Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

HPV – дали сте информирани?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Ох и јас имав многу тешкотии од imunACE многу повраќав и ме болеше желудникот, а ме интересира каде го има прашокот VIUSID јас не можам да го најдам во ниедна аптека :(
     
  2. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    4.736
    Пол:
    Женски
    Јас сум од Штип, го има во една аптека во трговски центар, во близина на супермаркетот Макпромет. Распрашај се во повеќе аптеки, би требало во некоја да го има.
     
  3. medce

    medce Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    мене ми е матичен др-огне за обичен ген-преглед само 150денари а за секој брис по 100денари а пап тест не сум правила кај него го правев во систина таму платив 1500ама знаеш дека за 3 дена го имаШ одговорот а не тука да ЧекаШ цел месец.позззз
     
  4. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    4.736
    Пол:
    Женски
    Дали е точно дека овој доктор и беше матичен на една жена која починала од рак на грло на матка. Жената нон стоп одела на контроли, таму дури сестрите почнале да и се смеат, оти докторот ме можел да види ништо. И таа беше од Штип, даваа прилог на А1, дури и жената даде изјава, а потоа кажаа оти починала. Се зборуваше токму за овој доктор, а таа беше само 27-28 години.
     
  5. samisss

    samisss Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    znam deka ova e malku zastareno no jas duri sega se soocuvam so toj problem,i jas go imam istiot tip na Hpv i mene me interesira nesto poveke vo vrska so nego.Pa ako nekoja znae nesto poveke ve molam pisete.A da, i bekuta,kazi mi go tvoeto iskustvo so ovoj tip na Hpv,zasto umiram od strav. Pred tocno edna godina so dijagnoza cin2 no so otsustvo na Hpv(potvrdeno na tipizacija)mi e napravena biopsija i konizacija ,a sega mi se pojavi povtorno cin1 i hpv 53.Baram vase mislenje i vasi iskustva.
    Odnapred Vi blagodaram.

    [mod-kirilica:3gti8gzp][/mod-kirilica:3gti8gzp]
     
  6. medce

    medce Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    ST-EL да така е жената почина и имаше само 28год тоЧно правила редовни контроли и ниШто да не се виде незнам малку Чудно денес Човек да незнае што и каде да оди болести и само болести ги има насекаде па затоа освен кај него јас бев и во систина и во дрЖавна и сите различно поз
     
  7. danika

    danika Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Навистина во денешно време човек незнае од што побрзо да се штити.Да направиш три пап-тестови кај тројца различни гинеколози,ќе излезат различни резултати, да не знаеш на кого да му веруваш,а на кого не.Кај мене имаше сомнение за ХПВ-вирус,но пап-тестот беше во ред и кога направив типизација излезе негативна-дека нема вирус.Мене од таа страна ми олесна малку.Ретко може да се најде добар гинеколог кој соодветно ќе направи испитувања,повеќето гледаат што побрзо да завршат работа,да си платиш и пријатно :(
     
  8. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    4.736
    Пол:
    Женски
    И кај мене Папа-тестот имаше нормален наод, а сепак ХПВ. Затоа гинекологот ми препорача на наредната контрола ако покаже пак исто, тогаш да правам типизација. Рече дека ова било случај кај многу жени, дека не е опасно, не знам што да мислам. Побарав второ мислење од друг гинеколог, тој ми предложи веднаш типизација. Инаку имав и кандида, примав терапија, но сеуште го имам чешањето.Докторот вели ми ја дал најефикасната терапија. Малце ми е страв, но ако видам мака ќе си ги купам Лактогин. Сам ако не обрнеш внимание на сопственото здравје, никој не помага. Затоа здрава храна и домашно приготвени рецепти за јакнење на имунитетот.
     
  9. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Информацијата за ХПВ ми беше сервирана комплетно по грешка. Без оглед по чија вина( немарност, брзоплетост или неажурирани документации) мирно лепо си примав терапија на друга личност, која го носела истото име и презиме, после кое грешката се средисо извинување, само затоа што работата не дошла до посериозни последици.
    Значи, кога ја примив веста дека некоеси чудо Папилома вирус, ми ја запоседнало матката, ме акна шлог, а името ме извади од памет.
    Се сеќавам дека драматично ја примив веста, а од целата атмосфера и мирис на болница и жени кои чекаат на ред, ми се згади. Веројатно и недостигот во информациите и несвесноста со што имаш работа допринесе кон тоа глупо и тупо чувство.
    По објаснување на гинекологот вирусот не е еден туку вирусна група која опфака 14 или 16 типови од кои 4 се канцерогени и кои под одредени услови, база на вагината, исхрана, слаб имунитет, раничка на матка може да прерасне во канцер. А за утврдување на типот, потребно е да се земе брис кој по лабаратриски пат се испитува за понатамошно насочување на терапијата.
    Знам дека периодот се наливав со зелен чај, јадев алги камбуха од јапонско потекло, со чуден непријатен вкус, примав капсули со еуханицеа, витамин Ц и зинк, се тоа за јакнење на имунитетот и превенција да не му е даде залет на вирусот.
    Друг начин на пренсеување на вирусот, освен сексуалниот, не ми беше посочен, како што читам од другите постови веројатно посотојат и други можни извори( депалација, претерана хигиена или нешто трето).
    Од тогаш па наваму секако ми е појачана предострожноста и во кревет и кај доктор а и станувам чудна на докторите кога и укажувам секој пат да внимаваат со картоните, како демек табу тема е таква кардинална грешка да се направи во медицината.
     
  10. Reny

    Reny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    HPV

    Бев на гинеколог пред 1 месец и ми открија хпв. Од тогаш секој ден мислам дека ми е хорор, опседната сум со болеста и цело време читам по форуми какви последици има и колку е опасна. Пред некој ден оставив брис во микробиологија да ми кажат за кој вид на хпв се работи. Ве молам некој нека ми помогне како полесно да го излечам вирусот, најдов и рецепт од алое исто така и диета за хпв па доколку некој пробал да ми каже дали има резултати :( Исто така читав и за алое растворот кој се пие секое сабајле за подобрување на имунитетот, дали некој знае отприлика колку кошта и каде може да се купи?
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.477
    Допаѓања:
    201.310
    Пол:
    Женски
    Вирусот не можеш да го исфрлиш од организмот, само можеш да го минимизираш или неутрализираш неговото дејство. Прочитај низ темава, сигурно ќе најдеш повеќе информации.
    И не се опседнувај многу со тоа, психата може да има многу големо влијание врз развивањето на одредена болест. Биди оптимист и позитивно размислувај! ;)
     
    На Bambarabumbara му/ѝ се допаѓа ова.
  12. samisss

    samisss Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    здраво reny,
    ако типизацијата покаже дека имаш хпв и кога ке се утврди за кој тип на хпв станува збор (дали е високо ризичен или нискоризичен)тогаш најпрво што треба да направиш е да го зајакнеш имунитетот и да ги намалиш стресовите,а за целосно одстарнување на хпв од организамот нема т.е досега јас немам ниту слушнато ниту прочитано,значи најмногу што можеш е да ја сведеш на минимум застапеноста на вирусот во организамот за да неможе да предизвика посериозни проблеми(цин или пак кондиломи).Инаку лек за хпв не постои.еве ти еден линк на кој што можеш повеќе да се информираш.
    http://www.rak.mk/index.php?option=com_ ... Itemid=583
    Кога HPV вирион еднаш ќе навлезе во клетката, се јавува активна инфекција и вирусот може да се пренесе. Може да поминат повеќе месеци или години додека се развијат лушпести интерепителни ранички (SIL) што може да се детектираат клинички. Поради периодот што е потребен за активната инфекција да достигне ниво на болест што може клинички да се установи, заразениот тешко може да утврди кој партнер бил извор на заразата и овој период се нареква латентен период.Постојат повеќе од 100видови на овој вирус.Се надевам дека барем малку од малку ти помогнав,затоа што и јас сега се борам со тој хпв.Имам читано досега многу за него.Ако имаш уште нејасни работи пиши ми па ке се потрудам да ти помогнам.Искрено се надевам дека твојата типизација ќе покаже отсуство на вирусот хпв.
    за алоето јас пиев таблети од алое и кај мене не дадоа резултат но да не те обесхрабрувам кај секоја личност тоа е индивидуално,кај мене немаше подобрување поради тоа што стресовите јас неможев да си ги намалам и затоа не се нервирај, тоа најмногу влијае на организамот.
    Поздрав и пиши ми што си направила.
     
    На svezdana и infinity им се допаѓа ова.
  13. Reny

    Reny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Фала ти многу за информациите :) И јас се надевам дека типизацијата ке биде отсуство на вирусот...
    треба да почекам уште 5 дена до резултатите.
     
  14. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Алое вера има во форма на џус и гел
    околу 1000 денари е литар во Зегин
    и е едно од најдобрите средства за одржување на висок имунитет.
    Јас имам ЦИН1 и до наредниот преглед се јакнам со Селен, витамин Ц, Б-комплекс и вагинатории Плантагин од кантарион. Не го ставам многу на памет, освен вака кога ке видам кој со какви маки е... а реално психата најмногу штета прави.
    Само тоа ми беше дијагностицирано, а немам друга инфекција. Инаку вака кога ке почнам да читам, и одма почнува да ме чеша доле, да ми поминуваат струички во јајниците... лелеееееее чудна ствар е психата да знаеш.

    Инаку само еден единствен партнер сум имала во животов... колкава е веројатноста да ми е од него, а колкава од начините на кои без односи можам да го добијам, т.е. од мене? :^)
     
  15. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    ^

    Машките се преносители на сексуалните болести. Можно е дечко ти пред да биде со тебе во врска да го закачил од некаде, али ти во изминатово време да си имала добар имунитет и на пап тестот да не покажувал ништо.
    Дошол период кога ти ослабнал имунитет, и вирусот се покажал. Ти си го имала вирусот уште од почетокот но сега се активирал поради паднат имунитет.
    Друго објаснување немам. :?:
     
    На Bambarabumbara му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    А пример, кај него, на што би влијаело имањето на вирусот? На постигнување ерекција, на неодржување, на имање брадавички како кај жениве што прочитав...??? :?:
     
  17. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    На машките ништо не им прави, тие имаат појак имунитет и брзо ќе се избори организмот.
    Нас може да ни направи проблем, затоа треба да го држиме под контрола. :/

    Иначе, дали има некој пиено од овие? Се препорачуваат за хпв.
    http://www.natura-plus.net/categories/view/51
     
  18. sanaqualia

    sanaqualia Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    33
    BIOBREN- от ти е стварно добар препарат, јак и докажан имуностимуланс, ако можеш да си ги дозволиш (зашто не се баш ефтини) пиј ги и не се мисли.
     
  19. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    А знаеш точно колку пари се?
     
  20. samisss

    samisss Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    биобрен-от се 3750ден, а во едно пакување има 25 таблети и треба да се земаат по едно на ден и континуирано во период од 3-4месеци.