Ke napravis tipizacija ke ti dadat terapija za imunitet ke gi dobies rezultatite ke vidis so kako e. I mene pap testot mi bese pozitiven hpv a tipizacijata mi izleze negativna pominav sest meseci imunoterapija sega ke odam na kontrola i ke vidime.. Samo smireno se ke bide dobro...
Imunocomplexs od dr. Wolz za imunitet i gineks forte vaginaleti... A za nego nisto posto se pokaza tipizacijata negativna pa se misli deka problemot e vo imunitetot... Moras da napravis tipizacija za da bides sigurna sto e..
Како тоа партнерот направил типизација? Или грешно сфатив, твојата типизација била негативна па ништо за него не правевте? Инаку за Имунокомплексот од др. Волц еден коментар - јас го користев и почнав да се чешам и драпам како крастава да сум, и отпосле прочитав дека високи дози на Ниацин (како што има сирупот) доведуваат до тоа. Поради тоа престанав тоа да го пијам, и сега пијам Бета Глукан комплекс + Бета Каротен + Витамин Ц од 1000мг + Шиитаке.
Вчера аптекарката ми го препорача сирупот и некои капки не им го запомнив името.. Околу 600 и нешто денари се.. А таа Типизација како се прави, брисеви ли се земаат?
Прв пат слушам за капки, не ми спомнала мене докторката. Пробај со сирупот сепак, на некои има добро дејство. За типизација да, треба да отидеш брисеви да земеш и или они ги праќаат во лабораторијата со која соработуваат (ако одиш на приватен лекар, како што направив јас, и чини околу 3500) или ти ги носиш во Ману сама за многу пониска цена, ама и многу подолго чекање.
Jas pravev tipizacija izleze negativna pa za nego ne prevzemaa nisto posto mislat deka imunitetot mi e oslabnat i zatoa se pokazuva hpv
Здраво сакав само да прашам виспкоризичните типови на хпв се појавуваат ли брадавици на мојата другарка и се појавија две шилести и вака мируваат и дали ако имаш хпв или тоа цин 1 имаш болки во долниот дел на стомакот дали болките во долниот дел на стомакот можно е да е поврзано со цин ... позз ве молам за совет
Кај мене пап тестот покажа хпв, а типизацијата е чиста, нема хпв. И сеа не ми даде ништо докторот рече немало потреба?! А воедно на пап тестот се покажа и кандида, за тоа вагиналети ставав и рече немало потреба од ништо друго.. Не ми е баш јасно .
Јас немав болки, а имав цин. Мислам дека за тоа нема симптоми затоа и ако не се прават редовни контроли тешко се открива.
Кога е со менструација слабо крвари скоро ич како нешто да сопира незнам што би можело да е ама ги има брадавиците дали е мможно да имаш брадавици а да немаш цин може ли некој подетално да ми објасни ако се разбира И на мене не ми е баш јасно ако имаш хпв знаци тоа е резултат на брадавиците така ли
Некои хпв типови што се нискоризични може да предизвикаат појава на брадавици. Цинот не е поврзан со брадавиците, туку со хпв вирусот. Цинот е последица на високоризичен хпв. Значи промените од вирусот се појава на цин, брадавици...
Ахам јасно ми е ама тоа се.испитува нема некои симптоми оти друагрката имаше болка во долниот дел на стомакот и како што напоменав кога е со менструација скоро ич не крвари
И кај мене е исто... Правам пап за недела дена ми излегоа резултатите ХПВ позитивни по три дена правам типизација излезе негативна.. И потоа на негативна типизација ми дадоа шестмесечна имунотерапија... И не ми е јасно ништо! значи или имаш ХПВ или немаш за три дена вирусот неможе да исчезне туку така и на уредни резултати шест месеци терапија... Незнам...
На пап тест не покажува дали си носител на хпв туку само се присутни клеточни промени кои асоцираат на вирус, а со типизација се открива дали навистина имаш хпв или е само лажна тревога. Во твојот случај си една од среќните со негативен резултат на типизација така да биди мирна, а терапијата не знам на кој основ ти е пишана, не ми е јасно дали треба да примаш имунотерапија и при негативен резултат, може некој друг ќе знае да појасни.
Девојки ми треба ваше мислење. Во јулии отидов на доктор со цел да направам пап тест,но на прегледот докторот ми утврди кондиломи,внатрешно. Пап тестот и микробиолошкиот(кој го направив на иницијатива на докторот) беа уредни. Со цел да видиме од што би биле кондиломите направив и типизација,на која се утврди дека јас немам ХПВ. Но,кондиломите од првиот пат и по некои два месеци (додека ги чекав резултатите од сите тестови )се прошириле и докторот ми кажа што е можно побрзо да се отстранат. Со ласер ми ги отстранија предходната недела,но сепак не сум мирнаКАКО МОЖЕ ДА НЕМАМ ХПВ ,А ДА ИМАМ КОНДИЛОМИ?
Дали е потребно да се прави типизација? Гинекологов ми вели не ништо нема да смени, пиј витамини само... Немам појма што да правам. Ве молам за мислење
Правев пап тест и испадна дека имам кандида и докторката ми рече да правам хпв типизација и кажа тоа бил следниот чекор,бидејќи прескапо ми е на приватно,морам на државно да го правам овој тест,но што мислите дали има врска кандидата со хпв? Не разбирам ако немам хпв на пап зошто треба да правам хпв типизација