржи истите работи во малку појачани дози и плус уште нешто, па мислам да продолжам со тој. Пишуваше дека баш е препорачан од гинеколози за хпв/цин.
Јас правев ласер со цин1, и високоризичен хпв. Сега после ласерот нема ништо, па ќе видиме на следна контрола каква е ситуацијата.
Јас се оперирав минатата година од цин 3 и повторно сега имам цин 1 незнам а пијам секакви витамини не сум менувала партнери незнам како го добив па ни како да го излечам повеќе
Џабе се повлекува цинот , ако имаш хпв и при пад на имунитетот може повторно да се појави. Бидејќи си правена операција, почекај со ласерот работи на имунитетот и редовни контроли.
Познаничка имаше цин2 и со ласер ѝ го отстранија, некое време немаше ништо, после пак и се појави цин1 и си го има цело време.
Јас пробав една и не видов некоја разлика,требало да осетам нешто дека влече од мене. А тогаш дента ја носев 8 часа и ноќеска испонастинав. Дали е нешто поврзано или така си мислам не знам.
Цин1 најчесто се повлекува само од себе. Многу ретко може да премине во цин2. Мајка ми имаше скоро 3 години цин1, сега на последниот пап нема ништо. Цинот всушност е промена на клетките во грлото на матката.