Ти препишаа витаминска терапија без да направиш типизација и без да знаеш дали го имаш вирусот или имаш и некој друг проблем, абнормалности и сл.? Вака, не знам да ти одговорам... Хпв не се открива со пап тест, само со типизација. Мене ми препорачаа типизација само затоа што резултатот покажуваше клеточни промени што асоцираат на вирусни информации, направив и среќа покажа отсуство на вирусот. Во случајов не знам зошто би ти препорачале типизација само ако имаш кандида, се друго ти е ок на резултатот, да не има и кај тебе клеточни промени?
Направи си типизација бидејќи е битно да знаеш колку и кои нишки од вирусот ги имаш (ниско ризичен, средно или високо ризичен) и според тоа и што да пиеш.
Малку сум збунета. Таа не кажа дека го има вирусот, а без типизација не може да дознае дали е носител или не, така да ако знаеше дали е носител на вирусот, ќе знаеше и од кој тип е. Затоа прашав да не пие терапија од други причини хмм Во секој случај добро е да си направи доколку смета дека има потреба. Инаку, за сите овде со хпв проблеми, да кажам дека кога праев типизација пред 2 недели, докторката ме информираше дека освен имунтетска терапија, почнале да користат и некој вид раствор за премачкување на заразеното место од матката, еден вид на пилинг, со кој се уништувало заразеното ткиво и останувало здравото, така да прашајте си и за тоа.
Па не бидејќи ми кажаа дека само кандида имам и следен чекор било хпв типизација,имам направено и микробиолошки брисеви и ништо нема на нив А со самото имање кандида не се направени веќе некои клеточни промени?па затоа да ми предложија типизација
@TheGoldenPeach правев пап и пишуваше клеточни промени што асоцираат на вируси - хпв беше запишано(со цртичка со се ) и докторкава ми рече да пијам само витамини и контрола на 6месеци. Поминаа 6месеци пак правев пап пак истото и ја прашав за типизација и ми рече дека нема потреба. фала ви на сите за одговорите, ви враќам касно пошо мислев дека темава е мртва и никој нема да врати @CinnamonBambi а што се пие? има некои посебни апчиња или? јас си прашував по аптеки за нешто допоплнително покрај витамини и никој ништо не ми кажа освен нема тоа ти е
Абе се што можеш да пиеш е имунотерапија т.е. работи за ојачување на имунитет, ама битно е колку треба форца да удриш на тоа. Сакав да кажам,веројатно полесно ќе се избори организмот (и помалку зајакнување на имунитетот ќе треба) ако е една нискоризична нишка наместо две или повеќе високоризични. Јас прво кога дознав, пиев Имунокомплекс сируп од Dr.Waltz , ама почнав да се чешам ко ненормална и открив дека ми беше од Ниацин во сирупот па го престанав, и пиев само Бета каротен, Витамин Ц и витамин Е. На контролата се покажа дека тоа не е доволно, бидејќи ми се врати и Цин 1 повторно (правев ласер за да го отстранам, но се создаде пак). Сега пијам Бета Глукан Комплекс и Шитаке, Витамин Ц од 1000мг, Витамин Е, Бета Каротен, јадам маџун и пијам јајца од препелица. Треба и повеќе зеленчук и овошје да се внесува, да се избегнува стрес, и така. Страв ми е дека и ова нема да биде доволно да се повлече барем Цин-от, ама ќе видам за 2 месеци на контрола па ќе ви пишам. Ако на пап тестот ти пишале дека имаш промени на клетките поради ХПВ тогаш направи типизација. Не знам дали прво идеше типизација или пак колпоскопија (да те премачка на грлото на матката со раствор кој ќе покаже дали и колку абнормални клетки има таму), ама како и да е, направи следен чекор.
Јас ги пијам истиве витамини само шитаке не, бидејќи никој не ми кажал и не знам каде го има, ти од странава го нарача и дали на своја рака? ако не е тајна да ми кажеш колку време се занимаваш со вирусов, ја веќе година и кусур. И поклонив верба на гинекологов али изгледа не требаше бидејќи стварно не препорача ни типизација, ни колпоскопија, туку само витамини. Се осеќам ко некоја неписмена, ќе си одам кај друг гинеколог, да не имаш препорака ако си од ск? За типизација кај да правам во ману или приватно? Имам чуено дека во ману биле најдобри за ова и хепатити и сл
Јас една година како го открив вирусот, сега во декември контрола втора ќе ми биде. Епа чим го имаш вирусот, обавезно да си закажеш колпоскпија (да се види дали вирусот има направено промени во клетките околу грлото на матката т.е. дали има или нема цин) и типизација. Јас во Систина бев кај др. Тимчева и сум стварно задоволна од нејзиниот пристап и достапност за секое прашање што го имав, буквално и ми црташе за да знам што каде се случува. Дефинитивно е поскапо, ама јас не ни имам матичен гинеколог и затоа така отидов приватно. Типизација ваму беше 3500 и за помалку од една недела го добив, а за во ману ќе треба повеќе да почекаш и цена не знам. Можеш да си закажеш колпоскопија и земање брисеви за да си ги однесеш во ману сама, дали кај твојава или на друго место. А за шитаке ги има во Виола, се земаат по 3 на ден, и има научно докажано дејство шитакето врз елиминирање на хпв, така да го препорачуваат за тоа. Да ми го видиш кутивчето со апчиња за секој ден ама ќе пијам и дупло од тоа ако треба, само да се решам од цинот и да се повлече вирусот (нели тој не исчезнува никогаш, ама да стане неактивен, да го потисне имунитетот).
@CinnamonBambi да бе сеа баш читав за ахцц и за печуркиве, ќе ги земам дефинитивно. а за ова по целиов овој муабет ќе мењам гинеколог, а за у систина ќе си присоберам парички прво фала у секој случај
По тоа шо те читам јас пак не знам како ти удврдиле дека го имаш вирусот кога немаш правено типизација. Тоа запишано хпв со цртичка е препорака за да испиташ дали си носител на вирусот, а не дека веќе го имаш. Пап тест не покажува дали имаш хпв, така да најдобро е да си направиш типизација која ќе потврди, а вака пиеш имунотерапија за која можеби и нема потреба. Мене докторката ми рече додека не излезе резултатот од типизација не треба да пијам никаква терапија и кога излезе дека воопшто го немам вирусот, немаше ни потреба од никаква имунитетска терапија.
Zdravo devojki sakam da se konsultiram so vas. Pred 3 meseci bev prv pat na ginekolog mnogu bolki imav vo jajnicite i od sekogas gi imam ne samo koga imam dobieno od nigde nikade znae i mi rece deka ke gi snemam koa ke go rodam prvoto dete.No imav togas infekcija i se izleci so vaginaleti od 3 dena no za sekoj slucaj mi napravi i pap test i so toa doznav deka imam i virus i me pratija u drzavna za da otkrijam tamu mi napravile test i posle mesec rezultatite bea pozitivni imam niskorizicen hpv42 i doktorkata nabrzina samo mi objasni u najkratki crti i si imase druga rabota i ne ja sfativ mnogu..u glavno mi rece da ne se sekiram nisto strasno mi napisa recepta za vaginaleti vaka taka ne ja sfativ ubavo mi kaza ili ovie ili ovie zemi gi kako sto ja sfativ posto uste nesto ako ja prasav mislam deka ke me zatepase haha ama na receptata pisuvase "i" i tie od apteka mi rekoa i dvete .. ne znam ni dali smeam da imam odnos ni nisto ni dali e zarazno ni nisto ne se razbiram vo ovie raboti pred 5 meseci sum imala prv pat sekusalen odnos..u apteka mi objasnija deka treba prvo ednite 7 dena pa posle drugite ama posto bev u razlicni apteki i izgleda istoto mi go dadoa a mi ja zemaa receptata..i sea doma gi gledam isti se ne znam dali taka treba ili drugi trebalo..neo-penotran forte mi dadoa citav po forumi efikasni se ali dali treba sea 14 tableti da koristam ili 7 ? Dali e dobro toa da koristam 14 za sekoj slucaj? I ne znam ni na pregled koa treba da se ide pak ..test pak treba da mi napravat taka? Odnos ne smeam da imam dodeka gi zimam taka? Ako moze nekoj da mi objasni sto znae bi vi bila blagodarna da ne plakam po doktori a od majka mi krijam so moi pari pokrivam..
За лековите не знам да ти помогнам освен да ти речам јави се на доктор и прашај повторно или иди у аптека и они ќе ти кажат како се примаат. За хпвто ќе ти кажам дека се пренесува, така и си го добила најверојатно, секс само со кондом и ако менуваш партнери би било фино да си прашаш за спб и да известиш нормално, а за искрени одговори дали ќе добиеш е дискутабилно, бидејќи јас не добив и затоа го имам. Моја грешка и неодговорност. но да нагласам дека се пренесува кожа на кожа дури и да пенетрирал во тебе со кондом ако имал брдавици надвор од кондомот може да го закачиш. Исто така најчесто доколку нема брдавици мажите не ни знаат дека го имаат вирусот. Не се пренесува преку крпи и вц школки. А сексот не влијае никако на брзината на справување со вирусот. Ако си во моногамна врска си го имате истиот тип со партнерот и тоа е тоа. Во однос на вагиналетите и сексот, прочитај упатство, тие јас што сум ги користела е пишано дека може да дојде до оштетување на кондом. Имунитетот е тој што се бори со вирусов, на интернет вели дека во просек 2 години се потребни за да се избори, што не значи дека исчезнува од телото, не е бактерија па да се нашибаш со антибиотици и да пројде. Мора да се подобри имунитетот, затоа мене ми рече гинекологов да пијам витамини, преглед ми рекоа на 6месеци, ама ја немам никакви симптоми и не сум правела типизација и сл, така да не можам да кажам точно, некои прават на 3 месеци, некои на 6, некои на година, зависи што ќе ти каже доктор. Јас ќе одам на второ мислење бидејки не сум задоволна, ти препорачувам и ти да си одиш кај некој што ќе ти објасни подобро.
Sugar, дефинитивно појди пак кај докторката за да си прашаш убаво за вагиналетите кои и колку време треба да ги користиш. Инаку, скоро со сите вагиналети (а посебно јаки за ваков вирус) не смее односи додека се користат, ем може да го оштетат кондомот ем треба убаво да си работи вагиналетата откако ќе се стопи внатре, со имање секс ќе го извадиш тоа од себе. После тоа секс само со кондом. Пошто е нискоризичен и немаш ЦИН (т.е. вирусот нема направено промени во клетките околу матката), имаш многу добри шанси имунитетот да ти го потисне вирусот и да стане неактивен. Вирусот останува во тебе засекогаш, ама ако е неактивен може да си тераш нормално. Ако си пушач, веднаш откажи ги цигарите, ама сериозно, бидејќи е докажано дека цигари многу влијаат на зголемување на ризикот за рак на матка кај тие што имаат хпв. Избегнувај преголем стрес и работи на имунитетот со витамини и здраво хранење , прочитај го погоре мојот пост за да видиш што можеш да пиеш за ојачување имунитет.
Чисто информативно ме интересира кои се симптоми на ХПВ кај жена освен брадавици? И дали има големи шанси на пренесување при допир на кожа со кожа или орален секс?
Нема симптоми ни кај машко ни кај женско (освен нели брадавиците, ама тоа е само на една нишка од вирусот и таа истата не може да доведе до појава на рак на грло на матка). Затоа многу често може и многу доцна да се открие. А за пренесување кожа на кожа и орален се веројатно добри шансите, иако највисоки се преку незаштитена пенетрација.
Fala ti mnoguu CinnamonBambi ke idam utre kaj doktorkata da ja prasam ubavo i ne sum pusac toa e dobro i me utesi citav raboti i pocnav epten da se sekiram..ama do imunitetot e najveke a ja mn nezdravo se hranam i bev pod stres mnogu toj period i sea ke go procitam postot . Fala
Bev denes kaj doktorkata i u apteka istite mi gi dadoa trebalo prvo neo-penotran forte pa linex nekoi ..za dzabe kupiv uste edni penotran hahah i mi rece da nr trosam pari ne moralo da gi kupam drugite linex..i na pregled za 2 nedeli..i ne znam sea dali da gi zemam dali pravat nesto razlika? Dali znaete?..
Ginex, не Linex Да не ти дадат за пролив место за хпв Јас ги користев тие Гинекс форте, 30 дена по ред, ама мене ми ги даде докторката тие бидејќи влијаат на цин-от, не баш на вирусот. Ама како и да е, пишува дека Гинекс се за ХПВ, а тие нео-пенотран пишува повеќе за кандида и инфекции, не вирус. И не знам зошто толку брзо преглед, 2 недели е прекратко време за било што да продејствува. Ама чим ти ги дала двете, јас би ги користела и двете (по 7 дена од тие не е многу) и ќе си отидеш на контрола, па ќе ти каже што понатаму.