Цин значи дека се забележани одредени промени во клетките на грлото на матката. Хпв е вирус кој ја напаѓа кожата и слузокожата. Има над 100 типови, некои немаат никакви симптоми, од некои се појавуваат брадавички, а други се причинители на рак. Е сега, ти имаш цин1 што не е толку ризичен и хпв 53 кој е високо ризичен и од групата причинители на рак. Но ова НЕ ЗНАЧИ дека ти имаш или во иднина ќе имаш рак, доколку навреме се лечи!!! Зошто веројатно бараат да направиш биопсија? Затоа што со пап тест се утврдува само дека има МОЖНИ промени на клетките, но не и конкретни резултати и дијагноза. Точно дека цин1 е почетен и не толку опасен стадиум, но штом е во комбинација со хпв 53 кој е високо ризичен, тогаш ете од каде е загриженоста на докторот. Да напоменам, јас не сум медицинско лице, а ова што ти го кажав е од тоа што сум читала и истражувала затоа што сум била на некој начин засегната. Би ти препорачала да си отидеш и на второ, па ако треба и трето мислење и да одлучиш што ќе правиш. Во моментов не ти е некоја животнозагрозувачка состојба, немој да паничиш и беспотребно да се секираш, ама немој ни да чекаш.
"there are nine HPV types that may also be associated with the development of cervical cancer, these are HPV 26, 53, 64, 65, 66, 67, 69, 70, 73 and 82. However, there is currently not enough evidence to indicate that these are high-risk types for cervical cancer" ... Навистина немаш место за паника, за ХПВ тип 53 не постојат доволно цврсти сознанија кои упатуваат на тоа дека овој тип на ХПВ може да развие канцер ... Затоа секако побарај и второ мислење и не брзај со биопсија
Јас од едниот гинеколог добив резултати од пап дека имам цин3. Отидов на второ мислење и ми направија колпоскопија каде потврди дека има промени на клетките на грлото, ама рече дека е потребна биопсија за да се потврди дали е навистина цин3. Од биопсијата и киретажата излезе дека е цин1, што менува многу работи. Така да, мој совет е да си направиш биопсија ако ти е препорачана, затоа што пап тестот е ограничен во тоа колку може да покаже. @iloveyou29 пред колку време го правеше ласерот? Се осеќа нешто болка? Overall, нема ништо штетно ако направиш ласер за цин1, нели? Зошто и јас имам 2 високо ризични хпв и цин1, и не можам да седам и да не правам ништо за да пробам да го решам барем цинот (знам дека за вирусот е потешко, морам само да го јачам и јачам имунитетот да се избори самиот). Фала ти за одговорот
Ласерот го правев во март месец. Траеше некаде 15тина минути. Не се осеќа болка, туку само како некое непријатно чувство,ништо страшно. Со ласерот всушност ги отстрануваш зафатените клетки. Потоа тие се обновуваат. После ласерот одиш на контроли и после 2 месеци правиш пап да видиш дали се е исчистено. И мене не ми се ризикуваше бидејќи хпв беше високоризичен. Јас каде што одам кај мојот гинеколог, сестрата што работи таму ми кажуваше дека имала цин3 и била правена конизација на грлото на матката одамна, и сега имала цин2. Пак и се појавило. Нема правило. Кај некои не се појавува. Ама поголема е веројатноста да се појави кај жени што веќе имале. Е за вирус во светот знаеме дека нема лек. Само да се одржува имунитетот за да не се активира. Скоро секоја 2ра жена го има.
Dobar den decki. Premnogu sum ispanicena. Prvev pap test i mikrobioloski. Mikroo e cisto na papot pisuva pojava na kandida, i kletovni poremeyuvanja koi asociraat na virusna infekcija neli hpv. Celata skroz idpanicena otidov na dezuren ginekolog vo privatnata opsta klinika kaj sto gi pravev bidejki mojata doktorka denes ne e narabota a iskl i e telefonot. Toj dezurniot ginekolog dto inace e dosta cuen ladno ko uvo da ne go boli mi veli pa nema zaokruzeno cin1 cin2 ili cin3. Samo inflamacija. So ima vrska sekoj vtor test pokazuva kletki koi asociraat na hpv pa posle ispaga negativno na tipizacijata. Ne se potresuvaj niso strasno da ja sredime kandidata pa pak ke se proveris. Na preporakata bese zaokruzeno terapija no ne i tipizacija i toj mi kaza ako sakas pravi ako sakas ne.. kakov odgovor e toa?!! . Nemam nikakvi izrastoci bolki pecenja nisto najredovna menstruacija do den. padnat imunitet da kako rezultat na stres.... ne znam sto da pravam ke se mrdnam do ponedelnik...
Убаво ти рекол гинекологот дека нема место за паника. Типизацијата може да детектира присуство на ДНК на вирусот од тип кој не е високоризичен. Почекај до Понеделник, иди кај матичниот гинеколог нека ти земе брис за ХПВ типизација и носи го во МАНУ за да си знаеш дали воопшто има нешто и од кој тип е.
не се носи само една влошка, како што ни даваат антибиотик една недела или две така и ова, со една не верувам дека се постигнува ефект
Може прашањево не е за овде амма... После биопсија се останува на болување? На работа креваме тешки раб. Ќе биде проблем?
Не се останува на боледување, најнормално си функционираш... можно е во наредните 2-3 дена да имаш слабо крварење, но не секогаш е случај тоа
Povekje nema preku fondot vo manu,so toa sto 10% plakjase, mene mi zakaza za eden mesec na virusologija na klinika..
Јас чекам за во ману за хпв. Гинекологот ми кажа немале реагенси. Дали моментално немаат, или веќе нема да се испитува таму?
Мене гинекологот ми кажа дека повеќе ја нема соработката со МАНУ па ми закажа на клиника и цел месец чекам за слободен термин
А зашто воопшто има потреба од закажување во МАНУ / на клиника .... и онака матичниот гинеколог го зема брисот, а ти сама си го носиш стаклото (или епруветата - не знам која е стручниот термин) во МАНУ со упатот кој ти го издава матичниот гинеколог и парашалникот (анкетниот лист) кој што анонимно го пополнуваш.
Па не е приватно него државно и самите сме свесни какви услуги имаме. Јас првиот пат кога носев во МАНУ платив 10%и пристапна цена од 600 денари, незнам дали може во МАНУ приватно типизација и не секој може да си ја дозволи па затоа ќе чекаме со денови за да ни се закаже.. Dali nekoja za hpv virus -visokorizicen ja koristel vloskata na tianDe life energies?? jas zapocnav da koristam, zemav deset vloski se nosat 24h sekoja od niv, pa imam zakazano tipizacija I kje vidam dali seuste virusot me sledi. I se nadevam deka nema da ima sprotiven efekt
Јас правев и приватно типизација во Биотек лабараторија, а правев и во МАНУ за да си ги потврдам резултатите. Кога носев во МАНУ, немаше потреба од закажување, матичниот гинеколог ми зеде брис и јас сама го носев во МАНУ и платив или 450 или 650 мкд., не сум сигурна колку беше, но не беше многу, некоја симболична сума беше. А зошто воопшто пак правиш типизација? Колку често треба да се прави ХПВ типизација?
Во консултација со мат.гинеколог ми препорача повторно да правам хпв типизација и мо рече дека може повторно дабиде изолиран истиот вирус, да биде изолиран некој друг или воопшто да нема.
Си ме помешала нешто за Ману. Јас зборев за влошката од тианде. Една употребив и истиот ден се разболев(настинка) мислам дека има некаква поврзаност.